Региони

село Oровник (втор дел)

Почитувани мои, малку чудно ми беше затоа што  во селото Оровник не се чувствуваше она вообичаено селско сенародно празнување. Си велев во себе, каде се луѓево, нели е празник денеска, но додека размислував и одев кон средселото , за миг мојата мисла ја отргнаа моите домаќини  Милчо Јосифоски, и неговите соселани Љубе Нелоски , меѓу оровчанци попознат по прекарот Топлак и  Климе Наумоски, меѓу оровчанци  попознат по прекарот клисарот  кои  ми напомнаа да не ме чуди тоа што во  селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што приквечерината  селово ќе празнува, сето село ќе биде горе во манастирон, на заслогот, а утре изутрина сето село ќе биде во нашиов манастир, во  вакавот

-Голема чест ми направивте за довербата што ми ја доверивте, што поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам на широкиот телевизиски аудиториум преку продукцијта Мариово Филм со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот- на нашите домаќини  Милчо Јосифоски, и неговите соселани Љубе Нелоски- Топлак и  Климе Наумоски- клисарот манастирскиот одбор им се заблагодари  Дарагослав Миноски.

 

Почитувани мои, малку чудно ми беше затоа што  во селото Оровник не се чувствуваше она вообичаено селско сенародно празнување. Си велев во себе, каде се луѓево, нели е празник денеска, но додека размислував и одев кон средселото , за миг мојата мисла ја отргнаа моите домаќини  Милчо Јосифоски, и неговите соселани Љубе Нелоски , меѓу оровчанци попознат по прекарот Топлак и  Климе Наумоски, меѓу оровчанци  попознат по прекарот клисарот  кои  ми напомнаа да не ме чуди тоа што во  селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што приквечерината  селово ќе празнува, сето село ќе биде горе во манастирон, на заслогот, а утре изутрина сето село ќе биде во нашиов манастир, во  вакавот..Зоране  ако не се и овие славите  вака  како што не гледаш, не останува ден да се видиме , не оти не сакаме , едно видување е еден век, арно ама времињата се изменија , не се исти, ми велеа  моите домаќини Милчо Јосифоски, и неговите соселани Љубе Нелоски-Топлак , и  Климе Наумоски-клисарот.

Ризницата на културното наследство на Македонија, создавана во текот на праисторијата, па се до почетокот на минатото столетие, опфаќа голем број на споменици кои припаѓаат на различни историски епохи и ги одразуваат плодните творечки идеи на ова поднебје изразувано преку поединечни техники на творење како живописување, резбарење, иконописување, градителствување или пак на некој друг вид на креирање.

Македонија поседува  7.081 недвижен споменик од кои  4.293 се археолошки наоѓалишта, 992  цркви и манастири со над 150.000 квадратни километри  фрескосликарство, над 22.855  икони  и 240 иконостаси, балдахини и владички престоли изведени во резба, 220 објекти од рурална и 379 од урбана архитектура, 47 кули,  бедеми и мостови, 1.000 споменици и спомен-обележја, 228 објекти од  османлиската архитектура џамии, анови, амами, стари чаршии.

Музејските и галериските збирки содржат над 500.000 поставки археолошки и етнолошки предмети, предмети од историско значење, како и предмети од применета уметност. Во 1980 година . во Списокот на споменици под заштита на УНЕСКО е внесен и Охридкиот регионот, а како негов составен дел и регионот Дебарца.

Да се истражува регионот на Дебарца, навистина претставува не само задоволство, туку и привилегија на секој поединец, вљубеник во природните и културните убавини на оваа област. Со својата извондредна географска местоположба, особено со богатството на многубројните цркви и манастири, Дебарца претставува своевиден бисер со посебен ареал што Господ ја создал на земјата.

Дебрца изобилува со сакрални објекти изградени уште од времето на светите Климент и Наум, кои се нераскинлив дел од разновидното културно богатство кое говори за традицијата и недопрените живописни предели во овој крај.

Црквите и манастирите се неизоставен дел од духовниот дел на животот на селата во Славна дебарца, кои најчесто се позиционирани на најдоминантната позиција во селата и зрачат со својата убавина. Изградени во ралични временски периоди, а најмногу во средновековниот и во времето на преродбата крајот на 18-ти  и почеток на 19-ти век, кога всушност за краток временски период ќе никнат прекрасни градби благодареќи на цврстата волја и вера на селаните,  како и во  селото Оровник.

Почитувани мои утринските   сончеви зраци милуваќи го   манастирскиот комплекс ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Света Петка Римканка,а како од градот Охрид и градот Струга и нивните приградските населби како и селските населби од Славна Дебрца, како бисер гердан се зареди народ во правец на манастирот. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои предлагам да  проследите  дел од видео записот од пригодната утринска  богослужена литургија, од благословената  трпеза,  што ја организираа членовите на манастирскиот одбор во чест на  Света Петка Римјанка во служение на парохискиот свештеник заедно со соборскиот народ предлагам да ве запознаам со  моите историографски сознанија за светицата Света петка Римјанка.

