Региони

Горна Горица- село во Мала Преспа

Атарот на селото се распостила на петнаесет квадратни километри, чиј простор претежно е каменито-ридско-планински,  обраснат со дабова, дренова, габрова и букова шума и сочни пасишта. Обработливото земјиште са распостила меѓу каменитото земјиште во североисточниот и источниот дел од атарот, и дел од крајезерската рамница.Низ атарот на селото тече горно горичката суводолица, а во северниот дел од Горно Горичкото Поле тече Туминечка Река.

Поминаа речиси четириесетина години откако во  тогашната Радио телевизија Скопје , поточно речено во тогашното  Радио Скопје во радио  емисиите „ Глас од татковината“ и „ Нашите сонародници  во  странство“, под менторство на бардот на македонското новинарство Владо Гаџоски ја направив првата радио репортажа  со работен наслов „ Рилево-село во  Долненска околија“ , а нешто подоцна во  утринската програма на Телевизија Скопје „ Добро утро македонијао“ истата видео ја обликував под работен наслов „ Заборвени“ , каде што си поставив работна задача  еден ден не само што ќе ги  посетам речиси сите села во во вардарскиот дел на Македонија, туку и поголемиот дел од селските населби во пиринскиот, егејскиот, во областа Гора која се распостила во Србија , областа Голо Брдо и и деветте селски населби , населени исклучиво со Македонци во мала Преспа во Албанија. Како што одминуваа годините така мојата работна задача полека се реализираше.Поикрај илјада и седумстотините селски населби, според мојата евиденција од вкупните илјада девестотини осудесет и четирите села во Република Македонија, што ги имав посетено, десетина документарни видео записи што ги направив во егејскиот дел на Македонија, од вкупните според евиденцијата на Јован Трифуновски две илјади  и селски населби печес селски населби од вкупните дваесет и осумте според евиденцијата на Исмаил Бојда, во областа Гора, неколкуте населени места во  Пиринска Македонија од вкупните печестотини исто така според евиденцијата на Јован Трифуновски  и неколкуте села од вкупните шеснаесет според евиденцијата на Никола Ѓурај  во областа Голо Брдо , ете така да речам дојде денот како што вели народот да дојдам и меѓу македонците кои живеат во деветте села, во албанскиот дел на Преспа во Општината Пустец.

Одлуката така да речам беше донесена на сам ден на Вртолум две илјадо и дваесет и првото господово лето, кога бев на снимање на нов документарен запис во мариовското село Крушејца, под самата падина на врвот Маргара, на местото викано Света Петка, каде што после неколку поминати векови, крушејчанецот Јоше Сајкоски , пред седумнаесет години  , по божја промисла започна со вообзновувањето на многувековниот манастир Света Петка , при самиот крај на празнувањето, прилепчанецот Валентин Попоски ми рече:

– Зоране да те прашам нешто,онака по прилепски, ќе може?

– Е како не може-му реков.

-Дали досега си бил меѓу нашинцине во  Мала Преспа, во  албанскиот дел, во  Општината Пустец, таму има девет села , чисто македонски, голема добрина ќе направиш, да направиш некое кадро, оти знаеш и тие се нашинци, македонсци по род, многу ќе се израдуваат?- ме прша.

-Долги години му се токмам, ама да бидам искрен и пред себе и пред тебе, ама и пред бога не сум бил- му одговорив.

-Е, ај вака ќе направиме. Денеска сме Вртолум. Од Вртолум до  Света Марена  имаме точно триесет дена, имаме доволно време јас да им кажам на нашинцине дека ќе ги посетиме. Јас најсетне ќе те однесам во  првото село, после Стење, селото Туминец, а да знаеш на селото Туминец и селска слава му е, а има и убав манастир,  Света Марена се вика и убај конаци има, а и веднаш до  езеро е, со кајче се оди дотаму. Се согласуваш, што велиш- повторно ме праша Валентин Попоски.

-Е , како не се согласувам , таман работа, па и тоа цел живот го  работам, ти кажи им на нашинцине во  Туминец  дека заедно ќе им дојдеме нагости-шеговито  му одговорив.

