Региони

Кическа коњаница 2022 (прв дел)

Коњаницата тргна во правец на слободарско Крушево,  врвеќи низ кичевско-демирхисарската и дел од крушевската регија,  посетуваќи ги вечните почивалишта на многуте незнаеани  и знаени македонски синови во овое регии   кои ги  положија своите животи на одарот на слободата и за создавање на своја независна македонска држава ,за време на илинденската епоипеја ,за да  на сам ден на Илинден се поклонат пред  спомен обележјето, каде што на дванаесетти Август 1903 година бранеќи Крушево, како административен центар на Македонската Република, во  историјата попозната како Крушевска република, чии граници се простирале во границите на битолскиот и солунскиот револуционерен округ, која слободна територија опстојувала речиси шеесетина дена, покрај војводата Питу Гули , животот го положија уште четириесетмина востаници , на  Мечкин Камен.

Да се биде хроничар на едно време минато, а посебно да се надополни тоа време минато со нови антро-полошко-географски и историографски записи, е мошне тешка, одговотна но благородна задача.  За да се биде добар летописец за кичевско-демирхисарск-крушевската регија, пред се за борбата на Македонскиот народ за слобода и за создавање на своја Македонска држава, за периодот пред, за време и по илинденскиот период, посебно во кичевско-демирхисарската- крушевската  регија, треба добро да ги спознае  овие регии, добро да ги спознае мештаните  во овој дел на етничка Македонија , да знае да проникне  во нивната душа, да ја разгране, а потоа одвнатре да ја наслика со сите нивни возвишени чувства, каде што сликајќи го нивниот живот истовремено и го истражува и го проучува и се консултира, за да се даде опис на народниот живот кој веќе не постои, атмосфера која веќе ја нема, податоци на документи што имаат вредност од минатото, а сето тоа не само да го преточи како пишана неизбришлива трага, туку во аудио-визуелен-документаристички формат.

Но, исто така за да сето тоа хроничарот го преточи во  аудио-визуелен документаристички формат, потребно е да има  така да речам   ем домаќин, ем  и водич, кој покрај тоа што добро ги  познава овие регии има добри спознанија од досега неоткриените  историските збиднувања во овој временски период  во  овие регии,   со надеж, дека  преку овој аудио-визуелен документаристички формат, а посебно      меѓу помладите  по раѓање или по потекло од овие  регии,  особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Почитувани мои ете како што вели народот господ сакал и овој пат да биде со мене, народски да  се изразам, ми помогна да се пронајдам во ово-годишниот коњички илинденски марш, и ова  две илјадо дваесет и второ господово лето, по осми пат организиран од „Здружението на граѓани   Манастир  Пресдвета Богородица Пречиста-Кическа коњаница, на 27 Јули од многувековниот македонски православен христијански благодетен духовен манастирски комплекс „Манастир  Пресвета Богородица Пречиста“, меѓу народот попознат како кичевски манастир, заедно со Мавровско-Горно-Реканската коњаница„, тргнаа во правец на слободарско Крушево,  врвеќи низ кичевско-демирхисарската и дел од крушевската регија,  посетуваќи ги вечните почивалишта на многуте незнаеани  и знаени македонски синови во овое регии   кои ги  положија своите животи на одарот на слободата и за создавање на своја независна македонска држава ,за време на илинденската епоипеја ,за да  на сам ден на Илинден се поклонат пред  спомен обележјето, каде што на дванаесетти Август 1903 година бранеќи Крушево, како административен центар на Македонската Република, во  историјата попозната како Крушевска република, чии граници се простирале во границите на битолскиот и солунскиот револуционерен округ, која слободна територија опстојувала речиси шеесетина дена, покрај војводата Питу Гули , животот го положија уште четириесетмина востаници , на  Мечкин Камен.

Како по  стариот мој  обичај кога патувам низ Република Македониј, по ново мое така да речам документарисичко патешествие, така и овој пат во  раните утрински саати, на 27 јули ова две илјадо дваесет и второ господово лето тргнав   во правец на кичевската регија, кон манастирскиот комплекс„Пресвета Богородица Пречиста, меѓу народот попознат како Кичевскиот манастир, со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник.. По речиси сат  и кусур време  народски кажано возење по  магистралниот пат Скопје-Тетово –Гостивар-Кичево, свртувајќи лево кај крстосницата во непосредна близина на  селото  Другово, возеќи по дел од триесетина  километарската патна делница  Кичево-Демир Хисар- свртуваќи лево  по асвалтираниот планински пат, кој  кривулесто се извивазше низ планинскиот горостас Цоцан,, пред изгрејсонце стасав во  Кичевскиот манастир, каде што стуткан како орловско гнездо, се будеше огреано од   утринските зраци на манастирското  сонце.

Откако така народски да речам пред да влезам во  манастирскиот двор, малку се потспастрив и откако ги  направив сите црковни метании пред манастирската главна порта, како по стар адет и обичај неколку пати чукнав на манастирската дрвена порта.

За кратко време се поддотвори манастирското капиџиче , кое беше дел од манастирската главна порта.

