Региони

Глобочани- село во Мала Преспа

елото Глобочани  се наоѓа на околу осум   километри јужно од албанско-македонската граница, на самиот брег  на Големото Преспанско Езеро  во Горичевиот Залив, лево   од патот Битола Корча, на полуостровот Осорник во северното подножје на возвишенијата Врвот и Стара Нива, во малата плитка стрмна долина  амфитеатарно поставено, со медитерански лик.

Поминаа речиси четириесетина години откако во  тогашната Радио телевизија Скопје , поточно речено во тогашното  Радио Скопје во радио  емисиите „ Глас од татковината“ и „ Нашите сонародници  во  странство“, под менторство на бардот на македонското новинарство Владо Гаџоски ја направив првата радио репортажа  со работен наслов „ Рилево-село во  Долненска околија“ , а нешто подоцна во  утринската програма на Телевизија Скопје „ Добро утро македонијао“ истата видео ја обликував под работен наслов „ Заборвени“ , каде што си поставив работна задача  еден ден не само што ќе ги  посетам речиси сите села во во вардарскиот дел на Македонија, туку и поголемиот дел од селските населби во пиринскиот, егејскиот, во областа Гора која се распостила во Србија , областа Голо Брдо и и деветте селски населби , населени исклучиво со Македонци во мала Преспа во Албанија. Како што одминуваа годините така мојата работна задача полека се реализираше.Поикрај илјада и седумстотините селски населби, според мојата евиденција од вкупните илјада девестотини осудесет и четирите села во Република Македонија, што ги имав посетено, десетина документарни видео записи што ги направив во егејскиот дел на Македонија, од вкупните според евиденцијата на Јован Трифуновски две илјади  и селски населби печес селски населби од вкупните дваесет и осумте според евиденцијата на Исмаил Бојда, во областа Гора, неколкуте населени места во  Пиринска Македонија од вкупните печестотини исто така според евиденцијата на Јован Трифуновски  и неколкуте села од вкупните шеснаесет според евиденцијата на Никола Ѓурај  во областа Голо Брдо , ете така да речам дојде денот како што вели народот да дојдам и меѓу македонците кои живеат во деветте села, во албанскиот дел на Преспа во Општината Пустец.

Одлуката така да речам беше донесена на сам ден на Вртолумдве илјадо и дваесет и првото господово лето, кога бев на снимање на нов документарен запис во мариовското село Крушејца, под самата падина на врвот Маргара, на местото викано Света Петка, каде што после неколку поминати векови, крушејчанецот Јоше Сајкоски , пред седумнаесет години  , по божја промисла започна со вообзновувањето на многувековниот манастир Света Петка , при самиот крај на празнувањето, прилепчанецот Валентин Попоски ми рече:

– Зоране да те прашам нешто,онака по прилепски, ќе може?

– Е како не може-му реков.

-Дали досега си бил меѓу нашинцине во  Мала Преспа, во  албанскиот дел, во  Општината Пустец, таму има девет села , чисто македонски, голема добрина ќе направиш, да направиш некое кадро, оти знаеш и тие се нашинци, македонсци по род, многу ќе се израдуваат?- ме прша.

-Долги години му се токмам, ама да бидам искрен и пред себе и пред тебе, ама и пред бога не сум бил- му одговорив.

-Бравос бре Зоране, бравос, е таков ќејф ми направи на душичкава моја, што досега никој не ми направил во  животецов мој досегашен-радосно ми посвикна Валентин Попоски.

Почитувани мои помина речиси една година од кога наминав во  селото Туминец  и триесетина дена  кога ги посетив селата Горна и Долна Горица , ете според господовото провидение наминав и во  селото Глобочани и за него  да направам документарен запис, каде што продолжив со снимањето на   започнав снимањето на документарниот  серијал во  девет продолженија со работен наслов „ Опшрина Пустец -историографски записи“.

Почитувани мои ова мое патешествие кај Македонците кои живеат во  Општината Пустец немаше  да биде реализирано бес соработката на првиот меѓу еднаквите во  Оптина Ресен градоначалникот на Општина Ресен  Јован Тозиевски и на стопанственикот Милчо  Кузманоски.

Речено сторено како што вели народот. На сам ден на Благоец  во раните утрински саати, од  Прилеп , преку Битола, Ресен, по магистралата Ресен -Царев Двор -граничен премин Стење и  по деведесетина минути „лагана вожња“, со возилото од марката „мерцедес“ под команда на Диме Степуле, откако ги поминавме граничните формалности, заедно со мојот пријател Валентин Поповски  пристигнавме во селото Глобочани.

