Региони

Региони

Новости

Катланово село во скопска Блатија- втор дел

Ете како што вели народот господ милуваше овој пат даго посетам селото Катланово, по покана на црковно манастирскиот одбор  на соборната црква Свети Никола, црквите Свети Сисоја, Света недела Недела и манастирот Свети Илија,  да направам нов документарен видео запис, поточно речено да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село.

Катланово село во долна Блатија-прв дел

Атарот на селото Катланово    како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови населени простори тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности.

Водици во славно дебрцкото село Оровник

Од како парохискиот свештеник ги благослови седумте кумови  и ги ороси со осветената вода седумте бакарни  котлина , наполнети со два три кажи прста чиста изворска вода ,     киските  сув босилек , направени од онолку гранчиња колку што секое кумство брои членови и родовските , поточно речено маалски крстови, сите заврзани со црвен волнен преден јаток, седумината староседелски кумови, заедно со дваесет и тројцата одбор момчиња и соборскиот народ ,  црковната литијата се упати во правец на охридските води, поточно речено во дебрската-оровничка ривиера.

Водици во струшкото село Мислешево-втор дел

Како по стар адет и обичај уште петли не пропени , во мугрите на сам ден на женските водици, кои се паѓаат  на деветнаесетти јануари секое господово лето и ова две илјадо дваесет и четвртово господово лето  црковниот питроп Богоја Глигороски, и ова утро пред да ја чукне камбаната, најсетне ја отвори црквата, ги запли кандилцата на мајката божја, господ Исус Христос и на Свети Јован Претеча, а најсетне си запали неколку свеќи за здавје како за себе така и за неговото семејство,  потоа  ја чукна камбаната, обзнанувајќи  го празнуањето  на православната екумена посветена на  господовото богојавленије, со тоа што им даде до знаење на соборскиот мислешевски народ дека набрзо ќе започне утринската водичарска богослужба. Од сите народски кажано селски патчиња и сокачиња врвулица народ  заедно со дванаесетмината момчиња, кои ќе се обидат еден однив  во своите раце да го има богојавленскиот крст,  за оваа прилика во изградениот црковен базен полн со вода,    се зареди во правец на  соборскиот храм Свети Јован Крстител.

Водици во струшкото село Мислешево-прв дел

Почитувани мои приквечерните  сончеви зраци милуваќи  ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката ривиера пред се, струшкото село Мислешево и соборниот храм, чие име го носи исусовиот крстител Свети Јован Претеча  ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на пред строго посното, утрешното строго посно празнување, задутрешните машки и женски водици, меѓу народот попознато како Водици. Набргу во црковниот двор пристигнаа овогодишните кумови, со што  така народски кажано започнаа  пред строго посното, утрешното строго посно празнување, задутрешните машки и женски водици.

село Крстец – втор дел

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, од Скопје за прилепското село Крстец тргнав  во раните утрински саати, во зорите  во  мугрите, овој пат со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, за да стасам на време во селото Крстец и по речиси два саати народно кажано удобна вожња, по дел од автопатската делница Скопје-Велес-Градско и регионалната магистрала Градско-Росоман-Дреновска и-Фаришка Клисура- Плетвар-Прилеп, по дел од дваесет километарската локална патна делница  делница Плетвар- село Ореовец-село Крстец на самото изгрејсонце, пристигнав во селото Крстец, каде што ме пречека Илија Трајкоски-Кочоски, заедно со неговите соселани од ова село.