Региони

село Крстец (прв дел)

Селото Крстец е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.

Поминаа речеиси две-три седмици    од нашата средба со Илија Трајкоски-Кочоски  на сам ден на Света Петка-летна  во  истоимениот манастир во  струшкото село Мислешево, каде што бев дојден да направам нов документарен запис како за селото Мислешево така и за празнувањето на овој духовен православен празник во  ова село и кога начелно се договоривме да направам документарна репортажа и за неговото родно село прилепското село Крстец, ова две илјадо дваесет и третово господово лето, кога на сам ден на духовниот празник  посветен на Свети Климент, ова две илјадо дваесет и третово господово лето во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Илија Трајкоски-Кочоски  кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Илија Трајкоски-Кочоски  од прилепското село Крстец  ,кога  се сретнавме  во Мислешево во  манастирот Свети Кимент , на истоимениот празник и кога начелно се договоривме да наминиш и во моето родно село, селото Крстец  – ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- му одговорив.

-Од името на месната заедница и од црковниот одбор  на црквата Свети Никола од селото Крстец ве покануваме да ни дојдете на гости  во нашето  село да направиш едно убаво слико онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

-Кажи им на твоите соселани дека за празников Сите македонски светители, ќе дојдам во  Крстец!- му порачав.

-Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега, со радост одговри Илија Трајкоски-Кочоски.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, од Скопје за прилепското село Крстец тргнав  во раните утрински саати, во зорите  во  мугрите, овој пат со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, за да стасам на време во селото Крстец и по речиси два саати народно кажано удобна вожња, по дел од автопатската делница Скопје-Велес-Градско и регионалната магистрала Градско-Росоман-Дреновска и-Фаришка Клисура- Плетвар-Прилеп, по дел од дваесет километарската локална патна делница  делница Плетвар- село Ореовец-село Крстец на самото изгрејсонце, пристигнав во селото Крстец, каде што ме пречека Илија Трајкоски-Кочоски, заедно со неговите соселани од ова село.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на  на моиве соселани -Навистина се радувам што ете заедно со тебе е господинов што саде везден го  гледаме на телевизорон  во  репортажине, мислеќи на еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски.-ми рече.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, а посебно  на  нашиов  пријател Драгослав Миноски, ви стоиме на на располагање, за се што ви треба, а тој лебами не само што добро го познаваи сторискиве збиднувања  овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познава историското духовно битисување на овие краишта  гледајќи го по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини не  замолија најсетне ние да им ги раскажеме нашите   досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Селото Крстец е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Дека во ова село  така да речам урбаното живеење било добро организирано говорат мноштвата археолошки локалитети  меѓу кои Маркова Бразда, локалитетот  Странка и Цквиште, каде што постојат остатоци од  крстови, икони, бакарни садови и стари гробови“ локалитетот Кале каде што своевремено преставувал каструм.пешрите Рамниште и Дуова Вода, во кои има остатоџи од неолитот.

Селото Крстец илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските властелини Стефан Урош II Милутин во христовулите од 1330 година и 1331 година  посветени на манастирот Трескавец,  царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1350-1351 година за манастирот Трескавец, кралот Димитрија Волкашин,кој со Македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Крстец е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии имот раководеле монасите од манастирот Трескавец, во пописниот дефтер од 1446 година, каде што според овој попис  селото  е метох на манастирот Трескавец,а  припаѓало на Битолската Каза. Исто така селото Крстец  е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што и натаму е метох на манастирот Трескавец. Селото  е забележано и во отоманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570, во пописниот дефтери од 1582 година во отоманскиот дегтер од 1583 година, 1599 година, 1652 година и 1657 година, каде што селото и настаму е метох на манастирот Трескавец, а припаѓа на битолската каза.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија“  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ. Во книгата  „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Крстец  е посочено како село со 26 домаќинства и 100 жители христијани.Според статистиката на Васил К’нчов внесена во  книгата  „Македонија: Етнографија и статистика“ од 1900 година, Крстец имало 300 жители, сите христијани, додека пак според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев во книгата „Македонија и незината популација“ во 1905 година  Крстец броело  176 ќители сите рисјани.

