Региони

село Мислешево (прв дел)

Селото Мислешево   илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима

Поминаа  речиси дванаесет  години откако прв пат ja  посетив Славна Дебрца, каде што ме пречекаа  мештаните од Славна Дебрца кои ме прошетаа низ  непрегледните славно дебрцки пасишта, планински и долински предели, ги  видов добрините кои ги создала природата, колоритниот сјај на славно дебрцката убавина беспрекорно вткаена во верижните плакенско-илински и караормански планински венци, сончевите  зраци кои силно блескотеа над хоризонтот, прекршуваќи се во Охридското  езерско водно огледало, отсликуваќи го  многувековното битисување, ми ги  раскажаа за домаќинлакот на амештаните во Горна Дебрца, за некогашното полно средсело со народ во селата во Долна Дебрца и за се она што е знаено и не знаено во славно дебрцкава регија.

Помина речеиси две-три годиони  година  од нашата средба со  Иљо Прентцоски  на Спасовден во  славно дебрцкото село Годивље и речиси една година во манастирот Свети Илија во  долно дримколското село Јабланица  и неполна една година кога повтроно се сретнавме  во Струга  на автобуската струшка станица, чекајќи така да речам да ме соберат за долно дримколското село Вишни и за ова село да направам репортажа, кога во неврзан разговор повторно ме покани да направам репортажа и за неговото родно село Мислешево, кога на сам ден на Прочка, ова две илјадо дваесет и третово господово лето во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Иљо Прентцоски  кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Иљо Прентцоски  од село Мислешево ,кога по трет пат се сретнавме  во Струга, на автобуската станица. чекајќи  да те соберат и да те однесат во  дримколското село Вишни – ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не с есеќавам- му одговорив.

-Од името на месната заедница и од црковниот на црквата Свети Јован Крстител, црква та„Воведение во храм на Пресвета Богородица, Црква „Св. Климент Охридски“ и манастирот ,,Пресвето Преполовение во селото Мислешево ве покануваме да ни дојдете на гости на нашата манастирска слава  Пресвето Преполовеније, меѓу народот попозната како Руса Среда  која секоја година ја празнуваме, а  паѓа дваесет и пет дена по Велигден, а воедно и си одиме покрсти, со што си ја одржуваме традиција, која од колено на колено се пренесува низ вековиве , ем за манастирската слава , ем и за селово мое да направиш едно убаво слико,сето село ќе биде збрано  онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време, поточно речено на сам ден на Света Петка, која, која се паѓа првиот Петок по велогден, меѓу народот попознат како Голем Петок, ова две илјадо дваесет и третово господово лето, го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Иљо Прентцоски, заѕвонив.Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Иљо од село Мислешево   ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

-Добарден, овдека Иљо Прентцоски  од село Мислешево, Зоране ти ли си!-го слушнав гласот на Иљота , од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -му реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека за Руса Среда ќе дојдам во  Мислешево !- му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш ние Мислешевци   два дена гости чкаме и заслог правиме, а утредента и покрсти одиме, многу народ ќе има. За овој ден дури  и од Америка и Австралија, си идаат- со радост одговри Иљо Прентцоски.

На пат за Горна Белица кинисав   ден пред празникот Света Петка летна  во раните утрински саати  од скопската автобуска станица со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во шест часот најсетне за Прилеп и по речиси неполни два часа и триесетина минути,пристигнав во прилепската авробуската станица, каде што со неговото возило ме чекаше мојот пријател Димче Ковилоски и заедно се упативме најсетне за струга, каде што во  непосредна близина на струшката автобуска станица не пречека Валентин и заедно со него некаде пладништето стасавме во селото Горна Белица.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на  на моиве соселани- ми рече Валентин

Почитувани мои додека така да речам се насладував од убавината  кое го дарила природата ова село каде што си  сторивме здраво-живо со моите домаќини.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, ти стоиме на на располагање, за се што ти треба, а ти лебами не само што добро ги познаваи сторискиве збиднувања  во овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познаваш и историското и духовно битисување на овие краишта  гледајќи те по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини ме  замолија најсетне  да им ги раскажам моите досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа. Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Селото Мислешево     е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Минатото  и сегашноста на мислешево    е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Мислешево    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска.

Селото Мислешево   илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Мислешево    е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен  10-тина години после востанието на Ѓорѓија Кастриот, каде што според овој попис  селото административно припаѓало на Охридската Каза, за да во  16 век административно припаднало кон Дебарската Каза. Во периодот на пописот во селото имало 80 домаќинства, селото плаќало данок од 3026 акчиња односно една третина од целокупниот данок од северо-источните крај езески струшки села.