Света Петка Римска во православието е признаена како христијански маченик, која живеела во текот на 2 век. Таа е родена во Рим, во времето на владеењето на императорот Адријан, од христијански родители – татко Агатон и мајка Политеја. Нејзините родители долго време немале деца и постојано му се молеле на Бога да им подари барем едно дете. Нејзиното име произлегува од тоа што таа е родена на денот петок. Бидејќи по потекло била од  христијанско семејство, таа го добила името Параскевa, чие име го означува петтиот дел од седмицата а тоа е денот Петок. Исто така бидејќи, таа е родена во петок, денот кога евреите се подготвувале за празнување на саботата, името Параскева означува и “подготовка.Света Петка е позната и под името: Света преподобна маченичка Параскева Римјанка.

Родителите на Параскева биле мошне имотлии што овозможило таа да се здобие со добро образование. Уште од млади години, таа била воспитувана во духот на христијанството, така што кога научила да чита, Библијата била нејзиното омилено четиво. Исто така, како задолжителен дел од образованието на децата од добростоечките семејства во тоа време, таа ја изучувала темелно и филозофијата. Привлечени од нејзината извонредна убавина и интелигенција, многу синови на угледните семејства ѝ нуделе брак, но таа ги одбила сите.

Родителите на Параскева починале кога таа имала 20 години. Исполнета со христијанските идеали и христијанскиот дух, и како единствено дете и наследник на семејниот имот, таа продала сè што поседувале нејзините родители, заработените пари им ги поделила меѓу сиромасите и се замонашила, проповедајќи го христијанството.

Незаштитена и во многу опасни времиња, кога христијаните биле прогонувани, ѕверски мачени и погубени во Римското Царство, Параскева остатокот на својот живот го поминала подучувајќи ги луѓето на христијанската вера и успеала да преобрати многу луѓе во новата религија. Поради дарините што и го дарил господ бог за ширењето на христијанството , била наклеветена од еврејските швестеници кај императорот Антонин Пиј. Тој се воодушевил од нејзината необична мудрост и убавина и ѝ рекол да им принесе жртва на боговите, а ако не прифати, ќе биде подложена на мачење. Но, Параскева му одговорила на царот: “Јас никогаш нема да се откажам од Христос, мојот Бог!.

Тогаш, царот се разгневил и наредил на главата да ѝ стават вжештена римска метална капа, но таа останала неповредена. Потоа, царот наредил еден голем казан да се наполни со врело масло и смола и тој ја фрлил Параскева во казанот. И покрај тоа, таа стоела среде казанот, неповрдена. Зачуден од глетката, царот ѝ рекол: “Параскево, попрскај ме со маслото и смолата за да видам дали навистина жежат.” Параскева зела во раката масло и смола и го попрскала в лице, а царот веднаш ослепел. Тогаш, тој започнал гласно да ја моли и да бара помош со зборовите: “Смилувај се на мене, слугинко на вистинскиот Бог, па и јас ќе поверувам во Господ кого ти го проповедаш.” Параскева му се помолила на Бога и царот веднаш прогледал. Од тој момент, царот поверувал во Христос и се преобратил во христијан.

Св. Петка го напуштила Рим на триесетгодишна возраст и проповедала во неколку градови. Во време кога еврејските свештеници ги обвинувале христијаните за разноразните несреќишто се случувале  Параскева била честопати прогонувана, затворана и мачена, но останала непоколеблива и верна на својата мисија. Проповедајќи го христијанството, таа стигнала во еден град, управуван од управителот на градот  Асклипиј пред кого изјавила дека Христос е Бог на небото и на земјата. Разгневен, Асклипиј ја испратил во една пештера, надвор од градот, во која живеела некоја страшна змија, но од присуството на Параскева, змијата се вовлека во  пештерската темнина. Увидуваќи го тоа самиот Асклипиј посакал и го примил христијанството.

Подоцна, св. Петка пристигнала во друг град во кој владеел Тарасиј, пред кого, исто така, изјавила дека Христос е вистинскиот Бог. Поради тоа, кнезот ја фрлил во котел полн со врело масло, смола и олово, но Господ испратил ангел од небото, кој го оладил котелот. Така, св. Петка останала неповредена. Тарасиј ја ставил на други тешки маки, но таа не се откажала од верата во Христос,а Тасиј наредил со меч да и се отсече главата. Тоа се случило во 140 година. смртта, Нејзината душа како гулабица одлетала на небото., каде што по незиното упокоение биле забележани  бројни чуда, а христијаните ги посведочиле нејзините божествени чуда.Незините свети мошти се наоѓаат во Цариград.Празникот Св. Петка се празнува на 26 јули по стариот календар, т.е на 8 август по нов стил.

Почитувани мои предлагам да  проследите  дел од видео записот од пригодната утринска празнична прослава, од утринската богослужена литургија, во чест на Света петка римјанка и утринската богослужба за велигденските покрсти  благословениот манастирски ручек,  што ја организираа членовите на манастирскиот одбор и соборниот народ  во чест на   Света Петка во служение на парохискиот свештеник во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости  во  селото Оровник, на многувековниото духовно празнување посветена на света Пека римјанка во  манастирот кој го  носи името  на оваа светица,  да ги надополнам моите , а богами и вашите сознанија  за ова празнување. Почитувани мои ги оставив соборниот народ да си го празнуваат православниот екуменски празник посветен на Света Петка римјанка со едно ново видување, само господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print