Региони

село Оровник (прв дел)

 

Поминаа  речиси дванаесет  години откако прв пат ja  посетив Славна Дебрца, каде што ме пречекаа  мештаните од Славна Дебрца кои ме прошетаа низ  непрегледните славно дебрцки пасишта, планински и долински предели, ги  видов добрините кои ги создала природата, колоритниот сјај на славно дебрцката убавина беспрекорно вткаена во верижните плакенско-илински и караормански планински венци, сончевите  зраци кои силно блескотеа над хоризонтот, прекршуваќи се во Охридското  езерско водно огледало, отсликуваќи го  многувековното битисување, ми ги  раскажаа за домаќинлакот на амештаните во Горна Дебрца, за некогашното полно средсело со народ во селата во Долна Дебрца и за се она што е знаено и не знаено во славно дебрцкава регија.

Помина речеиси неполна година  од нашата средба со Милчо Јосифоски, во Струга , ден пред Илинден на автобуската струшка станица, чекајќи така да речам да ме собери со неговото возило јабланичанецот Илчо Цоклески  и заедно да отидеме во долно дримколското село Јабланица  и за ова село да направам репортажа, кога во неврзан разговор ме покани да направам репортажа и за неговото родно село Оровник, кога на сам ден на Прочка, во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на  Милчо Јосифоски кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Милчо Јосифоски  од село Оровник,човекот со кого се запозна во струга, на автобуската станица. чекајќи  да те соберат и да те однесат во  дримколска Јабланица – ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не с есеќавам- му одговорив.

-Од името на месната заедница и од црковниот и манастирски одбор на шесте цркви и манастири  од селото Оровник ве покануваме да ни дојдете на гости на нашата манастирска слава посветена на Света Петка, која секоја година ја празнуваме првиот петок веднаш по Велигден , ем за манастирската слава , ем и за селоо мое да направиш едно убаво слико,сето село ќе биде збрано  онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време , поточно речено на сам ден на Ѓурѓовден Благоец, го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Милшо Јосифоски, заѕвонив.Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Милчо од село Оровник  ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

-Добарден, овдека милчо Јосифоски  од село Оровник, Зоране ти ли си!-го слушнав гласот на Милчота , од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -му реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека за Света пека Римјанка ќе дојдам во  Оровник!- му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш ние Оровничани  два дена гости чкаме и заслог правиме, а утредента и покрсти одиме, Многу народ ќе има. За овој ден дури  и од Америка и Австралија, си идаат- со радост одговри Милчо Јосифоски.

На пат за Оровник ден пред празникот посветен на  Света Петка Римјанка, од скопската автобуска станицасо првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, кај автобуската постојка Оровник  го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го  возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина  за Охрид. По краткиот престој на местото  каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто  Оровничко  џаде  кое ме донесе  до Оровничкото средсело, каде што ме пречека Милчо Јосифоски и неговите соселани Љубе Нелоски , меѓу оровчанци попознат по прекарот Топлак и  Климе Наумоски, меѓу оровчанци  попознат по прекарот клисарот.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на оровничанци- ми рече.

– Зоране, да ми те прашаме уште нешто ако може, каде тие другарон со  белана коса што саде везден го  гледаме на телевизорон  во  репортажине , мислеќи на еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм професорот драгослав Миноски.-ме прашаа моите домаќини.

-Ќе дојде, набрзо и тој ќе дојде, кај да е ќе стаса, ќе пристигне, јас без него  никаде не одам, шеговито  им одговирив.

Додека така да речам на параванот пред селската продавница со моите домаќини Милчо Јосифоски, Љубе Нелоски- Топлак и Климе наумоски -Клисарот го допивавме утринското кафе набрзо пристигна и Драгослав Миноски. Почитувани мои навистина мило ми беше на душичката кога забележав како лицата на Милчо, Климе и Љубе им се радуваа  што ете Оровник  е моето прво село кое заедно со Драгослав Миноски го посетуваме, од неколкуте покрај езерски  села кои се во  составот на Општината Дебрца.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, а посебно  на  нашиов  пријател Драгослав Миноски, ви стоиме на на располагање, за се што ви треба, а тој лебами не само што добро го познаваи сторискиве збиднувања  овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познава историското духовно битисување на овие краишта  гледајќи го по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои откако така да речам си ја допивме ракиицата народски кажано која ни ја наточи кооператотот во  старите ракиџиски чашина и си  го испивме утринското кафе, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини не  замолија најсетне ние да им ги раскажеме нашите   досегашни историографски сознанија за нивното село Оровник, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Селото Оровник    е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Минатото  и сегашноста на Оровник   е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Оровник   илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска.

