Региони

село Миокази (прв дел)

Во селото Миокази сеуште  ја има старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде  и на новоизградена семејна куќа , кои говорат дака селото  Миокази не е заборавено село во Република Македонија.

Моето патешествие низ Република Македонија ете ме донесе и во Кичевскиот регион кој се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини, распослан помеѓу горното сливно подрачје на реката Треска, превојот  Стража, планината Бистра, протегаќи се  јужно по долината на реката Треска се до Илинска Планина, па се до северниот дел на Порече, која е една од поголемите  котлини во Македонија, чија што незина рамка ја прават планинските масиви на Бистра и Стогово од запад, Бушева Планина, Баба Сач, Бабењ и Плакенска Планина на исток, чие  дно на котлината е на надморска височина од пестотини и седумдесет метри  до  шестотини иосумдесет метри, каде што нејзината  најниска точка се наоѓа во источниот дел кај селото Атиште, а  преку Бродската  Клисура на исток се поврзува со Поречие, на југо-запад преку планинскиот превој Пресека со Дебарца, а на север преку планинските превои  Стража  и  Буковиќ со Полошката Котлина, а, Вардинска Планина  овој регион го дели на две морфолошки целини: морфолошката целина  Зајас на запад и морфолошката целина Осломеј на исток.

Овој пат решив да прошетам низ оваа област, низ историјата позната како Кичевија, која опфаќа  дел од полошкиот регион се до планината Буковиќ, регионот Мијачија се до Бистра Планина, дел од Дебарскиот и Долно дримколскиот регион до планинскиот масив Стогово, на регионот  Дебарца, се до планината Голак и Белчишикиот-пространскиот планински масив, регионот Демир Хисар се до извориштето на Црна Река и  планинските  масиви Љубен и Стрмол, Крушевскиот регион до планинскиот масив Венец, Прилепскиот регион се до Бушева Планина, регионот Порече се до планинските масиви Песјак, Челопица и Добра Вода и  Кичевскиот регион, за  да ги надополнам моите досегашни сознанија не само за историските збиднувања, туку  и за многуте адети, обичаи, селски црковно-манастирски се народни празнувања, како што тоа  е црковното празнување на Свети Атанасије-летен во  селото Миокази.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, за селото Миокази тргнав рано, мошне рано околу четирите саатот народски кажано, овој пат со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, откако малку го  оставив малку што  се вели некој ден и тој да одмори,  да се среди малку, да се подготви за новите патешествија што го чекаат. По речиси два саати  и кусур време народски кажано возење по  магистралниот пат Скопје-Тетово –Гостивар-Кичево- Македонски Брод  во правец на селото Миокази, во раните утрински саати стасав во Миокази Премка што селото раскошно блескотеше од утринските зраци на рбетинското  сонце.

Почитувани мои , ете како што вели народот во  селото Миокази дојдов, на сам ден на патрониот празник на нивната  м црква Свети  Атанасиј  Александриски  меѓу народот попознат како Свети Атанасиј- Летен, по покана на членовите на црковниот одбор, кој воедно  ми беа домаќини во нивното село. Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов рано во зорите, е дараги мои имав така да речам три  причини, за да ги надополнам моите сознанија првата, мештаните да ми ги раскажат многуте приказни за историското битисување на ова село, кои нивните дедовци и баба и им ги раскажувале, кои до ден денешен се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација од ова село,  а втората е да ги надополнам моите сознанија за многуте адети, обичаи, селски црковно-манастирски се народни празнувања, како што тоа  е црковното празнување посветено на Свети Атанасиј-Александриски , меѓу народот попознат како Свети Атанасиј-летен, чије празнување продолжува и  се пренесува од колено на колено низ вековите меѓу мештаните од селото Миокази  со надеж дека меѓу помладите врбовчанци  по раѓање или по потекло , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот, а третата  е поканата на моите домаќини, мештаните од ова село да присуствувам на  осветувањето на новоизградената црква чие име го носи  на Свети Атанасије Александриски, чие осветување го изврши митрополитот Дебарско-кичевски- плаошки господин Тимотеј, во  сослужњније со кичевското црковно намесништво на четиринесетти  Мај ова две илјадо дваесет и трето господово лето.

Почитувани мои  пред да го видите видео записот од   осветувањето на новоизградената црква чие име го носи  на Свети Атанасије Александриски, чие осветување го зврши митрополитот Дебарско-кичевски- плаошки господин Тимотеј, во  сослужњније со кичевското црковно намесништво на четиринесетти  Мај ова две илјадо дваесет и трето господово лето, предлагам да ве запознам така да речам со историското битисување  во изминативе векови на селото Миокази.

