Поминаа речиси дванаесет години откако прв пат ja посетив Славна Дебрца, каде што ме пречекаа мештаните од Славна Дебрца кои ме прошетаа низ непрегледните славно дебрцки пасишта, планински и долински предели, ги видов добрините кои ги создала природата, колоритниот сјај на славно дебрцката убавина беспрекорно вткаена во верижните плакенско-илински и караормански планински венци, сончевите зраци кои силно блескотеа над хоризонтот, прекршуваќи се во Охридското езерско водно огледало, отсликуваќи го многувековното битисување, ми ги раскажаа за домаќинлакот на амештаните во Горна Дебрца, за некогашното полно средсело со народ во селата во Долна Дебрца и за се она што е знаено и не знаено во славно дебрцкава регија.
Помина речеиси две-три годиони година од нашата средба со Иљо Прентцоски на Спасовден во славно дебрцкото село Годивље и речиси една година во манастирот Свети Илија во долно дримколското село Јабланица и неполна една година кога повтроно се сретнавме во Струга на автобуската струшка станица, чекајќи така да речам да ме соберат за долно дримколското село Вишни и за ова село да направам репортажа, кога во неврзан разговор повторно ме покани да направам репортажа и за неговото родно село Мислешево, кога на сам ден на Прочка, ова две илјадо дваесет и третово господово лето во утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Иљо Прентцоски кој ми велеше:
– Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Иљо Прентцоски од село Мислешево ,кога по трет пат се сретнавме во Струга, на автобуската станица. чекајќи да те соберат и да те однесат во дримколското село Вишни – ми рече.
– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не с есеќавам- му одговорив.
-Од името на месната заедница и од црковниот на црквата Свети Јован Крстител, црквата„Воведение во храм на Пресвета Богородица, Црква „Св. Климент Охридски“ и манастирот ,,Пресвето Преполовение во селото Мислешево ве покануваме да ни дојдете на гости на нашата манастирска слава Пресвето Преполовеније, меѓу народот попозната како Руса Среда која секоја година ја празнуваме, а паѓа дваесет и пет дена по Велигден, а воедно и си одиме покрсти, со што си ја одржуваме традиција, која од колено на колено се пренесува низ вековиве , ем за манастирската слава , ем и за селово мое да направиш едно убаво слико,сето село ќе биде збрано онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.
Не пооди долго време, поточно речено на сам ден на Света Петка, која, која се паѓа првиот Петок по Велигден, меѓу народот попознат како Голем Петок, ова две илјадо дваесет и третово господово лето, го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Иљо Прентцоски, заѕвонив.Не пооде долго време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го бирав.
-Добар ден, Иљо од село Мислешево ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот
-Добарден, овдека Иљо Прентцоски од село Мислешево, Зоране ти ли си!-го слушнав гласот на Иљота , од другата страна на телефонската линија.
-Јас сум! – му одговрив.
.-Како си ми Зоране?- ме праша.
-Добар сум, -му реков.
-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.
.-Кажи им на твоите соселани дека за Руса Среда ќе дојдам во Мислешево !- му порачав.
-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш ние Мислешевци два дена гости чкаме и заслог правиме, а утредента и покрсти одиме, многу народ ќе има. За овој ден дури и од Америка и Австралија, си идаат- со радост одговри Иљо Прентцоски.
На пат за Мислешево ден пред празникот Руса Среа од скопската автобуска станица со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, на самиот влез во селеото Мислешево го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина за Струга.. По краткиот престој на местото каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто Мислешевско џаде кое ме донесе до средселото, каде што во црковниот двор на црквата Свети Јован Крстител ме пречека Илчо Прентцоски заедно со неговите соселани, кои ги привршуваа празничните подготовки, поточно речено за покрстите , чија многувековна традиција продолжува и денес.
-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си го дадовме и на зборот што им го дадовме на на моиево мислешевци- ми рече.
