Региони

село Леска

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на Горническиот Залив, како дел од Преспанското Езеро,  може , а да не го забележи селото Леска кое раскошно блескотеше под зраците на утринското преспанско сонце.

 

Поминаа речиси четириесетина години откако во  тогашната Радио телевизија Скопје , поточно речено во тогашното  Радио Скопје во радио  емисиите „ Глас од татковината“ и „ Нашите сонародници  во  странство“, под менторство на бардот на македонското новинарство Владо Гаџоски ја направив првата радио репортажа  со работен наслов „ Рилево-село во  Долненска околија“ , а нешто подоцна во  утринската програма на Телевизија Скопје „ Добро утро македонијао“ истата видео ја обликував под работен наслов „ Заборвени“ , каде што си поставив работна задача  еден ден не само што ќе ги  посетам речиси сите села во во вардарскиот дел на Македонија, туку и поголемиот дел од селските населби во пиринскиот, егејскиот, во областа Гора која се распостила во Србија , областа Голо Брдо и и деветте селски населби , населени исклучиво со Македонци во мала Преспа во Албанија. Како што одминуваа годините така мојата работна задача полека се реализираше.Поикрај илјада и седумстотините селски населби, според мојата евиденција од вкупните илјада девестотини осудесет и четирите села во Република Македонија, што ги имав посетено, десетина документарни видео записи што ги направив во егејскиот дел на Македонија, од вкупните според евиденцијата на Јован Трифуновски две илјади  и селски населби печес селски населби од вкупните дваесет и осумте според евиденцијата на Исмаил Бојда, во областа Гора, неколкуте населени места во  Пиринска Македонија од вкупните печестотини исто така според евиденцијата на Јован Трифуновски  и неколкуте села од вкупните шеснаесет според евиденцијата на Никола Ѓурај  во областа Голо Брдо , ете така да речам дојде денот како што вели народот да дојдам и меѓу македонците кои живеат во деветте села, во албанскиот дел на Преспа во Општината Пустец.

Одлуката така да речам беше донесена на сам ден на Вртолумдве илјадо и дваесет и првото господово лето, кога бев на снимање на нов документарен запис во мариовското село Крушејца, под самата падина на врвот Маргара, на местото викано Света Петка, каде што после неколку поминати векови, крушејчанецот Јоше Сајкоски , пред седумнаесет години  , по божја промисла започна со вообзновувањето на многувековниот манастир Света Петка , при самиот крај на празнувањето, прилепчанецот Валентин Попоски ми рече:

– Зоране да те прашам нешто,онака по прилепски, ќе може?

– Е како не може-му реков.

-Дали досега си бил меѓу нашинцине во  Мала Преспа, во  албанскиот дел, во  Општината Пустец, таму има девет села , чисто македонски, голема добрина ќе направиш, да направиш некое кадро, оти знаеш и тие се нашинци, македонсци по род, многу ќе се израдуваат?- ме прша.

-Долги години му се токмам, ама да бидам искрен и пред себе и пред тебе, ама и пред бога не сум бил- му одговорив.

-Бравос бре Зоране, бравос, е таков ќејф ми направи на душичкава моја, што досега никој не ми направил во  животецов мој досегашен-радосно ми посвикна Валентин Попоски.

Почитувани мои помина речиси една година од кога наминав во  селото Туминец  и триесетина денови   кога ги посетив селата Горна и Долна Горица , дваесетина денови  од посетата на село Глобочани. Ете според господовото провидение наминав и во  селото Леска и за него  да направам документарен запис, каде што продолжив со снимањето на   снимањето на документарниот  серијал во  девет продолженија со работен наслов „ Опшрина Пустец -историографски записи“.

Почитувани мои ова мое патешествие кај Македонците кои живеат во  Општината Пустец немаше  да биде реализирано бес соработката на првиот меѓу еднаквите во  Оптина Ресен градоначалникот на Општина Ресен  Јован Тозиевски и на стопанственикот Милчо  Кузманоски.

