Поминаа речиси триесетина години кога во тоа време работев во тогашната Телевизија Скопје, денешната Македонска телевизија, во утринската програма „ Доброр утро Македонијо“, кога во илјадо девестотини деведесеттото и второ господово лето наминав во дел од тиквешко и витачево и за нив направив кратка репортажа .
Ете како што вели народот господ милувал повторно да дојдам во тиквешко но овој пат по покана на Крсте Змеов , од селото Ваташа и за ова село да направам нов документарен запис за ова село, да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа населено место, за чие село усните преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат од дамнешни времиња.
Иако со години речиси ги посетувам сите села во кавадаречко така да речам никако не му доаѓаше редот да направам документарен запис за селото Ваташа. Една стара народна поговорка вели не кога сакаме ние, туку кога господ ќе го каже тоа. И навистина така и бидна.
Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Ваташа кинисав ден пред чествувањето на осумдесет годишнината од крвавта погобија на дванаесетте ваташки младинци кај месноста Моклиште, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, тргнав рано, мошне рано со моето возило, со стариот руски џип со “камазот” кој речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник,.Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо мојот верен олд тајмер рускиот камаз движеќи се паралелно низ водно со реката Вардар помина низ Таорската и Велешката Клисура, продолжуваќи во правец на населбата Градско, по магистралата Градско-Росоман , свртауваќи лево кај крстосницата пред самиот влез во Росоман во правец на Кавадаци, возеќи по дел од кавадаречката главна градска сообраќајница по десет километарската делница правец на висорамнината Витачево пристигнав во селото, каде што најсетне така да речам не пречека средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема нешто што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа. Во Ваташа ги нема поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња,речиси ја нема старата традиционална македонска чаршиска архитектура која се карактеризирала со куќи чардаклии, чије приземје било изѕидано од камен, каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито и кат, исто така изѕидан од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, испреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали, но сите оградени со дебели големи ѕидови и со големи и тешки порти, но ќе се одушеви и од современата архитектонска градба, со новоизградените семејни куќи, кои говорат дека селото Ваташа не е заборавено село во Република Македонија, каде што ме пречека мојот домаќин, Крсте Змеов, и откако си сторивме здравоживо, со мојот пријател, тргнаме во така да речам мала прошетка низ ваташките улици, некогашни патчиња и сокачиња.
Почитувани можеби се прашувате зошто во селото Ваташа дојдов ден пред чествувањето на осумдесет годишнината од крвавта погобија на дванаесетте ваташки младинци кај месноста Моклиште, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, затоа што имав две причини, едната да ги надополнам моите досегашни сознанија за битисувањето на ова село, а другата да присуствувам на чествувањето на осумдесет годишнината од крвавта погобија на дванаесетте ваташки младинци кај месноста Моклиште, од страна на бугарскиот фашистички окупатор а преку оваа репортажа ќе се обидам и вам да ви пренесам , со надеж дека меѓу помладите по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.
На самиот почеток на нашето дружење мојот домаќин Крсте Змеов ми напомнаа да не ме чуди тоа што во селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што празнувањето започнува некаде во приквечерината,кога на средселово ќе се собери речиси многу народ. а утре изутрина кај месноста Моклиште исто така ќе се собери многу народ во месноста Моклиште на чествувањето на осумдесет годишнината од крвавта погобија на дванаесетте ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор во организација на Општина Кавадарци.
Почитувани мои, пред да го проследите поголемиот дел од чествувањето на осумдесет годишнината од крвавта погобија на дванаесетте ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор во организација на Општина Кавадарци, предлагам да ги проследите моите досегашни историографски сознанија за селото ваташа копаќи низ архивите во изминативе години во продолжение на оваа репортажа.
Селото Ваташа Сопот се наоѓа во североисточниот дел Тиквешката Котлина, сместено е на самиот регионален пат кој води до висорамнината Витачево, во долината на реката Луда Мара , не далеку од градот Кавадарци.
Селото Ваташа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на селото му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат датираат од дамнешни времиња, од каде што се дознава дека во оваа населба така да речам урбаното живеење било добро организирано.
Минатото и сегашноста на оваа населба е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг. Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот живот. За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.
