Поминаа речиси шеесеттина денови откако го направив документарниот запис за славно дебрцкото село Оровник, а воедно и за шесте цркви и манастири од селото Оровник и за манастирската слава посветена на Света Петка, која секоја година оровничари ја празнуваат првиот петок веднаш по Велигден, кога начелно со Милчо Јосифоски, првиот меѓу еднаквите членови на шесте цркви и манастири од селото Оровник начелно се договоривме да направам документарен запис и за манастирскиот комплекс Света Петка Римјанка чија светица воедно е заштитник на селото Оровник, за патрониот празник на Манастирот на Света Петка-летна, ова две илјадо дваесет и третово господово лето.
Почитувани мои на сам ден на православниот празник на Апостолите Свети Петар и Свети Павле, меѓу народот попознат како Петровден ова две илјадо дваесет и третово господово лето во утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Милчо Јосифоски кој ми велеше:
-Добар ден, Зоран новинарот ми треба, овдека Милчо Јосифоски од село Оровник го слушнав гласот на Милчота , од другата страна на телефонската линија.
-Јас сум! – му одговрив.
-Како си ми Зоране?- ме праша.
-Добар сум, -му реков.
-Ќе ме израдуваш?- зачудено ме праша.
-Кажи им на твоите соселани дека за манастирската слава посветена на Света Петка Римјанка, меѓу народот попозната како Света Петка летна ќе дојдам во Оровник, ќе дојдам ден пред празникот, на самиот заслог, на вечерното богослужение, а богами присутен ќе бидам и на утринската литургија чие празнување се софпаѓа со празникот посветен на Света Петка Римјанка-Света петка Летна- му порачав.
-Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега – со радост одговри Милчо Јосифоски..
На пат за Оровник ден пред празникот посветен на Света Петка Летна тргнав во пладневните саати од скопската автобуска станица со автобусот кој според возниот ред секој ден поаѓаше во дванаесет часот триесеттина минури и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-Тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, на самиот влез во селеото Оровник го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина за Струга.. По краткиот престој на местото каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто Оровничко џаде кое ме донесе до средселото, каде што ме пречека Милчо Јосифоски и заедно со него со неговото возило стасавме во манастирскиот двор, каде што ме пречекаа неговите соселани, кои ги привршуваа празничните подготовки, поточно речено за празнувањето посветена на Света Петка Летна, чија многувековна традиција продолжува и денес и професорот Драгослав Миноски, еден од најпознатите не само во македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм кој беше дојден во селото Оровник по нова истражувачка географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко географско-антрополошко и историографско истражување за славно дебрцката регија и за селото Оровник ќе ви ги пренесеме во оваа репортажа.
-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си го дадовме и на зборот што им го дадовме на на моиве Оровчани ми велеше Милчо Јосифоски..
-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, а посебно на нашиов пријател Драгослав Миноски, ви стоиме на располагање, за се што ви треба, за вечерашново и утрешното празнување – ми велеше мојот домаќин Милчо Јосифоски..
Почитувани мои, пред тие да ни ги раскажат многуте црковно-духовни празнувања посветени на манастирскиот комплекс Света Петка Римјанка во селото Оровник, моите домаќини не замолија најсетне ние да ни ги им ги раскажеме нашите досегашни историографски сознанија за црковно- манастирскиот духовниот живот во селото Оровник во изминативе векови. Нивниот предлог со задоволство го прифативме.
Почитувани мои пред да го проследите празнувањето, поточно речено од заслогот, вечерната богослужена литургија, вечерната трпеза, утринската богослужена литургија, богослужениот ручек во чест на Света петка Летна Свети Климент предлагам да ги проследите досегашната географско-антрополошка, историогрфска и црковно-манастирска мисисија, во струшкава регија и за селото Оровник во изминативе децении на професорот Драгослав Миноски во продолжение на оваа репертажа.
Зародишот на црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Оровник му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи за црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Оровник датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Оровник не може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на духовниот живот..За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Оровник илјадници години зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од македонската кралска династија на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј владетел со Македонија, како дел од Византија и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел Цар Самоил и на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори Михаил IX Палеолог и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што се споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до 1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Оровник е забележан и во Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 8 од 1436 година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, во пописниот дефтер од 1446 година, во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562 година и во 1582 година отпманските пописни дефтери од 1565 година, 1570 година.
Професорот Јован Трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област издадена во Белград 1992 година , го забележал следново:- Во и околу селото Оровник постојат многу траги од стари локалитети каде што се одвивал и денеска се задржал духовно црковниот и манастирски живот.
Почитувани мои пред да проследите дел од видео записот од вечерното богослужение, вечерната богослужена трпеза што ја организираа членовите на манастирскиот одбор во чест на Света Петка Римјанка во служение на парохискиот свештеник заедно со соборскиот народ предлагам да ве запознаам со моите историографски сознанија за светицата Света Петка Римјанка.
Света Петка Римска во православието е признаена како христијански маченик, која живеела во текот на 2 век. Таа е родена во Рим, во времето на владеењето на императорот Адријан, од христијански родители – татко Агатон и мајка Политеја. Нејзините родители долго време немале деца и постојано му се молеле на Бога да им подари барем едно дете. Нејзиното име произлегува од тоа што таа е родена на денот петок. Бидејќи по потекло била од христијанско семејство, таа го добила името Параскевa, чие име го означува петтиот дел од седмицата а тоа е денот Петок. Исто така бидејќи, таа е родена во петок, денот кога евреите се подготвувале за празнување на саботата, името Параскева означува и “подготовка.Света Петка е позната и под името: Света преподобна маченичка Параскева Римјанка.
