Поминаа речиси дванаесет години откако прв пат ja посетив Славна Дебрца, каде што ме пречекаа мештаните од Славна Дебрца кои ме прошетаа низ непрегледните славно дебрцки пасишта, планински и долински предели, ги видов добрините кои ги создала природата, колоритниот сјај на славно дебрцката убавина беспрекорно вткаена во верижните плакенско-илински и караормански планински венци, сончевите зраци кои силно блескотеа над хоризонтот, прекршуваќи се во Охридското езерско водно огледало, отсликуваќи го многувековното битисување, ми ги раскажаа за домаќинлакот на амештаните во Горна Дебрца, за некогашното полно средсело со народ во селата во Долна Дебрца и за се она што е знаено и не знаено во славно дебрцкава регија.
Помина речеиси неполни два -три месеци од нашата средба со Милчо Јосифоски, во селото Оровник , на сам ден на патрониот празник на манастирот Света Петка Римјанка. А воедно и на селото Оровник каде што направив документарен видео запис за патрониот празник на селото кога пред крстоенот ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Милчо Јосифоски кој ми велеше:
– Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Милчо Јосифоски од село Оровник,човекот кој ви беше домаќин во манастирот Света Петка кога ја снимавте документарната репортажа за манастирот- ми рече.
– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не с есеќавам- му одговорив.
-Од името на Здружение на пензионерите за Охрид и Дебрца, по повод седумдесет и три годишнината од формирањето на ова здружение ве покануваме да ни дојдете на гости на нашето пензионерско дружење, кое ќе се одржи деновиве во манастирот Света Петка да направиш едно убаво слико, онака како што ти умееш да го насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.
.-Кажи им на пензионерскиопт одбор на здружението дека ќе дојдам во Оровник!- му порачав.
-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега.- со радост одговри Милчо Јосифоски.
На пат за Оровник, поточно речено во правец на манастирот Света Петка од скопската автобуска станица тргнав со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути во правец на Струга и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, кај автобуската постојка Оровник го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина за Струга. По краткиот престој на местото каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто Оровничко џаде кое ме донесе до Оровничкото средсело, каде што ме пречека Милчо Јосифоски и заедно со него набрзо пристигнавме манастирскиот комплекс Света петка кој високо во оровничката Планина , свиен како во орловско гнездо раскошно блескотеше под зраците на Оровничкото утринско сонце.
-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си го дадовме и на зборот што им го дадовме на пензионериве наши- ми рече.
Почитувани мои, утринските сончеви зраци милуваќи го манастирскиот комплекс ја навестуваа празничната атмосфера ,а како од градот Охрид, и и неговите приградските населби како и од селските населби од Славна Дебрца, како бисер гердан се зареди народ во поодминати години во правец на манастирот. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.
Почитувани мои, пред да го видите документарниот запис за прославувањето на седумдесет и три годишнината од постоењето на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, предлагам да ве запознам со историскиот континуитет на седумдесет и седум годишниното постоењето како на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, така и со историскиот континуитет на постоењето на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, чии историографски записи ги пронајдов копајќи во архивите во Република Македонија, во продолжение на оваа репортажа.
Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е невладина неполитичка мултиетничка асоцијација во која членуваат 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во Република Македонија, за поцелосно и единствено залагање за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите.
Донесувањето на Законот за пензионирање во 1946 година условило да бидат регистрирани околу 2.600 пензионери и овозможило да започне и пензионерското организирање. Во тие рани почетоци своите активности пензионерите ги остварувале во рамките на други здруженија, за да по одреден временски период си формираат и свое здружение. Во вистинска смисла на зборот Сојузот на здруженија на пензионерина Македонија се формира на 27 април 1971 година. Сојозот на здруженија на пензионери на Македонија го сочинуваат четиристротини и педесет пензионерски клубови , распоредени во како во урбаните така и во руралните населени места.
Во 1949 година од страна на неколку пензионери од Охрид меѓу кои Кипро Илиески, Илија Царцароски, Сандре Голабоски и Ставре Шибакоски, на 20 мај истата година година се договориле да формираат Здружение на пензионери, по примерот на Републичко здружение во Скопје од 1946 година. Во почетокот оваа иницијатива ја прифатиле педесетина пензионери од Охрид. Првите состаноци се одржувале во приватни куќи, а потоа е обезбедена работна просторија во Основното училиште „Братство-Единство“. Од зачуваните архивски документи Здружението на пензионерите за Охрид и околија Охридска, официјално е формирано на 20 јуни 1950 година.
Првиот претседател на охридското здружение на пензионерите Кипро Илиески, по потекло од селото Збажди, Малесија. Тој бил еден од ретките учени луѓе од овој крај во негово време. Бил учесник во Илинденското востание а од 1912 година работел како учител во селото Збажди, а својата просветна работа ја продолжил во Охрид и охридско. Денес здружението брои околуединаесет илјади пензионери.
Во организација на Сојузот на здруженија на пензионери секоја година се одржуваат 8 фолклорни ревии во 8 региони во земјата,фолкорна ревија на ниво на Република Македонија, 8 регионални спортски натпревари каде домаќини се 8 различни градови и спортска пензионерска олимпијада.
Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има свое печатено гласило, весникот „Пензионер плус“ кое е официјално гласило на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, и се дистрибуира до здруженијата на пензионери во сите градови на Македонија. Весникот има информативен, едукативен и забавен карактер. Во него се поместени информации од животот на пензионерите, информации и написи за нивните проблеми и постигања, написи од нивниот културно-забавен и спортски живот, информации за активностите на здруженијата. Весникот се печати на 16 страници, а излегува во 6 000 примероци со тенденција овој број да се зголеми заради големиот интерес од страна на пензионерите. Весникот е наменет за пензионерите и оние кои тоа ќе станат наскоро, како и за нивните семејства и е бесплатен.
Почитувани мои предлагам дел од просчавата на седумдесет и седумдесет и седум годишнината од постоењето на Сојузот на здржениата на пензионери на Македонија и седѕмдесет годишнината на постоењето на Здружението на пензионери од Охрид и дебрца да проследите во продолжение на оваа репортажа.