-Повелете , влезете, ве чекаат, само ве молам да се придржувате до манастирскиот ред, ме замоли монахињата  од сестринството на пречистанската обитељ.

Во манастирскиот двор членовите на кичевската коњаница ги привршуваа последните подготовки пред започнувањето на утринската литургија, во чест на четиринаесет члената овогодишна коњаинца, од страна на сестринството на Пречистантската Обител и отец Макариј јеромонах од Бигорскиот Манастир.

По Светата Литургија, одржана од сестринството на Пречистантската Обител и отец Макариј јеромонах од Бигорскиот Манастир, и света заклетва, во дворот на манастирот Пречиста во Кичево, на која пред библија, кама и револвер комитите, се заколнаа  на света  и вечна завет на мајка Македонија,исто онака како што тоа го правеа револуционерните чети од пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот период, и борците од Народно ослободителната борба  на Македонскиот народ за слобода, и создавање на самостојна држава, република Македонија , овогодишната чест предводник на коњаницата, воедно и прв меѓу еднаквите , војвода му припадна на правнукот на Даме Груев, смилевчанецот Јован Тодороски.

По светата божествена литургија и полагањето на света заклетва, Коњаницата го отпочна и офивијално својот “Илинденски Марш 2022 година”.спуштаќи  се по кривулестиот шумовит планински пат на планинскиот горостас Цоцан, продолжуваќи го  патот во правец на селата Манастирско Доленци, Србјни,  а оттука низ дел од  населбите од запдната страна на градот Кичево,  упатувајќи се кон планираната локација, каде што се  спои со членовите на “Мавровско-Горнореканска Коњаница, од каде што   двете коњаници ја  започнаа заедничката свечена марш рута, со свечено дефиле по главниот булевар “Ослободување”, во Кичево, во правец на главната градска црква “Свети Апостоли Петар и Павле”, каде што  кичевското црковно  намесништаво ги пречека со богослужбена литургија и им посака благословен и среќен да им биде патот во правец на Крушево. По пречекот и испраќањето на коњаницата од страна на свештениците од кичевската парохија , кичевско-мавровско-горно-реканската коњица се упати во  правец на родното село на војводата Јордан Пиперката, најсетне  поминувајќи низ селата од старата општина Другово, самото село Другово, посетувајќи ги и спомен обележјата  кои се наоѓаа попатно, влегувајќи во селото Пополжани, па оттука селата Видрани, Брждани, Свињишта, пристигнувајќи  приквечерината во селото Козица,каде што мештаните од ова село ја пречекаа, каде што и ноќеваа, а изутрината мештаните ги испратија благословуваќи ги господ саде среќа да им даде и  следи по патот кој водеше во правец на селото кичевска Белицаи по   одморот и ручекот кој беше организиран од месната заедница и добронамерните селани, коњаниците се упатија кон Илинска планина, која  сама по себе преставуваше предизвик, за коњаниците, искачувајќи го синорот на Илинска Планина, коњаниците навлегоа во Демирхисарскиот дел од маршутата , каде што  вечерта преноќија во конаците на Илинскиот манастир, меѓу демирхисарци попознат како Илинска Црква Илинска Црква, каде што коњаниците беа пречекани од манастирскиот одбор и по преноќувањето го продолжија питомите високи планински илински падини во правец на местото викано Еврејка, чие име е посветено на момата која била еврејка,, која овде престојувала, пиејќи вода од ладните извори за да си ја изгаси жедта, каде што коњаниците така да речам подзастанаа малку да се пододморат, да ги наполнат батериите за патот што следеше да го поминат во правец на славно Смилево. Почитувани мои предлагам дел од оваа колоритна убавина која  што со векови неуморно ја ткае природата  да проследите во продолжение на оваа репортажа. Погледнете и уживајте.

Почитувани мои предлагам покрај дел од оваа колоритна убавина која  што со векови неуморно ја ткае природата, да проследите дел од поемата  посветена на комитите, војводите, партизаните кои ги положија своите животи на одарот на слободата на Македонскиот нарот и за создавање на слободна и независна македонска држава кој со посебен вознес ја отпеа овде на Еврејка еден од многуте современи македонски поети Гоце Трпчевски, меѓу поетите и демихисарци попознат како Тито, чие име уште од млади години го носи на претседателот на Социјалистичка Федеративна Република, под чие водство на 11 Октомври 1941 година и по четири годишна борба во  Народно ослободителната војна на сам ден на Илинден 1943 година во манастирот Свети Прохор Пчински  со АСНОМ   македонскиот народ го оствари својот многу вековен сон за своја независна , слободарска држава, Македонска држава.

