Региони

Водици во струшкото село Мислешево (втор дел)

Почитувани како по стар адет и обичај уште петли не пропеани , во мугрите на сам ден на Водопост, поточно речено на осумнаесетти јануари ова две илјадо дваесет и четвртово господово лето,  црковниот питроп Богоја Глигороски, според стариот обичај пред да ја чукне камбаната, најсетне ја отвори црквата, ги запали кандилцата на мајката божја, господ Исус Христос и на Свети Јован Претеча, а најсетне си запали неколку свеќи за здавје како за себе така и за неговото семејство,  потоа  ја чукна камбаната, обзнанувајќи  го празнуањето  на православната екумена посветена на  строго посното водичарското празнување, со тоа што им даде до знаење на овогодишните кумови дека набрзо ќе започне утинската богослужба, на чие богослужение покрај парохискиот свештеник , питропот, присуствуваат само кумовите.

Поминаа  речиси печес месеци откако го направив документарниот запис и за соборниот храм чие име го носи на Свети Јован Крстител, чиј светител воедно е заштитник на селото Мислешево, ,чие празнување се совпадна со денот на отсекувањето на главата на светителот Јован Крстител  11-ти Септември две илјадо дваесет и третово господово лето, меѓу народот попознат како Свети Јован Посен, кога начелно се договоривме со Иљо Прентоски, првиот меѓу еднаквите членови на црковно манастирскиот одбор на мислешевската црква Свети Јован, Манастирот „Воведение во храм на Пресвета Богородица и манастирот Свети Климент Охридски , да направам документарен запис и за Богојавленије, меѓу народот попознат како Водици.

На пат за Мислешево тргнав  ден пред самиот водопост, за да бидам присутен и   на самиот водопост, а богами и на машките и женските водици во пладневните саати  од скопската автобуска станица со народски кажано пладневниот автобус кој според возниот ред секое пладниште  поаѓа во дванаесет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, пристигнав во селото Мислешево, каде што во црковниот двор на црквата Свети Јован Крстител ме пречека Илчо Прентоски заедно со  неговите соселани, кои ги привршуваа пред празничните овогодишни водичарски подготовки, чија многувековна традиција продолжува и денес, заедно  со  , еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница, антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм, професорот Драгослав Миноски,  кој беше дојден во селото Мислешево по нова истражувачка  географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко  географско-антрополошко и историографско  истражување за струшката регија за  селото Мислешево ќе ви  ги  пренесеме во  оваа репортажа.

Почитувани мои, моите домаќини не  замолија најсетне ние ним да   им ги раскажеме нашите досегашни историографски сознанија за пред строго посното, строго посно и за самото водичарско празнување  како на сета православна екумена, така и за македонската православна екумена во изминативе векови, а потоа и тие да ни ги пренесат многуте приказни за пред строго посното, строго посно и за водичарското празнување во селото  Мислешево во изминативе децении, чија традиција се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација. Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Почитувани мои приквечерните  сончеви зраци милуваќи  ги водите на Охридското езеро, поточно речено Струшката ривиера пред се, струшкото село Мислешево и соборниот храм, чие име го носи исусовиот крстител Свети Јован Претеча  ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на пред строго посното водичарското празнување. Набргу во црковниот двор пристигнаа овогодишните кумови, кои како по стар обичај секој во своите раце со кумското  бакарно котле, наполнето со два три кажи прста чиста изворска вода , а во него   киска сув босилек , направена од онолку гранчиња колку што кумството брои членови и родовскиот или маалскиот крст врзани со црвен волнен преден јаток, еден по еден ги оставија пред  царските двери, пред мајката божја и пред  Свети Јован Претеча да преноќат,духот госпдов да ги  облази, за да  на осумнаесетти Јануари и кумовите и бакарните кумски котлина бидат подготвени за утринската златоустова литургија посветена на Јован Претерча.

Почитувани како по стар адет и обичај уште петли не пропеани , во мугрите на сам ден на Водопост, поточно речено на осумнаесетти јануари ова две илјадо дваесет и четвртово господово лето,  црковниот питроп Богоја Глигороски, според стариот обичај пред да ја чукне камбаната, најсетне ја отвори црквата, ги запали кандилцата на мајката божја, господ Исус Христос и на Свети Јован Претеча, а најсетне си запали неколку свеќи за здавје како за себе така и за неговото семејство,  потоа  ја чукна камбаната, обзнанувајќи  го празнуањето  на православната екумена посветена на  строго посното водичарското празнување, со тоа што им даде до знаење на овогодишните кумови дека набрзо ќе започне утинската богослужба, на чие богослужение покрај парохискиот свештеник , питропот, присуствуваат само кумовите. Овогодишните кумови Петко Шулески, Никола Мижимакоски, Љубомир Вељаноски, Илија Бочески, Никола Гагалески, Ицко, попознат по прекарот Ицко Тапанџијата и Пере Прентоски,  набрзо пристигнаа во црковниот двор. Како што тоа го направи претходно питропот така и седумтте овогодишни кумови  си    запалија неколку свеќи за здавје како за себе така и за нивните семејства. Парохискиот свештеник започна со утринската празнична литургија.

