Региони

село Зрновско

 

 

Поминаа речиси четириесетина години откако во  тогашната Радио телевизија Скопје , поточно речено во тогашното  Радио Скопје во радио  емисиите „ Глас од татковината“ и „ Нашите сонародници  во  странство“, под менторство на бардот на македонското новинарство Владо Гаџоски ја направив првата радио репортажа  со работен наслов „ Рилево-село во  Долненска околија“ , а нешто подоцна во  утринската програма на Телевизија Скопје „ Добро утро македонијао“ истата видео ја обликував под работен наслов „ Заборвени“ , каде што си поставив работна задача  еден ден не само што ќе ги  посетам речиси сите села во во вардарскиот дел на Македонија, туку и поголемиот дел од селските населби во пиринскиот, егејскиот, во областа Гора која се распостила во Србија , областа Голо Брдо и и деветте селски населби , населени исклучиво со Македонци во мала Преспа во Албанија. Како што одминуваа годините така мојата работна задача полека се реализираше.Поикрај илјада и седумстотините селски населби, според мојата евиденција од вкупните илјада девестотини осудесет и четирите села во Република Македонија, што ги имав посетено, десетина документарни видео записи што ги направив во егејскиот дел на Македонија, од вкупните според евиденцијата на Јован Трифуновски две илјади  и селски населби печес селски населби од вкупните дваесет и осумте според евиденцијата на Исмаил Бојда, во областа Гора, неколкуте населени места во  Пиринска Македонија од вкупните печестотини исто така според евиденцијата на Јован Трифуновски  и неколкуте села од вкупните шеснаесет според евиденцијата на Никола Ѓурај  во областа Голо Брдо , ете така да речам дојде денот како што вели народот да дојдам и меѓу македонците кои живеат во деветте села, во албанскиот дел на Преспа во Општината Пустец.

Одлуката така да речам беше донесена на сам ден на Вртолумдве илјадо и дваесет и првото господово лето, кога бев на снимање на нов документарен запис во мариовското село Крушејца, под самата падина на врвот Маргара, на местото викано Света Петка, каде што после неколку поминати векови, крушејчанецот Јоше Сајкоски , пред седумнаесет години  , по божја промисла започна со вообзновувањето на многувековниот манастир Света Петка , при самиот крај на празнувањето, прилепчанецот Валентин Попоски ми рече:

– Зоране да те прашам нешто,онака по прилепски, ќе може?

– Е како не може-му реков.

-Дали досега си бил меѓу нашинцине во  Мала Преспа, во  албанскиот дел, во  Општината Пустец, таму има девет села , чисто македонски, голема добрина ќе направиш, да направиш некое кадро, оти знаеш и тие се нашинци, македонсци по род, многу ќе се израдуваат?- ме прша.

-Долги години му се токмам, ама да бидам искрен и пред себе и пред тебе, ама и пред бога не сум бил- му одговорив.

-Бравос бре Зоране, бравос, е таков ќејф ми направи на душичкава моја, што досега никој не ми направил во  животецов мој досегашен-радосно ми посвикна Валентин Попоски.

Почитувани мои помина речиси една година од кога наминав во  селото Туминец  и триесетина дена  кога ги посетив селата Горна и Долна Горица , ете според господовото провидение наминав и во  селото Зрновско и за него  да направам документарен запис, каде што продолжив со снимањето на   снимањето на документарниот  серијал во  девет продолженија со работен наслов „ Опшрина Пустец -историографски записи“.

Почитувани мои ова мое патешествие кај Македонците кои живеат во  Општината Пустец немаше  да биде реализирано бес соработката на првиот меѓу еднаквите во  Оптина Ресен градоначалникот на Општина Ресен  Јован Тозиевски и на стопанственикот Милчо  Кузманоски.

Речено сторено како што вели народот. На сам ден на Цветници  ова две илјадо дваесет и второво господово лето   во раните утрински саати, од  Прилеп , преку Битола, Ресен, по магистралата Ресен -Царев Двор -граничен премин Стење и  по деведесетина минути „лагана вожња“, со возилото од марката „мерцедес“ под команда на Диме Степуле, откако ги поминавме граничните формалности, заедно со мојот пријател Валентин Поповски  пристигнавме во селото Зрновско .

