Региони

ЗАБОРАВЕНИ МАКЕДОНСКИ СЕЛА

Во почетокот на првата половина на дваесеттиот век во областа Малесија, која се распостила во југозападна Македонија живееле околу 10.000 жители , а денес во осумте населени места , меѓу кои и во селата  Селци,  Буринец и  Локов живеат околу стотина жители

Според професорот д-р Митко Панов  автор на научниот труд“Енциклопедија на селата во Република Македонија” за с. Селци пишува : …Во ова село се родени   македонскиот  драматург  , автор на драмата “Mакедонска крвава свадба”

Во почетокот на првата половина на дваесеттиот век во областа Малесија, која се распостила во југозападна Македонија живееле околу 10.000 жители , а денес во осумте населени места , меѓу кои и во селата  Селци,  Буринец и  Локов живеат околу стотина жители

Според професорот д-р Митко Панов  автор на научниот труд“Енциклопедија на селата во Република Македонија” за с. Селци пишува : …Во ова село се родени   македонскиот  драматург  , автор на драмата “Mакедонска крвава свадба”  Војдан Чернодрински и  револуционерот и писател Арсеније Јовков

Во последната  деценија на дваесетиот  век во   селото Буринец  се враќаат неговите поранешни селани.  Поправени и изградени  се  десетина куќи, десетина се во фаза на реконструкција , а уште толку чекаат да бидат оспособени за живеење

Во селото Локов кое се распостила под западната падина на планината Караорман , на надморска височина од околу 1.800 метри  денеска речиси на стрите темели на некогашните селски стри куќи изградени се околу шеесетина нови куќи, викендички

 

Моето патешествие по заборавените македонски села го продолжувам во правец

кон југозападна Македонија, поточно речено во областа Малесија. Решив да го посетам и овој крај , да ги видам осумте села  кои се распостилаат по падините на планинскиот масив Караорман . Пред да дојдам во овој регион најнапред си направив мал план по  кој редослед да се движам, затоа што Малесија има голема територија,  теренот е кањонски, висорамнински , планински и тешко прооден. .Пред да тргнам на пат во овој дел на Македонија,  неколку мештани по потекло од овој крај, кој  со нив одамна се познававм ми дадоа совет ,  по кањоните, планините, висорамнините и долините со кои е испресечена Малесија , за да дојдам до незините села кои се рааспостилаат на над илјада метри надморска височина  потребен мие  џип и тоа не од овие модерниве, туку од оние старите руските „зилови“ или „камази“ , ама и да си најдам возач по можност од овој крај кој добро ја познава секоја педа земја.

Речено сторено како што  вели народот си најдов и џип и возач од овој крај . Водач по овој за мене досега непознат терен ми беше Mишко  Павлески,  родум од селото Локов, а пак возачи на рускиот џип беа Василе Марковски , родум од село Брцево и Василе Петрески-Рампо , родум од прилепското село Селце , а чест гостин во овдечното село Селци Заедно со нив и со мојот с стар руски џип тргнавме за Малесија.

 

По предлог на мојот водач Мишшко Павлески  тргнавме од хидроакумулацијата Глобочица, затоа што  овој патен правец е по прооден во ова време од  годината, за разлика од другиот патен правец , кој води  од западната страна на Струшко Поле , преку селото Брчево.По само два-три километри поминати по макадамскиот шумски пат навистина се уверив во советот на моите познаници од овој крај кој ми го дадоа дека навистина само со  руска машина, со руски џип, човек може без мака да се пробије низ планинскиот горостас Караорман.По еден час возење и поминати околу четири  километри  макадамскиот пат  низ планината,  заедно со мојот водич застанавме на  една висорамнина која се распостилаше на околу   илјада метри надморска височина да одмориме и  малку да се соземеме од траскањето во возилото, а и  поодблизу да ја видам панорамата на Малесија.

