Региони

Долна Горица- село во Мала Преспа

Селото Долна  Горица  се наоѓа на околу четири   километри јужно од албанско-македонската граница, на самиот брег  на Големото Преспанско Езеро  во Горичевиот Залив, лево   од патот Битола Корча, на малото конфигурациски издвоено полуостровско возвишениево крајезеската рамница, во изобилство на питоми растенија, на надморска височина од  околу девестотини метри.

Поминаа речиси четириесетина години откако во  тогашната Радио телевизија Скопје , поточно речено во тогашното  Радио Скопје во радио  емисиите „ Глас од татковината“ и „ Нашите сонародници  во  странство“, под менторство на бардот на македонското новинарство Владо Гаџоски ја направив првата радио репортажа  со работен наслов „ Рилево-село во  Долненска околија“ , а нешто подоцна во  утринската програма на Телевизија Скопје „ Добро утро македонијао“ истата видео ја обликував под работен наслов „ Заборвени“ , каде што си поставив работна задача  еден ден не само што ќе ги  посетам речиси сите села во во вардарскиот дел на Македонија, туку и поголемиот дел од селските населби во пиринскиот, егејскиот, во областа Гора која се распостила во Србија , областа Голо Брдо и и деветте селски населби , населени исклучиво со Македонци во мала Преспа во Албанија. Како што одминуваа годините така мојата работна задача полека се реализираше.Поикрај илјада и седумстотините селски населби, според мојата евиденција од вкупните илјада девестотини осудесет и четирите села во Република Македонија, што ги имав посетено, десетина документарни видео записи што ги направив во егејскиот дел на Македонија, од вкупните според евиденцијата на Јован Трифуновски две илјади  и селски населби печес селски населби од вкупните дваесет и осумте според евиденцијата на Исмаил Бојда, во областа Гора, неколкуте населени места во  Пиринска Македонија од вкупните печестотини исто така според евиденцијата на Јован Трифуновски  и неколкуте села од вкупните шеснаесет според евиденцијата на Никола Ѓурај  во областа Голо Брдо , ете така да речам дојде денот како што вели народот да дојдам и меѓу македонците кои живеат во деветте села, во албанскиот дел на Преспа во Општината Пустец.

Одлуката така да речам беше донесена на сам ден на Вртолум две илјадо и дваесет и првото господово лето, кога бев на снимање на нов документарен запис во мариовското село Крушејца, под самата падина на врвот Маргара, на местото викано Света Петка, каде што после неколку поминати векови, крушејчанецот Јоше Сајкоски , пред седумнаесет години  , по божја промисла започна со вообзновувањето на многувековниот манастир Света Петка , при самиот крај на празнувањето, прилепчанецот Валентин Попоски ми рече:

– Зоране да те прашам нешто,онака по прилепски, ќе може?

– Е како не може-му реков.

-Дали досега си бил меѓу нашинцине во  Мала Преспа, во  албанскиот дел, во  Општината Пустец, таму има девет села , чисто македонски, голема добрина ќе направиш, да направиш некое кадро, оти знаеш и тие се нашинци, македонсци по род, многу ќе се израдуваат?- ме прша.

-Долги години му се токмам, ама да бидам искрен и пред себе и пред тебе, ама и пред бога не сум бил- му одговорив.

-Бравос бре Зоране, бравос, е таков ќејф ми направи на душичкава моја, што досега никој не ми направил во  животецов мој досегашен-радосно ми посвикна Валентин Попоски.

Почитувани мои помина речиси една година од кога наминав во  селото Туминец и речиси триесетина дена ова две илјадо дваесет и второво господово лето кога го посетив селото Горна Горица и ете како што вели народот според господовото провидение ете на гости дојдов и во селото Долна Горица и за него да направам докумемтарен видео запис.

На сам ден на Прочка, заедно со  мојот пријател Валентин Попоски тргнавме воалбанскиот дел на мала Преспа селото Долна Горица Горица, каде што продолжив со снимањето на документарниот  серијал во  девет продолженија со работен наслов „ Опшрина Пустец -историографски записи“.

Почитувани мои ова мое патешествие кај Македонците кои живеат во  Општината Пустец немаше  да биде реализирано бес соработката на првиот меѓу еднаквите во  Оптина Ресен градоначалникот на Општина Ресен  Јован Тозиевски и на стопанственикот Милчо  Кузманоски.

