Ете како што вели народот господ милуваше атараот на скопската Општина Петровец да го крстарам во изминативе неколку години за која направив дваесеттина документарни репортажи , во кои мештаните од неколкуте населени места ми го раскажа минатото на нивниот роден крај, надополнети со веродостојни сведоштва и историски аргументи, митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи. со надеж дека меѓу помладите по раѓање или по потекло од оваа област , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.
Ете како што вели народот господ милуваше овој пат даго посетам селото Катланово, по покана на црковно манастирскиот одбор на соборната црква Свети Никола, црквите Свети Сисоја, Света недела Недела и манастирот Свети Илија, да направам нов документарен видео запис, поточно речено да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа село, за не дораскажаните приказни кога го посетив ова село пред двасетина години, за чие село усните преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија, а воедно да бидам гостин и на православниот празник Свети Атанасије Александриси, меѓу народот попознао како Атанасије зимен.
Почитувани мои како по стар обичај кога патувам низ селата во Република Македонија , особено за големите духовни црковни или манастирски празници , доаѓам во самата приквечерина пред празникот за да присуствувам на заслогот, на самотото вечерно богослужение и благословената вечерна црковна трпеза, а воедно за да присуствувам и на утринската богослужбена литургија благословениот црковен или манастирски ручек. Почитувани мои , моето доаѓање во селото Катланово иако така да речам беше во стандардна форма, сепак беше видно изменето, затоа што празнувањето во селото Катланово на Свети Атанасије Александриски, меѓу народот попознат како Свети Атанасије зимен, да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа село, за не дораскажаните приказни кога го посетив ова село пред десеттина години, за чие село усните преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.
Почитувани мои, откако така да речам со црковно манастирскиот одбор на неколкуте цркви и манастири од ова село си сторивме здраво-живо, ме замолија, најсетне јас да им ги раскажам моите досегашни историографски сознанија за празнувањето на православната екумена, како и на македонскава православна екумена за празнувањето посветено на Свети Атанасије Александриски, меѓу народот попознат како Свети Атанасије зимен, копајќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги раскажат многуте приказни за православните христијански адети, обичаи и традиции посветени на овој светител што ним им ги пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа. Нивниот предлог со задоволство го прифатив.
Почитувани како по стар адет и обичај уште петли не пропени , во мугрите на сам ден Свети Атанасије Александриски, меѓу народот попознат како Свети Атанасије зимен, кој се паѓа секое господово лето на триесет и први Јануари и ова две илјадо дваесет и четвртово господово лето црковниот питроп и ова утро пред ја чукна камбаната, обзнанувајќи го празнуањето на православната екумена посветена на овој светител , со тоа што им даде до знаење на мештаните од селото Катланово дека набрзо ќе започне утринската богослужба во месноста црквиште, во така да речам црковната трпезарија, каде што порано се наоѓал средновековниот манастир Свети Атанасије Александриски кој во втората половина на осумнаесеттиот век бил разурнаат со пустошењето на селото Катланово од арнаутскиот башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, кој бил уништен од отоманскиот падишах. Набргу од сите народски кажано селски патчиња и сокачиња врвулица народ во правец на месноста црквиште во правец на црковната трпеза заедно со овогодишниот домаќин ова ова празнување Борче Ѓорѓиевски. Набргу месноста црквиште, поточно речено манастирскиот двор каде што се до втората половина на осумнаесеттиот век постоел многувековниот манастир Свети Атанасије Александриски.
Почитувани мои пред да го погледнете видео записот од утринската богослужена посветена на светителото Свети Атанасије Александриски со која чинончалствуваше парохискиот свештеник од скопското црковно намесништво заедно со соборскиот народ, предлагам да ги надоплните вашите сознанаија со историографските сознанија за за самиот светител Свети Атанасије Александриски во продолжение на оваа репортажа.
Секое господово лето на триесет и први Јануари светата Црква прославува двајца големи црковни учители: светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, и светиот Кирил Александриски. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Уштe oд дeтствoтo бил наклoнeт кoн духoвниoт пoзив. Во младоста се стекнл со солидно образование. Светиот Атанасиј, со својот живот, со своето делување и со својата извонредна интелектуална дарба, но уште повеќе со својата силна и непоколеблива вера, е светлина која свети и ги осветлува тогашните простори на Византиското Царство. Со својата ученост и со својата храброст тој ќе се покаже како првенец во исповедањето на православието. Уште како млад, неговата ревност ја забележал архиепископот Александар, па кога потпораснал го земал со себе и набргу станал ѓакон во Александриската Црква. Со својата ученост и со својата храброст тој ќе се покаже како првенец во исповедањето на православието. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква. Тој, како архи ѓакон, го придружува Архиепископот на Александриската Црква Александар Александриски на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година каде што меѓу другото се расправало против еретикот Ариј , ариевската ерес. За време на Соборот, на кој, се покажал како најголем ревнител во формирањето на правата и вистинска вера.Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.
Пo смртта на на Архиепископотна Алекссандриската црква Алeксандар, Атанасиј бил избран за архиeпискoп Алeксандриски. Какo архиeпискoп oстанал пoвeќe oд 40 гoдини, иакo нe бил цeлo врeмe на архиeпискoпскиoт прeстoл. Бeз малку, скoрo цeлиoт свoј живoт бил гoнeт oд eрeтицитe. Свети Атанасиј продолжил ја наследил Александриската катедра на упокоениот Александриски Архиепископ Александар. Автор е на првиот дел, односно на првите осум члена од Символот на верата., кој е усвоен на Првиот Микенски собор.
По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Најпрво ја одбил сугестијата на царот Костадин, да биде потолерантен кон ариевците. Свети Атанасиј ја одбил наредбата на царот, анатемата издадена кон еретикот Арие да биде повлечена и да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија.
Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години., а останатото време од неговото 47 годишно архипастирство е исполнето со непријатности и маки. Дури прeд смртта, нeкoe врeмe прoживeал мирнo какo дoбар пастир мeѓу свoeтo дoбрo стадo кoe вистински гo љубeлo. Малку сe свeтитeли кoи билe така бeзoбѕирнo клeвeтeни, така свирeпo гoнeти какo св. Атанасиј. Нo нeгoвата гoлeма душа пoднeсла трпeливo сè заради љубoвта Христoва и најпoслe излeгла пoбeдoнoснo над сeта таа страшна и дoлгoтрајна бoрба. Свети Атанасије се упoкoил вo Свoeтo царствo вo 373 гoдина.
Почитувани мои, богами, мерак ми беше што ете господ и мене ме донесе да дојдм во селото Катланово и за него да направам документарна репортажа, а воедно да бидам гостин на христијанскиот православен празник Свети Атанасије , чиј празник мештаните од ова село си го слават во иаминативе векови, а чија традиција се пренесува од колено на колено. Почитуванои мои предлагам да го проследите аудио виауелниот запис за празнувцањето посветено на светителот Свети Атанасије овде во селото Катланови во продолжение на оваа репортажа.
Почитувани мои не ми се заминуваше од селото Катланово, ги оставам мештаните си заминувам од селото Катланово, за да направам документарни записи и во другите села распослани во Скопска Блатија.