Региони

Загорани (прв дел)

Moeто патешествие низ руралните региони, заборавените села, природните убавини и културно историските знаменитости во Република Македонија , ете ме донесе во прилепскиот, во неговиот југо-западен дел.. Овој пат решив да го посетам селото Загорани да ги надополнам моите досегашни сознанија за ованаселено место   за чие село  усните  преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Каде и да појдете во атарот на ова населено место  ќе најдете историја и само историја. Секоја педа земја, секое парче камен, секоја капка вода во себе содржи историја  и само историја, а за тоа говорат  остатоците од античките, рано христијанските,  средно вековните градби како и остатаоци од мошне стари градби од сите историски епохи на целата своја територија, заклучно со денешното наше совремние.

Почитувани мои,како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија и овој пат во ова село дојдов рано, мошне рано, во утринските часови, дента  пред заслогот  на православниот христијански празник  Свети Никола , чие име го  носи македонскиот христијански православен духовен храм  манастирскиот комплекс Свети Никола,  надалеку попознат како Латинска Црква, а  воедно и  заштитник   на селото Загорани и селската црква  според усното предание  Свети Костантин и Елена , а според историографските записи Свети Никола.

Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов рано во зорите, е дараги мои имав три две добри причини. Едната , мештаните  да ми го  раскажат  минатото на  нивниот роден крај, втората да ги надополнам моите сознанија за манастирскиот комплекс Свети Никола,  надалеку попознат како Латинска Црква и за селската црква според усното предание  Свети Костантин и Елена , а според историографските записи Свети Никола,

Свети Никола, со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, со надеж дека меѓу помладите сарандинци  по раѓање или по потекло, особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот и третата е поканата на, мештаните  и членовите на манастирскиот одбор, меѓу кои Даниел Наумоски, воедно и еден од овогодишните  домаќини на празникот , кој ете господ си го прибра при себе на самиот ден на празнувањето, кое  празнување селото го  слави низ вековите што изминале секое господово лето  и ова две илјади и дваесет и трето господово  лето.

Денот по утрото  се познава , вели народот. Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над плодното Прилепско Поле, каде што селото Загорани  и манастирот Свети Никола раскошно блескотеа под зраците на Пелагониското сонце, навестуваќи ја празничната атмосфера на православната екумена посветена на  Свети Никола- летен, а окото на камерата на продукцијата Мариово филм да го опфатаи секој детал.

На самиот почеток на нашето дружење моите  домаќини ми напомнаа да не ме чуди тоа што во  селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што празнувањето започнува некаде во приквечерината,со заслогот , каде што сето село ќе биде дојдено во манастирскиот двор, на  вечерната богослужба и благословена вечерна трпеза, а исто така празнувањето продолжува и утердента каде соборскиот народ ќе присуствува и на утринското богослужение  и благословениот ручек , од страна на парохискиот свештеник.

Почитувани мои ,пред да ја  видите приказната за празнувањето  на заштитник на селото чие име го носи  македонско христијанско православно духовно светилиште  манастирот Свети Никола ќе се обидам најсетне да ви пренесам дел од од моите сознанија за ова населено место кои се состојат од, митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи, во продолжение на оваа репортажа.

Прв пат селото Загорани  во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од  првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, царот Константин Асен Тих  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог, во црковните повелби на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, царот Стефан Душан кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  кралот Димитрија Волкашин  Кралот  Марко.

Во пишаните Отомански Дефтери  селото Загорани  се споменува во Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 4 од  1476/77  година . Исто така селото се споменува и во Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1478  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, кое припаѓало на Румелијскиот Беглер беглус. Ова село исто така  е запишано  и во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле триесет  домаќинстава сите рисјани..Во Отоманскиот дефтер од 1570година   е запишано дека вкупниот данок кое селото го плаќало  изнесувал 180 акчиња, каде што исто така селото било задолжено да плаќа данок од пченица 10 мудови, данок од јачмен еден муд, овес  и рж и од улишта 140 акчиња ,а од ушур од овошје 30 акчиња.Според отоманскиот попоис од 1867 година селото премка броело педесет рисјански домаќинства и две семејства  мухамедански.

Во втората половина на осумнаесеттиот  век  селото Загорани е чифличко село. Поголемиот дел  од атарот на селото им припаѓал на чифлиг-сајбиите Мустафа-бег од Битола, Ариф Афуз-бег, Чатал-бег и Имер Манак-бег од Прилеп, Јашар-бег  и Салија-бег од Трновци.додека  пак другата половина од земјата припаѓала на чифчиите.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ . Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото броело 200 жители сите рисјани, Според историогафскиот запис на Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото броело 140  жители,сите рисјани.

Дека  селото Загорани   на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски “Селските населби во Битолско-прилепското поле” издадена во Белград 1989 година , за селото го забележал следното: Селото има збиен тип. Поделено е на две маала. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга. Загорани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички

Семејниот род на Мицковци е најстар семеен род во  селото, од кои водат потекло семените родови на Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци.