Почитувани мои навистина се радував што ете така да речам ми с еоствари долго годишната желба да  дојдам во  Општината Пустец , да ги посетам деветте села во оваа општина и за нив да направам документарни записи

Речено сторено како што вели народот. На сам ден на Света Тодорица во раните утрински саати, од  Прилеп , преку Битола, Ресен, по магистралата Ресен -Царев Двор -граничен премин Стење и  по деведесетина минути „лагана вожња“, со возилото од марката „мерцедес“ под команда на Диме Степуле, откако ги поминавме граничните формалности, заедно со мојот пријател Валентин Поповски  пристигнавме во селото Долна  Горица.

Почитувани мои да бидам искрен , најпрво пред себе, пред вас, а и пред бога, пред да дојдам во  селово, Долна Горица , неговата околина, го   замислував дека тоа сето е пуста пустелија, село, како од оние нашиве заборавените, села со неколку  жители, со  по некој старец, села со паднати куќи, плевни, обраснати дворови со  трње и капини, очекував да ја  видам Долна  Горица од времето на владеењето на Енвер Хоџа, арно ама старинскиот лик ликот на селото одмана беше заменет со новата современа западна архиктектура со убави куќи, уредени дворови, распослани во непосредна близина на преспанските езерски води, полно село со народ, село со градски карактер, на кое можат да му позавидат приградските и градските населби во Република Македонија.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на Горническиот Залив, како дел од Преспанското Езеро,  може , а да не го забележи селото Долна  Горица,кое раскошно блескотеше под зраците на утринското преспанско сонце.

Почитувани мои предлагам поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија  за селото Долна Горица со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Селото Долна  Горица  се наоѓа на околу четири   километри јужно од албанско-македонската граница, на самиот брег  на Големото Преспанско Езеро  во Горичевиот Залив, лево   од патот Битола Корча, на малото конфигурациски издвоено полуостровско возвишениево крајезеската рамница, во изобилство на питоми растенија, на надморска височина од  околу девестотини метри.

Селото  од север се граничи со Горна Горица и Туминец, од исток со водите на Големото Преспанско Езеро, од југ со селото Глобочани, а на запад се возвишуваат и протегаат високите каменити сртови  на Галичица, , а преку нив со селата Халарупи и Братомира.

Атарот на селото се распостила на десетина квадратни километри, чиј простор претежно е ридско-планинско и рамничарско земјиште. Ридско-планинскиот дел е обраснат со дабова, дренова, габрова и букова шума и сочни пасишта. Обработливото земјиште са распостила меѓу езерската рамница и каменитото земјиште во североисточниот и источниот дел од атарот. Во атарот на селото нема изворишта и водотеци.На јужната страна од селото се наоѓа понорот Завир  низ кои видливо истекува езерската вода. Селото со вода за пиење претежно с еснабдува од езерските води и неколкуте бунари.

Селото Долна Горица  е конинуитет на негогашното село  Горица. Тоа е   е македоско  христијанско православно село. Низ историографските документи неговото име се среќава како  Горица, Долна Горица, Мала Горица..Селото  е од збијан тип, со осудесеттина    куќи, кои  во минатото биле изградени од камен, на два ката , покриени со турски џерамиди, со мали дворни места. Селото се дели на две  маала, Горна, Долна маала.

-Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња : Арна Кошара, Нот Стерјов, Бели Бешец, Боболец, Владјо бачило, Вакавче, Глата, Долна Горица, Завир, Изгорена Бука, Конопишта, Крушата, Карагулица, Блато, Маливер, Орло Седло,  и дуги места.

-Прв пат селото Долна  Горица  во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил од 979 до 1014 година   и црковните записи кои датираат од времето на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир , во записите на византиските записи од времето на Јован Скилица,  поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година ,  во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година,  , во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин кралот Димитрија Волкашин и македонскиот владетел Кралот Марко од 1371 година.

Податоци за селото Долна  Горица  се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1568 /69 година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како Горица а припаѓа на казите Горица, Биглишта и Хрупишта, како падишахски хас на нахијата Билишта., брои петнаесет семејства. Пописниот Дефтер од 1665 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот ги содржи речиси истите податоци како и дефтерот број 4 за периодот за кој е пишуван. Во овој Дефтер , покрај другото е запишано дека селото и припаѓа на Ресенската  нахија и имало 14 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани. Во пописниот отомански дефтер од 1865 година е запишано дека селото брои 29 христијански куќи.

Дека селото Горна Горица  на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:  “Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име  “ Стара Србија и Maкедонија  “   од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , издадена во 1889  година, каде што за селото е забележано дека селото имало осумдесет  домаќинства со 40 жители, христијани Македонци. Додека пак Јохан Кан во патописот наменет за селото Горна Горица запишал дека во 1868 година во живеат четириесет домаќинства Според статистиката на Васил К’нчов „Македониja, Етнографиja и статистика“ од 1900 година, во Горна Горица   живееле 42   жители, сите Македонци. Според записите на Глигорија Трајчов кои датираат од 1912 година во тоа време во селото живееле 84 жители  .Според записот на Бранислав Милоевиќ во 1917/1918 година   броело 35 домаќинства, додека според записите на Кирил Мундишев во 1926 година селото брои 511 жители,  зедно со  Горна Горица, а според Стерјо Спасе во 1945  година во селото живееле 150 жители, во 1960 година   108 жители,  во 1969  година селото броело 210 жители  во 1979 година селото броело 221 жител.

