Региони

село Ресава (прв дел)

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Ресава  кинисав ден пред Василица  тргнав рано, мошне рано но овој пат не со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот”, туку со возот кој според возниот ред од скопската железничка станица за Гевгелија секое утро тргнува во  шест часот и дваесет и три минути

Поминаа речиси пртнаесетина години  г кога во тоа време работев во  тогашната А1Телевизија  Скопје,  во утринската програма „ Раноден“, кога  во две илјадо и десеттото господово лето го посетив кавадаречкото село Ресава  и за него  направив кратка репортажа за ова село.

Ете како што вели народот господ милувал повторно да дојдам во ова населено место, но овој пат  по покана на Коце Ризов, ширум тиквешијата попознат по прекарот Кујо, ден пред Василица   да направам  нов документарен запис за ова село да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа населено место, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија, така и за василичарското празнување, чии адети и обичаи се пренесуваат од колено на колено низ времето што одамна минало, во селото Ресава по пзнати како Џоломари.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Ресава  кинисав ден пред Василица  тргнав рано, мошне рано но овој пат не со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот”, туку со возот кој според возниот ред од скопската железничка станица за Гевгелија секое утро тргнува во  шест часот и дваесет и три минути и по речиси два саати народски кажано уддобна вожња околу осум часот и триесет минути се симнав во железничката станица Неготино-Вардар, каде што ме пречекаа моите домаќини,  Коце Ризов и Звонко Костадиновиќ и заедно со нив се упативме во правец на селото Ресава.

За кратко време стасавме во селото Ресава, каде што најсетне така да речам не пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што  на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа, а околу него како во орловско гнездо свиени стотината ресавски куќи, кои сеуште ја имат задржано старата традиционална македонска чаршиска архитектура  со куќи чардаклии, со приземје  изѕидано  од камен, и кат, исто така изѕидан  од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, испреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали, но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, наредени оклу  поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња, но ќе се одушеви и од современата архитектонска градба, со новоизградените семејни куќи, кои говорат дека селото Ресава  не е заборавено село во Република Македонија.

Откакао пристигнавме на средселото за кратко време околу  нас  се собраа и други мештани од ова село кои ми велеа:

Зоране, редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, секаде ќе те прошетаме,  ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во во нашево село.

На самиот почеток на нашето дружење моите  домаќин  Коце Ризов ми напомна да не ме чуди тоа што во  селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што празнувањето започнува некаде во приквечерината,кога на средселово околу запалениот василичарски огин, се собира сиот народ, каде што  до раните утрински саати се игра и пее, од каде што тргнуваат нашите василичари, кои овде во  нашево село Ресава  ги  нарекуваме Џоломари, тргнуваат и влегуваат во  секоја куќа, каде што секое домаќинство ги  пречекува со греана топла тиквешка ракијаи ги дарува џоломарите    кој со ракија, кој со  вино, кој природно сушени колбаси, мевце сторено во каче и сето тоа трае речиси цел ден.

Почитувани мои, пред да го проследите василичарското празнување во селото кое  започна некаде во приквечерината, на селското средсело, каде што сето село  бише дојдено на   испраќањето на василичарите-џоломари и пречекувањето во  секоја куќа, предлагам  да ги проследите многуте приказни за селото  Ресава   што ми ги  раскажа мојот  домаќин Коце Ризов, заедно со  мештаните од ова село и моите досегашни историографски сознанија за селото ресава копајќи во аркивите ширум Република Македонија во  изминативе децении,  во  продолжение на оваа репортажа.

Селото Ресава  е  оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Минатото  и сегашноста на оваа населба   е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг. Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот. За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Ресава  илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор, како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел на, Римската империја, како дел на Византија чиј владетел и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел на македонските Склавинии предводени од Пребонд и Хатсон ,Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година, како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел македонските владетели Петар Делјан и Ѓорѓи Војтех, како дел од   црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година,  грамотатите на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од владедетилите со макеонија Добромир Хрс  И Добромир Срез, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на Ресава   е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1440  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Исмаил-бег. Селото Ресава  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565 година и  од 1570 година.  . Селото Ресава  е запишано е и во  пописните отомански дефтери    од 1582 година, отоманскиот пописен девтер  од 1610 година, како и во отоманските дефтери од седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век.

