Региони

Долно Оризари (прв дел)

 

Да се биде хроничар за Општина Битола , посебно за полските села, кои се распосслани во средишниот дел на Битолско Поле е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот живот,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, а читателот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Територијата на Општина Битола, посебно печеснаесетте села распослани во  средишниот  рамничарскиот дел на општината е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија, а  богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на регионот, со нивната зачуваност, разновидност и интегралност, му даваат посебност, единственост, репрезентативност, автентичност. Едо од тие села е и селото Долно Оризари..

Атарот на селото Долно Оризари  како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови населени простоти тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Ова село  формирано во карактеристични природно-географски, историски, етно-социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, се издигало и развивало во една карактеристична хармонија. За тоа говорат најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци кои потврдуваат дека ова село било населено во дамнешпни времиња.

Ете како што вели народот господ милуваше   атараот на Општината Битола  да ја крстарам во  изминативе дванаесетина години,овој пат даго посетам селото Долно Оризари   и за него да направамаудио-визуелен  документарен запис, да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.

Иако со години  крстарам низ оввој дел на Битолското Поле  , така да речам никако не му доаѓаше редот за ова населено место  да направам и за него  документарен запис.  Една стара народна поговорка вели  не кога сакаме ние , туку кога господ ќе го каже тоа.

И на вистина  така и бидна. Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Долно Оризари со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот, тргнав  ден пред празникот Свети Наум Чудотворец Охридски, рано изутрината попладневните саати, така да речам  за да присуствувам   на заслогот на православниот празник посветен на Свети Наум Чудотворец Охридски,а воедно во чест и на бранителот Бошко Најдоски, кој во воениот конфликт во две илјади и прва година.

Времето беше летно , небото ведро, погодено токму за патување  и по речиси два часа и кусур   време  народски кажано возење по  магистралниот пат Скопје-Велес-Прилеп-Битола, кај крстосницата во непосредна близина на битолската црква Света Недела, свртуваќи  лево, возеќи по дел од петнаесет  километарската патна делница Битола-Новаци, и по поминати печес километри, во раните претпладневни саати пристигнав  селото  Долно Оризари.

Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов  во раните претпладневни   саати затоа што како мравките рано пред изгрејсонце во нивниот мравјалник рано пред изгрејсонце се подготвуваат да тргнат ширум полето да собираат рано-разни житја, полнеќи ги мрајалните амбари за зимата, за да се видам со селаните од ова село  да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Кога ќе дојдете во ова населено место, најсетне така да речам ќе ве пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било. На старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа. Во Долно Оризари  така да речам ги  нема поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња, нив одамна ги има покриено асфалтот и бетонот. Секој добронамерник кога ќе прошета низ некогашните селски сокачиња и патчиња негде-годе  ќе ја забележи старата традиционална македонска селска архитектура која се карактеризирала  со приземни куќи изградени делеумно со камен, делумно со плитари, однадвор и од внатре измалтерисани со глинена кал измешана со слама,одвнатре и однадвор варосани со  демирхисарска печена со дрва вар, старите дворишта, некои поголеми , некои помали, некогаш оградени со долги и високи авлии исто така изѕидани од плитари,  и со големи и тешки порти, но ќе се одушеви и од современата архитектонска градба, со новоизградените семејни куќи , кои говорат дека селото Долно Оризари  не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани мои, додека со мојот поглед го разгледував хоризонтот што го опкружуваше средселото, за брзо време  околу  мене  се собраа некјаолку селани, кои ми велеа.

-”Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во  ова село.” – Ние тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако не се  познаваме многу историјана,  не задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни,затоа што кога ќе излеземе пред коперацијава долго време си моуабетиме за она што ни го кажуваш преку телевизорон, ми велеа.

– Зоране, Редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, секаде ќе те прошетаме,  ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во во нашево село -ми велеа.

Почитувани мои, откако така да речам и со  насобраните  селани си сторивме здраво-живо, кинисавме низ долно оризарските  некогашни   патчиња и сокачиња, малку подзастануваќи за поодблизу да ги  видам преостанатите многувековни селски куќи, плевни и вткаени во убаво уредените дворови, од мене на исконски начин една по една ми излегуваа мноштвата историографски записи што ги имав прочитано за селото Долни Оризари ,  а голем  дел од овие непорекливи   драгоцени записи  со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, со надеж дека меѓу помладите врбовчанци  по раѓање или по потекло , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот, ќе ви ги пренесам во  продолжение на оваа репортажа.

Селото Долно Оризари  е рамничарско село, распослано  во средишниот дел на Битолското Поле, , од левата страна на реката Драгор. Од градот Битола, селото е оддалечено печес километри.