Старински родови во Долна Горица се  Вурмовци ,доселени се од Туминец во 1955 година, Горичени, Доневци, Трајковци, Калешковци, Шумкаровци и Шулиновци(доселени се од Шулин.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Долна  Горица, во чии состав влегува и селото долна Горица, како единствено село забележано во  отоманските пописни дефтери  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатата  селската црква „Свети Ѓорѓија“, која првично била изградена во 1887/88 година  година, реобновена во  1907 година, која с енаоѓа на зпадниот дел на селото, која од 1967 година па се до 1991 година беше претворена во  касарна, реобновена во 1997 година , а осветена во 1998 година. Црквата Свети Ѓорѓија воедно еи гробјанска црква.  Црквата Света Петка  се наоѓа  северозападно од селото. Годината на незината градба не е позната.Во периодот од 1967 година до 1995 година е разурната, за да во  1996 годин, врз старите темели а  е реобновена

Селото Долна Горица  уште од памтивека имало учени луѓе. Првото училиште е отворено во  1889 година во црквата Свети Ѓорѓија , наставата ја изведувала од селските попитропи и попови на македонски црковен книжевен јазик и писмо.за да за време на балканските војни и за време на Првата и Втората Светска војна наставата наизменично се извршувала најсетне на грчки, бугарски и албански јазик, за да од 1946  година во приватни куќи , на македонски мајчин јазик, од учителот  Методија Глафче.

Во подалечното минато  мештаните од селото Долна  Горица учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид. Во подготовките  и текот на Илинденското востание зема активно учество со своја чета од дваесет востаници заедно со селото Долна горица, раководена од војводата Јоше од село Подмочани . Македонските револуционери  Јаким Коцев, Трпо Василев  И пандо Стевов се родени во селото Долна  Горица. До 1912 година  Од по илинденскиот период па се до  1912 година Дона Горица  селото е дервенџиско село и беговски чифлик кој с езадржал се до  1940 година.

Селото Долна  Горица   не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна, каде што во 1912 година селото припаѓа под српска власт, за да во  1913 година под грчка власт,  како и од Првата светска војна,  каде што за потребите  на боиштето  машкото население првично  било мобилизирано од грчката војска,  каде што поголемиот дел од мобилизираното машко население кое било испратено на Македонскииот фронт  поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а преостанатото население било ангажирано во  превоз на воена опрема, и изградба на фортификациони објекти и патишта , за потребите на боиштето. По завршувањето на Првата светска војна селото потпаѓа повторно под грчка власат, каде што од 1919 година до 1922 година долно горичани биле мобилизирани во Грчко-турската војна,  а со договорната размена на територија помеѓу Грција и Албанија, Горна Горица припадна на Албанската држава, со  сите последици на тогашната албанска политика спрема Македонците училите на албански јазик и албански учители.

Во  1939 година Албанија е анектирана од страна на Италија.  Во 1940/ 41 година повторно машката популација беше мобилизирано во  албанската фашистичка армија како и преостанатото население и принудно учествуваше  во Грчко-италијанската војна. По капитулацијата на Италија во 1943 година селото Долна Горица беше дел од слободната територија на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Албанија, а и на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Во месец Февруари 1943 година во селото е формиран Народно ослободителен комитет. Во втората половина на Ноември месец 1943 година, на својот пат за Дебрца, низ селото поминува борците Битолско-преспанскиот батаљон Стиф Наумов, а при крајот на месец Април, 1944 година  борците на Првата македонска-косовска бригада. Во текот на Народно ослободирелната војна деветнаесет мина горно горичани се бореа во  партизанските одреди  и единиците на Народно ослободителната антифашистичка војна на  Македонија, од кои тројца ги положија своите животи на боиуштето ширум Југославија.

Оскудното плодно поле, ги приморало долна горичани   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби

Кога секој добронамерник ќе дојде во ДолнаГорица    и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани мои, иако на мојот престој во селото  Долна Горица му се ближеше крајот, не си заминав  од албансиот дел на Мала Преспа, овој пат ќе останам малку подолг период за да направам документарни записи  и за селата , Глобочани, Зрновско, Леска, Пустец, , Церје, во Шулин.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print