Региони

село Сирула (прв дел)

Селото Сирула е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Поминаа  речиси седумнаесет    години кога заедно со еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори  и во современава наша насушна денешница фотограф, камерман, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на првата приватна телевизија Телевизија А1 Лука Суша ја посетивме Охридската регија, поточно речено селото Вапила каде што ме пречекаа  мештаните и ни раскажаа многу многу приказни за историското битисување на ова село, за домаќинлакот на мештаните, , за некогашното полно средсело со народ во селото и за се она што е знаено и не знаено за ова населено место , а сето тоа го  преточивме во  аудиовизуелен запис  зза утринската програма Рано Ден,

Помина речеиси неполна година  од нашата средба со Васко Маркоски  на манастирската слава Света петка во селото Оровник  и за ова село да направам документарна репортажа., кога во неврзан разговор ме покани да направам репортажа и за неговото родно село Сирула. кога на сам ден на празникот Свети Атанасије каде што бев дојден во велешкото село Долно Чичево  и за него  да направам репортажа , заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Васко Маркоски   кој ми велеше:

-Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Васко Маркоски   од село Сирула,,човекот со кого се запозна во селото Оровник– ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- му одговорив.

-Од името на месната заедница и од црковниот одбор на црквата Свети Никола ве покануваме да ни дојдете на гости на нашата манастирска слава посветена на Света Петка, која секоја година во црковниот двор си се собираме , ем за славта , ем и  за селово мое да направиш едно убаво слико,сето село ќе биде збрано  онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време, поточно речено неколку дена пред празникот Свети Никола го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Васко Маркоски   заѕвонив.Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Васко Маркоски   од село Сирула ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

-Добарден, овдека Васко Маркоски    од село Сирула, Зоране ти ли си!-го слушнав гласот на Васко Маркоски, од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -му реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека за Свети Никола  ќе дојдам во  Сирула!- му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш ние Оровничани  два дена гости чкаме и заслог правиме, а утредента и покрсти одиме, Многу народ ќе има. За овој ден дури  и од Америка и Австралија, си идаат- со радост одговри Васко Маркоски.

Речено сторено, што се вели, ден пред празникот посветен на Свети Никола народски кажано за охридското село Сирула тргнав попладнето  народски кажано  , со новиот воз кој многумина го нарекуваат “Кинезот Це Тунг” , по поранешниот кинески државник Мао Це Тунг.кој од железничката станица во Скопје , во правец на Прилеп според возниот ред секоја приквечерина  поаѓа во дваесет часот и пет минути.

Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо  за  неполни два часа возот помина низ Таорската Клисура, движеќи се паралелно со реката Вардар, навлегуваќи во живописниот предел на Азот, низ колоритната убавина која со векови ја создаваат долината на река Бабуна и планинските горостаси Мокра Планина  со Солунска Глава, Мочур и Бабуна, застануваќи за кратко во многувековното село Богомила, накачуваќи се под падините на Орешка Чука , неуморно пробиваќи се низ така да речам дваесет промилска стрмна железничка делница од дваесетина  километри, се до Богомилскиот тунел, поминуваќи ја неговата  четири километарска должина за неполни две минути, попатно застануваќи на железничката  станица, точно според возниот ред во железничката станица  Прилеп  пристигна точно во дваесет и три часот, каде што ме пречекаа Димче Ковилкоски  и  Драгослав Миноски , каде што со  возилото на Димче Ковилоски во раните утрински саати со  неговото возило стасавме во  селото Сирула, каде што во црковниот двор не пречека Васко Маркоски  заедно со неколкуте мештани кои ги завршуваа пред празничнаите подготовки за  празнувањето посветено на Свети Никола, чиј патрон го  носи името црквата, Свети Никола..

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на  моиве соселани – ми рече.

– Зоране, навистина се радувам што те гледам Зоране, ама и што со тебе  е другаров со  белава коса што саде везден го  гледаме на телевизорон  во  репортажине , мислеќи на еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски..

Додека така да речам на параванот пред селската продавница со моите домаќини Милчо Јосифоски, Љубе Нелоски- Топлак и Климе наумоски -Клисарот го допивавме утринското кафе набрзо пристигна и Драгослав Миноски. Почитувани мои навистина мило ми беше на душичката кога забележав како лицата на Милчо, Климе и Љубе им се радуваа  што ете Оровник  е моето прво село кое заедно со Драгослав Миноски го посетуваме, од неколкуте покрај езерски  села кои се во  составот на Општината Дебрца.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, стоиме на на располагање, за се што ви треба, затоа ти лебами не само што добро ги познаваи сторискиве збиднувања   во овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познаваш историско духовно битисување на овие краишта  гледајќи те  по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои откако така да речам си ја допивме ракиицата народски кажано која ни ја наточи кооператотот во  старите ракиџиски чашина и си  го испивме утринското кафе, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини не  замолија најсетне ние да им ги раскажеме нашите   досегашни историографски сознанија за нивното село Сирула  копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа. Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Селото Сирула е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Минатото  и сегашноста на Сирула    е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Сирула    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска.

Селото Сирула    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Сирула    е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен  10-тина години после востанието на Ѓорѓија Кастриот.