Ваташа е познато место уште во XIV век, а за време на османлиското владеење со Македонија, тоа било најголемата населба од полуварошки тип во Тиквешијата. Опстојувањерто на Ваташа е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 8 од 1385 година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Мехмед Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководел и Тимурташ паша, во пописните дефтери од 1520 -1560 година, за време на султан Сулејман Величествениот. Селото Ваташа е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565 година, во отоманскиот дефтер од 1570 година. Ваташа е запишана е и во пописните отомански дефтери од 1582 година и во отоманскиот пописен девтер 1610 година.
Во втората полвина на осумнаесеттиот век селото Ваташа , заедно со другите кавадаречки села биле чифчиски села, чии чифлиг сајбии на седумнаесет чифлизи биле Исмаил-бег и неговиот син Јусуф Муклиз-паша од Серез, иако Османлиската власт чифлигарскиот систем го озаконила дури во 1858 година, во времето на султанот Абдул Меџит, а чифлигарскиот систем во Македониј, а и во селото Ваташа се задржал сè до падот на турската власт на Балканот во 1912 година. Последен чифлиг-сајбија кој што речиси го поседувал целиот имотот во кавадаречката регија, околу кои негови чифлици, чифчиите изградиле свои живеалишта бил Скендер-бег.
Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767 од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија “ од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .
Според податоците на Васил К’нчов внесени во неговиот научен труд „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото Ваташа имало 1.808 жители, од кои 1142-ца христијани,618 мухамеданци и 48, ковачи додека пак според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев во неговото дело Македонија и незината популација во 1905 година во Ваташа живееле 1.880 жители.
Во публикацијата “Материјали за изучување на Македонија “ напишана од македонскиот револуционер Ѓорче Петров издадена во Софија во 1896 година каде што во оваа публикација има доста податоци и за селото Ваташа е забележано дека се наоѓа на стотина черека пешки одење од касабата Кавадарци. Од секогаш било големо село и богато село. Земјата е плодна , па кога е родна годината, селаните собираат и по стотици товари жито. Луѓето се многу вредни и мирољубиви , како и сите селани во областа.
Дека селото на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот документ на еден од најпонатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи Воислав Радовановиќ во неговиот научен труд „Тиквеш и Раец, за селото Ваташа го забележал следното: Од најстари времиња тиквешкото село Ваташа се наоѓа на денешната локација. Во 1900 година во Ваташа живееле 1.808 жители, во 1905 година брои 1.880 жители, во 1948 година 1.490 жители, во 1953 година 1.673 жители,. во 1961 година имало 1933 жители, во 1971 година 2225 жители, во 1981 година 2800 жители, во 1991 година 3000 жители, додека во годините кои следуваат ваташа е дел од градот Кавадарци.
Селаните главно се занимаваат со земјоделство на свои поседи. Нивите се наоѓат под селото, а на Витачево се наоѓаат пасишта. На повисоките тераси се наоѓаат лозјта. Селото имало полуварошки тип, на двете страни на главната селска улица послана со макадам вдолж во правец на Кавадар, се наоѓаат дуќани.
На селаните главна стопанска активност им дуќанџиите и трговијата. Има разн дуќани, од бакали, до фурнаџии, касапи, кафеџии, а главно се во посед на христијанските семејства. Во селото има шеесетина мајстори, кои работат по тиквешките села. Чаршијата во Ваташа особено била живната за време на среда, кога бил пазарен ден во Кавадарци.
Селото Ваташа има трии малала. Лево од реката се Долно или Оџевско, Средно или Поповско, Арсовско и Горно или Коцевско, а на десниот брег се Турско и Куричевско или Коџа-маало. Најголемиот дел од родовите во Ваташа се стари. Во Куричевско или Коџа-Маало немало мухамеданци тие се населиле кон почетокот на XIX век, потиснувајќи ги Куричевци, Пендевци и други родови.
Старински семејни родови во Ваташа се Колевци се делат на Илевци, Поп-Анѓелевци, Сапунџијовци, Хаџи-Ордановци, Шеовци и Шишковци, Мешковци Mизевци,Мицовци,Крстевци,КуричевциМукајетовци,Димовци,Оѓумовци.Пендевци,Мајсторовци,Хаџи Камчевци,Кујунџијовци Арсовци,Јаревци,Басмарковци,Угуровци Газдаревци Бакаловци Касапиновци, Митковци, Аризановци Самарџијовци Видиќовци Плачковци Дафковци Пињушке Ќировци Кадревци Брдаревци Белчевци и Парскеовци Костовци се делат на Костовци, Ралевци и Коцевци . Од втората половина на осумнаесеттиот и Деветнаесеттиот век во селото Ваташа доселени се педесеттина семејни родови од разни краишта на етничка Македонија.
