Региони

село Сопот (прв дел)

За кратко време стасавме во селото Сопот, каде што најсетне така да речам не пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што  на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа. Во Сопот  ги  нема поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња,речиси ја  нема старата традиционална македонска чаршиска архитектура која се карактеризирала  со куќи чардаклии

Поминаа речиси триесетина години кога во тоа време работев во  тогашната Телевизија  Скопје, денешната Македонска телевизија,  во утринската програма „ Доброрутро Македонијо“, кога  во илјадо девестотини деведесеттото и второ господово лето го посетив кавадаречкото село Сопот и за него  направив кратка репортажа за ова село.

Ете како што вели народот господ милувал повторно да дојдам во ова населено место, но овој пат  по покана на организациониот одбор на здружението на граѓани „Бабари“,  на сам ден на Василица да направам  нов документарен запис како за ова село да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа населено место, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија, така и за василичарското празнување, чии адети и обичаи се пренесуваат од колено на колено низ времето што одамна минало.

Иако со години речиси ги посетувам сите православни христијански празнувања во нашиве села, така да речам никако не му доаѓаше редот да направам документарен запис за василичарите. Една стара народна поговорка вели  не кога сакаме ние, туку кога господ ќе го каже тоа. И навистина така и бидна.

Едно зимско декемвриско  утро, пред самиот крај на двеилјадо двесет и второто господово лето , рано , мошне рано ми заѕвони мојот телефон и како и секогаш кога некој ме бара преку телефон, ја кренв слушалката, а од другата страна така народно да се изразам на телефонската жица , слушнав еден познат глас кој ми велеше:

– Добро утро Зоране, како си, да не те разбудив- ми рече .

-Доброутро-му реков. -Буден сум, одамна сум буден додадов.

-Овдека Ѕвонко Костадиновиќ, ако се сеќаваш на мене кога прв пат се запознавме во  хотелот Балкан во  Кавадарци- ми рече.

-Се сеќавам , како не се сеќавам , Брус Ли ти беше прекарот – го  надополнив.

– Бравос бре Зоране, бравос бре Шваца, колку ми се радува душава моја оти не си ме заборавил- ми рече.

-Е , да знаеш колку ми се радува душаа моја оти и ти не си ми го заборавил мојот прекар Шваца, по кој прекар ме препознаваат моите соселани ширум Македонија- му одговорив.

-Туку ете јас така порано, знаеш по селски, се јавувам, имам една молба да те замолам ако можеш да дојдеш во тиквешијава кавадаречка насушна да дојдеш во селото Сопот, да напрајш едно убо слико и за селото и за василичарите. – Што велиш- ме праша?

Е, слушај вака да ти кажам, со ниет сум деновове повторно да прошетам низ тиквешијава, па убаво би било да го посетам селото Сопот и за него да направам едно убо слико – малку на повисок глас на шега му подвикнав!

-Ете сега кандисај се- – Јас своето си го  кажав, сега оставам на тебе- ми рече.

– Бива, како не бива-  му реков.

– Ти само појди до Марена   , а  јас ќе ми те пречекам заедно со мојот пријател од селото Сопот Тошо Наумов. и се ќе ти организираме, ич да не му се секираш -ми велеше

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Сопот кинисав ден пред Василица  тргнав рано, мошне рано но овој пат не со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, туку соредовната автобуска линија Скопје-Неготино-Кавадарци  кој според возниот ред автобусотод автобуската станица во Скопје во правец на Кавадарци  секој ден поаѓа во дванааесет часот и триесет минути.Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо автобусот со кого, движеќи се паралелно низ водно со реката Вардар помина низ Таорската Клисура, застанувајќи кратко во автобуската станица Велес, продолжувачи во правец на Неготино, и овдека застануваќи кратко на во  неготинската автобуска станица, упатуваќи с ево правец на Кавадарци и по неполни триесетина минути  се симнав на автобуската постојка во  селото Марена , каде што ме пречекаа моите домаќини, Ѕвонко Костадиновиќ-во околината попознат по прекарот Брус Ли и неговиот преијател Тошо Наумов.

Од како што се вели  си сторивме здравоживо, со моите пријатели, со нивното возило се упативме во правец на селото Сопот.

-Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во  ова село.” – Ние тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако ние не сме по вокација историчари, не задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни, а и ги имаме проверено листаќи низ историографска литература со која располагаме, попатно ми велеа моите домаќини, Ѕвонко Костадиновиќ  и Тошо Наумов.

За кратко време стасавме во селото Сопот, каде што најсетне така да речам не пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што  на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа. Во Сопот  ги  нема поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња,речиси ја  нема старата традиционална македонска чаршиска архитектура која се карактеризирала  со куќи чардаклии, чије приземје било изѕидано  од камен, каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, исто така изѕидан  од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, испреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали, но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, но ќе се одушеви и од современата архитектонска градба, со новоизградените семејни куќи, кои говорат дека селото Сопот не е заборавено село во Република Македонија.

Откакао пристигнавме на средселото за кратко време околу  нас  се собраа и други мештани од ова село кои налик на она што претходно ми го кажа   и тие ми велеа:

Зоране, редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, секаде ќе те прошетаме,  ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во во нашево село , селото ми велеа.

