Поминаа речиси две-три години години, кога така да речам за прв пат го посетив селото Никодин на сам ден на празникот Рождество на Пресвета Богородица, да направам докуменарен запис и за ова село.
Почитувани мои , ете како што вели народот господ сакал повторно да дојдам во селото Никодин, на сам ден на Илинден ова двеилјадиро дваеает и трето господово лето, по покана, како што тоа беше пред две-три години така и сега Блаже Здравески, меѓу никодинци попознат по прекарот Буѓата , чие илинденско празнување се одржа во никодинската соборна црква Свети Атанасиј.
Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, од Скопје за Никодин тргнав во раните утрински саати, во зорите во мугрите, на сам ден Илиден, овој пат со моето возило, со стариот руски џип со “камазот” кој речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, за да стасам на време во Никодин и по речиси два саати народно кажано удобна вожња, по дел од автопатската делница Скопје-Велес-Градско и регионалната магистрала Градско-Росоман-Дреновска и-Фаришка Клисура- Плетварско Џаде, свртуваќи десно спроти Раечката теснина по речиси печеснаесет километарското Никодинско макадамско џаде кое кривулесто се извиваше длабоко во полите на планината Бабуна, под „закрила“ на високиот врв Козјак, на самото изгрејсонце пристигнав во селото Никодин , распослано на пониските кеменести падини на планината, обиколено со шуми и длабоки рекички и долови чмаеше едно од големиот број заборавени македонски села, некогаш со убави камени куќи полни со луѓе, денес одвај живо, сепак жилаво, селото Никодин, каде што ме пречека мојот домаќини Блаже Здравески, меѓу никодинци попознат по прекарот Буѓата.
Откако се симнав од камазот и така да речам додека се обидував да видам кај сум, што сум и со поглед го барав првото патче кое ќе ме однесе во селскиот соборен храм Свети Атанасије,го слушнав гласот на мојот домаќини Блажета Здравески, меѓу никодинци попознат по прекарот Буѓата.,кој ми довикуваше:
-Ој, Зоране!- ој Гале! дојди понаваму!дојди поодблизу да те видам.
-Идам, идам-му довикнав!
-Добре дојде-ми рече
-Добро те најдов-му одговорив.
-Добро е ете што повторно дојде во моево родно село Никодин да направиш едно убо ново слико за селово мое , моиве соселани иако не живеат во селово, кои се дојдене ненеска на светиот македонски празник Илинден, да ја надополниш репортажата што ја сними овде во Никодин пред две-три години, да ти ги драскажат приказните за историското битисување на ова мое родно село, што останаа не раскажани минатиот пат, за да неостанат покријани од правта на заборавот
Од како што се вели за кратко време си се прикажавме се упативме во правец на сковниот двор на селскиот соборен храм Свети Атанасије.
Почитувани мои, богами, мерак ми беше што ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во ова прилепскосело на сам ден на Илинден, чие празнување во чест на Илиндсенското востание на Македонскиот народ за создавање на своја Македонска држава никодинци сто и дваест години го чествуваат, а вооедно да го надополнам моето досегашно сознание и за многуте адети, обичаи, селски црковно-манастирски се народни празнувања, кои мештаните од ова село, со надеж дека меѓу помладите никодинци и по раѓање и по потекло , особено меѓу оние поупатените во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.
Почитувани мои откако да речам заедно со мојот домаќин Блаже Здравески, меѓу никодинци попознат по прекарот Буѓата двор народски кажано за здравје си запаливме по некоја свеќа пред олтарот на црквата Свети Атанасије, навистина мило ми беше кога забележав како лицата на моите домаќини им се радуваа што ете и нивното село Никодин така народски кажаноповторно ќе биде за век и веков насликано со убо слико од окото на камерата на продукцијата Мариово филм.
-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, ти стоиме на на располагање, за се што ти треба, затоа што не само што добро го познаваш сторискиве збиднувања овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познаваш историското духовно битисување на овие краишта гледајќи те по телевизориве наши – ми велеа.
Почитувани мои моите домаќини ме замолија така народски да речам најсетне јас да им ги раскажам моите досегашни историографски сознанија за нивното село Никодин, копајќи низ македонскиве и балканскиве архиви, а сетне тие да ми ги дораскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги раскажале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го прифатив.
Почитувани мои пред да го гледата видео записот за илинденското празнување во чест на Илинденското востание на Македонскиот народ ова две илјадо дваесет и третово господово лето во селото Никодин, предлагам да ве запознам со моите досегашни историогарфски сознанија за историското битисување на ова село копаќи во архивите како во република Македонија, така ширум балканскиве простори во изминатиов пеериод во продолжение на оваа репортажа.
Длабоко во полите на планината Бабуна, под „закрила“ на високиот врв Козјак, на 37 километри североисточно од Прилеп, на пониските кеменести падини на планината, обиколено со шуми и длабоки рекички и долови, чмае едно од големиот број запоставени македонски села, некогаш со убави камени куќи полни со луѓе, денес одвај живо, сепак жилаво, селото Никодин. Киптат времињата во него, „мириса“ длабоката историја од длабоко закоренетите дрвја, високите треви, карпите и камењата, големите камени куќи и замандалените, но разнишани порти по авлиите. Селото Никодин,е мошне старо село, а за тоа говорат достапните историографски податоци говорат за најмалку непрекинат шест вековен живот во него. Тоа се гледа од разновидните траги по градбите и во просторот на кој е расположено, во разновидните споменици со старо потекло, во преданијата кои ги пренесуваат жителите на селото како и во археолошки наодикои и денеска ги им во самото село, како што се остатоци од керамички садови и слични предмети.