Прв пат селото Миокази  во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од  првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година со која селото  Премка   припаѓа како имот на македонскиот Христијански, Православен, Духовен, Благодатен многувековен  бисер  манастирот  Света Богородица Пречиста Кичевска, меѓу народот попознат како Кичевски Манастир, во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година, во издадена во вообзновениот Кичевски Манастир, во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  на   македонскиот  властелин  кралот Димитрија Волкашин  од 1365 година  како и во црковните повелби од македонскиот властелин Кралот Марко  од 1371 година, исто така за манастирот  Света Богородица Пречиста Кичевска меѓу народот попознат како Кичевски Манастир .

Во пишаните Отомански Дефтери  селото Миокази  се споменува во Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 4 од  1476/77  година ,каде што селото се споменува под истото име со дваесеттина  куќи, дваесет т и две домаќинства, сите рисјани.

Исто така селото под истото име се споменува и во Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1478  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, кое припаѓало ан  а е во сопственост на Незир-паша, чиј негов вакуф се простирал од Шкодра се до Кичевска копачија  а му припаѓал на. Румелијскиот Беглер беглус. Ова село исто така  е запишано  и во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле триесет  домаќинстава сите рисјани..Во Отоманскиот дефтер од 1570година   е запишано дека вкупниот данок кое селото го плаќало  изнесувал 180 акчиња, каде што исто така селото било задолжено да плаќа данок од пченица 10 мудови, данок од јачмен еден муд, овес  и рж и од улишта 140 акчиња ,а од ушур од овошје 30 акчиња.Според отоманскиот попоис од 1867 година селото премка броело педесет рисјански домаќинства и две семејства  мухамедански.

Во втората половина на седумнаесеттиот век селото Премка му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици  ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег  и Садик Паша кој  во ова време

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ . Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото броело 200 жители сите рисјани, Според историогафскиот запис на Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година во Премка имало 240 жители,сите рисјани.

Дека  селото Миокази  на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски “селските населби во Кичевијата” издадена во белград 1979 година , за селото го забележал следното: Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод. Селото е ридско, на надморска височина од 606 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12 километри и лежи во подножјето на планината Челоица. Селото е мало, кое се протега на пониско земјиште на запад и на повисоко на исток. Околни села се: Ижиште, Лисичани, Челопеци и други.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кале, Градиште, Мало Градиште, Гола Мара, Рид, Крс, Кутел, Огради, Рамниште, Сливче, Колибишта, Старец, Колча Краста, Цамбулец и Осојница.[

Селото има збиен тип. Не е поделено на маала, бидејќи е мало и едноставно. Сепак, роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга. Одредени краеви на селото носат имиња по родовите, како Митановци, Ивановци, Итромановци и други.

Во Миокази и околу него постојат старини и карактеристични топоними, поради што се претпоставува дека селото било населено одамна. Источно од селото се наоѓа возвишувањето Кале на чиј врв се наоѓаат остатоци од кружни ѕидини. Се претпоставува дека таму се наоѓала тврдина, која го надгледувала патот Кичево-Прилеп. Јужно од селото се наоѓа возвишувањето Градиште каде се наоѓаат остатоци од ѕидови, кои се во подобра состојба од оние на Кале. Во 1960 година, при ископ на канал за наводнување, во подножјето на Градиште била пронајдена гробница. Гробницата била со ѕидови од сите четири страни, а внатре имало ќупови. Помеѓу овие две возвишувања се наоѓа долината на Рабетинска Река, каде се наоѓаат бројни ниви, во кои се наоѓале многубројни остатоци од старини.

Денешното село е поново, потекнува од почетокот на XIX. Најпрвин било чифлик на Садик-паша, кој  подоцна тој го поклонил на Кичевскиот манастир. Манастирот покрај земјиште, поседувал и манастирски припратни објекти и нманастирдскки куќи, а во една од нив во  1947 година се наоѓало селско училиште. Бидејќи селото било поклонето на Кичевскиот манастир, се до 1947  година земјиштето околу него било манастирско, кое при аграрната реформа била поделена на мештаните на Миокази и Орланци.

Во селото Миокази живеат Македонци, христијани. Првото населување било во почетокот на XIX век.Најстари доселенички родови се  Богевци доселени од селото Свето Враче, Митановци  и Кочевци доселени од селото Железџнец, Ивановци доселени од селото Атишта, Итромановци доселени од охридско, Поречковци , доселени се од селото Сушица, Ќосевци , доселени се од селото Сливово , Пупачовци  доселени се од селото Требино.