Исто така селото Мислешево  е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле осумдесет   домаќинстава сите рисјани. Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570,  а во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 120 домаќинства, а припаѓало на охридската каза.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото имало 700 жители,  додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 504 жители.

Дека  селото Мислешево     на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Oхридска -струшка област  издадена во Белград 1992 година , го забележал следново:- во деветнаесеттиот век земјата на мислешевци во  турската империја им припаѓала на чифлиг сајбиите: Шабан ефенди-Пустиник, Расим ефенди, Ферат бег, Риза бег,  Дилавер ага и Кромидче бег.. Во селото свои беговски кули имале  Шабан ефенди, Риза бег и Дилавер ага. На ччифличките имоти работеле ии имоти работеле чифчии како од селото Мислешево така и од околните села. Во мислешево мали површини обработливо земјиште имале неколку  фамилии, меѓу кои и прентовската фамилија. 

Јован Трифуновски во пишаниот документ Oхридска -струшка област  за  семејните лози го забележал следното Старински семејни лози во Мислешево се  Шулевци Мечкаровци Коруновци Мижимаковци Шавревци Љубевци Рембовци Кајмаковци, Крецевци, Џутевци  и Бунчевци.  

Старински-доселенички семејни лози се  Кожевци доселени  од селото Волино; Бочевци доселени од Дебрца; Шуковци доселени  од селото Горенци; Прентовци доселени во 1750 годин од селото Прентово , Елбасан во Албанија, кои најпрво се населиле во селото Лабуништа, потоа се населиле во Заграчани, од заграчани во Враништа , а во почетокот на XIX век во Мислешево;. Мижимаковци доселени се околу 1808 година од преспанското село Болно ; Лабовци доселени се околу 1820 година од селото Мешеишта,  Шуковци доселени се околу 1890 година од селото Горенци,  Гагалевци, Крстановци и Сирулци доселени се од селото Сирула,  Кожевци доселени се од селото Волино , Черенковци доселени се од селото Сливово, ; Рајчиновци и Трајковци доселени се на почетокот од XIX век од селото Рајце,кое се наошало  западно од Охридското Езеро, во Албанија., додека пак новодојдени семејни лози се Ташманоруштани доселени од селото Ташмаруништа,  Луковчани , доселени од селото Луково, Брчевци, доселени од селото Брчлево, Радождани доселени од селото радожда, Јабланичани доселени од селото јабланица,   Длабочанци  доселени од селото Длабочица, Нережани доселени од селото нерези, (Ржановци  доселени од селото Ржановово и Вевчанци доселени од селото Вевчани, додека пак доселенички македонски семејни росови со мухамеданска вероисповед се Франговци доселени од селото Франгово и Лабуштанци  доселени од селото Лабуништа.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Мислешево  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатите цркви  црквата Свети Јован Крстител, реобновена во  1903 година, чииј ктитор  е  Ристе , од родот на  Прентовци, „Воведение во храм на Пресвета Богородица, црква „Св. Климент Охридски“ и манастирот ,,Пресвето Преполовение

Во подалечното минато  мештаните од селото Мислешево   учествуваат  во  востанието на Ѓорѓија Кастриот. Исто така во периодот под Османлиско ропство од страна на мислешевци   се појавува одредени индивидуални форми на отпор, а за тоа говри настанот кој с еслучил при крајот на деветнаесеттиот век кога чифлиг сајбијата во селото Мислешево посакал на неговиот диван да го  служи  невестата  на Јаковче  Галев, а бегот намамен бил убиен од Јовче Галев , чие тело било растргано од волците,  а Јовче Галев се приклучил во  четата на Петар Чаулев.Мештаните од селото Оровник учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за создавање на своја македонска држава, како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Во селото Мислешево  родени се македонските револуционери Милан Климов Мижимаков и Ванѓел Стевов Мижимаков

Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив оровчанци како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. Мислешевци   активно се вклучиле во антифашистичкото движење.Учсник во  НОБ од ова село е   Јонче Лабоски, додека пак  во црковниот двор а црквата Свети Јован Крстител  почиваат партизаните Благоја Кузманоски од поречкото село Слатино  и  своите животи на одарот на слободата во  Стојан Талески од поречкото село Грешница, чии ѓивоти ги положија на одарот на слободата во борбите против фашистичкиот окупатор во 1944 година.

Оскудното плодно поле, ги приморало горно мислешевци   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби

Кога секој добронамерник ќе дојде во Горна Горица    и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Мислешево на манастирската слава посветена на Пресвето Преполовение, меѓу народот попознат како Руса Среда, , ова две илјадо дваесет и третово господово лето , кој се празнува со векови   во овој манастир. Почитувани мои како мештаните од селото Мислешево    го  празнуваа верскиот празник, ова две илјадо дваесет и третово  господово лето , кој се празнува со векови   ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print