Поминаа речиси триесетина дена откако го направив документарниот запис за осветувањето на камен темелникот на новата припрата во соборниот храм Свети Јован во село Мислешево, кога на челно со Иљо Прентоски, првиот меѓу еднаквите членови на црковно манастирскиот одбор на мислешевската црква Свети Јован, Манастирот „Воведение во храм на Пресвета Богородица и манастирот Свети Климент Охридски , начелно се договоривме да направам документарен запис и за манастирскиот комплекс Свети Климент Охридски, чиј светител воедно е заштитник на селото Мислешево, ,чие празнување се совпадна со празнувањето на Света Петка Римјанка, и Свети Пантелејмон ова две илјадо дваесет и третово господово лето.
Почитувани мои на сам ден на православниот празник на Апостолите Свети Петар и Свети Павле, меѓу народот попознат како Петровден ова две илјадо дваесет и третово господово лето во утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Иљо Прентоски кој ми велеше:
-Добар ден, Зоран новинарот ми треба, овдека Иљо Прентоски од село Мислешево го слушнав гласот на Иљота , од другата страна на телефонската линија.
-Јас сум! – му одговрив.
-Како си ми Зоране?- ме праша.
-Добар сум, -му реков.
-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.
-Кажи им на твоите соселани дека за манастирската слава с посветена на Свети Климент Охридски ќе дојдам во Мислешево, ќе дојдам ден пред празникот, на самиот заслог, на вечерното богослужение, а богами присутен ќе бидам и на утринската литургија чие празнување се софпаѓа со празникот посветен на Свети Климент Охридски.!- му порачав.
-Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега – со радост одговри Иљо Прентоски.
На пат за Мислешево ден пред празникот посветен на Свети Климент Охридски тргнав во утринските сааати од скопската автобуска станица со првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-Тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, на самиот влез во селеото Мислешево го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина за Струга.. По краткиот престој на местото каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто Мислешевско џаде кое ме донесе во манастирскиот Свети Климент Охридски, каде што во манастирскиот вор ме пречека Илчо Прентоски заедно со неговите соселани, кои ги привршуваа празничните подготовки, поточно речено за празнувањето посветена на Свети Кимент Охридски, чија многувековна традиција продолжува и денес и професорот Драгослав Миноски, еден од најпознатите не само во македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм кој беше дојден во селото Мислешево по нова истражувачка географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко географско-антрополошко и историографско истражување за струшката регијаи за селто Мислешево ќе ви ги пренесеме во оваа репортажа.
-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си го дадовме и на зборот што им го дадовме на на моиево мислешевци- ми рече.
-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, а посебно на нашиов пријател Драгослав Миноски, ви стоиме на располагање, за се што ви треба, за вечерашново и утрешното празнување – ми велеше мојот домаќин Иљо Прентоски..
Почитувани мои, пред тие да ни ги раскажат многуте црковно-духовни празнувања посветени на манастирскиот комплекс Свети Климент во селото Мислешево, моите домаќини не замолија најсетне ние да ни ги им ги раскажеме нашите досегашни историографски сознанија за црковно- манастирскиот духовниот живот во селото Мислешево во изминативе векови. Нивниот предлог со задоволство го прифативме.
Почитувани мои пред да го проследите празнувањето, поточно речено од заслогот, вечерната богослужена литургија, вечерната трпеза, утринската богослужена литургија, богослужениот ручек во чест на Свети Климент Охридск,и предлагам да ги проследите досегашната географско-антрополошка, историогрфска и црковно-манастирска мисисија, во струшкава регија и за селото Мислешево во изминативе децнии на професорот Драгослав Миноски во продолжение на оваа репертажа.
Зародишот на црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи за црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево не може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на духовниот живот..За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево илјадници години зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од македонската кралска династија на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј владетел со Македонија, како дел од Византија и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел Цар Самоил и на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори Михаил IX Палеолог и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што се споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до 1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија
Црковно- манастирскиот духовниот живот на селото Мислешево е забележан и во Отоманскиот пописен тапи Дефтер број 8 од 1436 година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, во пописниот дефтер од 1446 година, во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562 година и во 1582 година отпманските пописни дефтери од 1565 година, 1570 година.
Професорот Јован Трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област издадена во Белград 1992 година , го забележал следново:- Во и околу селото Мислешево постојат многу траги од стари локалитети каде што се одвивал и денеска се задржал духовно црковниот и манастирски живот. Такви локалитети се : Црквиште, Пречита, Свети Јован, Свети Климент, Свети Атанасије кај локалитетот Свети Атанасије и денеска има остатоци од ѕидини , кои гоцорат дека овде некогаш постоел манастир. Во средината на селото се наоѓа црквата Свети Јован, каде што во минатото во црковниот двор се наоѓале и селските гробишта. Втората половина на осумнаесеттиот век за Мислешево е перод на реобобновување на селото,. Меѓу првите знаци на обнова на селото се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатите цркви црквата Свети Јован Крстител, манастирчот „Воведение во храм на Пресвета Богородица, црква „Св. Климент Охридски“ и манастирот ,,Пресвето Преполовение.
