Региони

Кичевска коњаница 2022 (четврти дел)

Денот по утрото  се познава , вели народот. Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над Крушецската Корија. каде што слободарското Крушево раскошно блескотеше под зраците на крушевското сонце. На сам ден на Илинден , коњаницата Илинденски марш 2022 ги  завршувва предпојдовните подготовки во  правец на Мечкин Камен. Околу пладнината пристигнаа на Мечкин Камен каде што ги пречека многубројниот соборен народ , кој заедно со  нив се поклонија и им оддадоа почит на хероите  кои пред сто и деветнаесет години ги  положија своите животи овде на Мечкин Камен бранејќи ја слободарската македонска република, во  историографските записи забележана како Крушевска република.

Да се биде хроничар на едно време минато, а посебно да се надополни тоа време минато со нови антро-полошко-географски и историографски записи, е мошне тешка, одговотна но благородна задача.

За да се биде добар летописец за кичевско-демирхисарск-крушевската регија, пред се за борбата на Македонскиот народ за слобода и за создавање на своја Македонска држава, за периодот пред, за време и по илинденскиот период, посебно во кичевско-демирхисарската- крушевската  регија, треба добро да ги спознае  овие регии, добро да ги спознае мештаните  во овој дел на етничка Македонија , да знае да проникне  во нивната душа, да ја разгране, а потоа одвнатре да ја наслика со сите нивни возвишени чувства, каде што сликајќи го нивниот живот истовремено и го истражува и го проучува и се консултира, за да се даде опис на народниот живот кој веќе не постои, атмосфера која веќе ја нема, податоци на документи што имаат вредност од минатото, а сето тоа не само да го преточи како пишана неизбришлива трага, туку во аудио-визуелен-документаристички формат.

Но, исто така за да сето тоа хроничарот го преточи во  аудио-визуелен документаристички формат, потребно е да има  така да речам   ем домаќин, ем  и водич, кој покрај тоа што добро ги  познава овие регии има добри спознанија од досега неоткриените  историските збиднувања во овој временски период  во  овие регии,   со надеж, дека  преку овој аудио-визуелен документаристички формат, а посебно      меѓу помладите  по раѓање или по потекло од овие  регии,  особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Почитувани мои ете како што вели народот господ сакал и овој пат да биде со мене, народски да  се изразам, ми помогна да се пронајдам во ово-годишниот коњички илинденски марш, и ова  две илјадо дваесет и второ господово лето, по осми пат организиран од „Здружението на граѓани   Манастир  Пресдвета Богородица Пречиста-Кическа коњаница, на 27 Јули од многувековниот македонски православен христијански благодетен духовен манастирски комплекс „Манастир  Пресвета Богородица Пречиста“, меѓу народот попознат како кичевски манастир, заедно со Мавровско-Горно-Реканската коњаница„, тргнаа во правец на слободарско Крушево,  врвеќи низ кичевско-демирхисарската и дел од крушевската регија,  посетуваќи ги вечните почивалишта на многуте незнаеани  и знаени македонски синови во овое регии   кои ги  положија своите животи на одарот на слободата и за создавање на своја независна македонска држава ,за време на илинденската епоипеја ,за да  на сам ден на Илинден се поклонат пред  спомен обележјето, каде што на дванаесетти Август 1903 година бранеќи Крушево, како административен центар на Македонската Република, во  историјата попозната како Крушевска република, чии граници се простирале во границите на битолскиот и солунскиот револуционерен округ, која слободна територија опстојувала речиси шеесетина дена, покрај војводата Питу Гули , животот го положија уште четириесетмина востаници , на  Мечкин Камен.

Како по  стариот мој  обичај кога патувам низ Република Македониј, по ново мое така да речам документарисичко патешествие, така и овој пат во  раните утрински саати, на 27 јули ова две илјадо дваесет и второ господово лето тргнав   во правец на кичевската регија, кон манастирскиот комплекс„Пресвета Богородица Пречиста, меѓу народот попознат како Кичевскиот манастир, со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник.. По речиси сат  и кусур време  народски кажано возење по  магистралниот пат Скопје-Тетово –Гостивар-Кичево, свртувајќи лево кај крстосницата во непосредна близина на  селото  Другово, возеќи по дел од триесетина  километарската патна делница  Кичево-Демир Хисар- свртуваќи лево  по асвалтираниот планински пат, кој  кривулесто се извивазше низ планинскиот горостас Цоцан,, пред изгрејсонце стасав во  Кичевскиот манастир, каде што стуткан како орловско гнездо, се будеше огреано од   утринските зраци на манастирското  сонце.