-Бравос бре Зоране, бравос, е таков ќејф ми направи на душичкава моја, што досега никој не ми направил во  животецов мој досегашен-радосно ми посвикна Валентин Попоски.

Почитувани мои помина речиси една година од кога наминав во  селото Туминец на сам ден на манастирската слава чие име го носи манастирот Света Марена.кога на сам ден кога симболично се закројуваат лозјата на Свети Трифун , во непосредна близина на прилепското село Волко Село, повторно се сретнав со мојот пријател Валентин Попоски кој повторно ми рече :

-Зоране, голем поздрав имаш од нашинцине  не само од Туминец, туку и од другите осум населени места кои припаѓаат во Општина Пустец и занив да направиш еден документарен запис . Што велиш, да знаеш многу ќе ги израдуваш, а и ќе направиш голем себап.

-Е, ај вака ќе направиме. Денеска е Свети Трифун. Од Свети Трифун до Прочка, до Поклади   имаме точно триесет дена, јас ќе отидам кај нашинцине во алнбанскион дел на Мала Преспа, да им кажам на нашинцине дека ќе ги посетиме. Јас најсетне ќе ми те однесам во  првото село, после Стење, Горна Горица, потоа во Долна Горица, па во Глобочани, Зрновдко, Леска, Пустец, , Шулин најсетне во раселеното село Церје, онака народски ми предложи Валентин Попоски.

Неговиот предлог со задоволство го прифатив.И навистина така и бидна. На сам ден на Прочка, заедно со  мојот пријател Валентин Попоски тргнавме во албанскиот дел на мала Преспа во првото после македонско-албанскиот граничен премин Стење, селото Горна Горица, каде што го  започнав снимањето на новиот документарен серијал во  девет продолженија со работен наслов „ Опшрина Пустец -историографски записи“. Почитувани мои ова мое патешествие кај Македонците кои живеат во  Општината Пустец немаше  да биде реализирано бес соработката на првиот меѓу еднаквите во  Оптина Ресен градоначалникот на Општина Ресен  Јован Тозиевски и на стопанственикот Милчо  Кузманоски.

Почитувани мои навистина се радував што ете така да речам ми се оствари долго годишната желба да  дојдам во  Општината Пустец , да ги посетам деветте села во оваа општина и за нив да направам документарни записи

Речено сторено како што вели народот. На сам ден на Поклади во раните утрински саати, од  Прилеп , преку Битола, Ресен, по магистралата Ресен -Царев Двор -граничен премин Стење и  по деведесетина минути „лагана вожња“, со возилото од марката „мерцедес“ под команда на Диме Степуле, откако ги поминавме граничните формалности, заедно со мојот пријател Валентин Поповски  пристигнавме во селото Горна Горица.

Почитувани мои да бидам искрен , најпрво пред себе, пред вас, а и пред бога, пред да дојдам во  селово, Горна Горица , неговата околина, го   замислував дека тоа сето е пуста пустелија, село, како од оние нашиве заборавените, села со неколку  жители, со  по некој старец, села со паднати куќи, плевни, обраснати дворови со  трње и капини, очекував да ја  видам Горна Горица од времето на владеењето на Енвер Хоџа, арно ама старинскиот лик ликот на селото одмана беше заменет со новата современа западна архиктектура со убави куќи, уредени дворови, распослани во непосредна близина на преспанските езерски води, полно село со народ, село со градски карактер, на кое можат да му позавидат приградските и градските населби во Република Македонија.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на Горническиот Залив, како дел од Преспанското Езеро,  може , а да не го забележи селото Горна Горица,кое раскошно блескотеше под зраците на утринското преспанско сонце.

Почитувани мои предлагам поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија  за селото Горна Горица со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Селото Горна Горица  се наоѓа на околу три  километри јужно од албанско-македонската граница,десно  од патот Битола Корча, во источните пазуви на Галичица,, во  изобилството питоми и диви растенија. Селото  од север се граничи со  Република Македонија, поточно речено со селата Стење и Лескоец , од исток со селото Туминец, од југ со Долна Горица, од запад со острите икаменити планински сртови на Галичица,, а преку нив со селата Пишкопеја, и Халорупи и селото Љубаништа во  Република Македонија.