Дека  селото Крстец     на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Селските населби во  битолско-прилепско поле издадена во Белград 1992 година , го забележал следново: Крстец се наоѓа источно од градот Прилеп,распослано на западните висови на Бабуна.

Селото со вода се снабдува од карпестите извори Горна и Долна чешма. Во подножјето на селото има уште три извори: Еленец, Ливадиште и Забел. Селото е поделено на три маала: Петревско, Здравевско и Колевско.

Јован Трифуновски во пишаниот документ  Селските населби во  битолско-прилепско поле   за  семејните лози го забележал следното Најстари фамилии се Петревци и Кочовци. Доселенички семејни родови се Зердевци, Валчевци, Колевци и Ристевци, чие нивно подалечно потекло не е познато.

Втората половина на осумнаесетиот век  за селото крстец    е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на црквата  Свети Никола.Црквата „Свети Никола“.претставува еднокорабна градба, полукружно засведена, со полукружна апсида на источната страна, оживеана со пет слепи ниши, каде што црквата,камбанаријата и црковниот ограден ѕид целосно се  изѕидани од домороден камен со светлокафеникава боја, кој зрачи со особена естетика и топлина. Градбата била подигната во 1881 година,а зоографисана во 1883 година а тоа го потврдуваат приближно истите датуми и годината 1883  запишани во долниот дел на иконите од иконостасот  и имињата на дарителите, а реобновена  во 1904 година. На западната страна, во 1913 година, дограден е трем. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Во црквата Свети Никола турското владеење во ова село и регија  период е забележан застапен два натписи. Едниот е на влезот во тремот на црквата, и тоа, од 1904 година,со кој напис се потврдува реобновата на црквата,  а другиот е над влезот во камбанаријата, на десната страна однадвор и на него стои натпис со 1905 година., а тоа означува годината на изградба на камбанаријата и црковната   камена  ограда. Црквата Свети Никола го преживува периодот  пред  за време и по Илинденското востание, периодот на Првата и втората балканска војна , Првата светска војна,како и  периодот на  народно ослободителната војна, поточно периодот од 1943 година , чиј најолем дел од фрескоживописот потекнува.За тоа дознаваме од натписот во внатрешниот простор на црквата, над вратата на западниот ѕид. На него стои датумот 29.03.1943 година кога браќата Доневи од селото Гари работеле на живописот на црквата, чији нивни имиња се среќаваат на многу места низ Македнија и пошироко на Балканот., во црквата „Св. Спас“ во селото Кален, Прилепско, во црквата „Св. Троица“, во селото Ропотово, општина Долнени и на други места.

Фрескоживописот целосно е обновен во  1943 година.Живописот од црквата „Св. Никола“ во Крстец се одликува со послаб колорит, со слабо изразени бои и особено присуство на црната и белата боја и бледосиви површини на живописот. Може да се каже дека со ваквиот израз сликите од живописот потсетуваат на збирка од своевидни цртежи, иако со тоа не сакаме да кажеме дека овој живопис нема своја вредност. Естетиката која е застапена на овој живопис е со своја специфика и на свој начин успева да го привлече вниманието. Забележливо е дека авторот успеал да постигне извесна импресивност и свеченост на изгледот на композициите и ликовите. Некои од композициите се со нагласена содржајност и складност на елементите, па привлекуваат посебно внимание. Овде ќе ги споменеме „Судењето Христово од Пилат“, каде се забележува блага драматика и извесна психолошка димензија, „Вознесението Христово“, каде се забележува своевидна раздвиженост на ликовите. На западниот ѕид, среќаваме  неколку композиции и ликови, меѓу кои и композициите „Раѓањето на Исус Христос“ и „Воскресението Христово“.