Почитувани мои да бидам искрен , најпрво пред себе, пред вас, а и пред бога, пред да дојдам во  селово, Глобочани , неговата околина, го   замислував дека тоа сето е пуста пустелија, село, како од оние нашиве заборавените, села со неколку  жители, со  по некој старец, села со паднати куќи, плевни, обраснати дворови со  трње и капини, очекував да го  видам Глобочани од времето на владеењето на Енвер Хоџа, арно ама старинскиот лик ликот на селото одмана беше заменет со новата современа западна архиктектура со убави куќи, уредени дворови, распослани во непосредна близина на преспанските езерски води, полно село со народ, село со градски карактер, на кое можат да му позавидат приградските и градските населби во Република Македонија.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на Горническиот Залив, како дел од Преспанското Езеро,  може , а да не го забележи селото Глобочани  кое раскошно блескотеше под зраците на утринското преспанско сонце.

Почитувани мои предлагам поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија  за селото Глобочани со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Селото Глобочани  се наоѓа на околу осум   километри јужно од албанско-македонската граница, на самиот брег  на Големото Преспанско Езеро  во Горичевиот Залив, лево   од патот Битола Корча, на полуостровот Осорник во северното подножје на возвишенијата Врвот и Стара Нива, во малата плитка стрмна долина  амфитеатарно поставено, со медитерански лик.

Селото  од север се граничи со Долна  Горица и водите на Големото Преспанско Езеро, а преку нив со Република Македонија  и Грција, од југ со селото Шулин, на запад  се протегаат високите остри каменети сртови на галичица , а преку нив со селата Халарупи и Братомира.

Атарот на селото се распостила на тринаесет  квадратни километри, чиј простор претежно е ридско-планинско и рамничарско земјиште. Ридско-планинскиот дел е обраснат со дабова, дренова, габрова и букова шума и сочни пасишта. Обработливото земјиште  кое првенствено е црвенито и каменито  са распостила во западниот дел на полуостровот Бели  и по длабоко наведената длабока долина од двете страни на патот  Битола-корча во  должина од околу четири километри. Во атарот на селото нема изворишта и водотеци.Селото со вода за пиење претежно се снабдува од езерските води.

Селото Глобочани е македоско  христијанско православно село. Низ историографските документи неговото име се среќава како  Гламбоци, Гламбочани.  Селото  е од збијан тип, со  седумдесетина     куќи, кои  во минатото биле изградени од камен, на два ката , покриени со турски џерамиди, со мали дворни места. Селото се дели на две  маала, Горна, Долна маала.

-Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња : Барата, Бел Камен, Буката, Калуѓерско Гумно, Стара Нива, Сугарец, Требош, Чукало, Куку Бачило, Круша, Макрејца и многу други.

-Прв пат селото  Глобочани во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил од 979 до 1014 година   и црковните записи кои датираат од времето на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир , во записите на византиските записи од времето на Јован Скилица,  поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година ,  во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година,  , во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин кралот Димитрија Волкашин и македонскиот владетел Кралот Марко од 1371 година.

Податоци за селото Глобочани  се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1568 /69 година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како Горица а припаѓа на казите Горица, Биглишта и Хрупишта, како падишахски хас на нахијата Билишта., брои педест и две семејства. Пописниот Дефтер од 1665 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот ги содржи речиси истите податоци како и дефтерот број 4 за периодот за кој е пишуван. Во овој Дефтер , покрај другото е запишано дека селото и припаѓа на Ресенската  нахија и имало 14 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани. Во пописниот отомански дефтер од 1865 година е запишано дека селото брои 16 христијански куќи.

Дека селото Глобочани  на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:  “Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име  “ Стара Србија и Maкедонија  “   од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , издадена во 1889  година, каде што за селото е забележано дека селото имало осумнаесет   домаќинства со 40 жители, христијани Македонци. Додека пак Јохан Кан во патописот наменет за селото Глобочани запишал дека во 1868 година во живеат четириесет домаќинства Според статистиката на Васил К’нчов „Македониja, Етнографиja и статистика“ од 1900 година, во  Глобочани живееле 248   жители, сите Македонци. Според записите на Глигорија Трајчов кои датираат од 1912 година во тоа време се лото броело дваесет и осум кучи, а во селото живееле  254  жители  .Според записот на Бранислав Милоевиќ во 1917/1918 година   броело 35 домаќинства, додека според записите на Кирил Мундишев во 1923 година селото брои 320 жители , според Стерјо Спасе во 1932 година селото брои , а според зписите на Стерјо Спасе Глобочани во  1945  година брои триста четириесет и шест жители, во  1948 година 400 жители, во 1960 година бројот на жителите двојно се намалува, за да во 1969 година бројот  на жители изнесува  239, а во 1979 година 259 жители, и во 1998 година селото брои 71 куќа , 340 жители.

