Речиси неполни триесетина години ја крстарам македонија. Во овие изминатаи три децении речиси нема населено место низ кое не сум поминал или не сум напривил документарен видео запис. .Неколку пати сум ја посетил Општина Петровец. Сум бил речиси во две четвртини од вкупно осумнаесетината колку што се , а ми останаа уште печес селски населби , се одлучив ете така да речам повторно да го посетам селото Каталановска Сушица.
Можеби се прашувате зошто се одлучив да дојдам во селово Одлуката падна така да речам речиси триесетина дена , кога бев по нови документарни записи во општина Долнени и додека чекав на железничката станица Прилеп , со пладневниот воз за Скопје, кој според возниот ред од Прилеп за Скопје тргнува во 13.35 минути, а речиси шесетина минути бев порано дојден , решив малку да поодморам што се вели и да си ја оладам душава со надалеку познатата прилепска лимонада која сеуште може да се најде во малското гранапче кое се наоѓаше во непосредна близина на прилепскава железничка станица и додека го чекав меанџијата да ми ја донесе лимонадата, ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав еден така да речам познат глас кој ми велеше:
– Почитувани господине Зоране.. Јас сум Горан Стојчевски, снимателот од теелевизија 24 Вести кога се сретнавме во Општината Петровец , во малото зелено пазарче , на Пелипеток – ми рече.
– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- и одговорив.
-Од името на месната заедница и од црковниот одбор на манастирчето Свети Тројца од скопското селото Катлановска Сушица те поканувам да ни дојдиш на гости навториот ден на Довден на нашата слава посветена на Свети Тројца која секоја година ја празнуваме, оти тогаш сето село ќе биде збрано да направиш едно убаво слико, онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдитш вашето доаѓање- ми рече.
Не пооди долго време , поточно речено десетина дена пред Довден го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број Горана Стојчевски, заѕвонив.Не пооде долго време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го бирав.
-Добар ден, Горан Стојчевски ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот
-Добарден, овдека Горан Стојчевски, Зоране ти ли си!-го слушнав неговиот глас гласот, од другата страна на телефонската линија.
-Јас сум! – му одговрив.
.-Како си ми Зоране?- ме праша.
-Добар сум, -и реков.
-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.
.-Кажи им на твоите соселани дека на вториот ден на Довден ќе дојдам во твоето село !- му порачав.
-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш литургија си имаме и манастирски ручек си даваме за здравје. Многу народ ќе има- со радост одговри Горан Стојчевски.
Речено сторено, што се вели, на самиот втор ден од Довденот народски кажано за скопското село Катлановска Сушица тргнав во утртинските саати народски кажано, од скопската населба Кисела јабука, каде што живеам со првиопт градски автобус број 22 кој од Волково во правец на градот Скопје секое утро поаѓа во пет часот и десетина минути и по четириесетина минути клацкање се симнав на последната постојка во танспортниот центар, каде што така народски да се изразам се укрцав на автобускот со број шеесет и осум кој и тој секое утро во правец на Катлановска Сушица од појдовната постојка во правец на Катлановска сушица секое утро поаѓа во шест часот и дваесет и три минути и по речиси сат и кусур време клацкање низ скопските народно касжано булевари и дел по селската магистралата која започнуваше во непосредна близина на крстосницата кај општинската зграда на општината петовец, стасав во селото Катлановска Сушица, каде што не пречека Горан Стојчевски заедно со неколкуте мештани кои ги завршуваа пред празничнаите подготовки во манастирскиот двор чии патрон го носи името црквата, Свети Тројца.
-Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во ова наше село , а воедно и во ова македонско православно светилиште и за него да направиш една документарна репортажа.
–Ние тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако не сме историчари не задоволува фактот што сите податоци што ги кажуваш во репортажине се веродостојни, туку да те замолиме ако може, пред да ти ги дораскажиме многуте приказни за сторијатов на нашево село да ни го пуштиш на телевизорон сликото што за нашево село Катлановска Сушица е да го видиме, оти долго време помина , а и многумина од кои се на тоа слико одамна си се прибрааа горе кај бога, па да се потсетиме на нив, бива – ме замолија.
-Бива како не бива- им одговорив.
Почитувани мои предлагам како вовед во новиов документарен запис за селото Катлановска Сушица и манастирската слава посветена на Свети да го проследите документарниот видео запис за селото Катлановска Сушица што го направив речиси пред десетина години.
Денот по утрото се познава , вели народот.Денот беше пролетен.Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано, каде што селото Катлановска Сушица раскошно блескотеше под зраците на горно блатичкото сонце. Мештаните од селото заедно со манастирскиот одбор ги привршуваа подготвителните работи за утринската богослужба за вториот ден на Довден ,чие име го носи манастирската црква Свети тројца. Почитувани мои пред да го проследите вечерното црковно празнување предлагам да ви ги пренесам многуте приказни што ми ги раскажаа мештаните од ова село, кои останаа не до раскажани кога пред десетина години го посетив ова село, а воедно да го видите сегашниот изглед на ова прилепско село во продолжение на оваа репортажа.
