Региони

Велигден во село Далбеговци

Атарот на селото Далбеговци како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови насеени простоти тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Ова село  формирано во карактеристични природно-географски, историски, етно-социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, се издигало и развивало во една карактеристична хармонија.

 

Да се биде хроничар за Општина Новаци, посебно за полските села, кои припаѓаат на Оптината Новаци, е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот живот,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, а читателот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Територијата на Општина Новаци, посебно печеснаесетте села распослани во  рамничарскиот дел на општината е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија, а  богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на регионот, со нивната зачуваност, разновидност и интегралност, му даваат посебност, единственост, репрезентативност, автентичност. Едо од тие села е и селото Далбеговци.

Атарот на селото Далбеговци како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови насеени простоти тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Ова село  формирано во карактеристични природно-географски, историски, етно-социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, се издигало и развивало во една карактеристична хармонија. За тоа говорат најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци кои потврдуваат дека ова село било населено во дамнешпни времиња.

Ете како што вели народот господ милуваше   атараот на Општината Новаци да го крстарам во  изминативе дванаесетина години,овој пат даго посетам селото Далбеговци на вториот ден на Велигден, поточно речено на летната селска слава Велигден  чија слава мештаните ја празнуваат со векови,  на вториот ден на Велигде, чија чрква го носимето на Христовото Воскрезение  да направам аудио-визуелен  документарен запис, воедно да ги надополнам моите досегашни сознанија за ова православно христијанско и  етно-културно празнување во ова село.

И на вистина  така и бидна. Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Далбеговци    тргнав , на вториот ден на Велигден, кој секоја година паѓа во Понеделник, рано, мошне рано околу четирите саатот народски кажано, со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот. Времето беше вистинско пролетно, релативно топло, и по речиси два часа и кусур   време  народски кажано возење по  магистралниот пат Скопје-Велес-Прилеп-Битола –кај крстосницата во непосредна близина на битолската железничка станица, свртуваќи  лево, возеќи по петнаесет километарската патна делница  Битола-Новаци, која кривулесто се извиваше низ овој дел на Битолско Поле, во раните утрински саати стасав во Далбеговци  каде што стуткано како орловско гнездо, се будеше огреано од   утринските зраци на далбеговското  сонце.

Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов рано во зорите, затоа што како мравките рано пред изгрејсонце во нивниот мравјалник рано пред изгрејсонце се подготвуваат да тргнат ширум полето да собираат рано-разни житја, полнеќи ги мрајалните амбари за зимата,за навреме да стасам во црковниот двор на црквата Христово Воскресение, каде уште рано изутрина се зареди врвулица народ на утринската литургија  која парохисхискиот свештеник  според правослабните црковни канони во секоја црква и манастир започнува точно во седум часот и триесетина минути.

Почитувани мои,окото на сeкој добронамерник  долж  пат Добромири-Далбеговци-Ношпал  не може , а да не го забележи селото Далбеговци,со куќите наредени како монистра на ѓердан чиј бисер е прекрасното  здание  црквата ” Христово Вознесение, која од утро до вечер раскошно блескоти под зраците на далбеговското  сонце. Наминав во ова ова духовно православно светилиште   , мештаните  да ми ги раскажат старите адети и обичаи  за нивната летна слава , која започнува со утринското богослужение од страна на парохискиот свештеник и соборскиот народ,  а преку нивните лични сеќавања различни по време и простор и вам драги мои да ви доловам  дел од непорекливата  драгоцена слика за ова празнување низ времето, надополнета со веродостојни сведоштва од мештаните на ова село,  со надеж дека меѓу помладите од ова село по раѓање или по потекло , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Почитувани мои утринските   сончеви зраци милуваќи  ја селската црква Христово Вознесение во селото Далбеговци   ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Христово Вознесение, каде што како од селото далбеговци и од неговите соседни села  како бисер гердан се зареди народ во правец на црквата.. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои пред да го проследите  дел од видео записот од пригодната утринска  богослужена литургија, од благословената  трпеза,  што ја организираа членовите на црковниот  одбор во чест на Велигден  во служение на парохискиот свештеник заедно со соборскиот народ предлагам да ве запознаам со  историографски сознанија за христовто воскресение на  еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски.

Велигден е продолжение на старозаветниот еврејски празник Пасха . Во христијанството Пасха значи премин со Христа, од смртта во животот и од земјата кон небото, во вечниот блажен живот. Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век, а во денешната форма до IV век. Правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа Велигден првично се дефинирани  во 325 година Првиот вселенски собир во Никеја, а потврдени  во 526 година. Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамнодневница, во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела, но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден, се одлага за следната недела.

Велигден е центар на повеќе празници познати како празници со непостојан датум или како циклус велигденски празници. Нивните датуми коишто се менуваат секоја година се зависни од Велигден и се определуваат откако ќе биде одреден неговиот датум. Прочка или Проштени поклади е секогаш седум недели пред Велигден, Првата сабота по Прочка е Тодорова сабот, кај народот попозната какао  Тодорица, неделата пред Велигден се Цветници, саботата пред Цветници е Лазарева сабота, кај народот попозната како  Лазарица, четириесет дена по Велигден, и секогаш во четврток е Вознесение кај народот попознат како Спасовден, десет дена по него или педесет по Велигден е педесетница, кај народот пшопознат какао  Духовден На половина меѓу Велигден и Педесетница, односно на 25-тиот ден, секогаш во среда е празникот Преполовение, што народот го вика Руса Среда.