Кога ги набљудуваш, големите зданија од руралната архитектура, не можеш да не забележиш дека се градени од раце на вешти мајстори во едно време на силна животна енергија, на верба во опстанок и напредок на поединецот и семејството. Мештаните овие камени заднија ги граделе со вкус, со вештина и знаење, но и со желба за естетика и практичност. Сите куќи амбари и плевни, говедарници и трла се изградени само од камен иако денес напуштени, делумно во распаѓање, сепак зачувале дел од естетиката, импознатноста, практичноста и топлината. Особен белег на архитектурата се покривите со стар тип на ќерамиди, познати како „турски“.
Никодин со своите градби не упатува токму на тоа време, иако поголемиот број од куќите биле градени во периодот по Втората светска војна., со посовремена форма, пораскошна, често и импозантна, но покривите останале да бидат сведоци на едно постаро време. Градбите се со нагласени димензии, со разиграна архитектура, со впечатливи форми чардаци, скали и слични архитектонски елементи. Пооделни куќи заличуваат на помали згради,кои потсетуваат на минатото, кога селото било полно со живот, во куќите живееле семејства со нагласен број членови од сите возрасти.
Најстари податоци за жителството на селото среќаваме во турските дефтери, кои турската власт прецизно ги водела. Александар Стојаноски и Драги Ѓорѓиев, во нивните историографски записи забележани во книгата „Населби и население“ е запишано „Никодин е христијанско село јужно од Велес, во Велешката нахија. Во 1445 година имало 20 семејства, 4 неженети и 6 вдовици, во 1467/68 одина . 42 семејства и 2 неженети, во 1481 /82 година 48 семејства во 1519 година 56 семејства и 6 вдовици, во 1528/29 година 49 семејства, 5 неженети и 3 вдовици, во 1544/45 година 54 семејства, 10 неженети и 6 вдовици.
Историкото битисувањее на селото Никодин е забележано и во историографскиот запис во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во која е запишано дека во 1873 година Никодин броело 80 куќи и 343 жители., додека пак кај Васил Кнчов, во неговата книга „Македонија. Етнографија и статистика“, стои дека во 1900 година Никодин броело, 900 жители, кај Димитар Мишев во неговата книга „Македонија и незината популација е запишано дека во 1905 година ова селото броело, 1032 жители.
Историкото битисување на Никоден е забележано како во средновековните црковни записи така и во цековните записи од осумнаесеттиот век во манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“ каде што се споменуваат имињата, „Младен, Трна, Стана, Стојан, Велика, Велко, Сима, Стојко, Неда, Јоан, Ката, Апостол, Стоја, Пере и Неда, додека пак во кодикот се запишани имиња кои оставиле дар на манастирот и тоа Илко оставил ведро ракија; писа Стоиче, и писа Стојан, писа Неделко, Јован, Струма, Косте, Кочо, Ѓуро, Анѓа, Никола: и писа Секула.
Во црковните сзаписи во манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“ од осумнаесеттиот век за никодинската црква Црквата, „Св. Атанасије“, е запишано Црквата Свети Атанасије која се наоѓа во центарот на селото е изградена во 19 век. Живописана е од мајстори од западна Македонија, од селото Гари. Селска слава на селото е празникот Илинден, чиј светец воедно е заштитник на селото. Во селото постои црквата Свети Илија, која се наоѓа пред влезот на селото., на самиот рид каде се наоѓаат и гробиштата. Во гробиштата, во јужниот влез е упокоен селскиот питроп Никодим, подоцна од православната екумена прогласен за светец попознат како Никодим Тисмански, кој во Романија изградил манастир, покрај реката Тисман.
Кога секој посетител ќе прати поглед ширум хоризонтот што го опкружува селото Никодин ќе заклучи дека ова село иако така да речам одамна е раселено село , сепак од мештаните не е заборавено, а за тоа говори жуборот на изворската вода од двете камени селски чешми едната на влезот во селото, другата на средселото, селската црква „Св. Атанас“, со обновените делови од градбата, камбанарија и неколкуте припратни црковни простории, како и неколкуте реобновени или во фаза на реобновување куќи, а секако и многувековнаото празнување празну на летната слава, а воедно и шатрон на селото Никодин Свети Илијја, во селскиот црковен храм Свети Атанасије.
Почитувани моии, богами, мерак ми беше што ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Никодин на сам ден на Илинден, воедно на неговата летна чија слава мештаните со векови си ја празнуваат ова две илјадо дваесет и третово господово лето, овој пат во селскиот соборен храм Свети Атаније.
Почитувани мои видео записот од утринската богослужба, со која чиноначалствуваше пархискиот свештеник, црковниот богослужен ручек, кои го приредија домаќините во чест на Илинден и се народното празнување во црковниот двор во црквата Свети Атанасије предлагам да го гледата во продолжение на оваа репортажа.
Почитувани моии, богами, мерак ми беше што ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Никодин на сам ден на Илинден, воедно на неговата летна слава чија слава мештаните со векови си ја празнуваат, ова две илјадо дваесет и третово господово лето, овој пат во селскиот соборен храм Свети Атаније. Го оставам соборскиот народ да си го празнуваат овој духовен православен празник, со едно ветување дека пак ќе наминам во селкото пресил, саде господ на сите нам живот и здравје да ни даде.