Региони

Катланово село во долна Блатија-прв дел

Атарот на селото Катланово    како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови населени простори тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности.

 

Ете како што вели народот господ милуваше   атараот на скопската Општина Петровец да го  крстарам во  изминативе неколку години за која направив дваесеттина документарни репортажи , во  кои мештаните  од неколкуте населени места  ми го раскажа минатото на  нивниот роден крај,  надополнети со веродостојни сведоштва и историски аргументи, митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи. со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од оваа област , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Да се биде хроничар за скопската општина Петровец  е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот живот,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, а читателот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Територијата на Општина Петровец е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија, а  богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на регионот, со нивната зачуваност, разновидност и интегралност, му даваат посебност, единственост, репрезентативност, автентичност. Едо од тие села е и селото Катланово.

Ете како што вели народот господ милуваше овој пат даго посетам селото Катланово, по покана на црковно манастирскиот одбор  на соборната црква Свети Никола, црквите Свети Сисоја, Света недела Недела и манастирот Свети Илија,  да направам нов документарен видео запис, поточно речено да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село, за не дораскажаните приказни  кога го посетив ова село пред двасетина години, за  чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија, а воедно да бидам гостин  и на православниот празник Свети Атанасије Александриси, меѓу наросот попознато како Атанасије зимен.

Атарот на селото Катланово    како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови населени простори тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Ова село  формирано во карактеристични природно-географски, историски, етно-социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, се издигало и развивало во една карактеристична хармонија. За тоа говорат најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци кои потврдуваат дека ова село било населено во дамнешпни времиња.

Почитувани мои како по стар обичај кога патувам низ селата во  Република Македонија , особено за големите духовни црковни или манастирски празници , доаѓам во самата приквечерина пред празникот за да присуствувам на  заслогот, на самотото вечерно богослужение и благословената вечерна црковна трпеза, а воедно за да присуствувам и на утринската богослужбена литургија благословениот црковен или манастирски ручек. Почитувани мои , моето доаѓање во  селото Катланово иако така да речам беше во стандардна форма, сепак беше видно изменето, затоа што празнувањето во селото Катланово  на Свети Атанасије  Александриски, меѓу народот попознат како Свети Атанасије зимен, да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село, за не дораскажаните приказни  кога го посетив ова село пред десеттина  години, за  чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.

Почитувани мои, откако така да речам  со   црковно манастирскиот одбор на неколкуте цркви и манастири од ова село  си сторивме здраво-живо, ме замолија, најсетне  јас да им ги  раскажам моите досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа. Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Селото Катланово  е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.

Минатото  на Катланово    е премалку за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на катлановскиот живот. За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Катланово    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, , како дел на Римската имприја, како дел на Византија, чиј  владетел и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, Кралот Димитрија Волкашин, кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко, кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Катланово      е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен  10-тина години по истиот, каде што според овој попис  селото административно припаѓало на нахијата Блатија,  на Скоипската  каза.

Исто така селото Катланово   е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага. Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565година ,  во отоманскиот дефтер од 1570 година и во пописниот дефтер од 1582 година. Според отоманскиот попоис од 1832/33  година селото е заведено како Капанли, со мешано рисјанско и мухамеданско население, седумнаесет рисјански фамилии  и четири мухамедански фамилии.  Во XIX век, селото е дел од нахијата Блатија во Скопската каза.

Пред крајот на турското владеење сопственици на чифлиците во селото Катланово   биле Сали бег, Амет бег, Нури бег  и Усеин бег, каде што свои живеалишта имале изградено покрај постојните селани и чифчиите кои работеле на чифлизите на претходно спомнатите бегови.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото имало 90 жители,од кои седумдесет македци и дваесет турци,  додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 80 жители, сите македонци.

Дека  селото Катланово   на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Селските населби во  Скопската котлина издадена во Белград 1955 година , го забележал следново: Катланово се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина на десниот брег на реката Пчиња пред нејзиниот влез во Прнарската Клисура. Катланово е рамничарско село, расположено на надморска височина од 240 метри и се наоѓа на 27 километри оддалечност од Скопје  Куќите се распоредени од подножјето на ридот Падарница на северозапад во рамничарскиот предел крај десниот брег на реката Пчиња. Поради својата средишна местоположба во однос на повеќе други села во ридско-планинскиот предел, селото Катланово е рурален центар за селата Летевци, Брезница, Градманци, Блаце, бадар и Кожле.Поради ваквата географска местоположба од селото Катланово водат и три локални патни правци: кон селата Блаце, Бадар и Кожле, кон селата Летевци и Брезница и кон селото Градманци кој како земјен пат продолжува кон селата Џидимирци и Крушје во Општина Велес.