Не помина многу време откако  малку се созедов,    пред мене во далечината затскриени помеѓу костеновите стебла ги забележав куќите на првото село кое мидоаѓаше во пресрет,   тоа беше селото Селци. Е,  ова сето што го гледаш околу тебе е Малесија, ова пред тебе  е селото Селци

По кратко време дојдовме во Селци. Од она што го видов бев пријатно изненаден. Очекував да видам паднати куќи, плевни, трла, покриени со трње и капини. Напротив бев воодушевен од убавината на  страта селска архиктектура која ја имаше на обновените куќи. На број ги имаше оклу десетина, а во фаза на реконструкција беа започнати уште пет-шест. Уште повеќе се израдувава кога дојдов до селската чешма и таму се сретнав со седумдесет годишниот  тасе Чадиноски, кој седеше близу селската чешма, од која бликше чиста изворска студена вода. околу . И како по стар обичај си разврзав муабет на долго и  на широко  со него. Пред десетина години од темел  ја преправи вкуќава во која се родив , ми велеше мојот домаќин Тасе Чадиноски..

Како што гледаш селово полека се обновува, вода имаме, струја име,телефон имаме , верувам дека уште толку нови куќи ќе се изградат само патот да го направат .Овде долу под чешмава веднаш до црквава во ова  капиниве се наоѓаше родната куќа на Војдан Чернодрински, веднаш до неа беше куќата на Арсениј Јовков, ништо не остана од тоа.

Срамота е да нема обележје за овие наши соселани , кои се дел од историјата на Македонија, срамота е да не се знае каде била родната куќа на пишувачот на драмата “ Македонска крвава свадба” .

Убав ни беше моабетот , но морав да го напуштам селото Селци , патот го продолжив југоисточно од селото Селци  во правец на селото Буринец.Делницата од речиси два километри ја поминавме за оклу два часа , затоа што макадамскиот пат се извиваше и низ планински , долински и кањонски предели.Прекрасна убавина.

Колоритот од бои кои ги создаваа зраците од сонцето и костеновите лисја го дополнуваа петте  куќи кои сеуште им одолеваат на забот на времењто и непрекинатото бучење на надојдените води од височините на планинскиот горостас Караорман, кои како да итаа што побрзо да ја наполнат акумулацијата Глобочица.Во селово не сретнавме никого.

Но, не Буринец не е село во умирање, и во Буринец животот се враќа. Во селото живеат пет-шест-селани, само дента кога ние дојдовме во селото тие биле на пазар во Струга да се снабдат со намирници за за летото што претстои.

Со мојот водич Мишо Павлески патот го продолжив во неговото родно село Локов.За разлика од Селци и Буринец кои беа во вистинска смисла на зборот планински села , селото Локов иако се наоѓаше на илјада и осумстотини метри надморска височина сепак наликуваше на рамничарско село. Животот во  селово се врати пред дваесетина години. Денеска речиси се обновени сите поранешни селски куќи. И мојата ја обновив пред десетина години. Најмногу жители во моево село  има од Ѓурѓовден , па се до Митровден.

Сите куќи се полни. Миграцијата си го направи своето. Во Втората светска војна селово многу настрада. До темел беше изгорено , луѓето сите заминаа. По завршувањето на војната селото пак се обнови, арно ама по изградбата на браната влезот на селово беше прекинат и луѓето повторно заминаа. Денеска околу двесте семејства имама во Србија , во селото Јабука, во прилепското село Ново Лагово  денеска живет околу шестотини семејства. Цето цело е населено со нашинци.

Во моја Малесија може да се живее. Погледнете го Караорман, погледнете го планинскиот масив Славеј Планина, природата се ни дарила, наши роднини и пријатели кои  се наоѓаат во белиот свет праќаат пари да си ги направат оставените куќи, само државата никако да се сети да го направи патот  за да може овој наш македонски рај да го видат не само мештаните од Малесија, не само мештаните од нашава земја туку и од надвор, ми велеше мојот водич Мишо Павлески.

На муабетењето му нема крај, како што вели народот. Јас навистина се уверив дека поради лошиот пат тешко се пробивав во пазувите на горостасниот Караорман, успеав да посетам само три села од осумте, но со едно ветување дека  пак  ќе дојдам и во Збажди, Аржаново, Брчево, Присовјании и новата населба на некогашното село Глобочица, кое денес се наоѓа потопено во водите на акумулацијата Глобочица.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ЗА МАЛЕСИЈА ВО ВИДЕО АРХИВА ВО РЕГИОНОТ МАЛЕСИЈА

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print