Моето патешествие низ Република Македонија ете ме донесе и во етнографско- , историската област распослана во Западна Македонија, северно од Охридската Котлина и југозападниот дел на Кичевијата, поточно речено југозападно од областа Копачија, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини на запад со планинските горостаси Стогово и Караорман, кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со планините Славеј Планина, Илинска и Плакенска , која ја одделуваат од областа Железник, односно Демир Хисар, додека пак на север е отворена кон Кичевската котлина и областа Копачка, а на југ е отворена кон Охридско-Струшката Котлина, Славна Дебрца, , во селото Сливово, едно од десетината села , распослано во висорамничарскиот дел на Горна Дебрца, на северо-западните падини на Илинска Планина, оддалечено 30 километри јужно од од Кичево и 37 километри северно од Охрид и Струга.
Овој пат решив да прошетам и низ ова населено место за да ги надополнам моите досегашни сознанија за културно-историските знаменитости во оваа село, за чија населба усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Каде и да појдете во атарот на оваа село ќе најдете историја и само историја. Секоја педа земја, секое парче камен, секоја капка вода навистина е историја за оваа многувековна населба. Затоа говорат остатоците од античките, ранохристијанските, средновековните градби како и многу тврдини, бедеми, утврдувања и други мошне стари градби. Ова село од памтивека е наследник на сакрални градби од сите историски епохи на целиот свој атар од сите типолошки варијанти .
Почитувани мои наминав и во ова село мештаните да ми го раскажат минатото на нивниот роден крај, а преку нивните лични сеќавања различни по време и простор и вам драги мои ќе се обидам да ви пренесам дел од непорекливата драгоцена слика за селото Сливово низ времето, надополнета со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, кои се состојат од , митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи. со надеж дека меѓу помладите по раѓање или по потекло од оваа област , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.
Во селото и овој пат дојдов рано , но , не со моето возило, стариот руски џип со “камазот” кој овој пат го оставив малку што се вели некој ден и тој да одмори, да се среди малку , да се подготви за новите патешествија кои го чекаат, туку со автобус .По речиси три и кусур саати , народски кажано , возење по магистралниот пат Скопје-Тетово –Гостивар-Кичево во правец на Охрид, веднаш под планинскиот превој Пресека слегов на автобуската постојка Сливови Анови, од каде што до Сливово тргнав пешки по три километарското асвалтирано Сливовско џаде , за да се насладам од колоритната убавина што му ја дарила природата на овој крај и по триесетина минути стасав в село, каде што десетината новоизградени куќи, срамежливо ѕиркаа меѓу повеќе децениските остарени селски куќи распослани како во орловско гнездо, кои раскошно блескотеа под утринските зраци на дебрцкото сонце, кои , како да сакаа да ме потсетат дека во Сливово не е замрена селската идила.
Додека размислував кое патче или сокаче да го фатам, за миг мојата мисла ја отргна муралот вклесан во спомен-чешмата изработен од македонскиот сликар, мозаичар и изработувач на витражи, Борко Лазески,кој има двојно значење, и историско и уметничко, а на тоа укажуваа двете мозаички сцени посветени на Илинден и на Народно ослободителната војна од 1941 година. Додека со поглед го разгледував секое камче вметнато во муралот , кој ја отсликува Македонија родена на придобивките на илинденците и НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,со што се остварија вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност и така да речам додека од мене извираа моите досегашни историогравски сознанија како за Славна Дебрца, така и за селото Сливово, како извор, вода која клокоти и силно избива длабоко од земјината утроба, копајќи низ архивите не само во македонскиве , туку и во балканскиве простори изминативе неколку децении, мојот поглед народски да се изразам го насочив кон професорот Драгослав Миноски, еден од најпознатите не само во македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм кој беше дојден во селото Сливово по нова истражувачка географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко географско-антрополошко и историографско истражување за Славна Дебрца и за селото Сливово ќе ви ги пренесеме во оваа репортажа.
Селото Сливово е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.
Минатото и сегашноста на Сливово е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.
Селото Сливов илјадници години зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура македонска.
Селото Сливово илјадници години зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од македонската кралска династија на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј владетел со Македонија, како дел од Византија и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел Цар Самоил и на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори Михаил IX Палеолог и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што се споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до 1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.