Селото Оровник   илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Оровник   е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен  10-тина години после востанието на Ѓорѓија Кастриот, каде што според овој попис  селото административно припаѓало на Охридската Каза и имало статус на дервенџиско село, за да во  16 век административно припаднало кон Дебарската Каза. Во периодот на пописот во селото имало 20 домаќинства, селото плаќало данок од 3026 акчиња односно една третина од целокупниот данок од Долни Дримкол.

Исто така селото Оровник е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле педесет  домаќинстава сите рисјани. Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570,  а во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 44 домаќинства, а припаѓало на охридската каза.. Во втората половина на седумнаесеттиот век селото  му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици  ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег.

Според отоманскиот попоис од 1867 година селото броело триесет  рисјански домаќинства. Пред крајот на турското владеење сопственици на чифлиците во селото Пискупштина  биле Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас–ага  , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег.

Во XIX век, Јабланица било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство. Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 166 жители, од кои 146 православни Македонци и  20 македонци со мухамеданска вероисповед.

Кон крајот на отоманското владеење во селото Оровник постоеле четири чифлизи чи чифлиг сајбии биле Малик бег, Сали ага, Рифат ефенди, а името на четвртиот чифлиг сајбија името не му е познатао, каде што свои живеалишта имале изградено покрај постојните селани и чифчиите кои работеле на чифлизите на претходно спомнатите бегови.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото имало 140 жители, , додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 166 жители.

Дека  селото Оровник    на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Oхридска -струшка област  издадена во белград 1992 година , за селото го забележал следното: Селото оровник се распостила под планинскиот гребен Вишо,во долината која ја формираат реките Капеш и тројанска Река. Во Оровник се е свртено кон сонцето. Куќите, нивите, ливадите, како да се поставени терасовидно гледајќи на јужната страна. Ако се гледа од долните делови на селото се добива впечаток дека одделни куќи се губат помеѓу високите дрвја но зачудувачки е тоа што од секоја куќа се шири прекрасен поглед и голем отворен простор

Во оровник се наоѓаат виканите места Вишо, Селиште, Чобанче, чука, Тројанско Поле, Миратој нивје, лескоец, Марко ранина, Голем нива, Мали ливаѓе, Широки раздол, Крива врба, Оровнички ливаѓе, Долно поле и многу други.

Јован Трифуновски   во својот научен труд Oхридска -струшка област за семејните лози во  оровник го  забележал следното: Сите родови во селото се доселенички, Најстари родови во селото се Мијаковци и Неловци кои се доселиле во осумнаесеттиот век. Мијаковци  доселени се од мијачкиот крај, поточно од селото Галичник, Неловци доселени се од селото Лактиње, во Лактиње дошле од селото Присовјани. Цветковци доселени се од селото Сошани, Јолаковци .доселени се од селото Коњско,  Даљчевци  доселени се од селото Злести, Митревци доселени се од селото Слатино, Бомболовци и Таневци некогаш чинеле еден род, доселени се од селото Лин, Албанија, Секуловци или Бамболовци доселени се од некое село во околината на Лерин, од Леринско најпрво се населиле во селата Лактиње и Слатински Чифлик, Мартиновци доселени се од преспанското село Герман, тие од Герман најпрво се населиле во Ѓавато, оттаму во Црвена Вода, од Црвена Вода отишле во Орман, а од Орман се населиле во Оровник. Мојсовци или Лошковци по потекло се од Дебарско, од Дебарско најпрво отишле во Струшка Малесија, а од таму во Лешани, од Лешани во Подмоље и на крај околу 1912 година се населиле во Оровник.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Оровник е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатата  селската црква „Свети Илија“, манастирите Света Петка, Света Недела,  параклисот Свети Никола-Чекоштина и црквата Свети Спас.

Во подалечното минато  мештаните од селото Оровник  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење, како што е востанието на Ѓорѓија Кастриот. Исто така во во периодот под Османлиско ропство од страна на оровчанци  се појавува одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија. Мештаните од селото Оровник учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.

Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив оровчанци како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. Оровчанци  активно се вклучиле во антифашистичкото движење.

Оскудното плодно поле, ги приморало горно горичани   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби

Кога секој добронамерник ќе дојде во Горна Горица    и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви што старото одамна му остапило место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската , како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Оровник, првиот Петок по Велигден на манастирската слава посветена на на Света Петка    , ова две илјадо дваесет и третово господово лето , кој се празнува со векови   во овој манастир. Почитувани мои како мештаните од селото Оровник   го  празнуваа верскиот празник, ова две илјадо дваесет и третово  господово лето , кој се празнува со векови   во манастирска црква Свет Петка, ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print