Катланово е мошне старо село. Тоа постои од античко време.Источно од селото , на левиот брег на река Пчиња се наоѓа возвишението Пржаљ , каде што и денска постојат остатоци од ѕидини, бедеми и утврдувања. Во Катланово постои населбата од неолитко и бронзено време и некрополата  Доксаница, која се наоѓа на четири километри јужно  од селото , археолошкиот локалитет Катраново, каде што и денес се наоѓаат осмени наоди  од римско време, каде што се откриени два милјоказа и еден жртвеник посветен на Дијана и Аполон, некрополата од доцноантичко време,  кој се наоѓа на четиристотини метри северно од археолошкиот локалитет Римски Бањи, во  местото викано Кочова Населба, каде  се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал, населбата од римско време, оддалечена околу  петстотини метри западно од селото во месноста викана Рамниште, каде што и тука се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал, некрополата од римското време, која се наоѓа на левиот брег на Пчиња, под населбата Катлановска Бања, во месноста Црквиште, каде што   во просторот од патот за Градманци па сè до коритото на Пчиња се откриени гробови со конструкции од големи камени плочи и саркофази  и запис фклесан во гранитен мерм и друг градежен материјал, археолошкиот локалитет Римски Бањи, каде што и денес има остаоци од скалесто издлабени во  самата доломитски карпесат масив,   камени корита, каде што  во лековитите топли на отворено уживале уште од 340 година старите Римјани, Византијците, самиот византиски император, роден во  Таор, Македонија  Петруш Сабатиев, во историографијата запишан какао Јусттинијан Прма, па турските великодостојници, за што сведочат ниските столови со кружен облик издлабени во карпите, зборовите напишани со  арапско писмо,  врежани во стара камена плоча, од скопскиот валија Хафиз Мухамед Паша во 1898 година :

“Спомен за благодатите што ги дава оваа топла вода. Нека биде непресушна за светот што се развива и гради. Таа тече низ камена уста од алаха благословена Даут Паша, правичниоит скопски валија,добродетел,  изгради со свои средства амам. Кога го видов овој амам, мојот восхит ме натера да напишам на карпа за оваа водена куќа. Пед нас е вистински убав и чист вруток. Нека повелат гостите да ги измие.“

Во пишаниот  документ на д-р Јован Трифуновски: Селските населби во  Скопската котлина издадена во Белград 1955 година , за селото катланово го забележал следново:

Во Катланово постои преданието дека на местото на денешното село во римско време постоело гратче со име Катраново.Од ова некогашно населено место селаните често ископувале тули и стари пари. На местото на уништеното гратче Катраново се основало нова населба со име Катланово, во пространата долина природно заштитена со високи и стрмни ридови, покрај која тече рекичката Оплазинца, каде што и денеска  има фрагменти од керамички садови и  гробови, со конструкција од обработени камени плочи.

Населението од селото Катланово  сметаат дека Катланово во минатото било важен сообраќаен центар, а поради бањските извори имало големо присуство на луѓе уште во римско време и непосредната близина на античките градови Тауресиум и Бадеријана, и остатоците од тврдина во месноста Кале, а во римско време населбата била кастел со значење на нова тврдина или ново место, првичното име било Кастеланово.  Името на селото Катланово  е поврзано со арапскиот збор  збор катлан  што значи кладенец во кој се содржи коренот лее, се слива, тече вода. кој се однесува на термалните извори по кои е позната оваа месност. Селаните сметаат  дека селото го добило името од турскиот зборот каплан, што  турски значи тигар, а кое веројатно било прекар на некој турчин кој во Каталново имал чифлик.

Над селото Катланово   од југо-западната страна се издига пространа планинска падина, израсната со дабова шума. Над нејзината горна граница се простира голина, која воедно е и планинска испаша. Од источна страна се простира ниско земјиште погодно за обработка. На планинскиот дел од атарот се наоѓат виканите места Голема и Мала Падарница, Бел Брест, Свети Илија, Сотри Була, Големо и Мало Ограѓе,  Стари Лозја, Широка Орница, Тотинци, Грамада, Јакупов Кладенец, лака, СЗејменски Рид, Ѓуров Камен, Зеленички Рид, Лалевце, Нишан, Желкарник, Лака, Паливоденица,  Падалиште, Корија, Шамак и Дрма.

