Региони

село Боиште (прв дел)

За селото Боишта тргнав  во попладневните саати ден пред Свети Атанасије- зимен , за да стасам на време што се вели, да се видам со селаните од ова село,  да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Поминаа речиси печес години  кога така да речам последен пат прошетав низ демихисарската  регија, поточно речено кога во  две илјадо и седумнаесеттото  господово лето за Илинден  како дел од Маквровско-кичевската коњица, не  пречекаа демихисарци и не испратија во правец на Крушево кон Мечкин Камен.

Ете како што вели народот господ милувал  демихисарската регија  повторно  да ја  посетам, но овој пат  по покана на Благојче Ррајчевски, да направам  документарен запис и за селото Боишта да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа регија село, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.

Иако со години  крстарам низ демирхисарско  , така да речам никако не му доаѓаше редот за ова населено место  да направам и за него  документарен запис.  Една стара народна поговорка вели  не кога сакаме ние , туку кога господ ќе го каже тоа. И навистина така и бидна. На вториот ден од Божик ова двеилјадо дваесет и третово господово лето рано , мошне рано ми заѕвони мојот телефон и како и секогаш кога некој ме бара преку телефон, ја кренв слушалката, а од другата страна така народно да се изразам на телефонската жица , слушнав еденпознат глас кој ми велеше:

– Добро утро Зоране, како си, да не те разбудив- ми рече .

-Доброутро-му реков. -Буден сум, одамна сум буден додадов.

-Овдека Благојче Трахчевски , туку ете јас така порано, знаеш по селски, се јавувам, имам една молба да те замолам ако можеш да дојдеш во Демихисаров наш насушен, да дојдеш во моево родно село Боиште ,направиш едно убо слико за моево родно место.

– Што велиш- ме праша?

Е, слушај вака да ти кажам, со ниет сум деновове повторно да прошетам низ демихисарската регија, па убаво би било да го посетам твоево родно село и за него да направам едно убо слико – малку на повисок глас на шега му подвикнав!

-Ете сега кандисај се- – Јас своето си го  кажав, сега оставам на тебе- ми рече.

– Туку кажими кога да дојдам, го потсетив!

– На Свети Атанасије -зимен, имаме голема прослава, голем народ се збира, слава му е на манастирчето – ми рече.

– Бива, што велиш, ми подвикна!.

– Бива, како не бива-  му реков.

– Ти само појди до Демир Хисар , а  јас ќе ми те пречекам и се ќе ти организирам, ич да не му се секираш -ми велеше Благојче Трајчевски.

За селото Боишта тргнав  во попладневните саати ден пред Свети Атанасије- зимен , за да стасам на време што се вели, да се видам со селаните од ова село,  да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Откако преноќив кај мојот пријател Гоце Трпчевски- Тито, рано во зорите каде што на крстосницата Демир Хисар- Крушево ме чекаше мојот пријател Благојче Трајчевски заедно со неговиот соселанец  пријатели Трајан Талевски и неговиот пријател Цане Трајкоски со неговата сопруга Јасмина Трајкоска. Откако си сторивме здраво-живо, тргнавме по печеснаесет километарската делница Демир Хисар – Кичево во правец на селото Боишта и и по речеиси триесет минути народски кажано лагана вожња стасавме во  селото Боишта., најсетне пред манастирот Свети Атанасије, и откако и со манастирскиот одбор си рековме здраво-живо и откако малку се стопливме околу разгорениот и усвитен од жарта стариот манастирски од железно војничко буре, останат од воените виори на овие простори пампур и мавнавме по две-три чашиња греана боишка сливаова ракија , со мојот домаќин Благојче трајчески и неговите пријатели , се упативме в село.

Почитувани мои, додека со мојот поглед  така да речам ја разгледував панорамата нас селото Боишта, мојот домаќин Благојче Трајчевски ми велеше:

-”Добредојде Зоране долго те чекам да дојдеш и во  ова село.” – Јас тебе добро те познавам Зоране, од телевизијана, саде ми те гледам, со радост ги гледам репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако јас не сум по вокација историчар ме задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни, а и ги имам проверено листаќи низ мојана историографска литература со која располагам.