Откако така народски да речам пред да влезам во  манастирскиот двор, малку се потспастрив и откако ги  направив сите црковни метании пред манастирската главна порта, како по стар адет и обичај неколку пати чукнав на манастирската дрвена порта.

За кратко време се подотвори манастирското капиџиче , кое беше дел од манастирската главна порта.

-Повелете , влезете, ве чекаат, само ве молам да се придржувате до манастирскиот ред, ме замоли монахињата  од сестринството на пречистанската обитељ.

Во манастирскиот двор членовите на кичевската коњаница ги привршуваа последните подготовки пред започнувањето на утринската литургија, во чест на четиринаесет члената овогодишна коњаинца, од страна на сестринството на Пречистантската Обител и отец Макариј јеромонах од Бигорскиот Манастир.

По Светата Литургија, одржана од сестринството на Пречистантската Обител и отец Макариј јеромонах од Бигорскиот Манастир, и света заклетва, во дворот на манастирот Пречиста во Кичево, на која пред библија, кама и револвер комитите, се заколнаа  на света  и вечна завет на мајка Македонија,исто онака како што тоа го правеа револуционерните чети од пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот период, и борците од Народно ослободителната борба  на Македонскиот народ за слобода, и создавање на самостојна држава, република Македонија , овогодишната чест предводник на коњаницата, воедно и прв меѓу еднаквите , војвода му припадна на правнукот на Даме Груев, смилевчанецот Јован Тодороски.

По светата божествена литургија и полагањето на света заклетва, Коњаницата го отпочна и офивијално својот “Илинденски Марш 2022 година”.спуштаќи  се по кривулестиот шумовит планински пат на планинскиот горостас Цоцан, продолжуваќи го  патот во правец на селата Манастирско Доленци, Србјни,  а оттука низ дел од  населбите од запдната страна на градот Кичево,  упатувајќи се кон планираната локација, каде што се  спои со членовите на “Мавровско-Горнореканска Коњаница, од каде што   двете коњаници ја  започнаа заедничката свечена марш рута, со свечено дефиле по главниот булевар “Ослободување”, во Кичево, во правец на главната градска црква “Свети Апостоли Петар и Павле”, каде што  кичевското црковно  намесништаво ги пречека со богослужбена литургија и им посака благословен и среќен да им биде патот во правец на Крушево. По пречекот и испраќањето на коњаницата од страна на свештениците од кичевската парохија , кичевско-мавровско-горно-реканската коњица се упати во  правец на родното село на војводата Јордан Пиперката, најсетне  поминувајќи низ селата од старата општина Другово, самото село Другово, посетувајќи ги и спомен обележјата  кои се наоѓаа попатно, влегувајќи во селото Пополжани, па оттука селата Видрани, Брждани, Свињишта, пристигнувајќи  приквечерината во селото Козица,каде што мештаните од ова село ја пречекаа, каде што и ноќеваа, а изутрината мештаните ги испратија благословуваќи ги господ саде среќа да им даде и  следи по патот кој водеше во правец на селото кичевска Белица, по   одморот и ручекот кој беше организиран од месната заедница и добронамерните селани, коњаниците се упатија во правец на селото Велмевци, каде што и овде што мештаните од ова село ја пречекаа и ги испратија благословуваќи ги господ саде среќа да им даде и  следи по патот кој водеше во правец кон Илинска планина, која  сама по себе преставуваше предизвик, за коњаниците, искачувајќи го синорот на Илинска Планина, коњаниците навлегоа во Демирхисарскиот дел од маршутата , каде што  вечерта преноќија во конаците на Илинскиот манастир, меѓу демирхисарци попознат како Илинска Црква Илинска Црква, каде што коњаниците беа пречекани од манастирскиот одбор и по преноќувањето го продолжија питомите високи планински илински падини во правец на местото викано Еврејка, чие име е посветено на момата која била еврејка,, која овде престојувала, пиејќи вода од ладните извори за да си ја изгаси жедта, каде што коњаниците така да речам подзастанаа малку да се пододморат, да ги наполнат батериите, го продолжи својот пат по така да речам по третиот дел   од маршутата пробиваќи се низ питомите планински пасишта  на Бигла Планина  во  правец на планинскиот превој .Голем Камен, од  каде што  фрливме поглед кон Преспанското и Охридското Езеро и по краткиот одмор  на планинскиот превој Голем Камен , се упативме во правец славно Смилево, родното село на Дамјан Груев , поклонувајќи се  пред неговото вечно почивалиште, посетуваќи го смилевскиот музеј, а во приквечерните саати коњаниците се упатија во правец на манастирскиот комплекс Прво Апостоли Свети Петар и Павле, кој стуткан како во орловско гнездо во Смилевската корија, опкружен со многулетните  дабови чинари   постојано духовно бдее над славно Смилево, каде што од страна на манастирското  намесништво  во чест на коњаниците беше организирана манастирска богослужена вечера и се народен  смилевски пречек, каде што преноќија, за да во утринските саати да ја изодат пред последната етапа од шеесет  километарската  планинско-долинска траса, во  правец на атарот на селото Мренога, врвејќи покрај атарот на манастирот Свети Атанасије, поминувајќи во дел о многу вековната дабово-букова шума која се распостилаше во  дел од атарот на селото Лесково,  покрај манастирот  Свети Илија, пристигнувајќи и присуствуваќи на утринскиот молебден посветен на сите борци кои ги положија своите животи на одарот за слободна и незваисна држава Македонија, како и на утринското богослуженије посветено на Коњаниците од страна на сестринството на Бигорскиот Манастир,  во Слепченкиот манастир.