Кога станува збор за уметничкиот израз и квалитет, далеку се поквалитетни иконите од иконостасот, кои потекнуваат од 1883 година. Со особена ликовност се одликуваат иконите „Св. Архистратиг Михаил“ од вратничката на левата страна на иконостасот за влез во олтарниот простор, „Св. Никола“, „Св. Богородица со Исус Христос“, „Исус Христос Седржител“, „Св. Јован Крстител“, „Св, Пророк Илија“, како и ликовните содржини на портикот на иконостасот, на кој ги среќаваме ликовите на цар Соломон, цар Давид и Благовештението. На овие икони се соочуваме со вистински колорит, со хармонично распоредени бои, како и со комплексен психолошки израз на ликовите. За жал не ни е познат авторот на овие христијански ликовни дела.

Мораме посебно да нагласиме еден посебен момент од вкупниот живопис во црквата во Крстец. За нас тоа е патронската фреска на надворешната страна на западниот ѕид, веднаш над влезот. Овде се среќаваме со ликовно дело со нагласени естетски вредности, но за жал записот за годината на сликање и името на зоографот не зачуван, што укажува дека оваа црква под сегашниот слој можеби крие фрескоживопис со постар датум, затоа што на споменатата фреска, портретот на св. Никола не пречекува со сериозен поглед во кој се забележува своевидна загриженост и нагаласен психолошки набој од кој зрачи длабоко изразена благост. Авторот навистина постигнал длабок психолошки ефект, кој нè потсетува каде се наоѓаме и во каков објект влегуваме. Всушност, овој лик нè воведува во божјиот храм и поттикнува божествено чувство. Сето ова не наведува да истакнеме дека фреската од западниот ѕид заслужува посебно внимание.

Селото Крстец од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во селската црква Свети Никола, наставата на македонски црковен книжевен јазик, а  учители  биле   селските попови. Во учебната 1900/1901 година во Крстец  Горно Село учителствувал   даскалот Стеван  а за време на неговото учителствување е формиран  огранок на ТМОРО , прв во оваа регија. Во селото учители биле , Вуксан Тривковиќ,, Милорад Поповиќ,  Никола Крстовиќ, Ацо Стојанов, Милетије Максимовиќ и  други.

Во периодот под Османлиско ропство кај мештаните опд селото Крстец  се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија.Мештаните од селото учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и создавање на самостојна Македонска држава на македонскиот народ, како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив и селаните од ова село како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерало жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот и  активно се вклучиле во антифашистичкото движење  и се народното востание на Македонскиот народ против фашистичката наезда од 1941 година па се до  1945 година, раководена од Комунистичката партија на Македонија и маршалот на Југославија  Јосип Броз Тито. Во 1944 година во селото се формира првиот месен народно ослободителен одбор.Во периодот од 1945 година до 1950 година селото припаѓа на битолската околија, а од 1950 година па се до  1955 година селото припаѓаво  дупјачанска опоштина, а од 1955 година па се до  1963 година селото е дел од долненската општина.. а од 1963 година па се до  1996 година во  Прилепската општина. Според пописните листи, забележано е дека во 1921 година бројот на домаќинствата во селото изнесувал 25. Бројот на населението низ годините е следниов: 1948  192; 1954 = 187; 1961 = 93; 1971 = 21. Според пописот од 1981 година, во Крстец имало 9 жители, во 1991 = 6, во 1994 бројот изнесувал 8, а според пописот од 20022 година во селото има само еден жител.

.Оскудното плодно поле, ги приморало мештаните од селото Крстец  својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Во селото Крстец сеуште  ја има старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде  и на така да речам реновирани врз старинската архитектура  семејни куќи , кои говорат дака селото Крстец не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Крстец  Горно Село, каде што неколкумината преостанати селани од ова село ми раскажаа многу приказни за историското битисување на ова село. Почитувани мои  на мојот престој во прилепското село Крстец полека му  се ближеше крајот,.Пред заминување преостанатите неколкумина селани од ова село ме замолија уште еднаш да им испратат голем поздрав на сите селани родени или по потекло од ова  село  да не го  заборават своето родно село, татково огниште затоа што поубаво место од родниот крај нема никаде, а тие ќе останат верни на дедовите огништа, затоа што прилепското село Крстец  не е и нема да биде заборавено село во република Македонија.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print