Од како што се вели  со мојот домајќин Благојче Трајчевски си го почнавме муабетот на долго и на широко за селото Боишта, за кратко време  околу  нас  се собраа и други мештани од ова село кои налик на она што претходно ми го кажа   и тие ми велеа:

– Зоране, Редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, секаде ќе те прошетаме,  ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во во нашево село , селото Боишта ми велеа.

Почитувани мои предлагам дел од мноштвата приказни што ми ги  раскажаа Благојче Трајчевски и неговите соселани  да ги  проследите во продолжение на оваа репортажа.

Боишта е планински село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат Плакенска и илинска Планина.Боишта го зафаќа западниот дел на Општина Демир Хисар. На север се граничи со Церово и Лесково, на исток со Стругово, на југ со Обедник и Смлилево и на исток со село Лева Река од Општина Ресен. Од градот демир Хисар оддалечено е дваесетина километри, а исто толку и од градот Кичево. Боиште во седумдесеттите години на дваесеттиот век  беше едно од  меѓу најбројните по жители села во демир хисарско.  Селска слава ни е Ѓурѓовден. Селово има две цркви. Црквата Свети Ѓорѓија и црквата Света Петка, а имаме и еден манастир , кој с евика Свети Атанасије. Во периодот 1950-1952година селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.Во периодот 1952-1955година селото беше во рамките на тогашната општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево, а од 1955 година па се до 1996 година припаѓа на Општината демир Хисар, а од 1996 година па се до две илјади и четвртата година припаѓа на Општина Сапотница, а по оваа година повторно е во составот на Општина демир Хисар.

-Зоране, да те прашаме нешто , може ли?- ме замоли  мојот домаќин Благојче Трајчески.

– Може, како неможе- му одговорив.

– Во името на моиве соселани, пред да продолжиме со моиве соселани редум да ти раскажуваме со досегашново битисување на нашево село, дали може да чуеме од тебе, ти нешто да ни раскажеш за многувековното битисување на нашево село, онака на твој начин да ни раскажеш, онака како што го правиш кога саде те гледаме и слушаме на телевизорон  кога раскажуваш за другине села, ме замоли Благојче  селаните од селото Жван.

-Може како не може- им реков

Е, убаво ќе сториш, ние саде ќе те слушаме , а и негдегоде и ќе се надоврземе со нашиве приказни, ми предложија.

Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи за селото Боишта датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние.

За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Жван илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на древниот Македонскиот народ, запишан  во хомеровата “Илијада”, ,како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија, ми велеше Никола Филипоски  и неговите соселани.

Опстојувањерто на селото Боишта  е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1440  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во  пописниот дефтер број 993листови од еден до  десет и 988 од лист 11 до 97 кој датира од 1468 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во отпманскиот пописен  дефтери од 1568година, во пописниот дефтер од 1582 година.Во втората половина на седумнаесеттиот век селото  му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици  ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег.Селото Боишта се споменува и во  отоманскиот попшисен дефтер од 1867 година. Пред крајот на турското владеење сопственици на чифлиците во селото Боишта  биле Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас бег, Тевид-бег , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег. Ове чифлиг сајбии изградиле неколку кули, кои денеска не постојат, каде што околу овие беговски кули свои живеалишта имале изградено покрај постојните селани и чифчиите кои работеле на чифлизите на претходно спомнатите бегови.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ . Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото имало 650 жители Според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  имало 720 жители.

Дека  селото Боишта    на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски “селските населби во Железнец” издаден во Белград 1959 година , за селото го забележал следното: селото  се наоѓа во областа Долни  Железнец, , во јужните падини на Илинска и Плакенска Планина

Јован Трифуноски во во својот научен труд “селските населби во Железнец” ги забележал најстрите семејни лози и тоа семјните родови на Богдановци; Дамчевци  Тодорчевци, Јанковци, Банаковци, Здравевци, Трајковци ; Џамбазовци ; Белевци ; Боцевци , Божиновци ; Вељанчевци; Вековци; Гајтановци , Чешалковци , Чукалковци; Зајаковци; Даљановци; Пројковци, Китановци; Перумуновци ; Цветковци, Јошаревци и Попевци.

Во 1900 година Боиште  имало 650 жители, во 1905 година 720 жители  во 1914 година 716 жители, во 1925 година 750 жители, а во 1931 г достигнува максимум од 765 жители. По Втората светска војна, како резултат на емиграционо движење бројот на жители се намалува од 686 во 1948 година 495 жители, во 1961 година,  180 жители.