Според истражувањата, пак, на Јован Трифуновски во периодот од 1921-1926 година во Миокази се доселиле следниве семејни  родови Митровци доселени од селото Требино, Тромановци  водат потекло од охридско, Белојаковци доселени се од селото Атишта;,Матлевци доселени се од селото Орланци, Дамчевци доселени се од Охридско, Петревци  доселени се од Охридско и Мановци доселени се од селото Орланци

Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Миокази, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. . Во периодотод 1952 година па с едо 1996 година селото Миокази припаѓа на Општина Кичево. Во 1948 година во селото  Миокази живееле 215 жители, з во 1953 година двесте и двајца жители, во 1961 година селото брои 177 жители, во 1971 година Миокази брои 137 жители.

Дека  селото Миокази на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ и публикацијата “Материјали  за изучување на Македонија “ напишана од македонскиот револуционер Ѓорче Петров  издадена во Софија  во 1920 година каде што  во оваа публикација има доста податоци  и за селото Миокази  каде што пишува: селото се наоѓа на три саати   минути пешки одење северно- источно  од Кичево. Селото   е средно по глемина и богато село..Луѓето се многу вредни и мирољубиви , како и сите селани во областа.  Близу до селото се наоѓа месноста Црквиште.. На нејзината рамнина постојат остатоци  мала црквичка и неколку црковни објекти,  кои зборуваат дека овде порано постоел мошне развиен врковен живот, училиште, каде што наставата се изведувала на македонски црковен народен јазик, и се пишувале и препишувале вредни црковни книги. Во 1900 година миокази имало триесет и пет куќи, сите гурбедџиски, петнаесет мажи писмени,  шеесет и осум  мажи не писмени и седумдесет и девет жени неписмени.Во атарот на селото се наоѓаат заселиштата од римско време  Градиште, Дирек, Зад Чука, Кале, Крстот и заселиштето Топлец.

Втората половина на Осумнаесеттиот  век за Миокази  е период на обновување на селото испразнето со пустошењето на арнаутскиот  башибозук кој броел околу двесте души од селата Шутово и Гарани, поубени од отоманскиот падишах  чиј   турскиот аскер   го  предводеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег и Назиз Ахмед- бег,  додека пак Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас–ага  , Тевид-бег , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег кои   припаѓале на  Солунскиот турски  род Казаслар со  ферманот даден од отоманскиот падишах и пари дадени од падишахот, го обновиле селото и  ја  изградиле претходно разурнатата  црква ” Свети Атанасије” која се наоѓа на самиот влез на селото, кој воедно во тоа време билла соборен, селски храм, кој храм се до балканските војни бил  со голема купола,

Селото миокази  уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во црквата   Свети Атанасије на македонски црковен книжевен јазик, а  според пишаните документи прв учител  бил  попот Манакиј кој бил по потекло од битолско.Во учебната 1900/1901 година во Миокази  учителствувал  и даскалот Радован  а за време на неговото учителствување е формиран  огранок на ТМОРО , прв во оваа регија. Во селото учители биле и Ноне Захариевиќ, Крсто Митоиќ, Симчо Стојановиќ, Ристо Антиќ многу други.

Во подалечното минато  мештаните од селото Миокази учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Исто така селото не го избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата светска војна каде што за потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население ,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината, а на одарот за слободата на македонскиот народ и за создвање на македонска држава своите животи во НОБ ги положија Цветан Кузманоски и  Иванчо Стефаноски.

Традиционалниот печалбарски начин на живеење не го одбегнува ниту Миокази. Гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет првично оделе во Белград, Софија, Букурешт и Станбол., а подоцна  во Аргентина, Америка и Австралија. Во триесеттите години на 20-от век  во градовите во  преку окенските земји  голем број на гурбедџии од селото станале познати претприемачи ииндусртијалци,а, семејствата на гурбедџиите многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби , додека пак други одгледувале помали и поголеми стада овци.

Во селото Миокази сеуште  ја има старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде  и на новоизградена семејна куќа , кои говорат дака селото  Миокази не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Миокази на   црковната слава Свети Антониј, а воедно и на осветувањето на ново изграденатацрква  храм, које е изградена врз старите темели, која векови биал и останува  соборна црква, со кого начаствуваше митрополитот дебарско-кичевци и плаошнички Тимотеј на 14.Мај ова две иладо дваесет и третово господово  лето во сослужение со свештениците на кичевското црковно намесништво  и  јас да бидам дел од оваа сенародната веселба  која со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација.. Почитувани мои  дел од оваа духовно празнување ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print