Јован Трифуновски   во својот научен труд  Селските населби во  Скопската котлина за семејните лози во Врбјани  го  забележал следното:

Најголемиот дел од населението на Катланово во минатото, па сè до денес се Македонци од православна христијанска вероисповед.Старински семејни родови  се: Ѓорѓиовци, Мочковци и Чочевци, додека Ѓорѓиевци, и Дивљанови  водат потекло од селото Дивље,   Грковци, Мазниновци, Велковци, Петревци, Грујовци, Антушевци и Блажевци водат потекло од селото Блаце,  семејниот род на Велчевци води потекло од селото  Градманци. Семејните родови  Димовци, Нацеви, Лазови, Брезничани водат потекло од селото Брезница, семејниот род на Јовчевци  се доселил од селото Бадар, Куртовци во Катланово се доселиле од селото Летевци, а нивното подалечно потекло е од мариовско,  Граовци и Пиперковци  во Катланово се доселиле од селото Кожле,  Миовци се доселени од селото Патишка река, додека пак Ордевци доселени се од велешкото село Рудник, семејниот род  Јанаѓиевиќ од Бујановац.

Втора етничка група по бројност се Ромите-познати како Маљоци, кои сè уште ги имаат задржале  своите антрополошки и физички одлики какои Роми, нивни родови се: Арифи, Демири, Елмази, Салиу, Ќамили, Муареми, Бајрами, Рамадани, Изети, Аќифи, Алиу, Амети, сите сите доселени од од Урошевац и околните села. Ромските  родови Далимовци во катланово се доселени во 1878 година, како бегалци-мухаџири од Дупница во Бугарија, Исмаилови (од Куманово, Зекирови од селото . Бразда. Семејниот род Рамадани доселен е од селото Липково.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Катланово  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, кој бил уништен од отоманскиот падишах.Меѓу првите знаци на обнова на селото се црквите Света Недела, м манастирот Свети Илија и црквата Свети Никола, која во 1903 година повторна е изгорена, а реобновена во  1916 година, за да во  1918 година повторно до  темел е разрушена, за да втората половина на дваесеттиот век е реобновена, а осветена на петнаесетти Октомври 2006 година од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,во сослужение на бројно свештенство од Скопската православна епархија.Во црковниот двор се наоѓа камбанаријата висока осумснаесет метри, на која се наоѓа најголемата фреска на балканот со ликот на Свети Никола во должина од осумаесет метри, а во  широчина околу  два метри, насликана од страна на зографот Тони Kоцев од Радовиш, а ктитор на црквата и на камбанаријата е семејството на Димче Јовановски.

Катланово    уште од памтивека имало учени луѓе.Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1844 година   во црвата Свети Никола, учители биле монасите. Натавата се до 1900 година  се одвивала  на црковно македонски книжевен јазик , а од 1900  па се до  1905 година на егзархо-бугарси, а од 1905 година  па се до  почтокот на Балканските војни на грко- патријашиски, а од 1913 година па се до  !941 година на српски јазик, а учители биле Душан Ѓуровиќ од Вирпазар, Црна Гора, Душан Ѓуровиќ, Душан Милосавлевиќ од Књажевац, Србија, Нада Ставриќ од Охрид,  Добросав Ангелковиќ  а од 19141 година,  па се до  1944  година повторно на егзархо-бугарски. Во 1944 година во  селскиот дом на културата  се отвора основно училите до осмо одделение со училишен нтернат за учениците од околните села.

Во подалечното минато  мештаните од селото Катланово    учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење, како што е востанието на Ѓорѓија Кастриот. Исто така во во периодот под Османлиско ропство селото се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија. Мештаните од селото  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перод. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив    како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. Селото   за време на втората светска војна е дел од НОБ.

Селото Катланово има доста поволна економска положба. Главно занимање на населението е земјоделието. Од земјоделието најзастапено е полјоделството односно одгледувањето на жита, најмногу пченица, јачмен а исто и пченка, градинарски производи како што се   домати, пиперки, краставици, марули, кромид и лук. Од сточарството најзастапени се одгледувањето на крави и кози поради поволното земјиште, ливади во рамничарскиот предел и грмушки во ридскиот. Муслиманското население, кое во најголема мера се Роми, кои се изјаснуваат како Албанци, живее во запуштени и запоставени куќи.

Катланово  преку прироред пат постепено растело. Во  1948 година  броело  623 жители,  во 1953 година во селото живееле 650 жители, во 1961 година 762-ца жители, во 1971 година 765 жители, во 1981 година  811 жители,  во 1991 година 789 жители, во 1994 година 766 жители, 2002 година 759  жители,  а според пописот од 2021 година  839 жители.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам во селото Катланово  и за него  да направам документарна репортажа, а воедно да бидам гостин на христијанскиот православен празник Свети Атанасије , чиј празник мештаните од ова село си го слават во иаминативе векови, а чија традиција се пренесува од колено на колено. Почитуванои мои  аудио виауелниот запис за празнувцањето  посветено на светителот Свети Атанасије овде во  селото Катланови  ќе ви пренесам во  наредната репортажа.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print