Региони

село Крстец (втор дел)

Селото Крстец за време на ототманската империја, поточно речено во 1468 година одредени селани имале и војунџиско задолжение. Селаните војунци од селото Крстец  биле војници членови на привилегираната отоманска воена социјална класа која се состоела од немуслиманско население.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, од Скопје за прилепското село Крстец тргнав  во раните утрински саати, во зорите  во  мугрите, овој пат со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, за да стасам на време во селото Крстец и по речиси два саати народно кажано удобна вожња, по дел од автопатската делница Скопје-Велес-Градско и регионалната магистрала Градско-Росоман-Дреновска и-Фаришка Клисура- Плетвар-Прилеп, по дел од дваесет километарската локална патна делница  делница Плетвар- село Ореовец-село Крстец на самото изгрејсонце,заедно со еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски, каде што ме пречека Илија Трајкоски-Кочоски, заедно со неговите соселани од ова село.

Почитувани мои, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини не  замолија најсетне ние да им ги раскажеме нашите   досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Селото Крстец е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на селото  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.

Дека во ова село  така да речам урбаното живеење било добро организирано говорат мноштвата археолошки локалитети  меѓу кои Маркова Бразда, локалитетот  Странка и Цквиште, каде што постојат остатоци од  крстови, икони, бакарни садови и стари гробови“ локалитетот Кале каде што своевремено преставувал каструм.пешрите Рамниште и Дуова Вода, во кои има остатоџи од неолитот.

Селото Крстец илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, , како дел на Римската империја, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава

предводена од македонските властелини Стефан Урош II Милутин во христовулите од 1330 година и 1331 година  посветени на манастирот Трескавец,  царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1350-1351 година за манастирот Трескавец, кралот Димитрија Волкашин,кој со Македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Крстец е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии имот раководеле монасите од манастирот Трескавец, во пописниот дефтер од 1446 година, каде што според овој попис  селото  е метох на манастирот Трескавец,а  припаѓало на Битолската Каза. Исто така селото Крстец  е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што и натаму е метох на манастирот Трескавец. Селото  е забележано и во отоманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570, во пописниот дефтери од 1582 година во отоманскиот дегтер од 1583 година, 1599 година, 1652 година и 1657 година, каде што селото и настаму е метох на манастирот Трескавец, а припаѓа на битолската каза.

Дека  селото Крстец     на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Селските населби во  битолско-прилепско поле издадена во Белград 1992 година , го забележал следново: Селото Крстец за време на ототманската империја, поточно речено во 1468 година   имало посебни  задолженија, дервенџиско, соколарско и војунџиско, Тоа било вклучено во тимарот на черибашијата Заганос.Населението од селото Крстец било задолжено да го чува дервенот помеѓу селата Присад и Плетвар. Крстец, со султански берат било ослободено од дивански авази, поточно од давачките кон падишакхот. Селото Крстец во 1468 година броело 23 домаќинства. Секој селанец дервенџија годишно бил задолжен на   черибашијата Заганос  на име данок на  јачмен да му даде ока пченица, на име на данок на рж исто ока рж, а на име на данок на испенџе десет акчиња. Селаните дервенџии во  1468 година на   черибашијата Заганос   на име данок на баци а хамур 450 акчиња. Дервенџиите од селото Крстец во  1505 година  било вклучено во тимарот на черибашијата Атон ага.Во 1505 година бројот на дервенџиите од селото Крстец изнесувал петнаесет. Петнаесетте дервенџии биле задолжени на черибашијата Атон ага да му платат триесет товари жито, од кои петнаесет товари јачмен и петнаесет товари рж, а на име на трошарина на вино и нијабет по пет акчиња. Во шеснаесеттиот век дервенџиите од селото Крстец биле потполно ослободени од давачки како кон черебешијата, така и кон падишахот.

Селото Крстец за време на ототманската империја, поточно речено во 1468 година одредени селани имале и   соколарско задолжение. Соколарите  од селото крстец заедно со соколарите од селата Плетвар и присад биле нарекувани булуци.На чело на соколарските булуци стоеле тимари нарелени со неколку имиња како што се доганџибашија, чакрџибашија, серберздарбашија, шерхаширбашија, во зависност кој вид на соколи требало да се заловат, одгледуваат и   дресираат, додека соколарите биле нарекувани доганџии, чакрџии, сербездар, шехарширџија. Соколарите од селото Крстец биле со посебен султанов берат ослободени од давачките кон падишахот. Доколку соколарот не ја исполнат својата обврска спрема бератот биле должни на падишахот да му исплатат на име данок на соколарина од триесет акчиња, наречен мир и мурде беха . Данокот го собирал старешината на соколарите  догонџибашијата, овластен од падишахот. Во пописниот дефтер од 1481 година е забележано дека во селото крстец имало двајџа соколари, во  пописниот дефтер од 1501 година тројца соколари, исто така соколари од селото Крстец се забележани и во  пописните дефтери од  првата половина на шеснаесеттиот век па се до  втората половина на осумнаесеттиот век.

Селото Крстец за време на ототманската империја, поточно речено во 1468 година одредени селани имале и војунџиско задолжение. Селаните војунци од селото Крстец  биле војници членови на привилегираната отоманска воена социјална класа која се состоела од немуслиманско население. Специјалниот статус со кој тие биле наградувани за вршење воена служба се состоел во стекнување и уживање на бесплатно наследство, ослободување од данок и припаѓање на воената класа. Војниците од селото Крстец  припаѓале на Војнук-санџаците, кои не биле територијална единица како другите санџаци, туку специјална организациска единица на Отоманското Царство. Војнуците биле лесни оклопни луѓе, кои оделе на служба и воени походи на коњи, вооружени биле со копје, штитови и оклоп. Тие секогаш носеле исклучиво црни воени униформи.

Редот на војнуците постоел уште во времето на македонското кралство предводено одкралот Димитрија Волкашин и владетелот со Македонија Кралот Марко. а истиот бил преземен во османлискиот систем за време на реформите на беглебегот Тимурташ-паша, за време на владеењето на султанот Мурат II, веднаш по Маричката битка. Тие првично биле членови на постојното балканско благородништво кои им се придружило на Османлиите во 14 век и им било дозволено да ги задржат своите имоти затоа што Османлиите редовно инкорпорирале пред-отомански воени групи, вклучително и војнуци, во свој систем во раниот период на османлиската експанзија, се со цел  полесно да ги постигнат своите нови освојувања, првично во Македонија , подоцна на целиот Балкански полуостров. Војунците била воена формација составена  обично негови роднини, наречени јамаци.. Најнискиот старешина бил познат како лагатор, а тоа бил највисокиот можен ранг за христијаните. Војнуците како воена формација биле делени на војнуци војници и војнуци џебелии.

Почитувани мои, овој така да речам аудио-визуелен воведен дел историското битисување на селото Крстец не би бил комплетен ако не ви ги пренесам приказните што ми ги раскажаа мештаните од селото Крстец за многувековното битисување на нивното родно село така народно кажано во денешново наше современие, во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Крстец  , каде што неколкумината преостанати селани од ова село ми раскажаа многу приказни за историското битисување на ова село. Почитувани мои  на мојот престој во прилепското село Крстец полека му  се ближеше крајот,.Пред заминување преостанатите неколкумина селани од ова село ме замолија уште еднаш да им испратат голем поздрав на сите селани родени или по потекло од ова  село  да не го  заборават своето родно село, татково огниште затоа што поубаво место од родниот крај нема никаде, а тие ќе останат верни на дедовите огништа, затоа што прилепското село Крстец  не е и нема да биде заборавено село во република Македонија.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print