Moeто патешествие низ руралните региони, заборавените села, природните убавини и културно историските знаменитости во Република Македонија , ете ме донесе во долненскиот регион, во неговиот северо-западен дел.. Овој пат решив повторно да го посетам селото Сарандиново да ги надополнам моите досегашни сознанија за ованаселено место за чие село усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Каде и да појдете во атарот на ова населено место ќе најдете историја и само историја. Секоја педа земја, секое парче камен, секоја капка вода во себе содржи историја и само историја, а за тоа говорат остатоците од античките, рано христијанските, средно вековните градби како и остатаоци од мошне стари градби од сите историски епохи на целата своја територија, заклучно со денешното наше совремние.
Почитувани мои,како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија и овој пат во ова село дојдов рано, мошне рано, во утринските часови, на сам ден на православниот христијански празник Свети Ѓорѓија, чие име го носи македонскиот христијански православен духовен празник црквата во изградба Свети Ѓорѓија, а воедно и селска слава и патрон заштитник на селото Сарандиново.
Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов рано во зорите, е дараги мои имав две добри причини. Едната , мештаните да ми го раскажат минатото на нивниот роден крај, а преку нивните лични сеќавања различни по време и простор и вам драги мои да ви доловам дел од непорекливата драгоцена слика за селото Сарандиново низ времето, надополнета со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, со надеж дека меѓу помладите сарандинци по раѓање или по потекло, особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот, а другата е поканата на моите домаќини , мештаните од ова село да присуствувам на прославата на нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи многувековното македонско христијанско православно духовно светилиште селската црква во изградба Свети Ѓорѓија “кое празнување селото го слави како летна селска слава низ вековите што одамна изминале секое господово лето на на шести мај, кај народот попознат како Ѓурѓовден, како и овој денешен господов ден на Свети Ѓорѓија- зимен ова две илјади и дваесет и второ господово лето.
Но,пред да ја видите приказната за празнувањето на нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи македонско христијанско православно духовно светилиште во изградба селската црква “Свети Ѓорѓија“ “ чија изградба е започната пред неколку години ќе се обидам да ви пренесам дел од од моите сознанија за ова населено место кои се состојат од , митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи, во продолжение на оваа репортажа.
Денот по утрото се познава , вели народот. Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над плодното Прилепско Поле, каде што селото Сарандиново раскошно блескотеше под зраците на Пелагониското сонце. Како што пред дваесетина години, на сам ден на стара нова година така и ова утро ме пречека сега веќе деведесет годишниот Петре Анѓелески.
-Зоране, да те прашам нешто, дали ја чуваш снимката што ја праевме пред дваесетина и кусур години да ја пуштиш уште еднаш, знаеш јас ете ја раситнав стотката, па да се видам уште еднаш, да да го видам тоа слико, знаеш годините си врват ми рече.
-Ја чувам, како не ја чувам, ќе ја пуштам, секако ќе ја пуштам-му реков.
– Е, ако го напрајш тоа добро.ќе те благословувам саде господ здравје да ти даде и беричет, се додека сум на веков- ми рече.
Почитувани мои пред да продолжи да ми ги раскажува не дораскажаните приказни за селото сарандиново стрико Петре Анѓелески предлагам да го проследите документарниот запис за селото Сарандиново , што направив пред дваесеттина и кусур години кога како млад новинар работев во тогашната Радио телевизија Скопје, денешната Македонска радио телевизија , во продолжение на оваа репортажа.
Почитувани мои , многуте приказни што ми ги раскажа деведесет годишниот Петре Анѓелески за неговот родно село Сарандиново и како мештаните од ова село го проазнуваа нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи македонско христијанско православно духовно светилиште во изградба селската црква “Свети Ѓорѓија“ “ чија изградба е започната пред неколку години ќе ви пренесам во наредната репортажа .