Старински родови во Долна Горица се Бојчевци, Баруљовци, Калешковци, Малевци, Ничовци, Србиновци , Ттанчевци.и Тушкаровци.

Втората половина на осумнаесетиот век  за  Глобочани  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатата  селската црква „Свето Блоштоење, која  се наоѓа во северниот дел на  селото., покрај брегот на  Големото Преспанско Езеро. Нема податоци за незината изградба.Се смета дека е мошне стара,  а воедно еи гробјанска цркава.  Во периодот од 1967 година па се до 1991 година црквата е претворена во  дом на културата, а во дел од незините припратни простории  биле претворени во казарници.Уништен е иконостасот и фрескоживописот,.

Црквата Свети Ѓорѓија се наоѓа во северозапаниот дел на селото,покрај езерото, во  месноста викана  Грло. Реобновена е во  1937 година. И оваа црква е гробјанска црква, во  која во овој временски период се донесени дел од гробиштата од црквата Свето Блоштоење.Во периодот од 1967 година , па се до 1991 година цркавта беше претворена во  живинарска фарма. Пештерната црква Свето Блоштоење се наоѓа на три километри југоисточно од селото ,покрај езерскиот брег.Кога е градена, кој е ктиторот, кога е разрушена оваа пештерска црква нема податоци. Се смета дека оваа пештерна црква е една од најстарите од ваков вид во  преспанско.

Селото  Глобочани уште од памтивека имало учени луѓе. Првото училиште е отворено во  1889 година во  перштерната црква црквата Свети Блоштоење , наставата ја изведувала од селските попитропи и попови на македонски црковен книжевен јазик и писмо. за да за време на балканските војни и за време на Првата и Втората Светска војна наставата наизменично се извршувала најсетне на грчки, бугарски и албански јазик, за да од 1946  година на македонски мајчин јазик, во  училишна зграда  изградена во  1913 година. Прв учител бил Христо Мушески.

Во подалечното минато  мештаните од селото  Глобочани учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Од пред илинденскиот, илинденскиот па с едо почетокот на првата балканска војна на овие простори  престојувала Леринската чета предводена од војводата Илија Дигалов , родум од селото Вмбел.

Од по илинденскиот период па се до  1912 година  селото е беговски чифлик кој се задржал се до  1940 година. Селото  Глобочани  не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна, каде што во 1912 година селото припаѓа под српска власт, за да во  1913 година под грчка власт,  како и од Првата светска војна,  каде што за потребите  на боиштето  машкото население првично  било мобилизирано од грчката војска,  каде што поголемиот дел од мобилизираното машко население кое било испратено на Македонскииот фронт  поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а преостанатото население било ангажирано во  превоз на воена опрема, и изградба на фортификациони објекти и патишта , за потребите на боиштето. По завршувањето на Првата светска војна селото потпаѓа повторно под грчка власат, каде што од 1919 година до 1922 година долно горичани биле мобилизирани во Грчко-турската војна,  а со договорната размена на територија помеѓу Грција и Албанија, Горна Горица припадна на Албанската држава, со  сите последици на тогашната албанска политика спрема Македонците училите на албански јазик и албански учители.

Во  1939 година Албанија е анектирана од страна на Италија. Во 1940/ 41 година повторно машката популацијаод селото Глобочани  беше мобилизирана во  албанската фашистичка армија како и преостанатото население и принудно учествуваше  во Грчко-италијанската војна.  По капитулацијата на Италија во 1943 година селото  Глобочани беше дел од слободната територија на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Албанија, а и на Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Во Во месец декември 1942 година  и месец јануари 1943 година во селотп престојувал партизанскиот одред ДамеГгруев , каде што е формиран првиот народно ослободителен комитет во селото, аво октомри и ноември истата година и првите партиски ќелии на КПМ и СКОЈ.

Во текот на Народно ослободирелната војна деветнаесет и шест  партизани  се бореа во  партизанските одреди  и единиците на Народно ослободителната антифашистичка војна на  Македонија, од кои тројца ги положија своите животи на боиуштето ширум Југославија.

Оскудното плодно поле, ги приморало долна горичани   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби

Кога секој добронамерник ќе дојде во Глобочани    и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани мои, иако на мојот престој во селото  Глобочани  му се ближеше крајот, не си заминав  од албансиот дел на Мала Преспа, овој пат ќе останам малку подолг период за да направам документарни записи  и за селата , , Зрновско, Леска, Пустец, , Церје, во Шулин.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print