Малесија се наоѓа меѓу планинскиот масив Караорман и се протега по изворишниот тек на Црни дрим до хидро-акумулацијата “ Глобочица” и Струшко поле на југозапад.овој регион на исток има медиријански правец на протегање со највисок врв Орлов Врв на планинскиот масив Караорман (надморска височина 1.800 метри), северно од него се наоѓа врвот Луковски Срт ( надморска височина 1.500 метри), во западниот дел се планинските превои Старечко Седло( надморска височинаод 1.300 метри) ,и Осој со надморска височина од 1.180 метри и превојот Брчево , а на јужната страна преслапот Поум со надморска височина од 300 метри, кој ја дели Малесија од Струското поле.

Руралниот регион Малесија му припаѓа на родовско-карпатскиот тектонски блок , кој се наоѓа во јужниот дел на јабланичката зона. Од јужната бстрана се протега во долга раседна дислокација ,(Струшко Поле) , ана исток се протега во правец на планинскиот масив Караорманкој, пак , е природна граница со Пелагонискиот тектонски блок.Општа карактеристика на оваа геоструктурна единица е присуство на многубројни тектонски формации , меѓу кои длабински раседи , хростови и други тектонски форми.