Родителите на Параскева биле мошне имотлии што овозможило таа да се здобие со добро образование. Уште од млади години, таа била воспитувана во духот на христијанството, така што кога научила да чита, Библијата била нејзиното омилено четиво. Исто така, како задолжителен дел од образованието на децата од добростоечките семејства во тоа време, таа ја изучувала темелно и филозофијата. Привлечени од нејзината извонредна убавина и интелигенција, многу синови на угледните семејства ѝ нуделе брак, но таа ги одбила сите.
Родителите на Параскева починале кога таа имала 20 години. Исполнета со христијанските идеали и христијанскиот дух, и како единствено дете и наследник на семејниот имот, таа продала сè што поседувале нејзините родители, заработените пари им ги поделила меѓу сиромасите и се замонашила, проповедајќи го христијанството.
Незаштитена и во многу опасни времиња, кога христијаните биле прогонувани, ѕверски мачени и погубени во Римското Царство, Параскева остатокот на својот живот го поминала подучувајќи ги луѓето на христијанската вера и успеала да преобрати многу луѓе во новата религија. Поради дарините што и го дарил господ бог за ширењето на христијанството , била наклеветена од еврејските швестеници кај императорот Антонин Пиј. Тој се воодушевил од нејзината необична мудрост и убавина и ѝ рекол да им принесе жртва на боговите, а ако не прифати, ќе биде подложена на мачење. Но, Параскева му одговорила на царот: “Јас никогаш нема да се откажам од Христос, мојот Бог!.
Тогаш, царот се разгневил и наредил на главата да ѝ стават вжештена римска метална капа, но таа останала неповредена. Потоа, царот наредил еден голем казан да се наполни со врело масло и смола и тој ја фрлил Параскева во казанот. И покрај тоа, таа стоела среде казанот, неповрдена. Зачуден од глетката, царот ѝ рекол: “Параскево, попрскај ме со маслото и смолата за да видам дали навистина жежат.” Параскева зела во раката масло и смола и го попрскала в лице, а царот веднаш ослепел. Тогаш, тој започнал гласно да ја моли и да бара помош со зборовите: “Смилувај се на мене, слугинко на вистинскиот Бог, па и јас ќе поверувам во Господ кого ти го проповедаш.” Параскева му се помолила на Бога и царот веднаш прогледал. Од тој момент, царот поверувал во Христос и се преобратил во христијан.
Св. Петка го напуштила Рим на триесетгодишна возраст и проповедала во неколку градови. Во време кога еврејските свештеници ги обвинувале христијаните за разноразните несреќишто се случувале Параскева била честопати прогонувана, затворана и мачена, но останала непоколеблива и верна на својата мисија. Проповедајќи го христијанството, таа стигнала во еден град, управуван од управителот на градот Асклипиј пред кого изјавила дека Христос е Бог на небото и на земјата. Разгневен, Асклипиј ја испратил во една пештера, надвор од градот, во која живеела некоја страшна змија, но од присуството на Параскева, змијата се вовлека во пештерската темнина. Увидуваќи го тоа самиот Асклипиј посакал и го примил христијанството.
Подоцна, св. Петка пристигнала во друг град во кој владеел Тарасиј, пред кого, исто така, изјавила дека Христос е вистинскиот Бог. Поради тоа, кнезот ја фрлил во котел полн со врело масло, смола и олово, но Господ испратил ангел од небото, кој го оладил котелот. Така, св. Петка останала неповредена. Тарасиј ја ставил на други тешки маки, но таа не се откажала од верата во Христос,а Тасиј наредил со меч да и се отсече главата. Тоа се случило во 140 година. смртта, Нејзината душа како гулабица одлетала на небото., каде што по незиното упокоение биле забележани бројни чуда, а христијаните ги посведочиле нејзините божествени чуда.Незините свети мошти се наоѓаат во Цариград.Празникот Св. Петка се празнува на 26 јули по стариот календар, т.е на 8 август по нов стил.
Почитувани мои приквечерните сончеви зраци милуваќи ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката пред се манастирскиот комплекс Света петка Римјанка ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Света петка Римјанка,а ширум северниот дел Струшкото Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото оровник.. Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои предлагам дел од вечерното богослужение со кои началствуваа свештеници од струшката парохија кое се одржа во манастирскиот храм Света Петка Римјанка во чест на Света Петка, богослужената вечерна трпеза, која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од памтивека па се до ден денешен да проследите во продолжение на оваа репортажа
Почитувани мои утринските сончеви зраци милуваќи ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката пред се на манастирскиот комплекс Света петка Римјанка ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Света Петка Римјанка, а ширум северниот дел Струшкото Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Оровник.Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои предлагам дел од утинското богослужение со кои началствуваа свештеници од струшката парохија кое се одржа во манастирскиот храм Свети Климент Охридски во чест на Света Петка Римјанка и црковниот богослужен ручек, која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од памтивека па се до ден денешен да проследите во продолжение на оваа репортажа.
Почитувани мои не ми се напушташе селото Оровник, морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во струшкава регија, со едно ветување дека повторно ќе дојдам во селото, на духовниот празник Богојавленије двеилјадо дваесет и четвртото господово лето саде господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.