Прв пат селото Катлановска Сушица во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија кои датираат од првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, поточно речено од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори Михаил IX Палеолог и Андроник II Палеолог од 1299 година, во црковните повелби од 1321 година на Кралот Стефан Урош II Милутин Немањиќ, во црковната повелба на царот Стефан Душан од 1331 година, во црковните повелби на кралот Стефан Урош Петти Немањиќ од 1356 година, во црковните повелби на македонскиот властелин кралот Димитрија Волкашин од 1365 година и во црковните повелби од македонскиот властелин Кралот Марко од 1371 година., сите посветени на Ѓуришкиот Манмастир.
Во пишаните Отомански Дефтери селото Катлановска Сушица се споменува во Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 4 од 1476/77 година ,каде што селото се споменува под истото име со дваесеттина куќи, дваесет т и двесет домаќинства, сите рисјани, во Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 8 од 1478 година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, кое припаѓало ан а е во сопственост на Незир-паша, а му припаѓал на Румелијскиот Беглер беглус. Ова село исто така е запишано и во пописниот Дефтер од 1562 година каде што дел од атарот припаѓал кое на вакуфот на Саит Паша, а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на Устреф –ага и на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле триесет домаќинстава сите рисјани..Во Отоманскиот дефтер од 1570 година е запишано дека вкупниот данок кое селото го плаќало изнесувал 180 акчиња, каде што исто така селото било задолжено да плаќа данок од пченица 10 мудови, данок од јачмен еден муд, овес и рж и од улишта 140 акчиња ,а од ушур од овошје 30 акчиња.Според отоманскиот попоис од 1867 година селото премка броело педесет рисјански домаќинства и две семејства мухамедански. Во втората половина на седумнаесеттиот век селото му припаѓало на Тимарот Адем –паша
Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767 од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија “ од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ . Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, селото броело 550 жители сите рисјани, Според историогафскиот запис на Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од 1905 година во Премка имало 760 жители,сите рисјани.
Дека селото Катлановска Сушица на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи д-р Јован Трифуновски “селските населби во Скопската Котлина издадена во белград 1979 година , за селото го забележал следното: Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Горна Блатија, од левата страна на реката Пчиња. Оддалечено е шеесет километри од Скопје и дваесет и шест километри од Куманово.
Денешното село е поново, потекнува од почетокот на XIX. Најпрвин било чифлик на Садик-паша, кој подоцна тој го поклонил на Ѓуришкиот манастир. Бидејќи селото било поклонето на Ѓуришкиот манастир, се до 1947 година земјиштето околу него било манастирско, кое при аграрната реформа била поделена на мештаните.
Во селото најстари семејни родови се:Радевци, Даневци,Зајинци, Миајлевци, Ѓуревци, Костовци, Карпузовци, Шутевци, Дедо-Петковци , Јошевци , Спасевци, Ролевци, Пидевци и Ќирковци
Во селото доселенички семејни родови се Николчевци порано се викале Ѓаковци. доселени се од околината на Ѓаковица во Косово, Марковци и Анџинци доселени се од селото Мирковци, Долноселци доселени се од селото Долно Коњари, додека пак за семејните родови на Русановци и Качаровци не им се знае потеклото.
Втората половина на Осумнаесеттиот век за Катлановска Сушица Миокази е период на обновување на селото испразнето со пустошењето на турскиот башибозук кој броел околу триста души Средно Коњаре поубени од отоманскиот падишах, а со ферманот даден од отоманскиот падишах и пари дадени од падишахот, го обновиле селото и ја изградиле претходно разурнатата црква ” Свети Ѓорѓија ” која се наоѓа на самиот влез на селото, кој воедно во тоа време билла соборен, селски храм, кој храм се до балканските војни бил со голема купола,
Селото миокази уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи првото училиште почнало со работа во 1882 година во црквата Свети Атанасије на македонски црковен книжевен јазик, а според пишаните документи прв учител бил попот Максимилијан кој бил по потекло од селото Старо Нагоричане
Во подалечното минато мештаните од селото Катлановска Блатија учествуваат во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Исто така селото не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата светска војна а на одарот за слободата на македонскиот народ и за создвање на македонска држава своите животи во НОБ ги положија Трајко Стевковски, Страшо Петрушев, Стојан Крстевски, Ристо Стојановски
Традиционалниот печалбарски начин на живеење не го одбегнува ниту Миокази. Гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет првично оделе во Белград, Софија, Букурешт и Станбол., а подоцна во, Америка и Австралија,а, семејствата на гурбедџиите многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби , додека пак други одгледувале помали и поголеми стада овци.
Во селото Катлановска Сушица сеуште ја има старата традиционална македонска чаршиска архитектура која се карактеризира со приземје изѕидано од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде и на новоизградена семејна куќа , кои говорат дака селото Каталановска Сушица не е заборавено село во Република Македонија.
Почитувани моии, богами, мерак ми беше што ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Катлановска Сушица на манастирската слава црковната слава посветена на Свети Тројца и јас да бидам дел од оваа сенародната веселба која со векови се пренесува од колено на колено од генерација на генерација.. Почитувани мои дел од оваа духовно празнување ќе ви пренесам во продолжение на оваа наредна документарна репортажа.