Опстојувањерто на селото Сливов е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 8 од 1436 година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен 10-тина години после востанието на Ѓорѓија Кастриот, каде што според овој попис селото административно припаѓало на Охридскиот санџак и имало статус на дервенџиско село, за да во 16 век административно припаднало кон Дебарската Каза. Во периодот на пописот во селото имало 20 домаќинства, селото плаќало данок од 3026 акчиња односно една третина од целокупниот данок од Горна Дебрца.
Исто така селото Сливово е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562 година каде што дел од атарот припаѓал кое на вакуфот на Саит Паша, а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на Устреф –ага и на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле педесет домаќинстава сите рисјани. Селото е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570, а во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 44 домаќинства, а припаѓало на охридскиот санџак, нахија дебрца. . Во втората половина на седумнаесеттиот век селото му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег.
Според отоманскиот попоис од 1867 година селото броело триесет рисјански домаќинства. Пред крајот на турското владеење сопственици на чифлиците во селото Сливово биле Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас–ага , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег.
Во XIX век, Сливов било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство. Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 166 жители.
Кон крајот на отоманското владеење во селото Сливово постоеле четири чифлизи чии чифлиг сајбии биле Малик бег, Сали ага, Рифат ефенди, а името на четвртиот чифлиг сајбија името не му е познатао, каде што свои живеалишта имале изградено покрај постојните селани и чифчиите кои работеле на чифлизите на претходно спомнатите бегови.
Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767 од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија “ од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .
Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, селото имало 400 жители, , додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од 1905 година селото броело 480 жители.
Дека селото Сливов на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи д-р Јован Трифуновски: Oхридска -струшка област издадена во белград 1992 година , за селото го забележал следното: Селото Сливов се распостила под планинскиот гребен на Илинска Планина . Во Сливово се е свртено кон сонцето. Куќите, нивите, ливадите, како да се поставени терасовидно гледајќи на јужната страна. Ако се гледа од долните делови на селото се добива впечаток дека одделни куќи се губат помеѓу високите дрвја но зачудувачки е тоа што од секоја куќа се шири прекрасен поглед и голем отворен простор.
Атарот на селото Сливово граничи со атарите на селата од западната страна со селата Врбјани и Годивје, од северната страна со селата Малкоец и Јудово, од источната страна со селото Турје, и од јужната страна со селата Мраморец и Арбиново.
Месностите во атарот на селото се следните, во шумскиот дел на селото: Капалиште, Храсјен, Турјанска чешма, Попој нивје, Ќосарица, Голак, Спаси камен, Калуѓерец, Мачерник, Фурна, Али чука, Папрадиште, Црни врв, Топачери, Мајчи круша, Преспол, Милошев рид и Кочерид. Во деловите каде има обработена земја се месностите: Попоа водејнца, Лениште, Клодорама, Св. Никола, Странка, Брце ( горно и долно), Гола глава, Лагон, Турски кладенец, Длага, Слогојне, Трапишта, Бел пат, Кошари пелиор, Врчало, Камен, Печи Змија, Гуска и Осоји.Куќите во селото се од збиен тип и има три маала: Горно, Долно и Средно маало.
Јован Трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област за семејните лози во Сливового забележал следното: Старински семејни родови во селото Сливово се Биљановци и Смилевци, додека пак доселенички семејни родови се Дуртановци, Распоповци и Белчевци.
Јован трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област за семејните лози во Сливового ги пренесува и историографските записи за семејните лози во Сливово од страна на Бранислав Русиќ .Според Бранислав Русиќ старински семејни лози се Митрушоцви, Ѓурковци, Ѓиновци, вењановци, Прензовци, Распоповци, Смилевци, Богдановци, Шопаковци, Аврамовци и Бечевци, додека пак на семејнте лози на Димчевци, и Симоновци не им се знае потеклото.