Првата половина на деветнаесеттиот век за Ваташа е период на обновување на селото испразнето со пустошењето и уништувањето на турскиот башибозук година од страна на турските власти.. Меѓу првите знаци на обнова на селото се изградбата на претходно разурнатите цркви Црквата Успение на пресвета Богородица,изградена во 1817 година, која за време на првата светска војна е разрушена, реобновена во 1916 година, а реосветена во 1917 година.Исто така во овј временски период е реобновена и гробјанската црква Свети Атанасије и црквата Свети Архангел Михаил.
Селото Ваташа уште од памтивека имало учени луѓе. Во 1830 година во Ваташа започнало да работи првото световно училиште во Тиквешијата.Во 1838 година, со помош на македонскиот просветител Теодосиј Синаитски, селскиот учител Даскал Камче ја отворил првата печатница во Македонија, токму во Ваташа, во периодот на македонското просветителство. Прв световен учител во ваташа бил Даскал Камче, , во селото дасалувале Даскал Камче Наков Копев Поп Ангелов,Андон Грков, Глигор Шишков, Захарија Грков Даскалов, Алексиј Поп Стефанов, Димитар Ихчев, Ѓорѓи Мицаров. Во новата училшна зграда која била изградена во1861 година даскалубвале Арсениј Констенцев, Јордан Хаџи константинов Џинот Туше Дели Иванов, Ѓорѓе Милетич, Христо и Јованче Поп Антови, Алексиј Зоографски и други. а училишната зграда го носела името на учителот Даскал Камче Наков Копев Поп Ангелов.Во 1869 година во Ваташа е отворена прата ваташко читалиште.
Во подалечното минато мештаните од селото учествуваат во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија, како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид., Во селото Боишта родени се македонските револуционери Иван Мирчев, Димитар Пинџур, таткто на Страшо Пинџур, Тодор Поп Антов, Христо Поп Антов и војводата Данчо Лазаров. Исто така мештаните од Ваташа не ја избегнуваат грчката, бугаро-егзархиската и српската пропагандистичка машинерија,воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна ,каде што во 1913 година се случило познатото Тиквешко востание, каде што во близина ана нејкогашното село Моклиште од страна на српските контра чети биле убиени триесет и седум ваташани така и од Првата светска војна каде што за потребите на боиштата мобилизирано во разните војски било речиси сето население , а пак од мобилизираното машко население кое било испратено на фронтовите поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината.
Мештаните од Ваташа активно се вклучуваат во Антифашистичката народно ослободителната борба од 1941-1944, во партизанските одреди, батаљони, се вклучува како партизани или со логистичка подршка речиси сето население од Ваташа.Познати партизани од ова село се Димката Ангелов Габерот, Колев Велко Петре, Блаже Џунов-Млаѓо, Блажо Шишков, Панев Блажо, Ќиро Арсов, Перо Ампов, Наумчев Блажо, Сулејман Сулејманов, Перо Видев, Ванчо Гурев, Данко Дафов, Илчо Димов, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матахов, Ферчо Поп Георгиев, Васил Хаџи Јорданов , Димче Чекров, Пане Џунов и народниот херој Страшо Пинџур.
Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Љубен Апостолов,капетанот Борис Жеглов , поручникот Костов, под офицерот Петко Опреков, на од 7-16 јуни 1943 година, презема офанзива за уништување на партизаните и се нафрла и на мирното население. Кулминација на погромите над цивилното население е масовното стрелање во Ваташа, на 16 јуни 1943 година, на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ,во месноста Моклиште, каде с естрелчани дванаесетмината ваташки младинци Перо Видев, Ванчо Гурев, Данко давков, Илија Димов, Ристо Џондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матаков, Ферчо Попѓорѓиев, Васо хаџијорданов, Диме Чекоров и Пане Џунов.
Почитувани мои, предлагам во продолжение на оваа репортажа да го проследите чествувањето на осумдесет годишнината од крвавта погобија на дванаесетте ваташки младинци кај месноста Моклиште, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, во организација на Општината Кавадарци, за да остане трајно вртежана во македонската колективната меморија , посебно на помладите гемерации