Иако во дел од историографаките записи говрат дека селото Долно Оризари е од поново време, сепак копаќи по историогафските записи кои датираат од многу сари времиња дојдов до заклучок дека многубројните културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности,  нивната зачуваност, разновидност, интегралност  посебност, единственост, репрезентативности  автентичност, говорат дека   селото Долно Оризари  повеќе од шест  илјади години зрачи со живот на целиот нејзин простор,, уште од неолитскиот период, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците, Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска, како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на Римската империја, како дел на Византија,, чиј  владетел со  Македонија, и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел од мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон, Давид, Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Царот Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  од црковните записи на византиските цареви Константин Асен Тих од 1257 година, Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, Кралот Димитрија Волкашин,кој со Македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Во пишаните Отомански дефтери  Долно Оризари     прв пат  се споменува во Отоманскиот пописен Дефтер од 1467/68  година, како дел на Битолскиот  вилает под името Оризаре,   во кое живееле петнаесет семејства,  сите рисјани. Исто така селото се споменува  во  пописниот  отомански дефтер од 1650 година, под името Долно Оризаре и во  пописниот отомански дефтер од 1750 година, каде пкрај селото Долно Оризаре  постои селото Горно Оризаре. При крајот на отоманското владение селото било чифлик-сајбиско село, а чифлик-сајбии биле: Рифат бег, Азис бег, Неџип ефенди, Шаќир ефенди, Мемед бег и Јонуз- Арка ага.

Дека селото Долно Оризари     на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија“  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ. Според статистичките податоци  на Васил К’нчов  кои ги  водел во  неговиот научен труд  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во Долно Оризари   во 1900 година живееле 440 жители од кои   85жители мухамедаци Според  податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев запишано во неговиот труд „Македонија и незините популациски движења“ во 1905 година во селото живееле 316  жители., од кои 100 жители мухамеданци.

Дека  селото  Долно оризари       на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи Јован Трифуновски „ Селските населби во   Битолско-прилепската Котлина, за селото Долно Оризари  го забележал следното:  Долно Оризари   е рамничарско село. Се наоѓа во  Битолската околија.Селото има збиен тип, додека куќите се групирани на три маала: Чивлак маало,  Горномаало и   Долно маало. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Драгорка, Сув Драгор, Калдрма, Средно Патче, Водејнчиште, Мера, Чивлачко Патче, Горно Патче и Секирица.

Во атарот на селото се наоѓаат следниве старински потези  Герамидница  која во минатото била населба   од бронзено и доцноантичко време, , каде што и денес се наоѓаат остатоци  од некогашната  некропола , која датира од римско време, на површина  од околу четири хектари, каде што и денеска селаните обработуваќи   нивите  наоѓаат археолошки материјал како што се керамички садови, тегули, четвртести тули, темели од објекти градени од камен и кал, а исто така и гробови.  Месноста Сејкојци, исто така преставува некропола од римско време , која се наоѓа блага височинка,  на околу седумстотини метри источно од селото каде што и денес можат да се видат остатоци од  темели од ѕидови, фрагменти од садови , тегули и рачни мелници. Месноста Домус Полре  исто така преставува некропола од римско време, која се наоѓа два километри источно од селото , каде при обработувањето на земјата се откриени камени плочи и тегули од гробни конструкции.

Јован Трифуновски  во пишаниот документ „ Селските населби во   Битолско-прилепската Котлина, за селото Долно Оризари  во делот за семејните родови го забележал следното Долно Оризари  е македонско православно село, сите родови во селото се доселени. Најстари семејни доселенички родови  се Масларовци , Стајевци  и Враговци , чие нивно доселување не е познато,каде што  првите два рода потекнуваат од ист предок,  Клепачовци  и Беличовци , доселени се од селото Клепач, и Ѓоревци доселени се од прилепско.

Понови родови:доселенички родови се  Јаковчевци  и Јуруковци , доселени се од Карамани; Коњарци , доселени се од селото Коњари, не се знае дали Големо или Мало, Ќумковци , потекнуваат од некој си домазет доселен од Логоварди, Равановци ,доселени се од Породин,Демировци , доселени се од Логоварди, таму припаѓале на родот Станоовци, Бенџовци и Спировци, доселени се од Добромири; Шутаковци , доселени се од Алинци; Крепиовци , доселени се од Радобор; Ночевци , доселени се од Свето Тодори, Чепеловци , доселени се од Логоварди; Моријовци, доселени се од Тепавци. Српчани , доселени се од Долно Српци, Чарлинци , Карапашовци  и Вејкрпа , доселени се од Долна Чарлија; Саздо , доселени се од Мегленци,  Штрковци  и Стојчевци , доселени се од Вирово, Железник,  Ночевци , доселени се од Слоештица,  Трпевци , доселени се од Струшко, Грковци  и Петревци , доселени се од околината на Воден, додека пак на семејните родови Анѓелевци,, Бошловци, Босилковци, кекеровци, басаровци, Чакревц, озановци, Муслиовци, Крстевци, и Биртаановци  не им се знае потеклото.

