Региони

село Пресил

Почитувани мои,  утринските   сончеви зраци милуваќи  црковниот комплекс Свети Ѓорѓија во  селото Пресил ја навестуваа празничната атмосфера ,а како од градот Крушево,  и и неговите  приградските населби како и од селските населби од  Општина Кривогаштани, како бисер гердан се зареди народ  во правец на црквата Свети Ѓорѓија. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Поминаа речиси печес години кога заедно  со мојот пријател,  долгогодишен печалбар во  Германија, повратник во  родната Македонија, родум од прилепското село Вранче, Димче Ковилоски, за неговото родно село Вранче  и за ова село направив документарен запис.

На сам ден на Свети Никола зимен две илјадо дваесет и второто господово лето во прилепското маало Жабино маало, околу малото црквиче кое го носи името на патронот на градот Прилеп Свети Никола, каде од страна на црковниот одбор бев поканет да направам документарна репортажа за празнувањето за овој празник,  меѓу соборскиот народ, беше дојден и вранчанецот Димче Ковилоски, кој така да речам во  меѓусебниот разговор ми рече дека некаде пролетта двае илјадо дваесет и третово господово лето ќе оди на аџилак на светиот гроб во  Ерусалим, а кога ќе се врати мерак ќе му биде да направам еден нов документарен запис  како за неовиот аџилак во  Ерусалим така и  за родното село на неговата сопруга Дана,  прилепското село Пресил.

Помина речеиси две-три месеци од последната средба со  Димче Ковилоски на сам ден на Свети Никола зимен две илјадо дваесет и второто господово лето во прилепското маало Жабино маало, и од така да речам во меѓусебниот разговор ми рече дека некаде пролетта двае илјадо дваесет и третово господово лето ќе оди на аџилак на светиот гроб во  Ерусалим, а кога ќе се врати мерак ќе му биде да направам еден нов документарен запис  како за неовиот аџилак во  Ерусалим така и  за родното село на неговата сопруга Дана,  прилепското село Пресил, кога на сам ден на Света Петка Римјанка, на осми август ова двеилјадо дваесет третово господово лето бев дојден водримколското село Горна Белица и за ова населено место да направам документарна репортажа,  во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Димчета Ковилоски  кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Сигурно се  сеќавате на мене. Јас сум Димче Ковилоски од Вранче.– ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- му одговорив.

– Ете Зоране , како и што ти велев пред неколку месеци, деновиве се вратив од аџилак од Ерусалими као што ти предложив најсетне желба мие да направиш еден видео запис од моите импресии и мојот аџилак во  Ерусалим, а воедно   од името на црковниот одбор на црквата Свети Ѓорѓија од селото Пресил, на сам ден на Голема Богоројца ова две илјадо дваесет и третово господово лето  ве покануваме да ни дојдете на гости на нашата слава  која секоја година ја празнуваме, со што си ја одржуваме традиција, која од колено на колено се пренесува низ вековиве , ем за црковната слава, ем и за селово Пресил да направиш едно убаво слико, онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

.-Кажи им на членовите на црковниот одбор и на овогодишните домаќини дека на Голема Богородица ќе дојдам во Пресил!- му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега.- со радост одговри Димче Ковилоски.

На пат за Пресил, поточно најсетне за Прилеп, тргнав  ден пред празникот Голема Богородивца од скопската автобуска станица, затоа што мојот верен долгогодишен пријатњел олд тајмерот  камазот, беше на одмор во  моето село Рилево, со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, стасав во Прилеп , каде што ме пречека , еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски од каде што заедно  се   упативме во правец на семејниот дом, кој се наоѓаше во непосредна близина на новата автобуска станица,   на   Димче Ковилоски и од како си рековме здраво-живо си го почнавме муабетот на долхго и на широко, а воедно и за неодамнешниот престој на Димчета Ковилоски во  градот Ерусалим, во  Израел.

На пат за прилепското село Пресил, и овој пат тргнав рано, мошне рано, пред изгрејсонце, во  раните мугри, со мојот долгогодишен пријател стариот олд тајмер џипот со камазот,  кој така да речам неколку дена заслужено одмараше во моето родно село Рилево, на сам ден на Голема Богоројца  најсетне во правец на селото Ропотово, а оттаму по дваесет и печес кривулестата  асвалтирана патна делница Ропотово-Кртивогаштани-село Пресил, за да стасам навреме на утринското богослужение во црквата Свети Ѓорѓија, каде не пречекаа неколку мината овогодишни домаќини, првиот меѓу кои и Димче Ковилоски.

Почитувани мои,  утринските   сончеви зраци милуваќи  црковниот комплекс Свети Ѓорѓија во  селото Пресил ја навестуваа празничната атмосфера ,а како од градот Крушево,  и и неговите  приградските населби како и од селските населби од  Општина Кривогаштани, како бисер гердан се зареди народ  во правец на црквата Свети Ѓорѓија. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

-Зоране, сиот соборски народ, тебе а посебно  на  нашиов  пријател Драгослав Миноски, ви стоиме на на располагање, за се што ви треба, а тој лебами не само што добро го познаваи сторискиве збиднувања  овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познава историското духовно битисување на овие краишта  гледајќи го по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои, пред да го гледате видео записот од утринската богослужба, со која чиноначалствуваше пархискиот свештеник, црковниот богослужен ручек, како и општонародниот собир во  чест на духовниот празник посветен на Голема Богородица во  пресилската црква Свети Ѓорѓија, предлагам  најсетне да ги  слушнете досегашните  историографски сознанија за селото Пресил, на  еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви.

Почитувани мои, видео записот од утринската богослужба, со која чиноначалствуваше пархискиот свештеник, црковниот богослужен ручек, кои го приредија домаќините во чест на Голема Богородица во  црковниот двор  на црквата Свети Ѓорѓија како и општонародниот собир во  чест на духовниот празник посветен на Голема Богородица во  пресилската црква Свети Ѓорѓија, предлагам да го гледата во  продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Пресил, на црковната слава посветена на Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот попознаат како Голема Богоројца во  пресилската црква Свети Ѓорѓија, го оставам соборскиот народ присутен  во црковниот двор да си  го празнуваат овој духовен православен празник, со  едно ветување дека пак ќе наминам во  селкото пресил, саде господ на сите нам живот и здравје да ни даде.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print