Почитувани мои пред да го погледнете видео записот од утринската богослужена литургија со која  чинончалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво , заедно со седуммината овогодишни кумови, благословуваќи ги со аманетот оставен од старите мислешевци со задравје да си кинисаат, сето село да го поканат, и старо и малдо и што туку сторени беќарќиња и момичиња и ергени и чупи  дуздисани за армасување и да го обзнанат господовото  богојављение, предлагам да ги надополните вашите сознанија за самото водичарско кумство  во  чест на Свети Јован Претеча, надополнето со историографските записи за  самото водичарско кумство на  еден од најпознатите не само во  македонскиве, туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница, антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм, професорот Драгослав Миноски, копајќи низ архивите ширум какедонскиве и балканскиве простори во  изминативе децении.

Почитувани мои овој овој така да речам аудио-визуелен документарен воведен дел посветен на самите Водици не би бил комплетен ако не ви ги пренесам поголем дел  од утринската богослужена литургија со која  чиноначалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво заедно со седуммината овогодишни кумови, благословуваќи ги со аманетот оставен од старите мислешевци со задравје да си кинисаат, сето село да го поканат, и старо и малдо и што туку сторени беќарќиња и момичиња и ергени и чупи  дуздисани за армасување и да го обзнанат господовото  богојављение, во продолжение во оваа репортажа.

Од како парохискиот свештеник ги благослови седумте кумови  и ги ороси со осветената вода седумте бакарни  котлина , наполнети со два три кажи прста чиста изворска вода ,     киските  сув босилек , направени од онолку гранчиња колку што секое кумство брои членови и родовските , поточно речено маалски крстови, сите заврзани со црвен волнен преден јаток, шестте староседелски кумови тргнаа сето село да го поканат, и старо и малдо и што туку сторени беќарќиња и момичиња и ергени и чупи  дуздисани за армасување и да го обзнанат господовото  богојављение, додека така да речам доселеничкиот кум на семејниот родот на Љубомир Вељаноси се упати во  неговото родно село Безово, за да стасаат на време да присуствува на безовското водичарско празнување, затоа што голем број на безовчани пред педесеттина години си свија свое топло огниште во селото Мислешево. Почитувани мои предлагам и од овој адет и обичај да проследите во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани како по стар адет и обичај уште петли не пропени , во мугрите на сам ден на женските водици, кои се паѓаат  на деветнаесетти јануари секое господово лето и ова две илјадо дваесет и четвртово господово лето  црковниот питроп Богоја Глигороски, и ова утро пред да ја чукне камбаната, најсетне ја отвори црквата, ги запли кандилцата на мајката божја, господ Исус Христос и на Свети Јован Претеча, а најсетне си запали неколку свеќи за здавје како за себе така и за неговото семејство,  потоа  ја чукна камбаната, обзнанувајќи  го празнуањето  на православната екумена посветена на  господовото богојавленије, со тоа што им даде до знаење на соборскиот мислешевски народ дека набрзо ќе започне утринската водичарска богослужба. Од сите народски кажано селски патчиња и сокачиња врвулица народ  заедно со дванаесетмината момчиња, кои ќе се обидат еден однив  во своите раце да го има богојавленскиот крст,  за оваа прилика во изградениот црковен базен полн со вода,    се зареди во правец на  соборскиот храм Свети Јован Крстител. Црковниот двор и храмот наборзо се  исполни од соборскиот народ. Како по стариот адет и обичај овогодишните кумови, зедно со нивните семејства, секој сосвоето богојавленско бакарно котле и пригодна за ова празнување голема свеќа еден по еден најсетне покрај иконостасот ги наредија бакарните котлиња, а на пригодниот водичарски свеќарник еден по еден ги наредија запалените свеќи..

Почитувани мои пред да го погледнете видео записот од утринската  богослужена богојавленска  литургија со која  чинончалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво  заедно со соборскиот народ, дванаесетмината млади момчиња  и  шестмината овогодишни кумови, предлагам да ги надоплните вашите сознанаија со историографските  сознанија за самиот празник Богојавленије кои ќе ви  ги пренесе еден од најпознатите не само во  македонскиве, туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница, антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм, професорот Драгослав Миноски, копајќи низ архивите ширум какедонскиве и балканскиве простори во  изминативе децении.

Почитувани мои овој овој така да речам аудио-визуелен документарен воведен дел посветен на самите Водици не би бил комплетен ако не ви ги пренесам поголем дел од утринската богослужена литургија со која  чиноначалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво заедно  соборскиот народ, овогодишните богојавленски кумови и дванаесетмината одбор момчиња, кои и оваа година еден од овие одбор момчиња според  божјото провидение ќе го  има во свиите   раце богојавленскиот крст, кој од страна на парохискиот свештеник го фрли во осветените води, во црквениот базен,  кој  за ова празнување одамна го направи манастирскиот одбор на црквата Свети Јован Крстител.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам во селото Мислешево народски кажано на Водици и јас да присуствувам на овој голем христијански православен празник, каде што шестмината кумови  од ова село ме поканија да ги посетам сите сите кумства. Почитувани мои нивната покана со задоволство ја прифатив. Почитувани мои предлагам како изгледаше василичарското празнување во шесте  родовски крсни лози во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои не ми се напушташе селото Мислешево, но морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во  струшкава регија и за нив да направам документарен запис.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print