Исто така селото Сирула е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага.  Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570,  а во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 40 домаќинства, а припаѓало на охридската каза и имало статус на дервенџиско село, каде што за безбедноста на патот кон Демир Хисар постоела стража на месностите  Висока Чука, и на Страине

Во втората половина на седумнаесеттиот век селото  му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици  ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег.

Според отоманскиот попоис од 1867 година селото броело 44  рисјански домаќинства. Пред крајот на турското владеење сопственици на чифлиците во селото Сирула   биле Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас–ага  , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег. Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 166 жители, од кои 146 православни Македонци и  20 македонци со мухамеданска вероисповед.

Кон крајот на отоманското владеење во селото Сирула постоеле четири чифлизи чи чифлиг сајбии биле Малик бег, Сали ага, Рифат ефенди, а името на четвртиот чифлиг сајбија името не му е познатао, каде што свои живеалишта имале изградено покрај постојните селани и чифчиите кои работеле на чифлизите на претходно спомнатите бегови.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година . селото имало 40 домаќинства и 125 жители Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, е забележано дека селото броело 440 жители,

Истиот податок е забележан и во   историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година, каде што  селото  броело 440 жители.

Дека  селото Сирула     на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Oхридска -струшка област  издадена во белград 1992 година , за селото го забележал следното:  Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од самиот град Охрид е оддалечено 18 километри. Сирула е планинско село во околината на градот Охрид, на самата граница со соседната областа Дебрца. Селото е од збиен тип и не се дели на маала Мештаните со вода за пиење се снабдуваат од изворите  Зенгова Чешма, Благунец и Света Петка. Старото село се наоѓало кај изворот Зенгоа Чешма. На старото село се наоѓа месноста Кутел. Во околината на селото некогаш постоеле два манастира. Едниот на граница со атарот на Вапила, во месноста Манастириште. Тој бил познат манастир и имал над 6.000 грла кози и повеќе монаси. Вториот манастир бил на месноста Света Петка, кој подоцна бил пренесен во селото Велгошти.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливаѓе, Св. Петка, Мартиној Ливаѓе, Езерец, Митра-Арен, Блажо-Нивче, Широка Арен, Топли Дол, Сирулска Река, Благуње, Велкоска Чешма, Манко Село, Длаги Рид, Турски Рид, Кутел или е и другивикани места  кои се распостилаат под планинскиот гребен во атарот на селото.

Јован Трифуновски   во својот научен труд Oхридска -струшка област за семејните лози во  Сирула го забележал следното: семејните родови на Јанчевци, Марковци, Таневци, Нечковци, Сабрчковци, Бандевци Младеновци, Гргушовци , Јонговци  и Ивановци  водат потекло од некогашното село Старо Село. Семејниот род  на Стојановци  во Сирула се доселил во почетокот на деветнаесеттиот род од селото Речица, Бачковци  доселени се во средината на деветнаесеттиот век од селото Велмеј,  семејниот род на Марковци  во Сирула  се доселил во  1878 година., додека пак семејните родови на Трпчевци, Крстановци и Гиновци иселени се во  селото Ливоишта, дел од семејниот род на Нечковци  сеиселил во  селото Горно Лакочереј, Сируловци иселени се во селото Долно Лакочереј. Крстановци во  Мислешево, Василевци, Наневци и Гроздановци  во Охрид. По вторатасветска војна од Сирула во селата велгошти и лескоец се иселиле петнаесет семејни родови  а во  Охрид сто семејни родови.

Јован Трифуновски   во својот научен труд Oхридска -струшка област за селото Сирула го забележал  следното  Вторта половина на осумнаесетиот век  за Сирула  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  е изградбата на претходно разурнатата  селската црква „Свети Никола“.

Јован Трифуновски   во својот научен труд Oхридска -струшка област за селото Сирула го забележал  следното  Во подалечното минато  мештаните од селото Сирула учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење, како што е востанието на Ѓорѓија Кастриот. Исто така во во периодот под Османлиско ропство од страна на сирулци  се појавува одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија. Мештаните од селото Сирула учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив Сирулци  како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. сирулци  активно се вклучиле во антифашистичкото движење. Од селото Сирула партизани и учесници  во НОБ биле Вангел Николоски и Аргиљ Вељаноски.

Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која покрај селото Сирула, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа и Косел. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Косел, од  од 1965 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Јован Трифуновски   во својот научен труд Oхридска -струшка област за селото Сирула го забележал  следното  Оскудното плодно поле, ги приморале сирулци својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Сирула    и кога ќе прошета низ селските сокачиња  и патчиња , нема да  се сретне со старата традиционална македонска чаршиска селска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, затоа што сирулци  одамна го имаат напуштено родното село, но можеби единствено нешто што ќе им го привлече вниманието дека од сирулци  нивното родно село не е заборавено е вообзновената црква Свети Никола, чија незина првична градба датира од првата половина на четиринаесетииот  век, под чии темели се наоѓа ранохристијанска базилика.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Сирула на празникот Свети Николалетен, чие име го  носи селската црква Свети Никола , ова две илјадо дваесет и третово господово лето . Почитувани мои како мештаните од селото Сирула си ја празнуваа нивната летна слава Свети Никола Леѕтен во  црковниот двор на црквата Свети Никола    ова две илјадо дваесет и третово  господово лето, ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print