На Јанчевци  потеклото им е од селото Тополчани, а некое време живееле и во Канатларци и Веселчани, во Тополчани им се роднини  Коруновци и Трпковци, Ризовци доселени се од Тополчани, Филиповци потекнуваат од некој домазет кој дошол од демихисарско кај родот на Мицковци, Брсјаковци доселени се демирхисарско, Бозовци доселени се од  Боротино, Јанкуловци доселени се во 1903 година од селото Врбјани, таму се викале Божиновци, и имаат роднини доселени од Кореница,  додека пак на семејните родови  на Ѕвездаковци и Џоковци не им се знае потеклото.

д-р Јован Трифуновски во својот истражувачки труд “Селските населби во Битолско-прилепското поле” издадена во Белград 1989 година , за селото го забележал следното:

Месноста викана Шишковец е исклучително интересен локалитет со впечатливи експонати на материјалната култура, кој  се наоѓа на неколку стотици метри јужно од селото Загорани, На локалитетот се констатирани наоди од римското време и остатоци од средновековна црква, но и елементи од рано христијанство. Остатоците од старата црква долго време стоеле и предизвикувале особено внимание кај жителите од селото Загорани. Тие раскажуваат за разновидни споменици кои се наоѓале во градбата и околу неа, а кои денес исчезнале во непознат правец. Се споменува извесна скулптура од мермер со претстава на куче или слично четириножно животно, која исчезнала во непознат правец, како и други слични споменици. Од овој локалитет потекнуваат две скулптури, од кои едната е со претстава на жена и денес се чува во Музејот на Македонија во Скопје, а другата, , е заѕидана во основата на современата црква „Св. Никола“, при основата на јужниот ѕид. Изработката на скулптурите била со нагласена естетика и тие претставуват значајни експонати на материјалната култура на овој простор. При обновувањето на градбата на црквата, од некакви причини, изведувачите поголемиот дел од видливата страна на скулптурата, која останала на местото, го покриле со слој од бетон, но сепак се забележуваат делови од неа, кои се задната страна на ликот кој, веројатно, претставува машка фигура. Според она што може да се констатира од денешната положба на скулптурата, таа била вградена во самата основа на ѕидот уште во старата градба на црквата..  Во времето на активното живеење на Стибера , овде постоела извесна античка градба. Потврда за постоењето на античката градба е и тоа што од „Латинска Црква“ потекнуваат и голем број други споменици од античкиот период, кои денес не се наоѓаат на овој локалитет. Повеќето споменици, како скулптурите, голем број добро обработени архитектонски елементи од мермер, како и епиграфските споменици, упатуваат на постоење на ексклузивна градба во античкиот период.

Меѓу другите споменици, кои денес се присутни во манастирот „Св. Никола“ кај селото Загорани, посебно внимание привлекува еден поголем блок од мермер, кој е вграден, исто така, во основата на јужниот ѕид. На него се среќава натпис во кој се споменуваат имиња со потекло од римскиот, но и од постариот раноантички или македонски период. Така, на почетокот на натписот го среќаваме името Тит Флавиј Иген, а кон средината на текстот име со постар датум, Дионис Филоксен..Првиот дел од името е со божествено потекло земено од богот на виното Дионис, кој е бог на животот и смртта, односно на обновувањето на животот, како и бог на плодноста и плодородието, кој многу се славел на просторот на Македонија. Вториот дел од името, односно името Филоксен, пак, не потсетува на еден од најпознатите граѓани на градот Стибера, Филоксен кого, покрај на натпис во самата Стибера, заедно со неговиот татко Орест, го среќаваме на повеќе натписи со потекло од различни локалитети, Хераклја, и Бријанион

Друг впечатлив споменик е еден камен блок вграден на западниот ѕид, од левата страна на тремот. На него има натпис од само еден збор: „BASIL“, што асоцира на владетел, василевц  Вградени во црковната градба или во околниот простор можат да се видат уште голем број објекти од камена пластика, односно архитектонски елементи од мермер или друг вид споменици. Тука се три фрагменти од столбови со римско-јонски тип и масивни капители.На мермерниот блок кој е вграден на десниот агол на западниот ѕид на црквата, на една од поголемите површини имал украс,  гирланда која, за жал, е оштетена веројатно при поставувањето на камениот блок во основата на ѕидот. На јужниот ѕид се среќаваа и два убаво обработени блока, од кои едниот е со калкан во горниот дел. Во манастирскиот двор се наоѓа мермерна плоча,  кој на горната страна е изгравирана. Во урнатините на старата црква е пронајдена лентовидна керамичка форма на која во релјеф, со калап, биле изработени, најмалку шест писмени знаци, кои не упатуваат на размисла дека на ова место се развивала писменоста во некое постаро време. Лентовидната керамичка форма со писмени знаци е искршен на фрагменти , од кои само на еден останале два симболи, а на другите четири  само по еден симбол, со што тешко може да се идентификува терминот кој го означувал натписот.