Почитувани мои да бидам искрен , најпрво пред себе, пред вас, а и пред бога, пред да дојдам во  селово, Зрновско  , неговата околина, го   замислував дека тоа сето е пуста пустелија, село, како од оние нашиве заборавените, села со неколку  жители, со  по некој старец, села со паднати куќи, плевни, обраснати дворови со  трње и капини, очекував да ја  видам Долна  Горица од времето на владеењето на Енвер Хоџа, арно ама старинскиот лик ликот на селото одмана беше заменет со новата современа западна архиктектура со убави куќи, уредени дворови, распослани во непосредна близина на преспанските езерски води, полно село со народ, село со градски карактер, на кое можат да му позавидат приградските и градските населби во Република Македонија.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на Горническиот Залив, како дел од Преспанското Езеро,  може , а да не го забележи селото Зрновско  кое раскошно блескотеше под зраците на утринското преспанско сонце.

Почитувани мои предлагам поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија  за селото Зрновско  со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

На крајниот југозападен брег  на Големото преспанско Езеро , во северното подножје на Иван Планина и Сува Гора , распослано во плодната крај езерска рамница, во изобилство на диви и питоми растенија,  со медитерански лик се наоѓа селото Зрновско.

Селото  од север се граничи со  селата Леска и Пустец и водите на Езерото, од исток со селото Церје и со селото Орово кое припаѓа во Република во Грција,, од југ и запад с епротегаат високите каменити сртови на Иван и Сува Планина, а преку нив со атарите на селата Голо Брда и Ѕвазда.

Атарот на селото се распостила на  осум квадратни километри, и зафаќа рамничарско, песокливо, плодно и ридско-планинско, безводно карснно безводно земјиште обраснато со дабова, дренова, габрова и букова шума и сочни пасишта. . Во атарот на селото има неколку изворишта и водотец,.селото со вода за пиење претежно се снабдува од езерските води.

Селото Зрновско е македоско  христијанско православно село. Низ историографските документи неговото име се среќава како Зрновско, Зрновка, Зарошка. Селото  е од збијан тип, со  седумдесетина     куќи, кои  во минатото биле изградени од камен, на два ката , покриени со турски џерамиди, со мали дворни места. Селото се дели на три  маала, Горно, Долно маало и Крстиново маало..

-Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња :  Блато, Бачило, Камење, Грмадите, Голем Иван, Мал Иван, Писан Камен и многу други викани места.

-Прв пат селото  Зрновско  во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил од 979 до 1014 година   и црковните записи кои датираат од времето на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир , во записите на византиските записи од времето на Јован Скилица,  поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година ,  во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година,  , во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин кралот Димитрија Волкашин и македонскиот владетел Кралот Марко од 1371 година.

Податоци за селото Зрновско  се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1568 /69 година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како Зрновка припаѓа на казите Горица, Биглишта и Хрупишта, како падишахски хас на нахијата Билишта., брои девет семејства. Пописниот Дефтер од 1665 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот ги содржи речиси истите податоци како и дефтерот број 4 за периодот за кој е пишуван. Во овој Дефтер , покрај другото е запишано дека селото и припаѓа на Ресенската  нахија и имало девет  семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани. Во пописниот отомански дефтер од 1865 година е запишано дека селото брои 26 христијански куќи.

Дека селото Зрновско  на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:  “Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име  “ Стара Србија и Maкедонија  “   од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , издадена во 1889  година, каде што за селото е забележано дека селото имало осумнаесет   домаќинства со 40 жители, христијани Македонци. Додека пак Јохан Кан во патописот наменет за селото Зрновско запишал дека во 1868 година во живеат четириесет домаќинства Според статистиката на Васил К’нчов „Македониja, Етнографиja и статистика“ од 1900 година, во  Зрновско живееле 250   жители, сите Македонци. Според записите на Глигорија Трајчов кои датираат од 1912 година во тоа време се лото броело десет куќи, а во селото живееле 104 жители.Според записот на Бранислав Милоевиќ во 1917/1918 година   броело 15 домаќинства, додека според записите на Кирил Мундишев во 1924 година селото брои 100 жители , според Стерјо Спасе во 1932 година селото брои  156 жители,  во 1940 година селото брои 14 куќи, во 1945  година брои 201  жител, во 1948 година 250 жители, во 1960 година 247,  во 1969 година бројот  на жители изнесува  307, во  а во 1979 година 317 жители, и во 1989 година селото брои 71 куќа , 322 жители., а во 1991 година 370 жители.

