Региони

Ѓорѓи Сугарев- битолско-мариовски војвода

Деветнаесеттиот век е век на македонската преродба, век каде што се буди македонскиот ген за слобода и создавање на своја независна држава, Македонија.Во континуитет на историските процеси  и по 1893 година  Македонија сеуште се наоѓаа под отоманско ропство. Но, исто така во овој  и по овој период, контунуирано се развива револуционерната мисла, која најчесто била развивана од младата македонска  разумна и интилигентна сила.

 

Да се биде хроничар за Општина Новаци, посебно за мариовските, полските и моштенските села, кои припаѓаат на Оптината Новаци, а воедно да се биде хроничар на Битолско-мариовскиот и македонски војвода и револуционер, Ѓорѓи Сугарев, кој со својата револуционерна дејност, организаторската способност, борбената подготвеност и принципиелност кон исполнувањето на задачите зададени од Македонската револуционерна организација е рамен  со врвните македонски револуционери Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и другите големи македонски револуционери, е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот битолско-мариовско живот,,летописец на парчето битолскао-мариовска земја, како дел на парчето земја која со векови се нарекува македонија, а народот кој со  милениуми живее на ова парче земја Македонски,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, а читателот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Почитувани мои ете така народски да речам ми се исполни желбата  еден ден да дојдам во атарот на селото Паралово, горе високо на Селечка Планина  на местото викано кај Чукарите, каде што во   непосредна близина на манастирот Свети Ѓорѓија, меѓу народот попознат како Праловскиот Манастир,  се наоѓа вечното почивалиште на војводата Ѓорѓи Сугарев и  дваесет и двајцата комити, да им оддадам почит, кои пред сто и седумнаесет години ги положија своите животи на одарот на слободна Македонија.

Почитувани мои, желбата ми се исполни на 25 Март ова две илјадо дваесет и третово господово лето, на денот на одбележувањето на сто и седумнаесет годишнината од погибијата на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет и двајцата комити, чие одбележување на овој настан традиционално неколку години во нивна чест го организира Општината Новаци.

На сам ден на чествувањето,  од  Прилеп , преку Битола, до Паралово, заедно со  еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери, антрополози, географи  и историчари, а воедно дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски, во  утринските саати  пристигнавме во североисточните пазуви  на Селечка Планина, на местото викано Чукарите , каде што манастирскиот комплекс Свети Ѓорѓија  заедно со  вечното почивалиште на војводата и неговата одбор дружина раскошно блескотеа под зраците на селечкото сонце.

Почитувани мои пред да ви пренесам дел од чествувањето по чест на сто и седумнаесет годишнината на погибијата на војводата Ѓорѓи Сугарев и неговата одбор дружина предлагам да ве запознаам со  моите сознанија за селото паралово со  кои располагам копаѓи низ архивите ширум балканскиве простори во  изминатиов период, во продолжение на оваа репортажа.

За населеното  место Паралово   има многу пишани документи, материјални  податоци, археолошки локалитети, усни преданија, легенди, митови , со еден збор каде и да се чепне, каде и да се копне, било кое камче да се фати во рака , било колкава грутка земја да ја стиснете меѓу вашите прсти  во себе крие дел од историјата која овде се гради не со векови  туку со милениуми. За населеното место Паралово материјалните документи, пишаните документи, усните  преданија, легендите и  митовите датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Каде и да појдете во атарот на ова село ќе најдете историја и само историја.Паралово  од памтивека е наследник на сакрални градби од сите историски епохи   на целата своја територија, односно на целиот свој селски атар од сите типолошки варијанти со византиска естетика, почнувајќи од ранохристијанскиот период до денес.

Паралово е мошне старо село.Просторот на селото бил одамна користен за живеалиште.За тоа зборува и тоа што при секоја бура што ги зафаќа селото и околината , надојдените буици, вода, собрана од околните ридови во сливот на долот на сувогорската падина над селото, носат и оставаат по должина на селските бразди бројни примероци на шајки и брутови и фрагменти од различни метални и керамички предмети , патем ископани од поројните дождови  и сливни води.Тоа се секако артефакти од некогашни живејалишни објекти во непосредната околина на селото, денес препокриени со пластови земја.

Првите пишани податоци за селото Паралово  се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1467-1468 година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како Паралово Калкан, во која имало 48 куќи во кои живееле 35 рисјански  и шсет  отомански фамилии.Во пописниот Дефтер од 1568-1569 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот , но и тој ги содржи речиси истите податоци како и дефтерот број 4 за периодот за кој е пичуван. Во овој Дефтер , Паралово се спомнува како Паралово  Калкан, и припаѓа на Мариовскиот вилает   на чифликот на Бељуљ  ага. Исто така Паралово  се спомува во отоманските Дефтери од 1845 година  за приходите на христијаните во Битола, каде што селото припаѓа на битолската каза.

Дека селото Паралово на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија I Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oдСтефан Верковиќ .

Во подалечното минато мештаните од селото Паралово   учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.Исто така  Паралово не ја избегнуваат воените дејствија како од Прват и Втората Балканска војна , така и од Првата и втората светска војна каде што за потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население ,  а пак од мобилизираното машко население кое било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината. Параловци земаат активно учество и во  НОБ.

Уште изутрината како бисер гердан се зареди дога колона на разнолики возила и врвулица народ во правец на параловскиот манастирот и вечното почивалиште на македонските херои, да му оддадат почит на војводата  и на неговата одбор дружина, кои пред сто и седумнаесет години, поточно речено на 25 март 1906 година,   ги положија своите животи на одарот на слободарска Македонија.Набргу пристигна парохискиот свештеник заедно со дел од свештениците од битолското црковно намесништво.

