Региони

село Далбеговци

Селото Далбеговци е рамничарско село, распослано  во средишниот дел на Битолското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Новаци, од левата страна на Црна Река.  Од градот Битола, селото е оддалечено дваесет и три километри. километри. Далбеговци се граничи со атарите на селата  Дедебалци Радобор и Долно Агларци.  Името на селото се поврзува со бегот кој управувал со ова село, кој се викал Дали бег.

Да се биде хроничар за Општина Новаци, посебно за полските села, кои припаѓаат на Оптината Новаци, е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот живот,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, а читателот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Територијата на Општина Новаци, посебно печеснаесетте села распослани во  рамничарскиот дел на општината е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија, а  богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на регионот, со нивната зачуваност, разновидност и интегралност, му даваат посебност, единственост, репрезентативност, автентичност. Едо од тие села е и селото Далбеговци.

Атарот на селото Далбеговци како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови насеени простоти тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Ова село  формирано во карактеристични природно-географски, историски, етно-социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, се издигало и развивало во една карактеристична хармонија. За тоа говорат најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци кои потврдуваат дека ова село било населено во дамнешпни времиња.

Ете како што вели народот господ милуваше   атараот на Општината Новаци да го крстарам во  изминативе дванаесетина години,овој пат даго посетам селото Далбеговци  и за него да направамаудио-визуелен  документарен запис, да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.

Иако со години  крстарам низ оввој дел на Битолското Поле  , така да речам никако не му доаѓаше редот за ова населено место  да направам и за него  документарен запис.  Една стара народна поговорка вели  не кога сакаме ние , туку кога господ ќе го каже тоа.

И на вистина  така и бидна. Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, два три дена по празникот на лозарите Свети Трифон, за селото Далбеговци    тргнав рано, мошне рано околу четирите саатот народски кажано, со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот. Времето беше вистинско зимско, студено, ведро , патот чист и по речиси два часа и кусур   време  народски кажано возење по  магистралниот пат Скопје-Велес-Прилеп-Битола –кај крстосницата во непосредна близина на битолската железничка станица, свртуваќи  лево, возеќи по петнаесет километарската патна делница  Битола-Новаци, која кривулесто се извиваше низ овој дел на Битолско Поле, во раните утрински саати стасав во Далбеговци  каде што стуткано како орловско гнездо, се будеше огреано од   утринските зраци на добромирското  сонце.

Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов рано во зорите, затоа што како мравките рано пред изгрејсонце во нивниот мравјалник рано пред изгрејсонце се подготвуваат да тргнат ширум полето да собираат рано-разни житја, полнеќи ги мрајалните амбари за зимата, за да се видам со селаните од ова село  да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Кога ќе дојдете во ова населено место, најсетне така да речам ќе ве пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било. На старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа. Во Далбеговци  така да речам ги  нема поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња, нив одамна ги има покриено асфалтот и бетонот. Секој добронамерник кога ќе прошета низ некогашните селски сокачиња и патчиња негде-годе  ќе ја забележи старата традиционална македонска селска архитектура која се карактеризирала  со приземни куќи изградени делеумно со камен, делумно со плитари, однадвор и од внатре измалтерисани со глинена кал измешана со слама,одвнатре и однадвор варосани со  демирхисарска печена со дрва вар, старите дворишта, некои поголеми , некои помали, некогаш оградени со долги и високи авлии исто така изѕидани од плитари,  и со големи и тешки порти, но ќе се одушеви и од современата архитектонска градба, со новоизградените семејни куќи , кои говорат дека селото Далбеговци  не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани мои, додека со мојот поглед го разгледував хоризонтото што го опкружуваше средселото, за брзо време  околу  мене  се собраа некјаолку селани, кои беа дојдени нешто да испазарат во селската коперација.

-”Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во  ова село.” – Ние тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако не се  познаваме многу историјана,  не задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни,затоа што кога ќе излеземе пред коперацијава долго време си моуабетиме за она што ни го кажуваш преку телевизорон, ми велеа.

– Зоране, Редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, секаде ќе те прошетаме,  ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во во нашево село , селото Далбеговци-, ми велеа.

Почитувани мои, откако така да речам и со  насобраните  селани си сторивме здраво-живо, кинисавме низ делбаговските  некогашни   патчиња и сокачиња, малку подзастануваќи за поодблизу да ги  видам селските куќи, плевни и дворови, од мене на исконски начин една по една ми излегуваа мноштвата историографски записи што ги имав прочитано за селото Далбеговци ,  а голем  дел од овие непорекливи   драгоцени записи  со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, со надеж дека меѓу помладите врбовчанци  по раѓање или по потекло , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот, ќе ви ги пренесам во  продолжение на оваа репортажа.

Селото Далбеговци е рамничарско село, распослано  во средишниот дел на Битолското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Новаци, од левата страна на Црна Река.  Од градот Битола, селото е оддалечено дваесет и три километри. километри. Далбеговци се граничи со атарите на селата  Дедебалци Радобор и Долно Агларци.  Името на селото се поврзува со бегот кој управувал со ова село, кој се викал Дали бег.

Прв пат селото Далбеговци    во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од  првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX       Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година со која селото припаѓа како имот на македонскиот христијански, православен, духовен, благодатен многувековен  манастир  “Свети Спас, во црковните повелби од 1346 година на царот Стефан Душан Немањиќ, во црковната  повелба  од Кралот  Стефан Урош V  Немањиќ-Урош Несилниот, издадена во  1355 година, во црковните повелби  и од македонскиот  властелин  Кралот Димитрија Волкашин  од 1365 година  како и во црковните повелби од македонскиот властелин Кралот Марко  од 1371 година.

