Региони

Свети Никола Мираклиски Чудотворец во прилепската населба Жабино Маало

Поминаа  речиси триесетина години, кога така да речам за прв пат го посетив многу вековниот македонскиот православен христијански храм манастирот Свети Аргангел Михаил, распослан во едно од многуте така да речам орловски гнезда раштркани во прилепската крали маркова средно вековна тврдина, да направам документарен запис за овој манастир, за документарната програма , како млад новинар кога ги правев првите чекори во областа на документаристиката во  тогашната Радио телевизија Скопје, денешната Македонска телевизија.

 

Почитувани мои , ете како што вели народот по триесеттина години  години повторно дојдов во градот под марковите кули , Прилеп, ден пред    патрониот празник на градот Прилеп  Свети Николај  Мираклиски-чудотворец, меѓу народот попознат како Свети Нилола -зимен, овој пат  по покана на црковниот одбор на жабинскиот параклис чие име го носи исто така на Свети Николај  Мираклиски-чудотворец и мештаните од прилепската населба Жабино Маало. чиј патрон  им е и на мештаните на оваа прилепска населба, чие празнување жителите на оваа населба го прават така да речам на заслогот на овој православен  христијански празник речеси дванаесеттина години.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, за прилепската населба Жабино Маало тргнав рано, но не со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, кој го оставив и тој малку што  се вели некој ден и тој да одмори,  да се среди малку, да се подготви за новите патешествија што го чекаат, туку   со новиот воз кој многумина го нарекуваат “Кинезот Це Тунг” , по поранешниот кинески државник Мао Це Тунг.

Од железничката станица во Скопје , во правец на Прилеп тргнав  со патничкиот  возот Скопје -Битола , кој според возниот ред секој ден поаѓа во шест часот и педесет и три минути. Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо  за  неполни два часа возот со кој јас патував, , помина низ Таорската Клисура, движеќи се паралелно со реката Вардар, навлегуваќи во живописниот предел на Азот, низ колоритната убавина која со векови ја создаваат долината на река Бабуна и планинските горостаси Мокра Планина  со Солунска Глава, Мочур и Бабуна, застануваќи за кратко во многувековното село Богомила, накачуваќи се под падините на Орешка Чука , неуморно пробиваќи се низ така да речам стрмната железничка делница од десетина километри, се до Богомилскиот тунел, поминуваќи ја неговата  четири километарска должина за неполни две минути и точно според возниот ред во железничката станица Прилеп пристигна во девет часот и триесет и седум минути.

Откако се симнав од возот и така да речам додека се обидував да видам кај сум, што сум и со поглед го барав првото патче кое ќе ме однесе во прилепската населба Жабино Маало, слушнав еден непознат глас кој ми довикуваше:

-Ој, Зоране!- ој Гале! дојди понаваму!дојди поодблизу да те видам.

-Идам, идам-му довикнав!

-Добре дојде-.Јас сум Славе Лозаноски-ми рече.

-Добро те најдов-му одговорив.

-Добро што дојде,дДоро што дојде да видиш не само како изгледа нашава населба Жабино маало, не само да направиш една репортажа за населбата Жабино Маало, туку  да направиш репортажа и за нашиот заштитник на нашава населба Свети Николај Мираклиски Чудотворец, чие празнување ние мештаните од Жабино Маало го  празнуваме многу порано, пред да се вообзнови градсково, се прилепско празнување- ми рече.

Од како што се вели за кратко време си се  прикажавме се упативме во  правец на населбата Жабино Маало, во  правец на малото плоштатче, каде што задскриено на брезовите фиданки, раскшно блескотеше огреано од утринските доцна есенски зраци  на жабинското сонце.