За еврејскиот празник Пасха, односно велигден се зборува во Стариот завет, поточно во втората книга Мојсиева, чија традиција и денес се почитува во христијанската екумена, каде што е запишано  за Пасха, односно за Велигден   секој домаќин треба да  приноси жртва, да заколе едногодишно машко јагне без никаков недостаток, каде што преку жртвеното јагне домаќинот ќе си ги  исплати сите негови гревови  и на домашните, подготвуваќи го  за вечера,  кое се пече на ражен без да му се скрши ниту една коска, а се   јаде со пресен леб кој ја симболизира  духовната чистота и со горчливо зелје кое  ги симболизирало горчливите страдања и сите горчини на овој свет, а јагнето мора цело да се изеде, каде што преку жртвеното јагне  Исус Христос  се преставува  како јагнето божјо како што вели пророкот Исаија тој се жртвува за гревовите на многумина, а како што вели Јован Претеча Христос е јагнето Божјо кое ги очистува гревовите на светот.

Последната недела од Велигденските пости што значи неделата пред Велигден се вика и Велика и Страстна недела, а народот ја вика и Глува недела. Сите денови од оваа недела се викаат Велики или Вели како: Велики понеделник Велики вторник, Велика среда. Свети Јован Златоуст вели дека оваа недела не се вика Велика затоа што деновите во неа се помногубројни или поголеми туку затоа што во неа Господ направил големи дела: разрушено е царството на ѓаволот, уништена е смртта, победен е гревот, симнато е проклетството, отворен е рајот и небото им станало достапно на луѓето.

Исус знаел што ќе се случи поради што ги повикал своите ученици на заедничка вечера во четвртокот навечер. На оваа Тајна вечера Исус им укажал на учениците негови дека еден од нив ќе го предаде. На оваа Тајна вечера Исус ги благословил виното и лебот велеќи Земете, јадете ова е моето тело, пијте од виното од чашата зашто ова е мојата крв со што ја востановил и светата причесна. како една од повеќето свети тајни.

По вечерата Исус заминал во Гетсиманија.аЈ уда отишол кај првосвештениците  за да им го предаде, велејќи им Кого ќе го целивам, Он е фатете го“. Набргу Исус бил одведен кај Кајафа, а кога потврдил дека тој е Исус синот Божји, првостештениците, врзан го испратиле кај управникот на Јудеја Понтиј Пилат. потоа во Галилеја, кај Ирод. Бидејќи Ирод не нашол никаква вина кај Исус, повторно Исус бил вратен кај Пилат. . Во тоа време имало обичај секоја година на празникот Пасха  Пилат да ослободува по еден затвореник што ќе го побара народот. Пилат го прашал народот кого да го ослободи, но народот заведен од првосвештениците побарал ослободување за Варава, најголемиот злосторник, а распнување за Исус. Тогаш Пилат предавајќи им го Исуса зел вода  си ги измил рацете пред народот велејќи: „Невин сум за смртта на овој праведник. Мислете му вие“. По распнувањето, и по изговорената реченица упатена кон отецот бог  Прости им Господи не знаат што прават наеднаш се отворила небесита, земјата се затресила,  карпи паднале,  гробови се отвориле и многу тела на упокоени светии воскреснале.

За да не стои телото на Исус на крстот двајца негови ученици Јосиф и Никодим побарале дозвола од Пилат да го симнат и да го погребаат. , Пилат им дозволил да го погребат. Според обичаите тие го завиткале во платно, го намачкале со мириси, и го погребале во семејната гробница на Јосиф, во која дотогаш никој не бил погребан. Гробот го затвориле со тежок камен. На погребот присуствувале и Марија Магдалена и Марија, мајката на Јаков и Јосија. Еврејските првосвештеници го знаеле претскажувањето на Исуса дека на третиот ден по умирањето ќе воскресне. Поради тоа го посетиле Пилат и побарале дозвола пред гробницата да стават стража за да не се случи учениците негови да го украдат телото и после да шират вести дека воскреснал. На тоа Пилат им рекол: „Имате стражари, одете и направете како што знаете“. Првосвештениците го запечатиле гробот и оставиле стражари пред него. Кога осамнало земјата се затресла силна светлина ја осветлила Голгота, Исус се појавил како богочовека на Марија магдалена која прва дошла во осамнината по распетието  и се обратил со зборовите  Зошто го барате живиот меѓу мртвите? Он не е овде  воскресна .Не допирај се до Мене, оти уште не сум се вратил при мојот Отец; туку отиди при браќата мои и кажи им: се враќам при Својот Отец и при Вашиот Отец, при својот Бог и при вашиот Бог. Истата осамнина  Исус им се јавил на своите ученици  велејќи им: „Примете свет дух“.

Почитувани мои утринските   сончеви зраци милуваќи го   селото Далбеговци  и црквата Вознесение Христово ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена, според Јулијанскиот календар  посветена  на вториот ден на Воскресението Христово, Велигден, а како бисер гердан се зареди народ во правец на црковниот двор на црквата Вознесение Христово. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои предлагам да  проследите  дел од видео записот од пригодната утринска  богослужена литургија, од благословената  трпеза,  што ја организираа членовите на црковниот одбор  одбор во служение на парохискиот свештеник заедно со соборскиот народ  во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости  во  селото ,Далбеговци   на многувековниото духовно празнување посветена на вториот ден на Велигден  да ги надополнам моите , а богами и вашите сознанија  за ова празнување. Почитувани мои ги оставив соборниот народ да си го празнуваат православниот екуменски празник посветен на вториот ден на Велигден според јулијанскиот календар з како што рекол  свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера, со едно ново видување, само господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print