Јован Трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област за иселените семејните лози од Сливово го забележал следното: Родовите Тасевци и Маљуковци се отселени во Тајмиште. Во селото Десово во 1923 година се отселил семејниот род на Мицковци, додека семејниот род на Петковци се иселил во 1925 година. Семејниот род на Сливовци во 1926 година се населил во селото Дупјачани.Во селото Врбјани е родот Дошлаковци, таму отселени се во1850 година. Во Ново Село и во Велмеј, а во Слатински Чифлик во 1922 година се иселил семејниот род на Србиновци. Во селото Миокази се иселил семејниот родот Ќосевци, додека пак семејните родови на Тасевци и Маљуковци се населени во Тајмиште. Во селото Врбјани во 1850 година се иселил семејниот род на Дошлаковци. Во текот на XIX век во селото Граиште, а семејниот род на Лачовци се населил во селото Загориче.После втората светска војна населението почнува да се иселува во селата Љубојно, Турје, Годивје, Козица, Беровци, Логоварди и Миокази како и во градовите Охрид, Скопје , Кичево, Струга, Битола и Прилеп, во Војводина во селото Глогољ, во Белград, Во САД, Аргентина, и Бугарија.
Втората половина на осумнаесетиот век за Сливово е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето на арнаутскиот башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатите цркви црквата свети Атанасиј, црквата Свети Никола и црквата Свети Варвара.
Во подалечното минато мештаните од селото Сливов учествуваат во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење, како што е востанието на Ѓорѓија Кастриот. Исто така во во периодот под Османлиско ропство во селото се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија. Мештаните од селото Сливов учествуваат во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Во текот на Илинденското востание во селото се запалени 70 куќи, 93 кошари и плевни, една воденица, една црква и училишната зграда. Во селото Сливово се родени македонските револуционери Мино Димитров, Наум Илиов, Јон Милошов Белчев, Божин Андреев, Димче Димчев, Оноварија петков Димов, Софко Стојков Ѓуров, Менка, Димова, Милошева, Трајче Ристов Налков, Силјан, Јованов, Стојков, Алексо Трајков иМицко Јаќимов, Ѓуров, Ставре Софиов Иванов , партизаните Руменче Наумовски и Каранфил Дамјаноски.
Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив оровчанци како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот.
Селото Сливово за време на втората светска војна е дел од од историските збиднувања што се случуваат во овој крај. На 11 септември 1944 година, во Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригадаВо 1944 година во Сливово е формиран народно ослободителен одбор, во кое дејствува месното население, во 1945 година во Сливово е формиран општински народно ослободителен одбор каде што припаѓале покрј селот Сливово и селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Мраморец, Турје,и Арбиново . Од 1945 година до 1955 година Сливово е општински центар, чиј општински народно ослободителен одбор го сочинувале : Трајан Мицкоски – претседател, Ѓеорги Станкоски одговорен за просвета, Круме Јовчески – секретар, Венчо Маркоски-задолжен за стопанство, Љубе Костески за здравство и социјално, Дончо Мицкоски раководел со секторот за судство судски и Трајан Дукоски раководел со секторот за технички прашања.
Сливово уште од памтивека имало учени луѓе.Според пишаните документи првото училиште почнало со работа во 1844 година , во црвата Свети Атанасиј, учители биле монасите од манастирот Три Светии.. Натавата се до 1900 година се одвивала на црковно македонски книжевен јазик , а од 1900 па се до 1905 година на егзархо-бугарси, а од 1905 година па се до почтокот на Балканските војни на грко- патријашиски, а од 1913 година па се до !941 година на српски јазик, а од 19141 година, па се до 1944 година повторно на егзархо-бугарси. Во 1944 година во селскиот дом на културата наставата за прв пат се одржува на Македонски јазик.
Оскудното плодно поле, ги приморало мештаните од Сливово својата егзистенција да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба во тогашните балкански престотлнини семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.
Кога секој добронамерник ќе дојде во Сливово и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви од старата традиционална македонска чаршиска архитектура која се карактеризира со приземје изѕидано од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде и на новоизградена семејна куќа , кои говорат дака селото Сливово не е заборавено село во Република Македонија.
Почитувани моии, богами, мерак ми беше што ете господ и мене ме донесе да дојдам селото Сливово ова две илјадо дваесет и третово господово лето и за него да направам документарна репортажа. Си заминувам од селото Сливово, затоа што ме чекаат и другите славно дебрцки села и за нив да направам дкументарен запис, со едно ветување дека повторно ќе наминам во ова село , само господ на сите нам здравје да ни дава