Во пишаните Отомански дефтери  Далбеговци     прв пат  се споменува во Отоманскиот пописен Дефтер од 1467/68  година, како дел на Битолскиот  вилает под името Дулибеговци  во кое живееле петнаесет семејства,  сите рисјани. Исто така селото се споменува  во  пописниот  отомански дефтер од 1650 година и бо  пописниот отомански дефтер од 1750 година. При крајот на отоманското владение селото било чифлик-сајбиско село, а чифлик-сајбии биле: Малик паша,  кој бил чифлик сајбија и во селата Радобор, Ношпал и Воѓани, Мемед ефемди Петлов Рог, кој има свој чифлизи и во леринското село Петлов Рог,  Тасим ага, Сали бег, Амет ефенди и Имер Шукри бег.

Дека селото Далбеговци    на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија“  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ. Според статистичките податоци  на Васил К’нчов  кои ги  водел во  неговиот научен труд  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во далбеговци  во 1900 година живееле 340 жители од кои 225 македонци  и 85 мухамедаци Турци. Според  податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев запишано во неговиот труд „Македонија и незините популациски движења“ во 1905 година во селото живееле 144  жители.

Дека  селото  Далбеговци      на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи Јован Трифуновски „ Селските населби во   Битолско-прилепската Котлина, за селото Далбеговци го забележал следното:  Далбеговци  е рамничарско село. Се наоѓа во  Битолската околија. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Карталица, Слатина, Гладно Поле, Ајдере, Рикало, Метилајнца, Браненица, Стари Лозја, Торнејци, Матмиица, Крстоец, Брегои, Аџиица и Дукојца Во атарот на селото се наоѓаат следниве старински потези   Калајџица која во минатото била населба  од римско време, каде што и денес се наоѓаат остатоци  од некогашната  некропола , која датира од римско време, на површина  од околу четири хектари, каде што и денеска селаните обработуваќи   нивите  наоѓаат археолошки материјал како што се керамички садови, тегули, четвртести тули, темели од објекти градени од камен и кал, а исто така и гробови.

Месноста Тумба исто така преставува некропола од римско време, која се наоѓа блага височинка,  на околу седумстотини метри источно од селото , на  двесте метри од старата училишна зграда, каде што и денес можат да се видат остатоци од  темели од ѕидови, фрагменти од садови , тегули и рачни мелници.,откриени при копањето на темелите на старата училишна зграда во  1930 година.  Месноста Тумба исто така преставува некропола од римско време, која се наоѓа два километри источно од селото , каде при обработувањето на земјата се откриени камени плочи и тегули од гробни конструкции.

Јован Трифуновски  во пишаниот документ „ Селските населби во   Битолско-прилепската Котлина, за селото Далбеговци во делот за семејните родови го забележал следното Далбеговци е македонско православно село, сите родови во селото се доселени. Најстар семеен род во селото е семејниот род на Шиндевци, чие негово  потекло не е познато. Мановци   во Далбеговци  се доселлиле при крајот на   осумнаесеттиот век од мариовското село Бешиште. На семејните родови Најдовци , Тодоровци , Џанкуровци и Ѓалевци   и Ежовци не им се знае потеклото.Србиновци  доселени во 1918 година, пред тоа живееле во Марул и Дедебалци, додека пак семејните родови  на Саливовци во 1918 година од Далбеговци  се иселиле во  селото Радобор, Шкрепановци  во Долна Чарлија, Бегуновци во  прилепското село Заполжани, дел од родот на  Шиндевци  во Долно Агларци, дел од родот на Србиновци  во селата  Поешево  и долно Агларци.

Втората половина на деветнаесеттиот   век за селото Далбеговци  е период на обновување на селото, после ликвидацијата од страна на битолскиот мудур на башибозукот  предводен од Чаја бег од селото Арматуш. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на разурнатата црква  „ Воскресение  Христово изградена во 1878 година, која за време на Првата балканска војна е разрушена, а денешниот архитектонски лик го добила во  205 година. Градбата на црквата е едно бродна со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна.. Внатрешноста на храмот е делумно зографисана, Иконостасот има еден ред со икони над ѓаконските порти и царските двери, и бројни икони во неговите долни делови.

Во подалечното минато Далбеговци учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија, како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид.  Исто така селото Далбеговци   не ја избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна, така и од Првата светска војна каде што за потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината. Далбеговчани активно учествуваат и во Народно ослободителната војна, кде што во 1944 година е формиран првиот селски народно ослободителен одбор.Од 1945 година па се до 1952  година е општински центар во чии состав влегуваат селата Арматуш, Горно Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Долно Агларци и Црничани. Од 1952 година до  1955 година .селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која покрај  Далбеговци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горна Чарлија, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола, а од 1996 година е во соств на Општинта Новаци.

Традиционалниот печалбарски начин на живеење не го одбегнува ниту Дедебалци. Гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет оделе најмногу во Белград, Софија, Букурешт и Станбол. Семејствата на гурбедџиите многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќија земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби , додека пак други одгледувале помали и поголеми стада овци.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Далбеговци   да се видам со селаните од ова село, а тие да ми ги раскажат многуте приказни  за нивното родно место, чии приказни се пренесуват од колено на колено низ вековите. Но, минатото  и сегашноста на селото Далбеговци  е премалку е  за да може да се види со еден поглед., со еден опфат на окото, во едн миг. Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во многувековното битисување испреплетени зад превезот на времето. Тоа го оставам намештаните од ова село, посебно на  помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата, за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print