Региони

село Горна Белица (прв дел)

Селото Горна белица  се наоѓа во  Дримколската регија, поточно речено во   Горни Дримкол, во западниот дел на Општина Струга,  чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија. Од  Струга оддалечено е четиринаесет километри  километри.

Поминаа  речиси дванаесет  години откако прв пат го посетив руралниот регион Долни Дримкол, каде што ме пречекаа  моите долно дримколци, кои ме прошетаа низ  непрегледните долни дримколски пасишта, планински и долински предели, ги  видов добрините кои ги создала природата, колоритниот сјај на есенската убавина беспрекорно вткаена во верижните јабланички-караормански планински венци, сончевите есенски зраци кои силно блескотеа над хоризонтот, прекршуваќи се во глобочичкото долно дримколско водно огледало, отсликуваќи ја многувековната печалбарска долнодримколска традиција и ми ги  раскажаа за домаќинлакот во селото Безово, за за некогашното полно средсело со народ во селото Модрич, за свадбите и крштевките во Јабланица,  Дренок и Нерези, животните печалбарски патешествија на печалбарите од селото Луково , мајстолакот во Пискупштина, за се она што е знаено и не знаено во доно дримколско.

Помина речеиси две-три недели од нашата средба со  Валентин Чуркоски    во струшкото село Мислешево   на осветувањето на камен темелникот на припратата веднаш до  мислешевската црква Свети Јован ова две илјадо дваесет и третово господово лето,   кога во неврзан разговор начелно се договоривме да го посетам дримколското село Горна Белица и за него  да направам репортажа, кога  десетина дена пред Света Петка летна  во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Валентин Чуркоски   кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Валентин Чуркоски од село Горна Белица,,кога се сретнавме  во селото Мислешево, на осветувањето на камен темелникот на новата припрата во црковниот двор на црквата Свети Јован– ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- му одговорив.

-Од името на месната заедница и од црковниот на црквата Света Петка од  селото Горна Белица ве покануваме да ни дојдете на гости на на шатата селска слава Света Петка, која секоја година ја празнуваме, со што си ја одржуваме традиција, која од колено на колено се пренесува низ вековиве , ем за нашата селска слава ем и за селово мое да направиш едно убаво слико, сето село ќе биде збрано  онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време, поточно речено два три дена пред илинденот ова две илјадо дваесет и третово господово лето, го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Валентин  Чуркоски, заѕвонив. Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Валентин од селото Горна Белица ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

– Овдека Валентин Чуркоски  од селото  Горна Белица, Зоране ти ли си!-го слушнав неговиот глас  од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека ќе дојдам во  Горна Белица на сам ден на Света Петка летна !- му порачав.

-Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш ние    два дена гости чкаме и заслог правиме, а утредента и итринска богослужба ќе има и празничен ручек ние селаните си правиме, многу народ ќе има. За овој ден дури  и од Америка и Австралија, си идаат- со радост одговри   Валентин Чуркоски.

На пат за Горна Белица кинисав   ден пред празникот Света Петка летна  во раните утрински саати  од скопската автобуска станица со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓа во шест часот, најсетне за Прилеп каде што со неговото возило ме чекаше мојот пријател Димче Ковилоски од каде што се упативме во правец  за Струга, каде што не пречека Валентин Чуркоски и заедно со него некаде пладништето стасавме во селото Горна Белица.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на  на моиве соселани- ми рече Валентин Чуркоски.

Почитувани мои додека така да речам се насладував од убавината  кое го дарила природата ова село, набрзо околу нас  се собраа неколку мештани.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, ти стоиме на на располагање, за се што ти треба, а ти лебами не само што добро ги познаваи сторискиве збиднувања  во овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познаваш и историското и духовно битисување на овие краишта  гледајќи те по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини ме  замолија најсетне  да им ги раскажам моите досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа. Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Селото Горна Белица  се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско и мошне високо, на надморска височина од 1.420 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 14 километри.

Селото Горна белица  се наоѓа во  Дримколската регија, поточно речено во   Горни Дримкол, во западниот дел на Општина Струга,  чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија. Од  Струга оддалечено е четиринаесет километри  километри.

Селото Горна Белица  е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност.