Манастирот Свети Климент, се наоѓа североисточно од селото Мислешево. Изградена е на култно место , а за тоа посведочуваат и неколкуте стари јаворови чинари, врз темели на стара манастирска црква, врз чии пак темели според пишаните документи се наоѓа ранохрастијанска базилика. Изграден е како задужбина на царот Душан. Се претпоставува дека незината реизградба г датира од втората половина на шеснаесеттиот цек, за време на владеењето на Султанот Сулејман Величествениот, во 1573 година.Денешниот архитектонски изглед на манастирската црква датира од 2006 година, а осветена е во 2009 година.
По својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на византиски стил на градба и сликарство.Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од делкан гранитен камен меѓусебно поврзани со варов малтер и фуга, со средишна купола. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво , на четири води обложен со герамиди. На западната страна од црквата се влегува во нартексот. Над влезната западната врата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на свети Климент Охридски.
Наосот на црквата е едно броден. Заради малата просторност на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна.. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.
На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони.
Манастирот Господово Преполовение се наоѓа југоисточно од селото Мислешево. Изградена е на култно место , а за тоа посведочуваат и неколкуте антички гробни конструкции, врз темели на стара манастирска црква, врз чии пак темели според пишаните документи се наоѓа ранохрастијанска базилика. Изграден е како задужбина на царот Душан. Се претпоставува дека незината реизградба г датира од втората половина на шеснаесеттиот цек, за време на владеењето на Султанот Сулејман Величествениот, во 1573 година.Денешниот архитектонски изглед на манастирската црква датира од 2013 година, а осветена е во 2009 година, а осветена е во 2015 година
По својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на византиски стил на градба и сликарство.Градбата на црквата е од типот на базилики, наречени псевдобазилики кои се карактеристични за преродбенскиот период во Македонија, со полукружна апсида на јужната страна. Основата на градежниот материјал за нејзината изградба е од делкан гранитен камен меѓусебно поврзани со варов малтер и фуга, со средишна купола. Кровната конструкција и апсидата е изработена од брестово дрво, на четири води обложен со герамиди. На западната страна од црквата се влегува во нартексот. Над влезната западната врата постои вдлабена полукружна ниша со насликана допојасна претстава на сГосподовото Преполовение.
Наосот на црквата е едно броден. Заради малата просторност на црквата иконографската програма распоредена е на класичен начин, со додатоци на композиции што се типични за периодот на XIX век.На ѕидните површини насликани се и на север и на југ Старозаветните Пророци. Централниот и страничните травеи, обоени се со светлосина боја, како имитација на небо и на површината кај централниот травеј, насликани се златни ѕвезди. Во центарот на средишниот травеј аплицирано е платно со претставата на Исус Христос Седржител. На исток е обликуван олтарниот простор со централна апсида, која е полукружна од внатрешната, а седмо-страна од надворешната страна.. Помеѓу колонадата на север поставен е амвонот кој е насликан со цветни мотиви.
На северниот ѕид од наосот на поголем дел од ѕидната површина насликана е композицијата Исус Христос Праведен судија, а во продолжение кон исток насликани се композиции од животот на Исус Христос во втората и третата зона Од јужнатата страна на наосот во првата зона и во втората зона од исток кон запад претставени се свети воини и други светители и маченици во цел раст. На западниот ѕид во горната зона насликана е композицијата Тајната вечера.Кон источната страна поставен е дрвениот висок иконостас, кој го одвојува просторот на наосот од олтарниот простор е украсен со икони.
Почитувани мои приквечерните сончеви зраци милуваќи ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката пред се манастирскиот комплекс Свети Климент Охридски ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Свети Климент,а ширум северниот дел Струшкото Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Мислешево. Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои предлагам дел од вечерното богослужение со кои началствуваа свештеници од струшката парохија кое се одржа во манастирскиот храм Свети климент Охридски во чест на Свети Климент, богослужената вечерна трпеза, која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од памтивека па се до ден денешен да проследите во продолжение на оваа репортажа
Почитувани мои утринските сончеви зраци милуваќи ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката пред се на манастирскиот комплекс Свети Климент Охридски ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Отсекувањето на главата на Словенскиот се светител Свети Климент Охридски ,а ширум северниот дел Струшкото Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Мислешево. Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои предлагам дел од утинското богослужение со кои началствуваа свештеници од струшката парохија кое се одржа во манастирскиот храм Свети Климент Охридски во чест на сесловенскиот просветител Свети Климент Охридски и црковниот богослужен ручек, која традиција се пренесува од колено на коленои, од генерација на генерација од памтивека па се до ден денешен да проследите во продолжение на оваа репортажа.
Почитувани мои не ми се напушташе селото Мислешево, морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во струшкава регија, со едно ветување дека повторно ќе дојдам во селото, на духовниот празник Посен Свети Јован, чие име го носи соборниот храм Свети Јовоан Крстител, ова двеилјадо дваесет и третово господово лето саде господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.