Региони

село Боиште (втор дел)

Боишта е планински село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат Плакенска и илинска Планина.Боишта го зафаќа западниот дел на Општина Демир Хисар. На север се граничи со Церово и Лесково, на исток со Стругово, на југ со Обедник и Смлилево и на исток со село Лева Река од Општина Ресен. Од градот демир Хисар оддалечено е дваесетина километри, а исто толку и од градот Кичево. Боиште во седумдесеттите години на дваесеттиот век  беше едно од  меѓу најбројните по жители села во демир хисарско.

Поминаа речиси печес години  кога така да речам последен пат прошетав низ демихисарската  регија, поточно речено кога во  две илјадо и седумнаесеттото  господово лето за Илинден  како дел од Маквровско-кичевската коњица, не  пречекаа демихисарци и не испратија во правец на Крушево кон Мечкин Камен.

Ете како што вели народот господ милувал  демихисарската регија  повторно  да ја  посетам, но овој пат  по покана на Благојче Ррајчевски, да направам  документарен запис и за селото Боишта да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа регија село, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.

Иако со години  крстарам низ демирхисарско  , така да речам никако не му доаѓаше редот за ова населено место  да направам и за него  документарен запис.  Една стара народна поговорка вели  не кога сакаме ние , туку кога господ ќе го каже тоа. И навистина така и бидна. На вториот ден од Божик ова двеилјадо дваесет и третово господово лето рано , мошне рано ми заѕвони мојот телефон и како и секогаш кога некој ме бара преку телефон, ја кренв слушалката, а од другата страна така народно да се изразам на телефонската жица , слушнав еденпознат глас кој ми велеше:

– Добро утро Зоране, како си, да не те разбудив- ми рече .

-Доброутро-му реков. -Буден сум, одамна сум буден додадов.

-Овдека Благојче Трахчевски , туку ете јас така порано, знаеш по селски, се јавувам, имам една молба да те замолам ако можеш да дојдеш во Демихисаров наш насушен, да дојдеш во моево родно село Боиште ,направиш едно убо слико за моево родно место.

– Што велиш- ме праша?

Е, слушај вака да ти кажам, со ниет сум деновове повторно да прошетам низ демихисарската регија, па убаво би било да го посетам твоево родно село и за него да направам едно убо слико – малку на повисок глас на шега му подвикнав!

-Ете сега кандисај се- – Јас своето си го  кажав, сега оставам на тебе- ми рече.

– Туку кажими кога да дојдам, го потсетив!

– На Свети Атанасије -зимен, имаме голема прослава, голем народ се збира, слава му е на манастирчето – ми рече.

– Бива, што велиш, ми подвикна!.

– Бива, како не бива-  му реков.

– Ти само појди до Демир Хисар , а  јас ќе ми те пречекам и се ќе ти организирам, ич да не му се секираш -ми велеше Благојче Трајчевски.

За селото Боишта тргнав  во попладневните саати ден пред Свети Атанасије- зимен , за да стасам на време што се вели, да се видам со селаните од ова село,  да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Откако преноќив кај мојот пријател Гоце Трпчевски- Тито, рано во зорите каде што на крстосницата Демир Хисар- Крушево ме чекаше мојот пријател Благојче Трајчевски заедно со неговиот соселанец  пријатели Трајан Талевски и неговиот пријател Цане Трајкоски со неговата сопруга Јасмина Трајкоска. Откако си сторивме здраво-живо, тргнавме по печеснаесет километарската делница Демир Хисар – Кичево во правец на селото Боишта и и по речеиси триесет минути народски кажано лагана вожња стасавме во  селото Боишта., најсетне пред манастирот Свети Атанасије,каде што   со манастирскиот одбор си рековме здраво-живо, малку се стопливме околу разгорениот и усвитен од жарта стариот манастирски од железно војничко буре, останат од воените виори на овие простори пампур и мавнавме по две-три чашиња греана боишка сливаова ракија.

Почитувани мои, додека со мојот поглед  така да речам ја разгледував панорамата на средновековното манастирче Свети Атанасија Мираклиски во селото, околу  нас  се собраа и други мештани од ова село кои налик на она што претходно ми го кажа   и тие ми велеа:

– Зоране, Редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, добре дојде во  манастирчево наше, да направиш едно убо слико, ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во манастирчево наше во селото Боишта ми велеа.