Горна Горица  е многу старо село. Првото заселиште му се наоѓало во непосредна близина на денешното село Долна Горица, чије денешно заселување се случило во првата деценија на шеснаесеттиот  век, како резултата на надојдените езерски води.

Атарот на селото се распостила на петнаесет квадратни километри, чиј простор претежно е каменито-ридско-планински,  обраснат со дабова, дренова, габрова и букова шума и сочни пасишта. Обработливото земјиште са распостила меѓу каменитото земјиште во североисточниот и источниот дел од атарот, и дел од крајезерската рамница.Низ атарот на селото тече горно горичката суводолица, а во северниот дел од Горно Горичкото Поле тече Туминечка Река.

-Селото горна Горица  е македоско  христијанско православно село. Низ историографските документи неговото име се среќава како Горна Горица.Селото  е од збијан тип, со стотина околу  куќи, кои  во минатото биле изградени од камен, на два ката , покриени со турски џерамиди, со мали дворни места. Селото се дели на три маала, Горна, Средна и долна маала.

. -Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња : Бела Земја, Бачило, Билките, Вочја Јама, Вељо Поле, Галичица, Долно Поле. Мороско, Две Ливади, Крстоите, Рамништа и други.

-Прв пат селото Горна Горица  во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил од 979 до 1014 година   и црковните записи кои датираат од времето на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир , во записите на византиските записи од времето на Јован Скилица,  поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година ,  во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година,  , во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин кралот Димитрија Волкашин и македонскиот владетел Кралот Марко од 1371 година.

Податоци за селото Горна Горица  се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1568 /69 година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како Горица а припаѓа на казите Горица, Биглишта и Хрупишта, како падишахски хас на нахијата Билишта., брои петнаесет семејства. Пописниот Дефтер од 1665 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот ги содржи речиси истите податоци како и дефтерот број 4 за периодот за кој е пишуван. Во овој Дефтер , покрај другото е запишано дека селото и припаѓа на Ресенската  нахија и имало 14 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани. Во пописниот отомански дефтер од 1865 година е запишано дека селото брои 29 христијански куќи.

Дека селото Горна Горица  на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:  “Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име  “ Стара Србија и Maкедонија  “   од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , издадена во 1889  година, каде што за селото е забележано дека селото имало осумдесет  домаќинства со 40 жители, христијани Македонци. Додека пак Јохан Кан во патописот наменет за селото Горна Горица запишал дека во 1868 година во живеат четириесет домаќинства Според статистиката на Васил К’нчов „Македониja, Етнографиja и статистика“ од 1900 година, во Горна Горица   живееле 285  жители, сите Македонци. Според записите на Глигорија Трајчов кои датираат од 1912 година во тоа време во селото живееле 384 жители  туминци.Според записот на Бранислав Милоевиќ во 1917/1918 година   броело 17 домаќинства, додека според записите на Кирил Мундишев во 1923 година селото брои 136 жители, а според Стерјо Спасе во 1932 година во селото живееле 75 фамилии со 600 жители,  а според Пјанка во 1940 година селото броело 20 куќи, додека пак во  48 година заедно со  Дона горица селото вроело  500 жители, а во 19996 година селото броело 110 куќи и шестотини жители.

Денешниве горно горичани   водат потекло од старите семејни родови на Вељовци, Гроздановци, Јанкуловци и Костовци сите доселени од Шулин, Малевци доселени од Туминец,  Нечовци и Ристовци.