Османлиската власт чифлигарскиот систем во  Македонија  го озаконила  во 1858 година, во времето на султанот Абдул Меџит. Чифлигарскиот систем во Македониј, а и во  селото Ресава   се задржал сè до падот на турската власт на Балканот во 1912 година. Во Ресава ,чии чифлиг сајбии биле Синан бег,  Ајан бег и неговиот син Хаџи Хусил бег.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов  внесени во неговиот научен труд „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото Ресава  имало 650 жители, сите Македонци, додека пак според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев во неговото дело Македонија и незината популација во 1905 година во Ресава  живееле  720 жители, сите Македонци.

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото имало 890 жители, од кои 430 рисјани  и 460 мухамеданци.. Според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  имало 632 жители

Дека  селото на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпознатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи Воислав Радовановиќ во неговиот научен труд „ Раец и Тиквеш“, чии истражувања траеле од 1914 година па сед о  1923 година,  за селото Ресава       го забележал следното:Селото Ресава са распостила во извориштето на местото викано Бучало,на  двата брега која ја формира реката Тиквешица. Селото е христијанско, и е од збиен тип,  со градси изглед. Селото се дели на шест мааала:  маалото Шуманово со 35 куќи,  Средското маало со 30 куќи,   Клинчаровото маало со 13 куќи, Синановското маало со 19 куќи , Лалковското маало со 20 куќи  и Пејковско маало со 12 куќи. Се на се125 куќи. Срецелото наликува  на мала чаршија со дуќани и занаетчиски дуќани.  Улиците се калдрмисани, а повеќето куќи имаат градски лик.

Нивите се наоѓаат во долината на реката Тиквешица и на терасестите површини над селото. Ливадите се наоѓаат над селото, а по течението на реката Тиквешица се наоѓаат бавчите и градините. Во нивите и во лозјата се наоѓаат овоштарници од јаболка, ѕенѕери, црешни, од сортите петровка, мискија, присад и  дивјачка. Во горниот тек на реката Тиквешица се наоѓаат тринесет воденици, скалесто распоредени. Селото името го добило по некогашниот Ресавски манастир , кој се наоѓал во Средското маало. Селото е познато по своите куќи изградени од црвени тули кои се направени со вино наместо со вода. Во минатото селаните имале многу вино, кое било тврдо „што можело во торба да се носи“ и иако има неколку водотеци и водопади во околината на селото, сепак било тешко да се стигне до водата, па затоа тулите со кои ги изградиле своите куќи ги направиле со вино наместо со вода. Денес, во селото постојат повеќе куќи изградени од црвени тули.

Селото изобилува со археолошки наоѓалишта кои временски се протегаат од младото камено време до средниот век, како што се  некрополата од доцноантичко време Горни Лозја, утврдена населба и некропола на истоимениот остров од раноантичко време, римско време и време од средниот век Градиште-средновековниот град Тиквеш, некропола од доцноантичко време Градевица, населбата и некрополата од римско време Диво Бачило, населбата од античко време Ежови Падини, некрополата од римско време Лака, сакралниот  објект од доцноантичко време Манастирот Тиквеш, некрополата од римско време Подрид, населбата од доцно античко време Разбиеница,  некропола од доцноантичко време Стари Лозја, населбата од долно античко време Ушите, населбата од римско време Црвениково Брдо, населба од неолитско време и некропола од римско време Чаковец и вила рустика од римско време Шакалица.