Селски празник на селото им е  Ѓурѓовден. Селото има две цркви. Црквата Свети Ѓорѓија и црквата Света Петка . Црквата Света Петка има полукружна апсида. Ѕидана е со камен  и варов малтер. Покривот е двоводен најпрво шокријана со доломитни плочи, а подоцна со  турски џерамиди. Фасадата е фугирана. Црквата не е живописана.

Црквата Свети  Ѓорѓи градена во две фази .Првиот дел околу 1850 година.  Има правоаголна основа со седмострана апсида, архитравно покриена. Аписадата е градена од делкан бигор како и венецот, отворите и кошињата. Покривот е  на две води, покриена со турски џерамиди, првобитно од камени плочи. Фасадата е фугирани. Црквата има таваница од штици со опшивни лајсни. Фреско- живопис има само на северниот и јужниот ѕид изработен во 1878 година. Селото Боишта   уште од памтивека имало учени луѓе.   Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1849 година  во црквата  Света Петка  на македонски црковен книжевен јазик, а  според пишаните документи  учители  селските попови.

Во подалечното минато  мештаните од селото  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид. Во селото Боишта    се родени  македонските револуционери и илинценци. Тале Тодоров Дојчинов, Тале Димов Анѓелев , Петре Марков Анѓелев  , Ѓеорги Петров Талев, Тале Ристев Трајков , Даме Петров , Тале Иванов Јованов  и Коте Ставрев Јошев.

Исто така селото не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата светска војна каде штоза потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население ,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а на одарот на слободата на македонскиот народ за создвање на македонска држава во НОБ.

Кога секој добронамерник ќе дојде во селото Боиште и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња  ќе ја забележи  веќе старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  и порано ја  имало ова село, која се карактеризирала  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од цигла , опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, , кои говорат дака селото  Боиште   е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Боиште  да се видам со селаните од ова село, а тие да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Почитувани мои како изгледаше празнувањето на патрониот празник на манастирот  Свети АтанасијАлександријски ќе ви  пренесам во  продолжение на нареднатата репортажа.

Во 1467/8 година Боишта било именувано со називот Селце и  називот Вишта..Во 1468 година се регистрирани следниве семејства: Димитри, син на Мосока, Гон, син на Кокорта, Тодор, син на Степан, Петре, син на Папешка, Ненче, син на Дуклаш, Михо, син на Спасе, Петко, син на Ковач,  Гиго Арбанаш; Микше, син на Добрин, Раде, син на Добрин, Калиле, син на Стале. Којо, син на Петре, Димитри, син на Петре, Димитри, син на Тоде, Петре, син на Беле, Рајко Сабах-јаар, Никола, син на Козлар, Петко, син на Петре, Ненче, син на Радина, Пројко, син на Добрин, Лазор Чаме, Никола, син на Добре, Васко син на Добре,  Добре син на Петрушин, Димитри, син на Белобрад,  Бошко син на Арбанаш; Димитри, син на Душан Бошко, брат на Богче; Герг, син на Баштре; Илија, син на Добрин;. Селото имало 30 семејства; 2 вдовици, 2 неженети. Боишта во 1467/68 година платило вкупен данок од 1.460 акчиња.

Исто така се споменува и по Балканските војни како и за време на српскиот период од 1918 – 1941 год. село што припаѓало на Струговската општина. (Забел. авторот) 10 Опширни пописни дефтери бр. 993 и 988 од 1468 г. за Битолската нахија (nahye-I Manastir), стр, 233 11 раја – немуслиманско население во некогашна Турција, закрепостено и обременето со даноци селото Боиште имало 33 семејства и 2 неженети или вкупно 167 жители. Очигледно селото не нараснало, нити се намалило во текот на стоте години.12 Боиште во текот на 20-ти век, го достигнува својот максимум, но и минимум на жители. Имено, во 1980 година, и 22 жители во 1994 г. Според пописот од 2002 година во селото живеат 7 жители. Во последнава 2015 г. има само 2 житела. Сепак, во летнито период од годината во селото доаѓаат т.н. „викендаши“ чии број се движи и до над 50 личности

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print