Почитувани мои пред да го погледнете видео записот како мештаните од селото боишта го  празнуваа славата посветена на Свети Атанасије- Александриски, меѓу народот попознат како Атанасије Зимен предлагам дел од мноштвата приказни што ми ги  раскажаа Благојче Трајчевски и неговите соселани за нивното село боишта  да ги  проследите во продолжение на оваа репортажа.

Боишта е планински село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат Плакенска и илинска Планина.Боишта го зафаќа западниот дел на Општина Демир Хисар. На север се граничи со Церово и Лесково, на исток со Стругово, на југ со Обедник и Смлилево и на исток со село Лева Река од Општина Ресен. Од градот демир Хисар оддалечено е дваесетина километри, а исто толку и од градот Кичево. Боиште во седумдесеттите години на дваесеттиот век  беше едно од  меѓу најбројните по жители села во демир хисарско.  Во периодот 1950-1952година селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.Во периодот 1952-1955година селото беше во рамките на тогашната општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево, а од 1955 година па се до 1996 година припаѓа на Општината демир Хисар, а од 1996 година па се до две илјади и четвртата година припаѓа на Општина Сапотница, а по оваа година повторно е во составот на Општина демир Хисар. Селска слава ни е Ѓурѓовден. Селово има две цркви. Црквата Свети Ѓорѓија и црквата Света Петка, и манастиров Свети Атанасије.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на селото Боишта,  сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат Плакенска и илинска Планина.Боишта не може, а да не го забележи манастирскиот комплекс Свети Атанасије Александриски  кој раскошно блескотеше под зраците на боишкото сонце. Уште изутрината како бисер гердан се зареди дога колона на разнолики возила и врвулица народ во правец на манастирот. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои пред да ви пренесам дел од историјатот на вообзновениот манастир манастирот Свети Атанасије Александриски  кој се наоѓа на дваесетина километри северозападно од градот демир Хисар, на два -три километри пред влезот на селото Боишта и од утринското богослужение и свештеничкиот благослов на ручекот кој во чест на Свети Атанасије Александриски, манастирскиот одбор го приредува во присуство на многубројниот соборски народ предлагам да ве запознаам со историографските записи со кои располагам ,копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период за Свети Атанасије Александриски.

Свети Атанасиј Александриски се родил во Александрија во 296 година. Од детство бил наклонет кон духовниот призив. Откако го завршил своето образованието, епископот Александар го прифатил како свое духовно чедо, и го поставил и за свој ѓакон и истиот го придружувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде биле разрешени редица на црковни проблеми, како определување на датата за славење на Велигден, дејствата против Мелетиј Ликополски и дејствијата против Ариј, во кој се ставил како водич против аријанството.

Свети Атанасиј Александриски  го напишал Симболот на Верата кој на соборот бил усвоен. Во 326 година, кога починал пископот Александар, Атанасиј бил избран на неговото место По смртта на Александар, Св. Атанасиј бил избран за архиепископ на Александрија. Во архиепископскиот чин останал над четириесет години, иако не бил цело време на архиепископскиот престол. Во текот на своето делување, на неколкупати бил прогонуван од страна на римските цареви Констанциј, Јулијан и Валент, како и од архиепископит Евсевиј Никомидиски.

Непријателите на св. Атанасиј, аријаните, покренале обвиненија против него за наводно користољубие и грубости над клириците. Поради тоа бил свикан собор во Трир, кој независно од изложените докази во прилог на невиноста на архиепископот на Александрија  сепак, го осудил. Откако видел дека на тој начин нема да ја добие правдата, Свети Атанасиј се сретнал во Цариград со императорот Константин Велики и му ја претставил вистината.

