Региони

Манастир Покров на Пресвета Богородица (прв дел)

Зрзески манастир се распостила на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Зрзе. Манастирот бил изграден во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, што е поткрепено со натписот сместен на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква. Тој имал утврдени ѕидини и одбранбени кули. Манастиската целина ги вклучува црквите „Св. Преображение“ и „Св. Петар и Павле“, а како негов метох се јавува и црквата „Св. Никола“ во селото Зрзе.

Поминаа  речиси триесетина години, кога така да речам за прв пат го посетив многу вековниот македонскиот православен христијански храм манастирот Свети Аргангел Михаил, распослан во едно од многуте така да речам орловски гнезда раштркани во прилепската крали маркова средно вековна тврдина, да направам документарен запис за овој манастир, за документарната програма , како млад новинар кога ги правев првите чекори во областа на документаристиката во  тогашната Радио телевизија Скопје, денешната Македонска телевизија.

Долги години народски кажано му се токмев  да направам документарни записи за средновековните цркви и манастири распослани во мариовско-прилепската регија, меѓу кои Чебренскиот манастир, мариовскиот манастир посветен на Свети Николј Мираклиски во селото Манастир, Зрзаскиот манастир, десетината цркви од некогашните седумдесетина  распослани како орловски гнезда во прилепската крали маркова средно вековна тврдина,  „Св. Никола“, „Св. Петар“, „Св. Теодор Тирон“, „Св. Теодор Стратилат“, „Св. Петка“, „Св. Георгија“, „Св. Кузман и Дамјан“, „Св. Варвара“ и „Св. Јован Продром и десетината ново изградени цркви и манастири распослани во  северо-источните падини на Селечка Планина.

Почитувани мои , ете така да речам оваа моја намера ми се оствари неколку дена пред празникот Свети Трифун ова две илјадо дваесет и третотво господово лето , кога  по покана  на манастирскиот одбор  на новоизградениот манастир Покров на Пресвета Богородица, распослан на печес километри југоисточно од градот Прилеп, во  непосредна близина на прилепското село Волко Село, кое ова духовно православно светилиште покрај празнувањето на Свети Трифун, го празнува  денот на осветувањето на камен темелникот на манастирот 28 Мај, праникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот попознат како Голема Богоројца, и празникот Покров на Пресвета Богородица, чиј патрон е на манастирот на 14 Октомври,  и за него да направам документарна репортажа.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, народски кажано за прилепа града тргнав рано, со новиот воз кој многумина го нарекуваат “Кинезот Це Тунг” , по поранешниот кинески државник Мао Це Тунг.кој од железничката станица во Скопје , во правец на Прилеп според возниот ред секој ден поаѓа во шест часот и педесет и три минути. Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо  за  неполни два часа возот помина низ Таорската Клисура, движеќи се паралелно со реката Вардар, навлегуваќи во живописниот предел на Азот, низ колоритната убавина која со векови ја создаваат долината на река Бабуна и планинските горостаси Мокра Планина  со Солунска Глава, Мочур и Бабуна, застануваќи за кратко во многувековното село Богомила, накачуваќи се под падините на Орешка Чука , неуморно пробиваќи се низ така да речам дваесет промилска стрмна железничка делница од дваесетина  километри, се до Богомилскиот тунел, поминуваќи ја неговата четири километарска должина за неполни две минути, попатно застануваќи на железничките станици Гостиражни, Слепче, браилово, Сенокос  и точно според возниот ред во железничката станица Прилеп пристигна во девет часот и триесет и седум минути, каде што ме пречека еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози, географи  и историчари, а воедно дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски и заедно со него за кратко време пристигнавме во манастирот Покров на пресвета Богородица, каде што не пречекаа ктиторите на ова духовно светилиште Никола и Љубе Спиркоски, заедно со членовите на манастирскиот одбор.

-Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во  ова наше македонско православно светилиште и за него да направиш една документарна репортажа.  село.

–Ние  тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако  не сме  историчари не задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни, ме пофалија Никола и Љубе Спиркоски, заедно со членовите на манастирскиот одбор.

– Зоране имаме еден предлог, како што  е редот и како што прилега најсетне ако може да направиш едно убо слико за позначајните цркви и манастири како од постариот период , така и од денешниов , а најсетне иза нашиов манастир , насетне од заслогот, вечерната литургија, па утринската и свештеничкиот благослов на ручекот кој во чест на мајка Богородица манастирскиот одбор го приредува за Свети Трифун во присуство на многубројниот соборски народ- бива, што велиш ме  прашаа  Никола и Љубе Спиркоски, заедно со членовите на манастирскиот одбор.

-Бива како не бива- им одговорив.