Почитувани мои, пред да го  проследите утринскиот молебден посветен на сите борци кои ги положија своите животи на одарот за слободна и незваисна држава Македонија, како и на утринското богослуженије посветено на Коњаниците од страна на сестринството на Бигорскиот Манастир,  во Слепченкиот манастир, предлагам да ве запознааам со  моите досегашни сознанија за ова духовно многувековно светилиште да го проследите во продолжение на оваа репортажа.

Слепченски манастир, познат и како Манастир Св. Јован Претеча се наоѓа на околу 3 км од Слепче, Општина Демир Хисар.Манастирот „Св. Јован Претеча“ e еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси во демирхисарско. Манастирот датира уште од 5 век Подемот Манастирот го доживува во Светоклиментово време кога станува ставропигијален манастир на Охридскиот Архиепископ. Манастирот прераснал во голем скрипториски центар, кој работел за потребите на архиепископијата, каде што во него се вршат преписи на книги, преводи од старо византиски  и латински јазик за потребите на Охридската архиепископија, но во  манастирот се пишуваат богословско – философски трактати и зборници. Еден од најстарите сочувани артефакти е записот  кој датира од крајот на 10 век и почетокот на 11 век и претставува палимпсест, а воедно и најстар препис на словенскиот превод директно од перото на светите браќа Кирил и Методиј.

Угледот на манастирот како во времето на својата постара историја, така и подоцна, привлекувал ктитори и приложници меѓу Византиските цареви, и најмоќните македонски благородници, кнезови, како и велмошти  од времето на Османлискиот период. Во долгата историја на Манастирот кон крајот на XIII век како ктитори се запишани византискиот цар Михаило VIII – Палеолог и неговата сопруга царицата Теодора Дукина Ватацина, а  нивнините имиња се запишани во најстариот зачуван Слепченски Поменик под бр. 1/116 кој се наоѓа во Одеса. Р. Украина. Како приложници се среќаваат и Урго-влашките војводи во XV век, и кнезот Димитар Кратовски во средината на XVI век.

Поволната географска положба, материјалното богатство, овозможило овде да најдат свое гнездо многу бројни свештеници, учители, уметници и книжевници. Во  манастирот работело манастирското училиште, чие постоење и успешно работење го потврдуваат летописите, белешките, записите и натписите, во чија низа редови се запишана имињата на  свештениците, резбарите, сликарите, архитектите и учителите, кои работеле во тоа училиште.

Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од XI и XII век. Книжевната дејност на слепчанските книжевници добила пошироки размери во XIV и XV век, а во XVI век книжевноста достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале богослужбени книги за црквите во Демирхисарско и Македонија. Во значајните дела од Слепчанската школа спаѓаат: „Слепчанскиот апостол“ од X век,преписот на  Слепчанскиот писмовник, преписот на минејот за месец јуни од 1547 година   од Јеромонахот Пахомије , преписот на македонски црковен јазик на  „Поученијата на Кирил Јерусалимски“, направени исто така во  1547 година од јеромонахот Висарион. Преписи на црковните книги се сеќаваат и во периодот од   1549 и 1553 година.

Слепченскиот манастир во XVI век претставувал важен резбарско-сликарски центар, кој во науката е забележан како Слепчанско-прилепска резбарска школа. Меѓу највредните уметнички дела, круна на резбата од тој период се Слепчанската еднокрилна и двокрилна врата, кои во минатото ги краселе влезовите на манастирската црква. Тие денес се наоѓаат во уметничката галерија во Скопје. Денес во црквата се наоѓаат повеќе значајни уметнички предмети, меѓу кои се истакнува Големиот Крст со Распнатиот Христос од 16 век, Царските двери како и неколку  певници изработени во копаница.

Манастирот се спомнува и во 1010 година,за време на владеењето на македонскиот цар Царот Самоил, каде што  како ктитор се јавува самоиловата ќерка Косара, која го изградила источниот конака, а на манастирот му дарила имот кој се наоѓал во  градот Елбасан

За време на своето постоење, манастирот  бил трипати опожарен. Првото опшжарување се счучило 1675 година ,кога  од страна на турскиот башибозук се  земени сите негови драгоцености, оставајќи ги само кутијата со светите мошти  на свети јован Крстител и крстот. Второто опожарување сеслушило  во  1954 година кога е изгорена  трпезаријата и магерницата, а  третото опожарување во 1972 година, кога е  изгорена десната страна на иконостасот.

Денешната манастирска црква е изградена во 1862 година, на местото каде претходно постоела старата голема и живописана црква. Од повеќето сочувани стари уметнички предмети, со својата вредност се истакнуваат „Големиот крст со распнатиот Христос“ од  XVI век, „Царските двери“ , певниците, изработени во копаница, двете врати со различни фигури и со мотивот плетенка, претставен на начин кој се сретнува во ракописи од XV-XVI век изработени во плитка резба Во дел од  иконостасот се наоѓа резба наречена „Чин“, што го изработил монахот Калиник во 1607 година, старата живопишана трпезарија која потекнува од крајот на   XVI и почетокот на XVII век како и двете влезни врати, западната живописана во 1637, и јужната во 1638 година.

Манастирот не го избегнуваат воените збиднувања кои се случиле во  почетокот на втората деценија на деветнаесеттиот век, поточно во 1881 година кога во ова манастирско духовно светилиште се одржал познатиот демир хисарски конгрес. Манастирот бил прибежиште на многу македонски револуционери како од пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот период, за време на Првата и втората ббалканска војна, Првата светска војна како и за време на Народно ослободителната војна.

Почитувани мои, сето ова што претходно ви  го  пренесов претавуваше вовед  на утринскиот молебден посветен на сите борци кои ги положија своите животи на одарот за слободна и незваисна држава Македонија, како и на утринското богослуженије посветено на Коњаниците од страна на сестринството на Бигорскиот Манастир,  во Слепченкиот манастир, предлагам ова бодослужение да го проследите во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои по завршаувањето  на утринскиот молебден посветен на сите борци кои ги положија своите животи на одарот за слободна и незваисна држава Македонија, како и на утринското богослуженије посветено на Коњаниците од страна на сестринството на Бигорскиот Манастир,  во Слепченкиот манастир коњаницата го продолжи својот пат во правец на  административниот центар на демир Хисар градот Демир Хисар, во правец на селото Журче, каде што коњаниците ги пречекаа мештаните од ова село, каде и што преноќија во  метохот на Журчевскиот манастир, манастичето посветено на пророкот Свети Илија.

Почитувани мои, пред да го  проследите , топлото гостопримство во чест на коњаниците од страна на мештаните на селото Журче, предлагам да ве запознааам со  моите досегашни сознанија за многувековниот Журчевскиот манастир, попознат како манастир Свети Атанасиј Александриски да го проследите во продолжение на оваа репортажа.