Окото на сeкој добронамерник кога ќе ја посети  прилепската населба Жабино Маало  не може а да не ја забележи  црковното духовно  светилиште, параклисот посветен  на Свети Николај Мираклиски-Чудотворец,кое од утро до вечер раскошно блескоти под зраците на жабинското сонце, кое се наоѓа на самиот влез во  населбата, во  малото урбано плоштатче, на само еден километар јужно од прилепската  железничка станица.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во оваа прилепска населба на нивната слава посветена на  Свети Николај Мираклијски-чудотворец,, чие име речиси повеќе од една деценија го  носи неодамна изградениот црковен параклис и јас да бидам дел од сенародното празнување , а вооедно да го  надополнам моето  досегашно сознание  и за многуте адети, обичаи, селски црковно-манастирски се народни празнувања, кои мештаните од оваа населба ги имаат сосебе донесено, населувајќи се во оваа населба во  изминативе неколку децении од селата кои во тоа време припааѓаа на Општина Прилеп,  со надеж дека меѓу помладите жабино маалаци   по раѓање, особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Но, пред да ја  видите приказната за пригодната празнична прославата што ја организираа мештаните од ова населено место  во чест на нивниот патрони празник ќе се обидам да ви пренесам дел од од моите сознанија за Свети Николај Мираклијски-чудотворец.

 

Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија за време на римскиот цар Валеријан како единствено и измолено од Бога дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина, кои решија да му го посветат на Бога, принесувајќи му така дар. Уште со самото негово раѓање, Светото Предание му припишува чуда. Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото Крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави Пресветата Троица. Уште од најрана возраст како бебе го почитувал и се придржувал на постот в среда и петок, така што не го прифаќал мајчиното млеко во тие денови додека неговите родители не завршиле со вечерните молитви. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо, преку ден не го напуштал Храмот, а ноќе се молел и читал книги на тој начин станувајќи достојно место за пребивање на Светиот Дух. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекнал преку својот чичко Николај, епископот Патарски, кој го назначил прво за чтец, а потоа и за свештеник. По смртта на родителите Николај им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“. Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сѐ и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некој денар и да може да се прехранат. Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт. Наскоро чичкото на овој светител реши да оди на свето поклонување во Ерусалим, препуштајќи му ја грижата за стадото на својот внук. Овој не само што се покажал достоен и вреден за довербата, туку сето тоа го правел со крајна послушност и љубов. Откако неговиот чичко се вратил од поклонението, свети Николај побарал благослов за тој да оди во Светата Земја. На своето патување низ Светата Земја тој направил безброј чуда: предвиделл дека морето ќе го зафати страшна бура која потоа ја смирил со неговите молитвни и вера и го спасил од смрт морнарот кој бил смртно повреден преку своите молитви. Пристигнувајќи во Ерусалим, Му заблагодарил на Создателот токму на местото наречено Голгота. Ги посетил сите места во Светата Земја, и посакал да се повлече во пустината и да се замонаши на Синај. Но Божествен глас му се јавил, велејќи му да се врати во родната земја. Кога се вратил во Ликија, се замонашил во манастирот Новиот Сион, основан од тој негов чичко, длабоко посакувајќи го мирот и тишината. Но уште еднаш Божјата Волја покажала дека има други планови за него. Му се јавил божествен глас, велејќи му да го напушти манастирот и да се врати во светот, во Мир, каде најдостојно би Го прославил Бога. Светителот, со целосно послушание ја напуштил Патара. Набрзо по неговото пристигнување во Мир, архиепископот Јован се претставил пред Бога, и местото било сѐ уште непополнето. Светителот набрзо бил избран за Епископ на Мира, откако еден од епископите на Советот кој го бирал наследникот на Јован одлучил новиот епископ да биде назначен од Бога, а не од нив: така, еден од постарите епископи добил визија на сјаен човек кој му рекол дека првиот човек кој ќе влезе во Црквата истата вечер треба да биде следниот архиепископ; и дека неговото име ќе биде Николај. Стариот епископ веднаш поитал кон Храмот Божји, во исчекување на човекот кој ќе биде таму. Пред портите го чекал св. Николај, кој секогаш прв пристигнувал на Литургија. Откако го прашал како се вика, светецот одговорил: „Се викам Николај, Учителу, и твој слуга сум.“ За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан бил ставен во затвор, но тој и во затворот ги поучувал луѓето на законот Божји, не допуштајќи да се поколебаат во верата. Со доаѓањето на власт на светиот цар Константин, христијаните веќе не биле гонети и добиле рамноправно место во Римското Царство. Токму во тој период, овој милостив зилот со чисто срце разурнал многу пагански храмови и идоли во Мир и неговата околина, изгонувајќи ги лошите духови. Во 325 година учествувал на Првиот вселенски собор, каде го посрамил Ариј заедно со Св. Силвестер, Александар, Спиридон,  еретикот Ариј и другите свети отци на Соборот. Од голема ревност за вистината го. За ова дело бил отстранет од Соборот и од архиерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавиле Самиот Господ Исус Христос и Пресвета Богородица и не го објавиле своето благоволение кон Николај, враќајќи му го омфорот и Евангелието. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето, насекаде сеејќи мир и благодат. Св. Николај Мириликиски на двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на животот луѓето го сметле за светител и го повикувале на помош во маки и неволји; им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагал. Многу пати им помагал и на давениците, затворениците и ги избавувал од неволји морепловците. На старост малку се разболел и се упокоил во Господа, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Неговите мироточиви мошти биле поставени во локалниот храм, и многу луѓе имаат најдено спас преку нив. Но во 1087 година, откако градот бил разорен и уништен, тие биле чудотворно пренесени во Бари, Италија, каде што се наоѓаат и ден денес. Неговото име се слави насекаде низ светот, а се смета за небесен заштитник на Русија и Грција.

Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век.  Во едно од многубројните житија посветени на Свети Николај Мираклиски  е и Житието во кое се раскажува дека    по пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метеоролошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала.

Исто така   во едно од многубројните житија посветени на Свети Николај Мираклиски  е и Житието во кое се раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Николај кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството се поклонил  пред Николај и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“

Исто така   во едно од многубројните житија посветени на Свети Николај Мираклиски  е и Житието во кое се раскажува за враќањето на на Свети Николај од Палестина, а откако се качил во  бродот, и откако бродот запловил наместо во  правец за Лактија, туку во  морските ширини, откако и по опомената која ја добил капетанот на бродот од страна на Николај и дури капетанот на бродот му се заканил на Николај одненадеж се создал силен ветар кој ветар го насочил бродот во  правец на Лакија.

Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.

Почитувани мои предлагам дел од ова се народно црковно празнување посветено на патрониот паразник на прилепската населба Жабино Маало, чии патрон е Свети Николај Мираклисјски Чудотворец да проследите во  продолжение на оваа репортажа. во  продолжение на оваа репортажа.

Небото беше ведро, времето релативно топло иако доцна есенско, токму прилагодено за окото на мојата камера да го  долови секој празничен детал, Накај малото урбано плоштадче, уште изутрината како бисер гердан се зареди врвулица народ во правец на малото црквиче Свети Никола Мираклијски-Чудотворец. Црковниот двор набрзо се наполни со народ. Набрзо пристигна и парохискиот свештеник.

Како стариот обичај парохискиот свештеник на влезната црковна порта го пречекаа членовите на црковниот одбор, сетне и насобраниот народ. Славе Лозаноски, првиот меѓу еднаквите од црковниот одбор знаеше како се пречекува парохискиот свештеник, кој уште како мал ги  научи сите попски обичаи, учејќи ги  од старите питропи,, кои служеа во  селската црква во селото Вранче, чие потекло е од селото Вранче.

Како што е редот, прв меѓу еднаквите, пред влезот во божјиот храм, свештеникот  направи црковно метание.Влезе во  божјиот храм,  се поклони  пред Царските Двери, го  бакна Светиот Престол.Започна утринското богослуженије во  чест на Свети Никола Мираклијски-Чудотворец.

Од накај прилепските маркови Кули сонцето срамежливо ѕиркаше, навестуваќи ја приквечерината.  На мојот престој во  прилепската населба Жабино Маало  му се ближеше крајот . Не ми се напушташе  прилепската населба Жабино Маало, но морав да си заминам, затоа што ме чекаа и другите села распослани ширум  Прилепско Поле  да ги  посетам и за нив да направам документарени запиис, со едно ветување дака пак ќе дојдам во  прилепската населба Жабино Маало, само  господ на сите нам здравје да ни даде.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print