– Зоране, да ми те прашаме уште нешто ако може, каде тие другарон со белана коса што саде везден го гледаме на телевизорон во репортажине, мислеќи на еден од најпознатите не само во македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот драгослав Миноски.-ме прашаа моите домаќини.
-Ќе дојде, набрзо и тој ќе дојде, кај да е ќе стаса, ќе пристигне, јас без него никаде не одам, шеговито им одговирив.
Додека така да речам во манастирскиот двор си рековме здраво-живо со моите домаќини набрзо пристигна и Драгослав Миноски.
-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, а посебно на нашиов пријател Драгослав Миноски, ви стоиме на располагање, за се што ви треба, за денешниве наши покрсти – ми велеа.
Почитувани мои, пред да кинисаме со покрстите низ селото, моите домаќини не замолија најсетне ние да ни ги им ги раскажеме нашите досегашни историографски сознанија за црковно- манастирскиот духовниот живот во селото Мислешево во изминативе векови. Нивниот предлог со задоволство го прифативме.
Зародишот на црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи за црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево не може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на духовниот живот..За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево илјадници години зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од македонската кралска династија на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј владетел со Македонија, како дел од Византија и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел Цар Самоил и на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори Михаил IX Палеолог и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што се споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до 1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево е забележан и во Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 8 од 1436 година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, во пописниот дефтер од 1446 година, во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562 година и во 1582 година отпманските пописни дефтери од 1565 година, 1570 година.
Дека црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на дваесеттиот век, меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767 од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија “ од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , историографскиот запис „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година на васил Кнчов, историогафскиот запис на Димитар Мишев Македонија и незината популација од 1905 година.
Дека црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево опстојува многу векови говори и пишаниот документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи д-р Јован Трифуновски: Oхридска -струшка област издадена во Белград 1992 година , го забележал следново:-
Во и околу селото Мислешево постојат многу траги од стари локалитети каде што се одвивал и денеска се задржал духовно црковниот и манастирски живот. Такви локалитети се : Црквиште, Пречита, Свети Јован, Свети Климент, Свети Атанасије кај локалитетото Свети Атанасије и денеска има остатоци од ѕидини , кои гоцорат дека овде некогаш постоел манастир. Во средината на селото се наоѓа црквата Свети Јован, каде што во минатото во црковниот двор се наоѓале и селските гробишта.
Втората половина на осумнаесеттиот век за Мислешево е перод на реобобновување на селото,. Меѓу првите знаци на обнова на селото се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатите цркви црквата Свети Јован Крстител, манастирчот „Воведение во храм на Пресвета Богородица, црква „Св. Климент Охридски“ и манастирот ,,Пресвето Преполовение.
Црквата Свети Јован Крстител се наоѓа во средината на селото. Таа е соборна црква. Оваа црква е многу стара црква. Според црковно-историографски записи незината првична градба преставувача рано христијанска базилика. Се претпоставува дека незината градба датира од крајот на деветииот век, со самото даѓање на Свети Климент Охридски, на овие простори, за да првишниот средновековен изглед го добива за време на царот Душан во првата половина на четиринаесеттиот век.Изградена е на култно место каде што се наоѓала помала градба.За тоа говри двата фрагменти кои потекнуваат од првата половина осумнаесеттиот век, а престолните икони на иконостасот се од деветнаесеттиот век. Патрони празник на црквата е Свети Јон Посен, меѓу православната екумена попзнат како Оплакувањето на главата на Свети Јован Крстител. Во црковната книга „Дарители“ на првата страница од книгата е запишано „ Волни помошти на црквата Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, што докажува дека црквата била посветена на овој чинод животот на Свети Јован Крстител. Црквата Свети Јован Крстител изградена е во 1898 година, а вообзновена во 1903 година, чииј ктитор е Ристе, од родот на Прентовци.а осветена во 1905 година на сам ден на празникот Руса Среда. , а за тоа говри натписот на западниот ѕид „ Приложогенија господово негова Петруша и братимаја Панде Наумовога и синови Коцаре из Охрида, со подрогома и чада Рада родбители иже заблагодарају за здравје и за вечнајегога спомена напомошега, амин, упоенога Наума и Стефана бог да ји ги прости, из роки Сарафима исто из Охрида 1898 дваесет и седмога Августа“.
Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од претежно камен и обработени мермерзни камени блокови на западниот ѕид и враивните ѕидови, и печена опека меѓусебно поврзани со варов малтер и метални затеги до кровната конструкција. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво , на две води обложен со герамиди. На западната страна од црквата доградена е камбансријата во грчко-патријашиски стил,.од каде се влегува во нартексот. Над вратата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на свети Јован Крстител.
Наосот на црквата е едно броден., со галерија. Заради просторноста на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна. Од двете страни на апсидата изведени се две полукружни ниши, со полукружни основи. Покрај северниот и јужниот ѕид во наосот поставени се дрвени седишта за верниците, но и во меѓупросторот на колонадите на север и југ. Помеѓу колонадата на југ поставен е владичиниот престол изработен од дрво и насликан со цветни мотиви, а во внатрешноста поставена е икона на Исус Христос на престол. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.
На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона. Во живописот на оваа преродбеничка црква, заедничката претстава на Солунските браќа св. Кирил и св. Методиј насликани се во архијерејска одежда, со митра на главата. Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.
Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони. Во долната зона на иконостасот централно поставени се царските двери со претставата на Благовештение, а лево и десно распоредени се по четири китабиња. Во првата зона и зоната каде се поставени престолните икони се наоѓа врата што води кон протезисот на која е насликан Архангелот Михаил, а на вратата што води кон ѓакониконот насликан е Свети Спиридон. Престолните икони кои се во во втората зона, се со голема димензија и наредени се од севeр кон југ по следниот редослед: света Недела, свети Три хиерарси, свети Никола, Богородица со Исус Христос, Исус Христос Седржител, свети Јован Претеча и други светители. Кон југ и кон север вдолж ширирната на иконостасот поставени се 12 апостолски икони. Централно на врвот на иконостасот поставен е таканаречен Голем крст или Змиски крст, на постоље од две ламји и две помали пропратни икони.
Во олтарниот простор во апсидата насликана е Богородица Оранта и Исус Христос Емануил поставен во кружна мандорла на градите на Богородица. Во долната зона претставена е композицијата Поклонувањето на светите архиереи, а во продолжение на север и на југ на источниот ѕид претставени се Светите ѓакони Стефан, Роман Мелод и Кирил и други светители. Во олтарниот простор претставени се Светите Безсребреници Кузман и Дамјан, свети Амнос, свети Пантелејмон, и композиции во горните зони од животот на Богородица и Света Новозаветна Троица.
Во галеријата осликани се северните и јужните ѕидни површини. Насликани се претстави и композиции претежно од Новиот Завет, Стариот завет, Празниците и Страдањата Христови, свети воини и маченици.
На источниот ѕид на фрескоживописот е запишано : „Живописот е дело на зоографите Теодосије и неговиот син Борис Коловски, а долниот дел од фреските се обновени од доброволните прилози на селаните од селото Мислешево, во време на црковниот одбор , претседател свештеник Слободан Шуменкоски, членови : Joван Прентоски, Разме Дамјаноски, Васе Мартиноски, Устинијан Шулески и Мојсије Мартиноски.
Црквата Света Богородица Пречиста во село Мислешево во поново време е гробјанска црква, каде што моштите се пренесени од црквата Свети Јован Крстител, која е дел од струшката парохија. Изградена е на култно место каде што се наоѓала помала градба.Изградена е во 2007 година, врз темели на стара манастирска црква, врз чии пак темели според пишаните документи се наоѓа ранохрастијанска базилика. Се претпоставува дека незината градба датира од крајот на деветииот век, со самото даѓање на Свети Климент Охридски, на овие простори, за да првичниот средновековен изглед го добива за време на царот Душан во првата половина на четиринаесеттиот век.По својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на византиски стил на градба и сликарство.
Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од делкан гранитен камен меѓусебно поврзани со варов малтер и фуга, со средишна купола. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво , на четири води обложен со герамиди. На западната страна од црквата се влегува во нартексот. Над влезната западната врата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на света Богородица Пречиста.
Наосот на црквата е едно броден. Заради малата просторност на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна.. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.
На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони. На западниот ѕид над влезот се наоѓа натпис каде што е напишано„ Со божја милост на набожните христијани од село Мислешево, нашите сонародници и пријатели во Австаралија, Америка и Европа, настојателот, старешина Темелко Донески, настојателите од црковниот одбор, потпретседател и благајник Ило Прентоски, епитропите крсте Бочески и Богоја Глигороски, Јоне Пејоски , Цане Прентоски. И Ѕвонко Рајчиноски, Митрополитот на епархијата Дебарско-Кическо-Плаошка. Проектот е на инжињер архитект Тодор Паскали, градежните работи се изведени од мајстор профил Василевски, живописот е на зограф Ѓорѓи крстески и синот Сашо, 2010 господово лето.
Манастирот Свети Климент, се наоѓа североисточно од селото Мислешево. Изградена е на култно место , а за тоа посведочуваат и неколкуте стари јаворови чинари, врз темели на стара манастирска црква, врз чии пак темели според пишаните документи се наоѓа ранохрастијанска базилика. Изграден е како задужбина на царот Душан. Се претпоставува дека незината реизградба г датира од втората половина на шеснаесеттиот цек, за време на владеењето на Султанот Сулејман Величествениот, во 1573 година.Денешниот архитектонски изглед на манастирската црква датира од 2006 година, а осветена е во 2009 година.
По својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на византиски стил на градба и сликарство.Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од делкан гранитен камен меѓусебно поврзани со варов малтер и фуга, со средишна купола. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво , на четири води обложен со герамиди. На западната страна од црквата се влегува во нартексот. Над влезната западната врата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на свети Климент Охридски.
Наосот на црквата е едно броден. Заради малата просторност на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна.. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.
На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони.
Манастирот Господово Преполовение се наоѓа југоисточно од селото Мислешево. Изградена е на култно место , а за тоа посведочуваат и неколкуте антички гробни конструкции, врз темели на стара манастирска црква, врз чии пак темели според пишаните документи се наоѓа ранохрастијанска базилика. Изграден е како задужбина на царот Душан. Се претпоставува дека незината реизградба г датира од втората половина на шеснаесеттиот цек, за време на владеењето на Султанот Сулејман Величествениот, во 1573 година.Денешниот архитектонски изглед на манастирската црква датира од 2013 година, а осветена е во 2009 година, а осветена е во 2015 година
По својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на византиски стил на градба и сликарство.Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од делкан гранитен камен меѓусебно поврзани со варов малтер и фуга, со средишна купола. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво , на четири води обложен со герамиди. На западната страна од црквата се влегува во нартексот. Над влезната западната врата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на сГосподовото Преполовение.
Наосот на црквата е едно броден. Заради малата просторност на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна.. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.
На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони.
Почитувани мои предлагам дел утинското богослужение со кои началствуваа свештеници од струшката парохија кое се одржа во соборниот храм Свети Јован Крстител во чест на на Руса Среда литијата од покрстите. Која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од памтивека па се до ден денешен да проследите во продолжение на оваа репортажа.
Почитувани мои не ми се напушташе селото Мислешево, морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во струшкава регија, со едно ветување дека повторно ќе дојдам во селото Мислешево на денот на осветувањето на итемелите на новата припрата во црквата Свети Јован Крстител на дваесетти мај оова две илјадо дваесет и трето господово лето, саде господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.