Почитувани мои пред да го  погледнете молебденот кој во  чест на сто и седумнаесет годишнината од погибијата на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет и двајцата комити, го  опслужија парохискиот свештеник и дел  свештениците  од  битолското црковно намесништво, предлагам да ја погледнете пристојната беседа посветена во чест на овогодишното чествување на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет и двајцата комити, да ви  пренесам дел од моите досегашни сознанија за македонското револуционерно движење од крајот на деветнаесеттиот век , пасе до  првата деценија на дваесеттиот век, со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период.

Деветнаесеттиот век е век на македонската преродба, век каде што се буди македонскиот ген за слобода и создавање на своја независна држава, Македонија.Во континуитет на историските процеси  и по 1893 година  Македонија сеуште се наоѓаа под отоманско ропство. Но, исто така во овој  и по овој период, контунуирано се развива револуционерната мисла, која најчесто била развивана од младата македонска  разумна и интилигентна сила. Битолско-мариовската регија е една од неколкуте регии во  Македонија, во која народот започнал борба за македонски народни училишта имакедонска  црква, имаќи ги во предвид другите национални пропаганди  кои дејствувале во оваа регија, преку грчкото, српското и бугарското влијание. По формирањето на ТМОРО, во Битолско-мариовската регија  се создава и првото револуционерно јадро. Револуционерното битолско-мариовскао  движење влегува во  состав на Битолскиот револуционерен округ, кое првично дејствувало преку македонските  полу ајдучки дружини, чиј што малуброен кадар подоцна ќе се вклучи  во  четите на ТМОРО. Битолскиот револуционерен округ пред почетокот Илинденското  востание  бил разделен на пет реони според геогравски подробности. За секој реон бил назначен војвода.

Во почетокот на дваесеттиот век  турската империја е во опаѓање, не моќна е. Централната власт е немоќна да владее со периферните територии, меѓу која е и Македонија. На Балканот уште Македонија остана не ослободена.  Отоманците прават се за да го  задржат своето последно упориште на Балканот. Со  години клокотеше балканскиот казан во кој се наоѓа и Македонија. Тогашните големи сили, Франција, Италија, Австро-Унгарија, Русија, веќе се договорени не само као да ја срушат турската империја на Балканот, туку и да ја распарчат Македонија. Подоцна на тој  нивни додговор јавнаа Србија, Бугарија, Грција.

Подготовките на македонската револуционерна организација за сеопшто востание во  Македонија привршуваа. Одлуката на македонскатра револуционерна организација за кревање на се народно востание на сам ден на Илинден 1903 година донесена на Солунскиот конгрес одржан  на четврти јануари 1903 година, беше потврдена и од страна на Битолскиот револуционерен округ на Смилевскиот конгрес одржан од втори до четврти мај 1903 година во Смилево, во кој учествува и војводата Ѓорѓи Сугарев.

Иако самиот почеток на востанието во Битолскиот револуционерен округ  беше успешено, сепак не подготвеноста на народот од оваа регија,  многубројните предавства доведоа до крвавото задушување на  востанието од страна на отоманските власти. Македонскиот народ, без своја држава, опкружен со држави и народи, кои цело време покажувале и покажуваат негаторско расположение, македонскиот народ долго време се соочува со разновидни притисоци за прифаќање на една или друга национална определеба, со одродување и губење на соспствениот идентитет, но и со разновидни страдања, убиства и масовно уништување. Обидите на пропагандите за асимилација на Македонците, помалку или повеќе, често успевале во некои делови од Македонија, па некои од Македонците, под притисок на пропагандистите и пропагандистичките вооружени чети, приморани поради заштита на голиот живот, својот и на своите семејства, прифаќале некоја од пропагандистичките опции и соработувале со пропагандите. Таквата положба го расцепкувала населението во Македонија, како Македонците, така и другите национални групи кои живееле и живеат на македонска територија. Тоа предизвикало и меѓусебни братоубиствени судири, со многу жртви на различните страни. Секако, најголемиот број од жртвите се Македонци учесници на една или друга страна. Во тој повеќедецениски судир загинале безброј македонски патриоти, културни дејци, револуционери и борци за слобода, кои се истакнувале со својата интелигенција, бескомпромисност во борбата за слобода и национални права, принципиелност и хуманост. Тоа се Македонци со исклучителен интелектуален и севкупен капацитет, кои Македонија ги изгубила како неспорен потенцијал за иднината. Еден од нив е битолскиот и македонскиот војвода и револуционер, Ѓорѓи Сугарев.

Почитувани мои пред да го  погледнете молебденот кој во  чест на сто и седумнаесет годишнината од погибијата на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет и двајцата комити, го  опслужија парохискиот свештеник и дел  свештениците  од  битолското црковно намесништво, предлагам да ја погледнете пристојната беседа посветена во чест на овогодишното чествување на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет и двајцата комити, што на самото чествување ја одржа еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери, антрополози, географи  и историчари, а воедно дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски.

Почитувани мои предлагам  да го  погледнете молебденот кој во  чест на сто и седумнаесет годишнината од погибијата на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет и двајцата комити, го  опслужија парохискиот свештеник и дел  свештениците  од  битолското црковно намесништво во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои сето ова што претходно го ви  го пренесов преку оваа репортажа по повод чествувањето на 117 годишнината од погибијата на војводата Ѓорѓи Сугарев и дваесет мината негови соборци  кои го положија живото на одарот на слободарска Македонија, чие чествување традиционално секоја година е во организација на Општина Новаци  го оставам на генерациите македонци, особено на помладите да го пренесат на нивните поколенија  за да биде дел на  колективната македонска меморија.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print