Региони

Црквата свети Јован Крстител во село Мислешево

Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево не  може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на духовниот живот..За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Поминаа  речиси дваесетина дена  откако го направив документарниот запис за манастирското празнување во чесст на Свети Климент Охридски  во истоимениот манастирски комплекс Свети Климент  во струшкото село Мислешево, кога начелно се договоривме со Иљо Прентоски, првиот меѓу еднаквите членови на црковно манастирскиот одбор на мислешевската црква Свети Јован, Манастирот „Воведение во храм на Пресвета Богородица и манастирот Свети Климент Охридски , да направам документарен запис и за соборниот храм чие име го носи на Свети Јован Крстител, чиј светител воедно е заштитник на селото Мислешево, ,чие празнување се совпадна со денот на отсекувањето на главата на светителот Јован Крстител  11.Септември  ова две илјадо дваесет и третово господово лето, меѓу народот попознат како Свети Јован Посен.

Почитувани мои, на сам ден на православниот празник посветен на Упокујовањето на Пресвета Богородица, меѓу народот попознат како Голема Богородица, ова две илјадо дваесет и третово господово лето во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Иљо Прентоски  кој ми велеше:

-Добар ден, Зоран новинарот ми треба, Иљо Прентоски од село Мислешево  го бара–го слушнав гласот на Иљота , од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -му реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека за црковната слава посветена на Свети Јован Посен ќе дојдам во  Мислешево, ќе дојдам ден пред празникот, на самиот заслог, на вечерното богослужение, а богами присутен ќе бидам  и на утринската литургија чие празнување се софпаѓа со празникот Свети Јован Посен!- му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега – со радост одговри Иљо Прентоски.

На пат за Мислешево  ден пред празникот Свети Јован  Посен тргнав во утринските сааати од скопската автобуска станица со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-Тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, на самиот влез во селеото Мислешево го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го  возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина  за Струга.. По краткиот престој на местото  каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто Мислешевско џаде  кое ме донесе  до средселото, каде што во црковниот двор на црквата Свети Јован Крстител ме пречека Илчо Прентоски заедно со  неговите соселани, кои ги привршуваа празничните подготовки, поточно речено за  празнувањето на отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител, чија многувековна традиција продолжува и денес и  професорот Драгослав Миноски, еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм кој беше дојден во селото Мислешево по нова истражувачка  географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко  географско-антрополошко и историографско  истражување за струшката регијаи за  селто Мислешево ќе ви  ги  пренесеме во  оваа репортажа.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на  на моиве мислешевци- ми рече.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, а посебно  на  нашиов  пријател Драгослав Миноски, ви стоиме  на располагање, за се што ви треба, за вечерашново и утрешното празнување  – ми велеше мојот домаќин Иљо Прентоски..

Почитувани мои, пред тие да ни ги раскажат многуте црковно-духовни празнувања  посветени на соборната црква Свети Јован Крстител, моите домаќини не  замолија најсетне ние да ни ги им ги раскажеме нашите   досегашни историографски сознанија за црковно- манастирскиот духовниот живот во селото Мислешево во изминативе векови. Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Почитувани мои пред да го проследите празнувањето, поточно речено   дел од заслогот, вечерната богослужена литургија, вечерната трпеза, утринската богослужена литургија, богослужениот ручек во чест на отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител, предлагам да ги проследите досегашната  географско-антрополошка,  историогрфска  и мисисија, во струшкава регија и за селото Мислешево  во изминативе децнии на  професорот Драгослав Миноски во  продолжение на оваа репертажа.

Зародишот на црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи за црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние  .

Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево не  може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на духовниот живот..За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево е забележан и во Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, во пописниот дефтер од 1446 година, во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  и во 1582 година отпманските пописни дефтери од 1565 година, 1570 година

Професорот Јован Трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област издадена во Белград 1992 година , го забележал следново:

– Во и околу  селото  Мислешево постојат многу траги од стари локалитети каде што се одвивал и денеска се задржал духовно црковниот и манастирски живот. Такви локалитети се :  Црквиште, Пречита, Свети Јован, Свети Климент, Свети Атанасије кај локалитетот Свети Атанасије и денеска има остатоци од ѕидини , кои гоцорат дека овде некогаш постоел манастир. Во средината на селото се наоѓа црквата Свети Јован, каде што во  минатото  во црковниот двор се наоѓале и селските гробишта. Втората половина на осумнаесеттиот  век за Мислешево  е перод на реобобновување на селото,. Меѓу првите знаци на обнова на селото  се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатите цркви  црквата Свети Јован Крстител, манастирчот „Воведение во храм на Пресвета Богородица, црква „Св. Климент Охридски“ и манастирот ,,Пресвето Преполовение.