Императорт ги повикал учесниците на Трирскиот собор повторно да го разгледаат делото, но непријателите на св. Атанасиј успеале да го измамат императорот со нова клевета. Гледајќи дека не може да ги помири Атанасиј и неговите противници, а плашејќи се од бунт во Александрија, императорот решил да го жртвува нејзиниот архиепископ и да го испрати на заточение во Галија. Таму Ссвети Атанасиј поминал две години. По смртта на Константин Велики, неговите наследници со указ го вратиле за епископ на Александрија. Тоа дало нов повод на непријателите на Атанасиј да го прогласат за незаконски епископ, веќе врз основа на тоа што бил вратен на катедрата од световната власт. Од вкупно 47 години епископско служење, тој 15 години поминал во прогонство

Уште во своите први дела: „Слово кон паганите” и „Слово за воплотувањето на Бог Слово и за Неговото јавување во плот меѓу нас”, била посочена главната тема на неговото богословие. Основни негови догматски дела се: „Четири слова против аријаните” посветени на потврдувањето на божественоста на Спасителот. Нему му го припишуваат и „Житието на св. Антониј“, како и многу трактати, коментари на Светото Писмо, книги со наравоучителен карактер и проповеди. Во 373 година починал во Александрија на 76-годишна возраст.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Боиште на  црковната слава  посветена на Свети Атанасиј Александриски чие име со векови го  носи  нивната многувекововна црква  и  јас да бидам дел од сенародната веселба  која со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација. Предлагам дел од оваа духовно празнување да проследите во продолжение на оваа репортажа.

Постоењето на овој манастир, се протега наназад во времето со векови. Некои околности укажуваат дека просторот каде што денеска се наоѓа манастирската црква посветена на Свети Атанасиј Александриски се наоѓала ранохристијански црковен комплекс со профална и и сакрална градбаод петтиот или шестиот век , покриена со пластови  земја  со надеж дека меѓу помладите од ова село по раѓање или по потекло , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата  и археологијата ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ја доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ја  од неправедната прав на заборавот.

Прв пат овој духовен храм  во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од  првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, , каде што  овој манастирски комплекс е метох на  Слепченскиот Манастир, во средновековните црковни повелби на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, на  царот Стефан Душан на кралот  Стефан Урош Петти македонскиот  властелин  Кралот Димитрија Волкашин,  македонскиот властелин Кралот Марко.

Пишани историогравски документиза постоењето на овој духовен храм  содржат во пописниот отомански Дефтер од 1438- година, во  пописниот дефтер од 1443 година, во отоманскиот дефтер од 1468 година   . Во  пописниот отомански Дефтер број 44 од 1467-1468 година,  е запишана неговата  реобнова, додека во  отоманскиот дефтер од 1568-1569 година кој се однесува за периодод 100 години , по претходниот ,е забележано, дека во ова време делумно се обновени и други   припратни црковни објекти, а во  ототманскиот пописен документ од 1626 – 1627 е забележано дека во ова време  е повторно разрушен.

Денешната црква посветена на Свети Атанасиј спред некои извори е вообзновена во 1871 година, а спред други во  1875 година. Црквата претставувала впечатлива еднокорабна градба, чиј црковен двор бил заграден со долга камена авлија од делкан доломитен камен,   со влезна порта од  јужната  страна. Во црковниот двор во правец северо-исток  се наоѓале негогашните располани во две три редици родовските трпезари, кои  порано се користеле за празникот Свети Атанасије,  а западно од црковниот храм врз стари темели високо кон небеските синила се извивлаа црковната камбанарија.

Небото беше ведро, времето релативно топло иако зимско пролетно, токму прилагодено за окото на мојата камера да го  долови секој празничен детал, Уште рано изутрината  црковниот двор беше преполн со народ.За кратко време пристигна  парохискиот свештеник.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Боиште  во  слава  црковната слава Свети Атанасиј Александриски јас да бидам дел од сенародната веселба  која со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација. Предлагам дел од оваа духовно празнување да проследите во продолжение на оваа репортажа.

Од кај близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат Плакенска и илинска Планина..  сонцето срамежливо ѕиркаше, навестуваќи ја приквечерината.  На мојот престој во  селото Боишта му се ближеше крајот . Не ми се напушташе селото но морав да си заминам, затоа што ме чекаа и другите села низ демир хисарската регија да ги  посетам и занив да направам нов документарен запис, со едно ветување дака пак ќе дојдам во  селото Боишта , само господ живот и здравје на сите нам  да ни даде.

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print