Минатото  и сегашноста на Горна Белица   е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Горна белица   илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска,како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите,  а за тоа укажуваат  топонимите, а воедно и археолошки локалитети: Градиште, Римски Гробишта, Римска Калдрма, Римско Чешмиче,  археолошките  наоѓалишта Вајнос, и Писаник каде што може да се најдат различни стари предмети како и остатоци од леарница, камени плочи со најразлични исцртани фигури, како и остатоци  од камените плочи со кои била поплочена најголемата патна артерија во Римското Царство каде што Горна белица била попатна станица   од познатиот пат Виа Егнација.

Дека селото Горна белица опстојува многу векови  говорат многубројните остатоци од  утврдувања, бедеми, каструми од времето на  Византија, чиј  владетел  е императорот Јустинијан, основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија, како дел Светиклиментовата книжевна школа, чиј манастир Свети климент,многубројните црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Горна белица   е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1440  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година. село исто така  е запишано  и во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле седумдесет домаќинстава сите рисјани.Селото Пискупштина  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, а во отоманскиот дефтер од 1570  е запишано дека вкупниот данок кое селото го плаќало  изнесувал 1.380 акчиња, каде што исто така селото било задолжено да плаќа данок од пченица 10 мудови, данок од јачмен еден муд, овес  и рж и од улишта 98 акчиња ,а од ушур од овошје 30 акчиња, додека пак во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 74 рисјански домаќинства, а припаѓало на охридската каза.. Во втората половина на седумнаесеттиот век селото  му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици  ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег , во ова време во  селото живееле 74  рисјански домаќинства.

Втората половина на осумнаесеттиот  век за Горна Белица   е период на обновување на селото испразнето со пустошењето на турскиот башибозук, кој броел околу двесте души,чие нивно уништување го извршил аскерот под водство на Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег и Назиз Ахмед- бег, додека пак Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас–ага  , Тевид-бег , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег кои   припаѓале на  Солунскиот турски  род Казаслар лично ги набавиле ферманите и одобренијата за реобнова на разрушените црквицрквата Света Петка, црквата Света Недела, црквата Свети Тројца, и манастирската црква Свети Климент Охридски. Во 1767 година  во  Горна Белица се населуваат првите влашки семејства, пред се трговци, и занаетчии. Од Москополе.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ , каде што е забележано дека втората група влашки етнос, сточари, во Горна белица се доселила во првата половина на XIX век од градот Фрашери. Од втората половина на XIX до почетокот на XX век Горна  Белица била како мало гратче, во чија чаршија имало четириесеттина дуќани. Според пописот од 1873 година, селото имало 132 домаќинства и 350 жители.

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото броело илјада жители. Според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  имало 1.200 жители.

Дека  селото Горна Белица    на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Милорад Филиповиќ  “Дебарски Дримкјол” издадена во Белград 1939 година , за селото го забележал следното: Она што ја прави Горна Белица значајна е манастирот “Свети Климент”, Манастирот “Свети Климент” е единствен манастир со тоа име кој му е посветен на Свети Климент Охридски, а според народната меморија го подигнал токму  Свети Климент Охридски. Манастирот бил ограбуван и разурнуван од разни освојувачи и од качачко-арамиски банди. Бил возобновен по доселувањето на влашкиот етнос во Горна Белица.  За време на втората светска војна манастирот повторно е опустошен  и запален од страна на италијанско-фашистичко-балистичките орди, а од запалената црква нецелосно се сочувани  Чесниот крст, Иконостасниот крст, Распетието, една рапида, горен дел од икона на Исус Христос и седум други икони. Од конаците и од другите објекти  останати само темелите. Духовниот живот во манастирот “Свети Климент” се одвивал до 1960/61 година. Последни монаси биле Гаврил, кој починал околу 1936 година, и Саво, кој починал во 1965 година, двајцата по потекло од фамилијата Ѓоргоновци.