До 1933 година во селото живееле семејните родови на семејства: Бузовци , Буџевци , Буневци, Вељановци, Гелевци , Димовци, Котевци, Кировци , Котелевци, Кралевци , Мишевци, Наумовци, Нечовци, Неловци, Пандиловци, Петковци, Павлевци , Раповци (Стојан), Ристовци,  Спасовци , и Треневци, кои На 1 март 1933 година поради деветгодишно барање упатено до  тогашните албански власти да им се врати  насилно приграбената земја  од страна на тогашниот  албански бег Малик Каплами бег, а подоцна и од од неговиот син Етен бег и  неговиот братучет Зенел бег, биле протерани  во околината на градот Пеќ, за да по една година прогонство се вратиле во Македонија, постојано населуваќи се во  селата  во Сопот, Кавадаречко. Пепелиште, Војшанци и Прждево, Неготинско, Трап и Породин, Битолско.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Горна Горица, во чии состав влегува и селото долна Горица, како единствено село забележано во  отоманските пописни дефтери  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатата  селската црква „Свети Димитрија“, која првично била изградена во 1773 година, реобновена во  1904 година,  за чиа незина реобнова гоцори и записот втиснат во камен вкој се наоѓа во северниот ѕид во олтарот која од 1967 година па се до 1990 година беше претворена народен во  магацин и црквата Свети Никола, која во  1991 година е реобновена како капела.

Селото Горна Горица уште од памтивека имало учени луѓе. Првото училиште е отворено во  1889 година во црквата Свети Димитрија , наставата ја изведувала од селските попитропи и попови на македонски црковен книжевен јазик и писмо.за да за време на балканските војни и за време на Првата и Втората Светска војна наставата наизменично се извршувала најсетне на грчки, бугарски и албански јазик, за да од 1944 година во приватни куќи , на македонски мајчин јазик, од учителот  Никола беровсски, по потекло од битолско.

Во подалечното минато  мештаните од селото Горна Горица учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид. Во подготовките  и текот на Илинденското востание зема активно учество со своја чета од дваесет востаници заедно со селото Долна горица, раководена од војводата Јоше од село Подмочани . Во селото извесен поериод престојувала и четата на војводата Митре Пандуров -Влаот.

Исто така селото Горна Горица   не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна, каде што во 1912 година селото припаѓа под српска власт, за да во  1913 година под грчка власт,  како и од Првата светска војна,  каде што за потребите  на боиштето  машкото население првично  било мобилизирано од грчката војска,  каде што поголемиот дел од мобилизираното машко население кое било испратено на Македонскииот фронт  поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а преостанатото население било ангажирано во  во превоз на воена опрема, и изградба на фортификациони објекти и патишта , за потребите на боиштето.Во 1916/ 1917 година во селото горна Горица извесен период престојувало евакуираното население од селата Отешево, стење и Лескоец.По завршувањето на Првата светска војна селото потпаѓа повторно под грчка власат, а со договорната размена на територија помеѓу Грција и Албанија, Горна Горица припадна на Албанската држава, со  сите последици на тогашната албанска политика спрема Македонците училите на албански јазик и албански учители.

Во  1939 година Албанија е анектирана од страна на Италија  Во 1940/ 41 година повторно машката популација беше мобилизирано во  албанската фашистичка армија како и преостанатото население и принудно учествуваше  воГрчко-италијанската војна. Во  1943 година поради една акција  на една партизанска единица на планината Бигла против италијанскиот окупатор, селото  е изгорено од страна на италијанскиот фашистички окупатор. По капитулацијата на Италија во 1943 година селото Горна Горица беше дел од слободната територија на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Албанија, а и на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Во месец Февруари 1943 година во селото е формиран Народно ослободителен комитет. Во втората половина на Ноември месец 1943 година, на својот пат за Дебрца, низ селото поминува борците Битолско-преспанскиот батаљон Стиф Наумов, а при крајот на месец Април, 1944 година  борците на Првата македонска-косовска бригада. Во текот на Народно ослободирелната војна деветнаесет мина горно горичани се бореа во  партизанските одреди  и единиците на Народно ослободителната антифашистичка војна на  Македонија, од кои тројца ги положија своите животи на боиуштето ширум Југославија.

Оскудното плодно поле, ги приморало горно горичани   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби

Кога секој добронамерник ќе дојде во Горна Горица    и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани мои, иако на мојот престој во селото  Горна Горица му се ближеше крајот, не си заминав  од албансиот дел на Мала Преспа, овој пат ќе останам малку подолг период за да направам документарни записи  и за селата  Долна Горица, Глобочани, Зрновско, Леска, Пустец, , Церје, во Шулин.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print