Региони

Просветно-образовниот процес во поречието низ вековите

 Да се биде хроничар за Општина Македонски брод, посебно за поречието, за Горно и Долно Порече, посебно за просветителско-образовниот процес кој се одвивал на поречкиот простор низ вековите  е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот поречки просветителско-образовниот процес кој се одвивал на поречкиот простор низ вековите

Да се биде хроничар за Општина Македонски брод, посебно за поречието, за Горно и Долно Порече, посебно за просветителско-образовниот процес кој се одвивал на поречкиот простор низ вековите  е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот поречки просветителско-образовниот процес кој се одвивал на поречкиот простор низ вековите, мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов својствен начин, да ги пренесе оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне, запишуваќи го, обработувајќи го во документаристички аудиовизуелен запис, чии историографски податоци   му се блиски, ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, гледачот а читателот и гледачот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Почитувани мои, поминаа речиси печеснаесет години како крстарам низ поречиево. Почитувани мои прелистуваќи ја историографската архива за поречиево, по прецизно кажано за просветителско-образовниот процес низ вековите, копајќи низ   историографските документи,  расфрлани речиси во педесет и четирите поречки училишни згради, а воедно така народно да се изразам „медиумско мајтапење“ со единаесетте матуранти од Средното општинско училиште „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод,   од учебната 2022/2023 година, чие мајтапење  така народски да се изразам им се удри од глава на многу елитни гимназии во Република Македонија со неможноста да ги  пополнат планираните  средношколци во  прва година во  учебната 2023/2024 година, ме наведе сите мои досегашни сознанија, а воедно и досегашните сознанија како на поранешните просветни работници  ширум поречието, така и на сегашните учители и наставници  за просветителско-образовниот процес низ вековите во Македонија, посебно во  поречиево,  па се до денешницава  наша насушна во поречиево  да ви ги пренесам во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои пред да ве запознаам со просветителско-образовниот процес, поточно народски кажано со живите училишта во кои се одвива образовниот процес како во  основното образование така и со  средното образование во  поречијата предлагам  да ви ги пренесам моите досегашни  сознанија за просветителско-образовниот процес во поречието низ вековите, копајќи низ   историографските документи, во изминативе неколку децениии  во продолжение на оваа репортажа.

 Почитувани мои, сигурно секој од вас се сеќава  училишниот двор, на училишната зграда, училишното ѕвонче, на училницата, на училишната клупа, училишното столче,  на првиот училишен час во прво одделение, на другарчињата од прво одделение на првиот учител со кого заедно на часовите мајчин македонски јазик ја учеа азбуката, научија да пишуваат, читаат, ја научија првата стихотворба, на часовите по математика кога ги научија броевите, да собираат, одземаат, ја научија таблицата множење и делење, научија да цртаат  цртежи по часот  ликовно воспитание, да ги пеат песничките со нотно пеење по часот  музичко воспитание, сигурно ги паметат часовите по физичко воспитување, природа и опоштество, на многубројните приредби, на ученичките книшки во кои беа запишани оценките, на првиот полугодишен училишен и летениот годишен  распуст.

Светлината  на просветителско-образовниот процес во поречието  создавана од Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците, Алмопите, Мигдонците, Крестонците, Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура македонска, како дел од културниот простор на Древна Македонија, на македонската кралска династија на Аргадите, надополнета за време на Римската империја, на византискиот император Јустинијан Први во неговата Единаесеттата и Стои триесет и првата Царска  Новела, издадени  во 535 година, при  основањето на Архиепископијата Јустинијана Прима, чии Јустинијанови  новели  важат и за Охридската Архиепископија.и денеска зрачи низ оваа регија.

Светлината  на просветителско-образовниот процес во поречието и денеска зрачи во мноштвата црковни повелби и житија  од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил од 979 до 1014 година, црковните записи кои датираат од времето на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир, од 1014 до 1018 година, византиските црковни  записи од времето на Јован Скилица и императорот Василиј Втори  од 1018 до 1025-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, црковните  грамоти на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, црковната повелба од 1283 година  од Крал Милутин , Хрисовулот  на кралот Милутин од 1300 година посветен на поречкиот манастир „ Рождество на пресвета Богородица“,Хрисовулот  на кралот  Стефан Душан од 1346 година до 1335 година посветен  на поречкиот манастир „ Рождество на пресвета Богородица“,црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ -Несилниот од 1356  година,  кралот Димитрија Волкашин  од 1365 до  1371  година и на кралот Марко од 1371 година.до  1395 година.

Светлината  на просветителско-образовниот процес во поречието зрачи низ  пописниот отомански Дефтер број 4 од 1395-1398 година, отоманскиот дефтер од  1407 година, пописниот дефтер од 1447 година, отомански пописен дефтер број 8 од 1485 година, отоманскиот  дефтер од 1510/511  година, отоманскиот дефтер  од 1520 година.

Просветителско-образовниот процес во поречието зрачи и по 1520 година, народски кажано до 1800 година. Во почетокот на XIX век во поречието единствени центри каде што на македонски црковен книжевен јазик се описменувала исклучиво машката популација, биле црковно-духовните келијни училишта при црквите и манастирите каде што воедно се  подготвувал и свештеничкиот кадар.

Периодот од 1870 година па се до  почетокот на дваесеттиот век  е период на се поголемиот развој на трговијата и занаетчиството во поречието, кое создала услови и потреба за отворање на училишта со световно образование, чија настава се изведувала на македонски народен јазик. Во почетокот на втората половина на деветнаесеттиот век  отворањето на нови световни училишта на макеоднски народен јазик во поречието  било попречено од засилување странските пропаганди,најсетне преку  Цариградската патријаршија, односно грчката пропаганда, бугарската егзархија, односно бугарската пропаганда и српската патријаршија, односно српската пропаганда. но процесот на отворање на училишта на македонски јазик  не застанал, таа борба ја продолжуваат макеоднските учители кој своето образование го стекнале во Отоманската империја какао отомандки учители, во Грција  како грчки учители, Бугарија како бугарски учители и Србија како српски учители, со тоа трајно го  спречуваат обидот  за асимилација на Македонскиот народ како од страна на грчката пропаганда која во поречието е присутна од 1850 година  до 1879 година, на егзархо- бугарската пропаганда која во  поречието е присутна од 1879 година до  1913 година и од 1941 година до 1944 година, српската пропаганда која во поречието е присутна од 1913 година до 1941 година.

Просветителско-образовниот процес во поречието на мајчин Македонски јазик се остварува за време на НОБ, поточно од  1944 година, според историските насоки за стандардизацијата на македонскиот јазик кои ги има дадено Крсте Петков Мисирков во  книгата „За Македонцките работи“ кои беа прифатени и потврдени на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година,каде што  е  донесена одлука за воведување на македонскиот јазик како службен во новоформираната македонска држава, првично во педесет и четирите села, каде што наставата  се одвива до четврто одделение, потоа  во седиштата на десетината околиски НОО, каде што наставата се одвива од петто до осмо одделение, каде што во  педест и четирите села  се изградени  педесет и четири училини згради. Од 1945 година па се до 1990 година во  поречијата престојувле оклу двесте учители, во овој временски период основно училите завршиле оклу 25.000 ученици.

Почитувани мои предлагам  да ве запознаам со просветителско-образовниот процес, поточно народски кажано со живите училишта во кои се одвива образовниот процес како во  основното образование така и со  средното образование во  поречијата во  во продолжение на оваа репортажа.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print