Речено сторено како што вели народот. На сам ден на Лазарова Сабота   ова две илјадо дваесет и второво господово лето   во раните утрински саати, од  Прилеп , преку Битола, Ресен, по магистралата Ресен -Царев Двор -граничен премин Стење и  по деведесетина минути „лагана вожња“, со возилото од марката „мерцедес“ под команда на Диме Степуле, откако ги поминавме граничните формалности, заедно со мојот пријател Валентин Поповски  пристигнавме во селото Леска .

Почитувани мои да бидам искрен , најпрво пред себе, пред вас, а и пред бога, пред да дојдам во  селово, Леска , неговата околина, го   замислував дека тоа сето е пуста пустелија, село, како од оние нашиве заборавените, села со неколку  жители, со  по некој старец, села со паднати куќи, плевни, обраснати дворови со  трње и капини, очекував да ја  видам Долна  Горица од времето на владеењето на Енвер Хоџа, арно ама старинскиот лик ликот на селото одмана беше заменет со новата современа западна архиктектура со убави куќи, уредени дворови, распослани во непосредна близина на преспанските езерски води, полно село со народ, село со градски карактер, на кое можат да му позавидат приградските и градските населби во Република Македонија.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на Горническиот Залив, како дел од Преспанското Езеро,  може , а да не го забележи селото Леска кое раскошно блескотеше под зраците на утринското преспанско сонце.

Почитувани мои предлагам поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија  за селото Леска  со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

На околу дваесетина километри јужно од македонско-албанската граница, на запасната страна на Големото Преспанско Езеро, лево од патот Битола-Корча, во подножјето на на разграноците на Стара Планина Напламен, Меризи, Плетвар и Локви, како мала оаза среде благонаведната ширина, посна и гола рамница, во изобилство на диви и питоми растенија,  со медитерански лик се наоѓа селото Леска.

Селото  од север и исток  се граничи со  Пустец, од исток и југ со селото Зрновско, на запад се возвишуваат раздробените  ридови  на Сува Гора, а преку нивсо атарот на Подгорија.

Атарот на селото се распостила на  осум квадратни километри, и зафаќа рамничарско песокливо, слабо плодно безводно земјиште и ридско- планински терен обраснат со дабова, дренова, габрова и букова шума и сочни пасишта. . Во атарот на селото има неколку селски чешми  селото со вода за пиење претежно се снабдува од езерските води.

Селото Леска е македоско  христијанско православно село. Низ историографските документи неговото име се среќава како Леска, Лесково, Лескиново. Селото  е од збијан тип, со  педесетина куќи, кои  во минатото биле изградени од камен, на два ката , покриени со турски џерамиди, со мали дворни места. Селото се дели на две   маала, Горно, Долно маало

Прв пат селото  Леска З во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил од 979 до 1014 година   и црковните записи кои датираат од времето на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир , во записите на византиските записи од времето на Јован Скилица,  поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година ,  во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година,  , во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин кралот Димитрија Волкашин и македонскиот владетел Кралот Марко од 1371 година.

Податоци за селото Леска  се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1568 /69 година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како  Лесковица припаѓа на казите Горица, Биглишта и Хрупишта, како падишахски хас на нахијата Билишта., брои 27 семејства, од кои  25 православни Македонци и две македонски муханмеданци. Пописниот Дефтер од 1665 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот ги содржи речиси истите податоци како и дефтерот број 4 за периодот за кој е пишуван. Во овој Дефтер , покрај другото е запишано дека селото и припаѓа на Ресенската  нахија и имало девет и седум  семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите македонци Во пописниот отомански дефтер од 1865 година е запишано дека селото брои 26 христијански куќи и една мухамеданска

Дека селото Леска  на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:  “Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име  “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , издадена во 1889  година, каде што за селото е забележано дека селото имало дваесет и осум домаќинства. Додека пак Јохан Кан во патописот наменет за селото Леска запишал дека во 1868 година во живеат четириесет домаќинства Според статистиката на Васил К’нчов „Македониja, Етнографиja и статистика“ од 1900 година, во  Леска  живееле 70 жители а сите Македонци. Според записите на Глигорија Трајчов кои датираат од 1912 година во тоа време се лото броело ѓест куќи и 64 жители.