Втората половина на деветнаесеттиот   век за селото Долно оризари   е период на обновување на селото, после ликвидацијата од страна на битолскиот мудур на башибозукот  предводен од Чаја бег од селото Арматуш. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на Црквата Св. Недела  на 13 октомври 1863 година за време на неговото преосвештенство г-н Бенедикт Византиски, од кого црквата била и осветена . Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров од с.Зовиќ, Димко Николов и Александар Турунџев  На гробиштата се погребани Павел Шатев ,Кирил Лозанчев  и Михаил Димев.

Исто така во втората половина на деветнаесеттиот век реобновена е разурнатата црква   „Света петка,  изградена вочетиринаесеттиот век, а реобновена во   1878 година, која за време на Првата балканска војна е повторно разрушена, разрушена, а денешниот архитектонски лик го добила во  1923 година. Градбата на црквата е едно бродна со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна.. Внатрешноста на храмот не е зографисана, Иконостасот има еден ред со икони над ѓаконските порти и царските двери, и бројни икони во неговите долни делови.

Селото Долно оризари   уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во црквата   Света Петка  на македонски црковен книжевен јазик, а  според пишаните документи прв учител  бил  попот Манакиј кој бил по потекло од битолско.Во учебната 1900/1901 година во Долно Чичево    учителствувал  и даскалот Стеван  а за време на неговото учителствување е формиран  огранок на ТМОРО , прв во оваа регија. Во селото учители биле и Милосим Војневиќ, Вуксан Вемиќ, Милорад Плазиниќ,  Никола Захариевиќ, Крсто Мутановиќ, , Аца Стојановиќ, Милетије Максимовиќ и  други.

Во периодот под Османлиско ропство од страна на  долно оризарци  се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија.Мештаните од селото Долно оризари   учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и создавање на самостојна Македонска држава на македонскиот народ, како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив долно оризарци  како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси, каде што за потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината. Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерало жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. Долно Чичевци  активно се вклучиле во антифашистичкото движење  и се народното востание на Македонскиот народ против фашистичката наезда од 1941 година па се до  1945 година, раководена од Комунистичката партија на Македонија и маршалот на Југославија  Јосип Броз Тито.Во 1944 година е формиран првиот селски народно ослободителен одбор.Од 1945 година па се до 1955  година селото било дел од тогашната Општина Логоварди, во која селото Долно Оризари, се наоѓале и селата Карамани, Логоварди, Оптичари, Поешево и Трн. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани, за да од 1965 година па се до денес е дел од Општина Битола.

Со оглед на тоа дека селото е во близина на градот, тоа станало место за доселување селото во  1948 година  броело 525 жители, во  1953 година 643 жители, во 1961 година 848 жители, во 1971 година  836 жители, во 1981 година 1236 жители, во 1991 1543 жители, во 1994 година  1500 жители, во 2002 година 1834 жители, а според пописот од 2021 година селото брои 1734 жители.

Традиционалниот печалбарски начин на живеење не го одбегнува ниту Долно оризари. Гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет оделе најмногу во Белград, Софија, Букурешт и Станбол, а по првата балканска војна во Аргентина, Анерика, Канада и Австралија. Во триесеттите години на 20-от век  во градовите во  преку окенските земји  голем број на гурбедџии од селото станале познати претприемачи ииндусртијалци, нивните семејства  мошне  успешно стопанисувале  и со своите имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Во селото Долно Оризари ја   нема   старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, која е заменета со  современава европска архитектура на која можат да му завидат и нкои помали грски насеби во република Македонија. Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Долно оризари  на заслогот     на   црковната слава на православниот празник посветен на Свети Наум Чудотворец Охридски,а воедно во чест и на бранителот Бошко Најдоски, кој во воениот конфликт во две илјади и прва година, ова две иладо дваесет и третово господово  лето  и  јас да бидам дел од оваа сенародната прослава чии адети и обичаи   која со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација.. Почитувани мои  дел од оваа духовно празнување прердлагам да проследите во продолжение на оваа репортажа ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Долно оризари    да се видам со селаните од ова село, а тие да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите. Но, минатото  и сегашноста на селото Долно оризари   е премалку е  за да може да се види со еден поглед., со еден опфат на окото, во едн миг. Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во многувековното битисување испреплетени зад превезот на времето. Тоа го оставам намештаните од ова село, посебно на  помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата, за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print