-Зоране, ете овдека со нас е и нашиот пријател Драгослав Миноски, ти го оставаме на располагање, за се што ти треба, а тој лебами не само што добро го познава овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познава историското духовно битисување на овие краишта – ми велеа.

-Што велиш на нашиов предлог- ме прашаа

-Вашиот предлог со задоволство го  прифаќам- им одговорив.

– Професоре, нашиов гостин во твои раце ти го  препуштаме, секаде да го прошеташ низ варошон горе, се да сними, се да бележи, да се види, да видат сите кои духовни светилишта  се распослани во  крали-маркована тврдина- му се обратија.

-Голема чест ми направивте за довербата што ми ја доверивте, што поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам на широкиот телевизиски аудиториум преку продукцијта Мариово Филм со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот- на манастирскиот одбор им се заблагодари Драгослав Миноски.

-Траги од цркви има на целото подрачје на Варош..Од преданијата кои и денес се живи, a co помош на археолошките истражувања се утврдени и лока­циите на црквите „Св. Врачи“ „Св. Кузман и Дамјан“ и „Св. Ѓорѓи“, a ce регистри­ра­ни остатоци од уште седум непознати цркви. На тој начин преданието, се чини, од време во време сè повеќе се потврдува како вистинска историска приказна со христијанска содржина. Тоа може да значи дека на просторот на Варош во извесен период од минатото илјадалетие или порано егзистирале точно 77 цркви,-со неговиот  ораторски историографдки-антрополошки и географски наратив го започна воведниот дел за средновековните духовни светилишта распослани во средновековната крали марковска твдина Драгослав Миноски.

-Со досегашните археолошки истражувања се потврдува и преданието дека секое семејство во Варош поседувало и сопствена црква. Така остатоци од една црква се пронајдени и под темелите на една мошне стара градба во  сопственост на Ристо Роканоски каде што е утврдена основа на црковна градба со ширина од 3 метри  a ce пронајдени и остатоци на фрескоживопис. Таквиот однос кон христијанството жителите на Варош веројатно го имале пред турското освојување на Балканот и во негови рамки на Македонија. Во тоа време на просторот на Маркови Кули и Варош и Заград имало населба со градски карактеристики, за што недвосмислено говори и преданието и за поседување сопствена црква на секое од семејствата. Ова говори дека големиот број жители кои живееле на тој простор, располагале со големо богатство. Од друга страна, тоа говори и за развиена христијанска култура и просветителство во овој простор. Дека големиот број цркви потекнуваат од пред турскиот период говори и датирањето на денешниите цркви, како и оние кои се археолошки потврдени со нивните остатоци. Имено, тие датираат од првите векови на минатиот милениум почнувајќи од XII, па се до XIV век. Уште повеќе, некои од овие цркви имаат индиции за многу постар датум на светост со поставување постари свети градби, како што се рано­хрис­ти­јанските базилики, но и античките храмови-раскажуваше Драгослав Миноски.

Манастирскиот комплекс Свети Архангел Михаил вграден е како орловско гнездо меѓу карпите на југозападната страна на Марковите Кули. Првобитната црква на манастирот се наоѓала под нивото на денешната манастирска црква Свети Архангел Михаил. Таа била еднокорабна црква, од која денес е зачуван само еден мал ѕид во должина исток – запад, врз кој има и фрагмент од фреска на која е претставена ктиторска композиција, доста оштетена. Во врска со оваа црква постојат претпоставки дека потекнува од XII век, дека била ѕидана на два ката и дека била посветена на свети Никола. Најновите истражувања покажуваат дека црквата датира од XII век, а доградена е во XIII и XIV век. Манастирските конаци се подигнати во 1861 година со прилози на еснафите. На натписот во конаците е одбележано учеството на поедини еснафи во изградбата на конаците. Поради подложноста на  распаѓање, конаците на левата страна на црква се реновирани во 1974 година По Битката на река Марица во 1371 година се насликани и портретите на кралот Марко и неговиот татко Волкашин, кои се наоѓаат лево и десно од влезот на црквата на западната фасада. Во тремот од црквата се зачувани три монолитни антички столба. На еден од нив е вклесан надгробниот натпис на епископот Андреја од 996 година кој претставува втор по старост словенски запис со кирилски букви.