Почитувани мои по краткиот одмор на Еврејка,коњаниците го продолжи својот пат продолжи по така да речам по третиот дел   од маршутата пробиваќи се низ питомите планински пасишта  на Бигла Планина  во  правец на планинскиот превој .Голем Камен, од  каде што  фрливме поглед кон Преспанското и Охридското Езеро. По краткиот одмор  на планинскиот превој Голем Камен , се упативме во правец славно Смилево, родното село на Дамјан Груев , поклонувајќи се  пред неговото вечно почивалиште, посетуваќи го смилевскиот музеј, музејската поставка на спомен собата на Даме Груев ,  водачот на Илинденското востание  иницијатор на Смилевскиот конгрес, чија музејска поставка содржи преку триесетина фотографии, четиринаесетина документи од кои неколку прв пат изложени во постојаната поставка, како што е записникот од судењето на Даме Груев, писма од архивата на Даме и други историски документи, конгресната сала каде што се наоѓаат  документи со протоколите од заседанијата на Конгресот , фрагменти од дисциплинскиот востанички устав , портрети од членовите на главниот штаб , копија од знамето на Вториот (Битолски) револуционерен округ, двата раритетни оргинални предмети :револверот на славниот смилевски војвода Веле Илиев Пенчов, различните видови оружје изработени во смилевската леарница на оружје, фото документи Како посебна целина во овој простор прикажано е Смилево во портрети на неколку смилевски војводи , како и неколку фото документи за контра офанзивата и последиците од тоа во селото. Исто така го  посетија и изложбениот материјал и оружје од Народно ослободителната војна од 1941-1945 година во Смилево и демихисарскиот регион.

Почитувани мои  во приквечерните саати коњаниците се упатија во правец на манастирскиот комплекс Прво Апостоли Свети Петар и Павле, кој стуткан како во орловско гнездо во Смилевската корија, опкружен со многулетните  дабови чинари   постојано духовно бдее над славно Смилево,  кои сведочат за седумстотини годишното постоење на овој духовен демихисарски православен храм, кој  се   споменува и во  отоманскиот пописен дефтер за Битолската нахија од 1468 година, во пописниот дефтер од  1568 година, во  пописниот отомански  дефтер бр.99 , кој се води за Демихисарската нахија од 1742 година, забележан  во Слепчанскиот кодик од XVI век, каде што е запишано дека во тоа време  постоеле мошне развиени форми на монашки живот, манастирско училиште и препишувачка школа на вредни црковни книги и бил своевиден духовен и просветен центар во кој се ширело православието во овој дел на демирхисарската регија.

Почитувани мои од страна на манастирското  намесништво  коњаниците беа запознти и со други историографски записи за опстојувањето на ова манастирско духовно светилиште, а поголемиот дел од нивното искажување ќе ви пренесам во продолжение на оваа репортажа.

За Смилевскиот манастир историографијата сеуште води  полемика до кога постоел, кога е разрушен, но се смета дека во 1878 година повторно е реобновен, врз дел од старите темели, чии темели се дел од рано христијанска базилика. Во манастирот целиот  животен век го поминал игуменот Петар Гарец, чиј семејеен род потекнува од селото Гари. Петар Гарец  се смета за ктитор и прв настојник  на манастирската црква, кој што на празниот простор кој се наоѓал околу неколкуте стари цркоовни дабови чинари, каде што извирала лековита вода, пред сто и песедесетина години  најсетне ги  изградил темелите, а потоа и манстирска црква, која била средна по големина, со нартекс од надвор,. Игуменот Петар Гарец исто така ги изградил манастирскиот конак и манастирската фурна.  По упокујувањето на игуменот Петар, нов настојник во манастирот доаѓа Захарија Стојанов, кој во манастирот заедно со  неговото семејсто останува се до  Првата балканска војна.За време на Втората балканска војна настојател во  манастирот е монахот Козма, чије негово упокоеније се наоѓа во  манастирскиот двор.По упокојувањето на монахот Козма грижата за манастирот го  презема семејството на Петар Гарец, кои заедно со  мештаните од речиси сите демирхисарски села ја  реализираат  негова пресмртна желба, на местото на старата  манастирска црква, во  осумдесеттите години на дваесеттиот век  изградија нова манастирска црква, а ја осветија во  2018 година.

Почитувани мои од страна на манастирското  намесништво  во чест на коњаниците беше организирана манастирска богослужена вечера и се народен  смилевски пречек.Почитувани мои предлагам дел од оваа  манастирска богослужена вечера и се народен  смилевски пречек да проследите во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои така да речам како изгледаше последната етапа од шеесет  километарската  планинско-долинска траса, во  правец на атарот на селото Мренога, покрај атарот на манастирот Свети Атанасије, поминувајќи во дел о многу вековната дабово-букова шума која се распостилаше во  дел од атарот на селото Лесково,  покрај манастирот  Свети Илија, пристигнувајќи и присуствуваќи на утринскиот молебден посветен на сите борци кои ги положија своите животи на одасрот за слободна и незваисна држава Македонија, како и на утринското богослуженије посветено на Коњаниците од страна на од страна на сестринството на Бигорскиот Манастир,  во Слепченкиот манастир, посетувајќи го административниот центар на демир Хисар градот Демир Хисар, во правец на селото Журче, селото, Острилци,  во правец на Крушево, на Мечкин Камен ќе ви пренесам во следната репортажа

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print