Староседелски семејни родови во  Ресава  се : Лалковци, Асијовци, Дековци, Биковци , Палетовци  и Каравилчевци, додека пак доселенички семејни родови во Ресава се Пејковци, Клинчаровци, Шоповци, Чундевци, Радевци, Лоловци, Струмичанци, Јанчевци, Јаковци, Валавајковци, Камчевци, Дисанци, Јовевци, Радобилци, Поп-лазаровци,Ајтовци, Карајовци, Тодоровци, Зајковци, Дрваровци, Кичевци, Милачковци, Митревци, Миџовци, Убавковци, Костовци, Шиковци, Ризовци, Бунарци, Џулазовци, Грковци, Исаковци, Самарџиовци, Кабрановци и курчевци.

Втората половина на деветнаесеттиот    век за  Ресава     е период на обновување на селото испразнето со пустошењето и уништувањето на турскиот башибозук во 1837 година  од страна на турските власти. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако е изградбата на претходно разурнатата  селска црква Свети Архангел Михаил, чија градба е завршена во 1840 година. При изградбата на црквата е искористен поголемиот дел од камените блокови и опека од поранешната црква Свети Димитрија и на Ресавскиот манастир, а за тоа сведочат вградените двата мермерни столба на западната врата и натписот со старо македонско црковно писмо вклесан во  мермерната плоча,  кој се наоѓа на западниот ѕид, кој датира од 1646 година, со што се  осведочува постоењето на Ресавскиот манастир.

Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со големи димензии и припрата на западната страна. Сводовите на трите кораби се покриени со дрвена таваница. Црквата има два влеза и тоа од северната и западната страна. Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна. Црквата имала и ран живопис со нејзината изградба, пред да биде насликана повторно. Целата површина на црквата е покриена со фрески. За зографисувањето на црквата се дознава дека е извршено на 6 јуни 1881 година, од натписот над северниот влез во црквата од внатрешната страна, каде што се вели дека зографи се браќата од Крушево Вангел, Никола и Коста. На северниот ѕид во првата зона се насликани стоечки фигури во цел раст. Во втората зона се зографисани следните композиции: Каменувањето на Св. Стефан, Исцеление на слепиот, Преображение Христово и други. На јужниот ѕид нема фрески, бидејќи сѐ е варосано. Во втората зона се насликани композициите: Рождество на Св. Јован Претеча и Гозбата на царот Ирод.

Во подалечното минато  мештаните од селото Ресава  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија, како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид. По Илинденското востание, состојбата во селото Ресава била многу тешка. Со одлука на Централниот комитет на македонската револуционерна организација за околиски војвода во Тиквешијата бил назначен Добри Даскалов. На еден состанок во селото Ресава, војводата Даскалов разговарал со селаните за продолжување на борбата. Селскиот поп Ристо Пејков ја предал четата на војводата Добри Даскаловна кавадаречкиот кајмакам. Селото било опколено со три кордони турски аскер. Во големата борба меѓу аскерот и комитите, која траела речиси 12 часа, биле ранети Даскалов и Асијата, но комитите се извлекле од селото во Драгожелската шума. Според сеќавањата на поп Шаќо кој бил очевидец на борбата, во селото биле запалени и до темел изгореле 20 куќи и исто толку плевни и амбари, а при повлекувањето на аскерот биле убиени петмина селани. Набргу по завршувањето на борбата селскиот поп го стигнала казната од организацијата.

Мештаните од селото   не ги избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата и Втората светска војна каде што за потребите  на боиштата мобилизирано во разните војски било речиси сето население ,  а пак од  мобилизираното машко население кое било испратено на фронтовите поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината. Мештаните од Ресава активно се вклучуваат и во НОБ. Во 1944 година во селото е формиран и првиот НОО. Во периодот 1944-1952 година  селото било дел од општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава. Во периодот 1952-1955, селото е дел од околиската  општина Бегниште, во која покрај селото Ресава се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кажани Кошани и Куманичево. Во периодот 1955-1965, селото било дел од околиската  општина Кавадарци.Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на Општина Кавадарци. Во периодот од 1996, па се до 2004 година  година, селото е во рамките на  Општина Конопиште, а од 2004 година повторно е дел од општината Кавадарци.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Ресава  за Василица а дел од ова василичарско празнување ќе ви  пренесам во  следната репортажа.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print