Црквата Свети Јован Крстител се наоѓа во средината на селото. Таа е соборна црква. Оваа црква е многу стара црква. Според  црковно-историографски записи незината првична градба преставувача рано христијанска базилика. Се претпоставува дека незината градба   датира од крајот на деветииот век, со самото даѓање на Свети Климент Охридски, на овие простори, за да првишниот средновековен изглед го  добива за време на царот Душан во првата половина на четиринаесеттиот век.Изградена е на култно место каде што  се наоѓала помала градба.За тоа говри двата фрагменти кои потекнуваат од првата половина осумнаесеттиот век, а престолните икони на иконостасот се од деветнаесеттиот век. Патрони празник на црквата е Свети Јон Посен, меѓу православната екумена попзнат како Оплакувањето на главата на Свети Јован Крстител.  Во црковната книга „Дарители“  на првата страница од книгата е запишано „ Волни помошти на црквата Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, што докажува дека црквата била посветена на овој чинод животот на Свети Јован Крстител.  Црквата Свети Јован Крстител изградена е во  1898 година, а вообзновена  во  1903 година, чииј ктитор  е  Ристе, од родот на  Прентовци.а осветена во  1905 година на сам ден на празникот Руса Среда. , а за тоа говри натписот на западниот ѕид „ Приложогенија  господово негова  Петруша и  братимаја Панде Наумовога и синови Коцаре из  Охрида,  со подрогома  и чада Рада родбители иже заблагодарају за здравје и за вечнајегога спомена напомошега, амин, упоенога Наума и Стефана бог да ји ги прости, из роки Сарафима  исто из Охрида 1898 дваесет и седмога Августа“.

Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од претежно камен  и обработени мермерзни камени блокови на западниот ѕид и враивните ѕидови, и печена опека меѓусебно поврзани со  варов малтер и метални затеги  до кровната конструкција. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво , на две води обложен со герамиди. На западната страна од црквата доградена е камбансријата во грчко-патријашиски стил,.од каде се влегува во  нартексот. Над вратата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на свети Јован Крстител.

Наосот на црквата е едно броден., со галерија. Заради просторноста на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна. Од двете страни на апсидата изведени се две полукружни ниши, со полукружни основи. Покрај северниот и јужниот ѕид во наосот поставени се дрвени седишта за верниците, но и во меѓупросторот на колонадите на север и југ. Помеѓу колонадата на југ поставен е владичиниот престол изработен од дрво и насликан со цветни мотиви, а во внатрешноста поставена е икона на Исус Христос на престол. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.

На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона.  Во живописот на оваа преродбеничка црква, заедничката претстава на Солунските браќа св. Кирил и св. Методиј насликани се во архијерејска одежда, со митра на главата. Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.

Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони. Во долната зона на иконостасот централно поставени се царските двери со претставата на Благовештение, а лево и десно распоредени се по четири китабиња. Во првата зона и зоната каде се поставени престолните икони се наоѓа врата што води кон протезисот на која е насликан Архангелот Михаил, а на вратата што води кон ѓакониконот насликан е Свети Спиридон. Престолните икони  кои се во во втората зона,   се со голема димензија и наредени се од севeр кон југ по следниот редослед: света Недела, свети Три хиерарси, свети Никола, Богородица со Исус Христос, Исус Христос Седржител, свети Јован Претеча и други светители. Кон југ и кон север вдолж ширирната на иконостасот поставени се 12 апостолски икони. Централно на врвот на иконостасот поставен е таканаречен Голем крст или Змиски крст, на постоље од две ламји и две помали пропратни икони.

Во олтарниот простор во апсидата насликана е Богородица Оранта и Исус Христос Емануил поставен во кружна мандорла на градите на Богородица. Во долната зона претставена е композицијата Поклонувањето на светите архиереи, а во продолжение на север и на југ на источниот ѕид претставени се Светите ѓакони Стефан, Роман Мелод и Кирил и други светители. Во олтарниот простор претставени се Светите Безсребреници Кузман и Дамјан, свети Амнос, свети Пантелејмон, и композиции во горните зони од животот на Богородица и Света Новозаветна Троица.

Во галеријата осликани се  северните  и јужните ѕидни површини. Насликани се претстави и композиции претежно од Новиот Завет, Стариот завет, Празниците и Страдањата Христови, свети воини и маченици.

На источниот ѕид на фрескоживописот е  запишано : „Живописот е дело на зоографите  Теодосије и неговиот син Борис Коловски, а долниот дел од фреските  се обновени од доброволните прилози на  селаните од селото Мислешево, во време на црковниот одбор , претседател свештеник Слободан Шуменкоски, членови : Joван Прентоски, Разме Дамјаноски, Васе Мартиноски, Устинијан Шулески и Мојсије Мартиноски.

Почитувани мои приквечерните  сончеви зраци милуваќи  ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката пред се црквата Свети Јован Крстител ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Отсекувањето на главата на Свети Јован крстител,а ширум северниот дел Струшкото Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Мислешево.  Црковниот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои предлагам дел од вечерното богослужение со кои началствуваа свештеници  од струшката парохија кое се одржа во  соборниот храм Свети Јован Крстител во чест на на  отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител и богослужената вечерна трпеза,  која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од  памтивека па се до ден денешен да проследите во  продолжение на оваа репортажа

Почитувани мои утринските   сончеви зраци милуваќи  ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшкат,а пред се црквата Свети Јован Крстител ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Отсекувањето на главата на Свети Јован крстител,а ширум северниот дел Струшкото Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Мислешево.  Црковниот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои предлагам дел од утинското вечерното богослужение со кои началствуваа свештеници  од струшката парохија кое се одржа во  соборниот храм Свети Јован Крстител во чест на на  отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител и црковниот богослужен ручек, која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од  памтивека па се до ден денешен да проследите во  продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои  не ми се напушташе селото Мислешево, морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во  струшкава регија, со  едно ветување дека повторно ќе дојдам во  селото,  на Богојавлњније двеилјадо дваесет и четвртото господово лето саде господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print