Средно вековниот Журчевски манастир  се наоѓа во  југозападниот дел на република Македонија, во непосредна близина на селото Журче. Првобитната манастирска црква е изградена во 1121 или 1122 година. Основни податоци за историјата на манастирската црква се дознаваат и од двата сочувани натписа. Првиот е испишан над влезната врата и од него се дознава дека денешната црква била подигната во 1617 година во време на игуменот и еромонах Јосиф, а како ктитор се споменува Петко Велов од Битола. Од натписот се дознава и дека зографисувањето на црквата започнало во мај и завршило во август 1617 година. Втотриот натпис е мошне опширен и испишан во отворениот трем околу калотата. Од него се дознава дека тремот е обновен и зографисан во 1622 година, благодарение на залагањето на игуменот и еромонах Венетик, како и на православните христијани.

Црквата претставува еднокорабна градба со правоаголна основа, со петоаголна апсида во нејзиниот заден дел свртен кон исток. Градбата е полуобличесто засводена и единствениот влез се наоѓа од предната страна свртена кон запад. Пред влезот се наоѓа отворениот трем засводен со слепа калота поставена на четири дрвени столбови. Дрвените столбови меѓусебно се поврзани со полукружни лакови, а преминот од квадратната во кружна основа на калотата е изведен со помош на пандантиви. Вака доградениот трем е единствен во демирхисарскиот крај, а исто така го прави храмот реткост и пошироко.

Конаците се изградени во првите декади на XIX век. Во тоа време, во нив работела библиотека кој ашто на свештениците им служела за пишување, преведување и создавање на богослужбени дела. Библиотеката истовремено се користела и како училиште, каде што се школувале ученици од селото Журче и околните села. Од библиотеката е сочуван мал број на ракописи и книги, меѓу кои најстарите се „Апостолски читанија“ издадена во Царигад во 1870 година и „Минеј за месец октомври“ издадена во Киев во 1891 година.

Почитувани мои, сето ова што претходно ви  го  пренесов претавуваше вовед  на срдечниот пречек  во чест на коњаниците што го приредија мештаните од селото Журче, предлагам дел од ово се народсен собор да проследите во продолжение на оваа репортажа.

Денот по утрото  се познава , вели народот. Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над Бушева Планина, каде што селото Острилци  раскошно блескотеше под зраците на острилското Мештаните ги прчекаа коњаниците исто онака како што ги  испраќаа и ги  пречекуваа востаничките чети  кон слободарско Крушево.

Почитувани мои,по краткиот престојво селото Острилци, коњаниците се упатија по кривулестиот планински пат кој се извиваше  низ горостасниот убавец  Бушева Планина ,низ крушевската корија,во  правец на слободарското Крушево, приклучуваќи се  во составот на единствената коњаница која ја сочинуваа Скопската коњаница,Битолската и Гостиварската  со единствено име Коњаница Илинденски марш 2022 година, каде што учествуваа на вечерното дефиле.

Почитувани мои предлагам дел од ова претпразнично дефиле да проследите во  продолжение на оваа репортажа.

Денот по утрото  се познава , вели народот. Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над Крушецската Корија. каде што слободарското Крушево раскошно блескотеше под зраците на крушевското сонце. На сам ден на Илинден , коњаницата Илинденски марш 2022 ги  завршувва предпојдовните подготовки во  правец на Мечкин Камен. Околу пладнината пристигнаа на Мечкин Камен каде што ги пречека многубројниот соборен народ , кој заедно со  нив се поклонија и им оддадоа почит на хероите  кои пред сто и деветнаесет години ги  положија своите животи овде на Мечкин Камен бранејќи ја слободарската македонска република, во  историографските записи забележана како Крушевска република.

Почитувани мои нека им е вечна слава на комитите, војводите, партизаните како и на многуте знаени и незнаени херои кои ги положија своите животи на одарот на слободата и за создавање на Македонска држава на македонскиот народ , чии нивна желба се оствари пред  седумдесет и осум година на вториот Илинден во  манастирот Прохор Пчински на на втори Август 1944 година  на првото заседание на АСНОМ , денешна република Македонија.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print