.Според записот на Бранислав Милоевиќ во 1917/1918 година   броело осум куќид додека според записите на Кирил Мундишев во 1923 година селото брои 103 жители , според Стерјо Спасе во  1926 годин 68 жители, во 1932 година селото брои  95 жители,  во 1940 година селото брои 14 куќи, во 1945  година брои 84  жители, во 1948 година 80 жители, во 1960 година 149,  во 1969 година бројот  на жители изнесува  1577, во  а во 1979 година 182  жители, и во 1989 година селото брои 215 жители , а во 1989 година 215 жители.

Старински родови во  селото Леска се Казлеровци, Мазенковци, Настовци, Пандовци, Поповци, Ристовци, Стојановци, Трајковци и Џаферовци.

Втората половина на осумнаесетиот век  за  селото леска   е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатата  селската црква Свети Василија, која се наоѓа во месноста Стара Леска. За времето на незината градба нема  сигурни податоци.Во 1967 година е потполно разрушена.за да во 1998 година повторно е вообзновена , а во 1999 година осветена. Оваа црква воедно еи гробјанска црква. Во непосредна близина на оваа црква се ноѓаат и параклис изграден од Коста Мазенкоски и капела изграден аод Ѓорѓија Панкоски   посветени на Свети Никола.

Селото Лескаа  уште од памтивека имало учени луѓе. Првото училиште е отворено во  1889 година во  перштерната црква црквата Свети Василија , наставата ја изведувала од селските попитропи и попови на македонски црковен книжевен јазик и писмо. за да за време на балканските војни и за време на Првата и Втората Светска војна наставата наизменично се извршувала најсетне на грчки, бугарски и албански јазик, за да од 1946  година на македонски мајчин јазик, наставата се извршувала  нјсетне во  приватни куќи, а  училишна зграда  изградена е во  1956 година.

Во подалечното минато  мештаните од селото  Леска  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Илинденц од ова село се Христо Козларов.

Од по илинденскиот период па се до  1912 година  селото е  дервенџиско  село и беговски чифлик кој се задржал се до  1928  година.Последни чифлог сајбии во глобочица биле Селим бег и Алим бег.

Селото Леска не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна, каде што во 1912 година селото припаѓа под српска власт, за да во  1913 година под грчка власт,  како и од Првата светска војна,  каде што за потребите  на боиштето  машкото население првично  било мобилизирано од грчката војска,  каде што поголемиот дел од мобилизираното машко население кое било испратено на Македонскииот фронт  поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а преостанатото население било ангажирано во  превоз на воена опрема, и изградба на фортификациони објекти и патишта , за потребите на боиштето. По завршувањето на Првата светска војна селото потпаѓа повторно под грчка власат, каде што од 1919 година до 1922 година долно горичани биле мобилизирани во Грчко-турската војна,  а со договорната размена на територија помеѓу Грција и Албанија, селото Леска припадна на Албанската држава, со  сите последици на тогашната албанска политика спрема Македонците училите на албански јазик и албански учители.

Во  1939 година Албанија е анектирана од страна на Италија. Во 1940/ 41 година повторно машката популација од селото Леска   беше мобилизирана во  албанската фашистичка армија како и преостанатото население и принудно учествуваше  во Грчко-италијанската војна.  По капитулацијата на Италија во 1943 година селото  Леска беше дел од слободната територија на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Албанија, а и на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Во Во месец декември 1942 година  и месец јануари 1943 година во селото  престојувал партизанскиот одред Даме Ггруев , каде што е формиран првиот народно ослободителен комитет во селото, а во октомри и ноември истата година и првите партиски ќелии на КПМ и СКОЈ.

Во текот на Народно ослободирелната војна деветнаесет и шест  партизани  се бореа во  партизанските одреди  и единиците на Народно ослободителната антифашистичка војна на  Македонија, од кои тројца ги положија своите животи на боиуштето ширум Југославија.

Оскудното плодно поле, ги приморало долна горичани   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Леска  и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани мои, иако на мојот престој во селото  Леска  му се ближеше крајот, не си заминав  од албансиот дел на Мала Преспа, овој пат ќе останам малку подолг период за да направам документарни записи  и за селата  Пустец, , Церје, во Шулин.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print