Региони

Региони

Новости

Питропот Целе Блажески од славно дебрцкото село Белчишта

На заминувае Целе Блажески ми рече дека  откако сето тоа ќе го завршам, откако сето она што треба да заврши, значи богослужбата, откако ќе си замини дојдениот народ,  и ќе прошуркам низ црквата да видам дали е се во ред, пред да си заминам си запалувам свеќа и на гробот на мојата баба Љуба, со која убав животец си пројдовме, арно ама ете господ бог пред десетина години си ја зеде кај него,  раскажуваше Целе Блажески.

Манастир свети Никола во прилепското село Слепче (втор дел)

Почитувани мои пред да кинисаме по два-три километарско делумно изебтонирано-делумно штотуку тампонирано манастирско џаде, кое кривулесто се извиваше по јужните падини на Бабубна во правец на манастирот Свети Никола, нашиот домаќин  Димче Јованоски не замоли малку да навратиме кај него  дома, да ни ја раскаже приказната што долго ја чувал во  себе , за потеклото на неговата семејна лоза, што ја запомнил  кога бил дете , а повеќе пати му ја раскажувала неговта баба.

Манастир свети Никола во прилепското село Слепче (прв дел)

Попладневните сончеви зраци, затскриени зад темните снежноносни облаци  милуваќи    ги јужните со снег покриени  падини на  Бабуна пред се манастирсот Свети Никола ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на великомаченилката Света Варвара, а ширум северниот дел на Прилепското Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Слепче. 

село Ресава (прв дел)

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Ресава  кинисав ден пред Василица  тргнав рано, мошне рано но овој пат не со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот”, туку со возот кој според возниот ред од скопската железничка станица за Гевгелија секое утро тргнува во  шест часот и дваесет и три минути

село Ресава (втор дел)

За кратко време стасавме во селото Ресава, каде што најсетне така да речам не пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што  на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа, а околу него како во орловско гнездо свиени стотината ресавски куќи, кои сеуште ја имат задржано старата традиционална македонска чаршиска архитектура  со куќи чардаклии, со приземје  изѕидано  од камен, и кат, исто така изѕидан  од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, испреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште

Просветно-образовниот процес во поречието низ вековите

 Да се биде хроничар за Општина Македонски брод, посебно за поречието, за Горно и Долно Порече, посебно за просветителско-образовниот процес кој се одвивал на поречкиот простор низ вековите  е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот поречки просветителско-образовниот процес кој се одвивал на поречкиот простор низ вековите