Црквата Свети Никола се наоѓа во централниот дел на Варош. Таа е еднокорабна градба подигната во последната четвртина на XII век. Влезовите во црквата се наоѓаат на западниот и на северниот ѕид. Долниот дел од црквата е изграден исклучиво од кршен камен и малтер од вар со делови на вметнати мермерни антички сполии и богата керамопластика во горниот дел.Сликарството во црквата Свети Никола е од 1298 година и зазема важно место во историјата на средновековното сликарство со показател на преминот на епохата на Комнените и епохата на Палеолозите. Фрескоживописот во црквата е сочуван скоро во целина. При истражувањето на црквата Св. Димитрија се датирани се повеќе фази на изградба, каде што се констатира дека оваа градба  изникнала на остатоци од постара градба исто така од свет карактер. Еден од мермерните споменици пронајдени при ископувањата во самата црква говори дека во 1002 година во оваа црква живеел  јеројот Атансие. Под црквата Св. Никола Мирликиски, се среќава живопис со исклучителна уметничка вредност, кој е датиран од в1298 година.Исто така се констатираат  градби кои датираат од VII и VIII век. Археологот Бошко Бабиќ за нив тврди дека претставувале словенски живеалишта, но кога се работи за наоди во рамките на свет објект навистина вреди повторно да се размисли и истражува. Зашто симптоматично е што барале обични живеалишта на место на кое, според некои архитектонски елементи, постоела и ранохристијанска базилика. Дали можеби констатираното словенско живеалиште не е сосема старо светилиште на чии основи изникнала и современата христијанска црква-раскажуваше Драгослав Миноски.

Првиот утврден споменик од црковното градителство на овој терен настанат во времето на турската окупација е црквата Света Богородица Пречиста, која се наоѓа над патот, во подножјето на Маркови Кули. Величината, материјалот и конструкцијата на црквата ги покажуваат сите оние скромности кои ќе бидат карактеристични за црковните градби настанати во текот на турското владеење. Црквата Света Богородица Пречиста е еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна. Незината градба не е со сигурност потврдена. Според едни истражувања таа датира од 1416 година, а според друго истражување од 1438 година, а според натписот на западниот ѕид над влезот на вратата, од каде дознаваме дека нејзината изградба ја порачале Павле и Радослав, синови на Теодор. Ѕидана е од кршен камен и тули, употребени во два реда во горната половина во црквата. Два пати страдала од пожар поради што нејзините фрески се доста оштетени. Од останатиот живопис во апсидата може да се согледа дека непознатиот зограф ни се претставува со солиден цртеж и богат колорит. Сочуваните сигнатури се испишани на старословенски јазик.

Црквата Свети Петар и Павле се наоѓа во источниот дел на населбата Варош. Таа е еднокорабна градба со скромни димензии, нагласена висина и полукружна апсида на источната страна. Градена е од камен и тула со богата керамопластична декорација, што укажува дека црквата најверојатно потекнува од XIV век. Во ѕидовите се вградени антички сполии и керамички украси. Внатрешноста на црквата била целосно живописана, а денес се сочувани само остатоци од првобитниот живопис кој потекнува од XIV век.

Црквата Свети Димирија се наоѓа во средишниот дел на Варош, на некогашното средновековно Панаѓуриште. Денес оваа  црква претставува целина од три цркви, поставени во должина една до друга,  Најстарата црква била еднокорабна градба со  полукружна апсида на источната страна, покриена најверојатно со дрвена  кровна конструкција на две води и датира од средината или од третата  четвртина на XII век.  Ктитор на последниве градителски зафати е Димитрие Мисионополит,  насликан на ктиторската композиција на северниот ѕид. Во внатрешноста  на црквата се наоѓа полилеј од XIVвек кој претставува редок пример на  нашата територија и пошироко.

Непосредно, десно над патот кој води кон манастирот Св. Архангел Михаил, се наоѓаат остатоците од некогашната средновековна црква Свети Атанасие. За неа не се сочувани никакви историски податоци, ниту пак, натписи на самата  црква. Црквата има правоагoлна основа со впишан крст и купола (денес срушена), носена од четири монолитни столбови, од кои се сочувани само два на источната страна. Градена е во комбинација од делкани блокови од бигор и тули, карактеристична градба за XIV век. На источната страна завршува со тристрана апсида, расчленета со голема бифора. Во горниот дел целосно е срушена, а од живописот не е зачуван ни еден фрагмент– продолжи со раскажувањето  Драгослав Миноски.

Трескавец е манастир во областа Пелагонија, на 10 километри од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица. Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на Успението на Пресвета Богородица, изградена во XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот Стефан Урош II Милутин. Цар Душан станал ктитор на манастирот после победата над Византија во 1334 година. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „Успение на Пресвета Богородица“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на Цар Душан, во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на Охридската архиепископија, а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите Андроник II и Михаил IX. Целата сцена била целосно пресликана кон крајот на 19 век. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот владетел Стефан Урош II Милутин, а подоцна царот Душан и неговиот син Стефан Урош V. На источниот ѕид од надворешната припрата до западниот влез во храмот, бил насликан портрет на Стефан Душан, кој во 19 век бил прекриен со малтер, а потоа врз него насликан портретот на Стефан Немања.