Црквата Константин и Елена , во  историографските записи е забележана какао цеква Свети Никола. Црквата е сместена североисточно од селото. Изградена е во 1882 година за време на свештениците Димитар и Неделко. Живописот е дело на дебарскиот мајстор Евтим Спасов од Гари, кој го насликале, а аиконостасот е изработен во  време на епитропот Тасе , во  1890 година. Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија.

Црква „Свети Никола“е гробјанска,еднокорабна, полукружно засводена градба, со полукружна апсида на источната страна. Градежниот материјал за нејзината изградба е претежно камен за ѕидните површини поврзан со малтер и дрво за кровната конструкција. Покривот е на две води, обложен со герамиди, додека апсидата е покриена со камени тенки плочи. На западната страна од црквата дограден е трем,.од каде се влегува во  нартексот. Над вратата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на свети Никола Чудотворец Наосот на црквата е едно броден.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмострана од надворешната страна. Од двете страни на апсидата изведени се две полукружни ниши, со полукружни основи. Покрај северниот и јужниот ѕид во наосот поставени се дрвени седишта за верниците, но и во меѓупросторот на колонадите на север и југ.

Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас украсен со икони. Помеѓу колонадата на југ поставен е владичиниот престол изработен од дрво и насликан со цветни мотиви, а во внатрешноста поставена е икона на Исус Христос на престол. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.

Иконостасот кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони. Во долната зона на иконостасот централно поставени се царските двери со претставата на Благовештение, а лево и десно распоредени се по четири китабиња. Во првата зона и зоната каде се поставени престолните икони се наоѓа врата што води кон протезисот на која е насликан Архангелот Михаил, а на вратата што води кон ѓакониконот насликан е Свети Спиридон. Престолните икони  се во во втората зона,   се со голема димензија и наредени се од севeр кон југ по следниот редослед: света Недела, свети Три хиерарси, свети Никола, Богородица со Исус Христос, Исус Христос Седржител, свети Јован Претеча и други светители. Кон југ и кон север вдолж ширирната на иконостасот поставени се 12 апостолски икони. Централно на врвот на иконостасот поставен е таканаречен Голем крст или Змиски крст, на постоље од две ламји и две помали пропратни икони.

Заради просторноста на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век. Црквата е осликана во олтарниот простор, на северниот и јужниот ѕид од наосот, на ѕидните површини. Насликани се претстави и композиции претежно од Новиот Завет, Стариот завет, Празниците и Страдањата Христови, свети воини, маченици.

 

Во олтарниот простор во апсидата насликана е Богородица Оранта и Исус Христос Емануил поставен во кружна мандорла на градите на Богородица. Во долната зона претставена е композицијата Поклонувањето на светите архиереи, а во продолжение на север и на југ на источниот ѕид претставени се Светите ѓакони Стефан, Роман Мелод и Кирил и други светители. Во олтарниот простор претставени се Светите Безсребреници Кузман и Дамјан, свети Амнос, свети Пантелејмон, и композиции во горните зони од животот на Богородица и Света Новозаветна Троица.

На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона.  Во живописот на оваа преродбеничка црква, заедничката претстава на Солунските браќа св. Кирил и св. Методиј насликани се во архијерејска одежда, со митра на главата. Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.

Црквата Свети Никола во село Загорани по својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на деветнаесето вековните, преродбенски, религиозни објекти на територијата на Република Македонија, која за жал денеска  е оставена сама на себеси. Почитувани мои предлагам дел од денешниот изглед  на оваа црква да проследите во  продолжение на оваа репортажа.

Селото Загорани   уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во црквата  црква  Свети Никола на македонски црковен книжевен јазик.  Во селото учители биле и Милован Ристановиќ. Миливој Крстовиќ, Милан Стојадиновиќ и други.

Во подалечното минато  мештаните од селото Загорани  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Исто така селото не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата светска војна како и во НОБ.

Традиционалниот печалбарски начин на живеење не го одбегнува ниту Загорани . Гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет првично оделе во Белград, Софија, Букурешт и Станбол., а подоцна  во Аргентина, Америка и Австралија. Во триесеттите години на 20-от век  во градовите во  преку окенските земји  голем број на гурбедџии од селото станале познати претприемачи ииндусртијалци,а, семејствата на гурбедџиите многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби , додека пак други одгледувале помали и поголеми стада овци.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Загорани на  манастирската слава  на Латинската црква , чие име денес го носи на Свети Никола,  кој е е изградена врз старите темели, и  јас да бидам дел од оваа сенародно празнување    које со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација.. Почитувани мои  дел од оваа духовно празнување ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print