Старински родови во Зрновско се  Андоновци, Бојчевци, Волкановци  и Аргировци доселени од селото Шулин, Димовци, Крстиновци, Коруновци и Ридовци  доселени од селото Церје, Тановци, Тодоровци и Трповци., додека пак дел од семејни родови на Андоновци и Аргировци  се иселени  во  Елбасан, Танасовци во  Подградец, Тодоровци во градот Прењас, Тодороци, во  Валона, Секуловци и Бојчевци во  Либраж. Во 1946 година во Војводина , тогашна Федеративна Народна Република Југославија, во Јабука, Пладниште, Качарево, Вршац, Панчево, Смедерево и во други места се иселија дел од семејните родови Танасовци, Димовци, Секуловци и танасовци.

Втората половина на осумнаесетиот век  за  Зрновско   е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатата  селската црква „Свети Петар“, која  се наоѓа во југоисточниот  дел на  селото., од десната страна за Церје-албанско-грчката граница. Се смета дека порекнува од четиринаесеттиот век. реобновене е во  1930 година.Во 1967 година претворена во народен магацин.Во 1996 година со помош на Македонската православна црква е повторно реобновена.Во месноста расадник се наоѓа уште една црква со име Свети Никола која е од седумнаесеттиот век.На повеќе места во атарот на селото Зрновско се наоѓаат црквите Свети Елена Костандин и Елена,  Свети Вангелија, Света Недела, Света Марена, Свети Антонија,  Света Петка, која во 1967 година била разрушена, за да во  1991 година врз старите темели ја обновиле Петре и Цветко Аргировски.

Селото  Зрновско  уште од памтивека имало учени луѓе. Првото училиште е отворено во  1889 година во  перштерната црква црквата Свети Никола , наставата ја изведувала од селските попитропи и попови на македонски црковен книжевен јазик и писмо. за да за време на балканските војни и за време на Првата и Втората Светска војна наставата наизменично се извршувала најсетне на грчки, бугарски и албански јазик, за да од 1946  година на македонски мајчин јазик,  училишна зграда  изградена во  1922/23 година година. Прв учител бил  Борис Малевски.

Во подалечното минато  мештаните од селото  Зрновско  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Илинденци од ова село се Вангел Тодоровски, и Крсто Трајчев Аргиров.

Од по илинденскиот период па се до  1912 година  селото е беговски чифлик кој се задржал се до  1940 година.Последни чифлог сајбии во глобочица биле Селим бег и Алим бег.

Селото  Зрновско не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна, каде што во 1912 година селото припаѓа под српска власт, за да во  1913 година под грчка власт,  како и од Првата светска војна,  каде што за потребите  на боиштето  машкото население првично  било мобилизирано од грчката војска,  каде што поголемиот дел од мобилизираното машко население кое било испратено на Македонскииот фронт  поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а преостанатото население било ангажирано во  превоз на воена опрема, и изградба на фортификациони објекти и патишта , за потребите на боиштето. По завршувањето на Првата светска војна селото потпаѓа повторно под грчка власат, каде што од 1919 година до 1922 година долно горичани биле мобилизирани во Грчко-турската војна,  а со договорната размена на територија помеѓу Грција и Албанија, Горна Горица припадна на Албанската држава, со  сите последици на тогашната албанска политика спрема Македонците училите на албански јазик и албански учители.

Во  1939 година Албанија е анектирана од страна на Италија. Во 1940/ 41 година повторно машката популација од селото Зрновско   беше мобилизирана во  албанската фашистичка армија како и преостанатото население и принудно учествуваше  во Грчко-италијанската војна.  По капитулацијата на Италија во 1943 година селото  Зрновско беше дел од слободната територија на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Албанија, а и на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Во Во месец декември 1942 година  и месец јануари 1943 година во селот  престојувал партизанскиот одред Даме Ггруев , каде што е формиран првиот народно ослободителен комитет во селото, а во октомри и ноември истата година и првите партиски ќелии на КПМ и СКОЈ.

Во текот на Народно ослободирелната војна деветнаесет и шест  партизани  се бореа во  партизанските одреди  и единиците на Народно ослободителната антифашистичка војна на  Македонија, од кои тројца ги положија своите животи на боиуштето ширум Југославија.

Оскудното плодно поле, ги приморало долна горичани   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Зрновско  и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани мои, иако на мојот престој во селото  Зрновско  му се ближеше крајот, не си заминав  од албансиот дел на Мала Преспа, овој пат ќе останам малку подолг период за да направам документарни записи  и за селата , Леска, Пустец, , Церје, во Шулин.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print