 

Зрзески манастир се распостила на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Зрзе. Манастирот бил изграден во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, што е поткрепено со натписот сместен на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква. Тој имал утврдени ѕидини и одбранбени кули. Манастиската целина ги вклучува црквите „Св. Преображение“ и „Св. Петар и Павле“, а како негов метох се јавува и црквата „Св. Никола“ во селото Зрзе.

Во манастиротпостоел активен монашки живот со средновековна монашка населба која броела четириесет и осум активни функционални целини, тихувалишта, платоа за општење како и делови од уште 17 објекти. Монашкиот живот на ова место најпрвин се одвивал во месноста Кале, кое се наоѓа на околу 1500 метри североисточно од овој манастир. Манастирот претрпел повеќе уривања и обновувања низ историјата. Во црквата и на нејзините доградби се сочувани повеќе натписи кои даваат сознанија за историјата на манастирот, неговата архитектура, фрескописот, иконописот и другите активности во него. Во близина на манастирот се откриени и остатоци од цркви посветени на Свети Константин и Елена, Свети Архангел Михаил и Свети Атанасиј, кои веројатно претсавувале манастирски скитови.

Првични податоци за црквата се добиваат од обемниот текст над поранешниот јужен влез на црквата од надворешната страна којшто денес е тешко читлив. Текстот бил напишан во 1400 година и од него се дознава дека манастирот бил подигнат од страна на монахот Герман. По неговата смрт, управувањето со манастирот го презеле неговите внуци митрополитот Јован и неговиот брат Макариј. обајцата зографи. Црквата Свето преображеније  била изградена во XIV век, а била обновена околу 1535 година. Таа претставува засводена еднокорабна црква со полукружен свод и полукружна внатрешна апсида. Фрескописот во внатрешноста на црквата бил изработен во XVI и XIX век. Црквата  Свети Петар и Павле била изградена во XVII век, а била доградена во текот на XIX век- раскажуваше Драгослав Миноски.

Мариовскиот манастир посветен на Свети Никола кој се наоѓа во мариовската област, во непосредна близина на селото Манастир,  на десниот брег високо над реката Црна во Чебренската клисура.Манастирската црква започнала со градба во 1095 година, а нејзината сегашна градба потекнува од 1266 година. Самиот нејзин фрескоживопис бил изведен пет години подоцна. Според натписот во централниот кораб е наведено дека црквата е подигната во 1095 година од страна на протостраторот Алексиј кој бил роднина на византискиот цар Алексиј Комнин Од подоцнежни истражувања се знае дека црквата била возобновена во 1271 година, од кога датира и целиот живопис со натписите. Имено, црквата ја возобновил игуменот Акакиј кој пред замонашувањето се викал Јоаникиј во 1266 година. Живописот на јужната и западната фасада се од 1506 година, а записите на словенски со остар предмет потекнуваат од 1592 година. Други документи за подоцнежниот период со исклучок на XIX век, не се сочувани. Иконите коишто се наоѓаат денес во црквата се од 19 век, што укажува на обемноста на реставраторските зафати од ова време

Манастирот отсекогаш имал активен живот во него, а особено неговиот врв во развојот бил во текот на втората фаза во XIII-XIV век. Сепак, состојбата се менувала низ годините, па така кон крајот на XIX век, потполно замрел монашкиот живот. Како последен монах бил Нестор од групата на руската емиграција.

Според архитектонскиот тип на манастирската црква се забележуваат две фази на градба. Постарата црква, од која се забележуваат делови во внатрешноста, е била подигната во 1095 година, а поновата односно сегашната градба била изградена во 1266 година, додека живописана била во 1271 година Архитектонскиот тип на манастирската црква претставува трикорабна базилика, налик на катедрална црква, каква што е Света Софија во Охрид. Според стилот таа припаѓа на раниот средновековен византиски вид, од кој вклучително со оваа црква има само 4 на подрачјето на Македонија. Карактеристично за манастирската црква е што таа претставува трикорабна базилика која е посветена на три светии: централниот кораб е посветен на Света Богородица, северниот на Свети Архангел Михаил, а јужниот на Свети Никола- раскажа Драгослав Миноски.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости  во новоизградениот манастир посветен на Покров на Пресвета Богородица, кој се наоѓа во непосредна близина на прилепското село Воло Село , на празникот  Свети Трифун , а за неговата неодамна изградба, за неговите ктитори, за неговите четири слави. Че ви  пренесам во  продолжение на наредната репортажа.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print