д-р Милорад Филиповиќ  еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  во пишаниот документ Дебарски Дримкјол” издадена во Белград 1939 година за другите светости во Горна  Белица   црквите “Света Петка”, “Света Троица” и “Света Недела” и други свети места го забележал следното.  Заштитничка светица на  беличани им е Света Петка-Римјанка. Првата црква била подигната набрзо по доселувањето на влашкиот етнос, на самиот крај од XVIII или на почетокот на XIX век, а втората била подигната кон крајот на XIX век. Тоа зборува дека првите белички доселеници со себе го донеле и култот на Света Петка-Римјанка од старото место – Москополе.Милорад Филиповиќ дава опис на двете цркви, задржувајќи се особено на новата црква, за која иконите ги изработил зографот Ставре Николов од Лазарополе. Тој нагласува дека покрај Светиот престол на источната страна од ѕидовите биле сместени стари икони, кои биле спасени од манастирот “Свети Климент”. Исто така, Милорад Филиповиќ нотира дека во горно беличката црква “Света Петка” женската црква била изворно зачувана. Сознанијата за Света Петка-Римјанка авторот ги предава преку краткото житие за неа, нагласувајќи дека има три светици со името Петка, и тоа: Света преподобна маченичка Петка/Параскева-Римјанка, Света великомаченичка Петка/Параскева-Икониска и Света преподобна Петка/Параскева-Епивадска. Црквата “Света Троица” -“Парумба” се наоѓа на не цел километар од границата кон Албанија, црквата “Света Недела” се наоѓа во средината на Горна  Белица, а од неа се зачувани само траги од темелите.

Милорад Филиповоќ се задржува и на светите места: на месноста Икона, која се наоѓа пред влезот во Горна Белица, месноста Свети Ѓорѓија, која го носи името по црквата “Свети Ѓорѓија”, месноста Јазма, која се наоѓа источно од месноста Свети Ѓорѓија, и на светото место Камен со Светец, кој се наоѓа на околу 250 метри пред мостот на Беличка Река.

Селото Горна белица  уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1849 година  во манастирската црква Сбети Климент Охридски, на македонски црковен книжевен јазик, наставата ја изведувале монасите.  Во учебната 1900/до 1902 година во Горна Белица учителствувал  попот Климан, каде  што   за за време на неговото учителствување е формиран  огранок на МРО прв во оваа регија. Во селото учители биле и Стојан Димитријевиќ, родум од Вевчани, Боривое Ристиќ, Богоје Савиќ, , Атанас Лазаревиќ, Даме Лазарески, Крсто Трбусиќ,  и многу други.

Во подалечното минато  мештаните од селото Горна Белица учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид. Исто така селото не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата светска војна каде штоза потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население ,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, Мештаните од ова село активно се вклучени  и во  НОБ.

И покрај развиеното земјоделство сепак традиционалниот печалбарски начин на живеење не се променил, гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет оделе најмногу во Белград, Софија, Букурешт и Станбол. Во триесеттите години на 20-от век  во овие градови повеќе постоеле дуќани од различен вид, претежно занаетчиски,чии газди биле мештани од селото Горна Белица..

Најголем  дел од миграциите од селото се случиле по Првата светска војна, кога најголем дел од иселениците биле економски мигранти. По 1924 година, кога се наметнале одредени квоти за иселеници од Источна Европа, многумина мештани од Богородица  се одлучиле за иселување во американскиот континент. Покрај тоа што многу мештани од селото Богородица имале добри дуќани во тогашните балкански престотлнини , семејствата многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќија земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Горна Белица и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња ќе забележи дека  старата традиционална македонска чаршиска архитектура која порано ја  имало ова село, која се карактеризирала  со приземје и кат, изѕидано  од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, малтерисани со варов малтер,  со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, ќе се воодушеви од современата архитектонска градба ,со новоизградените семејни куќи , кои говорат дака селото  Горна Белица не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Горна Белица, на селската летна слава посветена на Света петка-летна  чие празнување  со векови се пренесува ,од колено на колено од генерација  на генерација  во ова село и  јас да бидам дел од ова празнување.

Навистина се радував што и јас бев дел од старите адети  и обичаи кои мештаните од ова село ги негуваат и речиси ништо не измениле од народниот ритуал , поточно кажано како што било некогаш така и сега. Почитувани мои како мештаните од селото Горна Белица ја празнуваалетната селска слава Света Петка -летна ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print