Почитувани можеби се прашувате зошто во селото Сопот дојдов ден пред Василица, затоа што имав две причини, едната  да ги надополнам моите досегашни сознанија за битисувањето на ова село, а другата мештаните да ми ги  раскажат старите адети  и обичаи, кои од памтивека па се до ден денешен се негуваат  за Василица во ова село, а преку оваа   репортажа ќе се обидам и вам да ви  доловам и вие што се вели да бидете дел од нив, со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од ова село, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

На самиот почеток на нашето дружење моите  домаќин Ѕвонко Костадиновиќ и Тошо Наумов ми напомнаа да не ме чуди тоа што во  селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што празнувањето започнува некаде во приквечерината,кога на средселово околу запалениот василичарски огин, се собира сиот народ, каде што  до раните утрински саати се игра и пее, од каде што тргнуваат нашите василичари, кои овде во  нашево село Сопот ги  нарекуваме Бабари, тргнуваат и влегуваат во  секоја куќа, каде што секое домаќинство ги  пречекува со греана топла тиквешка ракијаи ги дарува бабарите кој  кој со ракија, кој со  вино, кој природно сушени колбаси, мевце сторено во каче и сето тоа трае речиси цел ден, каде што приквечерината селаните бабарите ги  пречекуваат во  селската црква.

Почитувани мои, пред да го проследите василичарското празнување во селото кое  започна некаде во приквечерината, на селското средсело, каде што сето село  бише дојдено на   испраќањето на василичарите-бабари и пречекувањето во  секоја куќа, предлагам  да ги проледите многуте приказни за селото  Сопот  што ми ги  раскажаа моите домаќини Ѕвонко Костадиновиќ и Тошо Наумов заедно со  мештаните од ова село  во  продолжение на оваа репортажа.

Селото Сопот се наоѓа во во Тиквешката Котлина, во североисточниот дел од Општина Кавадарци, недалеку од градот Кавадарци. Селото е сместено на левиот брег на реката Луда Мара. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу шест  километри.

Селото Сопот е  оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Минатото  и сегашноста на оваа населба   е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг. Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот. За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Сопот илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска,како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел на македонските Склавинии предводени од Пребонд и Хатсон ,Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година, како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел македонските владетели Петар Делјан и Ѓорѓи Војтех, како дел од   црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година,  грамотатите на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од владедетилите со макеонија Добромир Хрс  И Добромир Срез, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на Сопот  е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1440  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Исмаил-бег. Селото Сопот е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, а во отоманскиот дефтер од 1570  е запишано дека вкупниот данок кое селото го плаќало  изнесувал 1.380 акчиња, каде што исто така селото било задолжено да плаќа данок од пченица 10 мудови, данок од јачмен еден муд, овес  и рж и од улишта 98 акчиња ,а од ушур од овошје 30 акчиња. Селото Сопот  е запишано е и во  пописните отомански дефтери    од 1582 година и во отоманскиот пописен девтер 1610 година.

Во седумнаесеттиот век селото Сопот , заедно со  другите кавадаречки села села биле чифчиски села, чии чифлиг сајбии на седумнаесет чифлизи биле Исмаил-бег  и неговиот син Јусуф Муклиз-паша од Серез. Османлиската власт чифлигарскиот систем иако  го озаконила дури во 1858 година, во времето на султанот Абдул Меџит чифлигарскиот систем во Македониј, а и во  селото Сопот  се задржал сè до падот на турската власт на Балканот во 1912 година. Последен чифлиг-сајбија кој што речиси го поседувал целиот имотот во  кавадаречката  регија, околу кои негови чифлици, чифчиите  изградиле свои живеалишта    бил Скендер-бег.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов  внесени во неговиот научен труд „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото Сопот имало 580 жители. од кои 575 Македонци, додека пак според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев во неговото дело Македонија и незината популација во 1905 година во Сопот живееле  120 жители.

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото имало 890 жители, од кои 430 рисјани  и 460 мухамеданци.. Според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  имало 632 жители

Во публикацијата “Материјали  за изучување на Македонија “ напишана од македонскиот револуционер Ѓорче Петров  издадена во Софија  во 1896 година каде што во оваа публикација има доста податоци  и за селото Сопот е забележано дека  се наоѓа на стотина  черека   пешки одење од  селото Марена, и на стотини черека одење пешки од Курија. Од секогаш било средно по големина и богато село. Земјата е плодна , па кога е родна годината, селаните собираат и по стотици товари жито. Луѓето се многу вредни и мирољубиви , како и сите селани во областа.

Дека  селото на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпонатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски во неговиот научен труд „Населбите во  тиквешката котлина издаден во  1976 година, во  Белград  , за селото Сопот      го забележал следното: Од најстари времиња тиквешкото село Сопот се наоѓа на денешната локација. Во 1900 година во Сопот    живееле  580 жители, во  1905 година   Сопот   брои 120  жители,  во  1948 година  838 жители, во 1953 година 870  жители,. во 1961 година имало 865 жители,  во 1971 година 894 жители.

Староседелски семејни родови во  сопот се : Рушидепајиовци кои броејат седум куќи, Горенвци кои бројат пет куќи, Колшиновци кои бројат две куќи, Камбоновци кои бројат четири куќи, Мушичковци кои бројат осум куќи и Јунузовци кои бројат пет куќи.

Доселени семејни родови во Сопот се Зајимовци-Карапашовци  со осум  куќи  доселени кон крајот на XVIII век од Дебарско, Бесвичевци со две куќи доселени се кон крајот на XVIII век од  село  Бесвица, Муаџировци со една куќа доселени се средината на XIX век од селото Црвени Брегови.Во селото се наоѓа Албанското маало, со десет куќи , маакедонци кои во селото Сопот се доселени во почетокот на дваесеттиот век од селата Глобочани, Горна Горица, Долна Горица, Зрновско, Леска, Пустец, Туминец, Церје, Шулин.

Втората половина на деветнаесеттиот    век за  Сопот    е период на обновување на селото испразнето со пустошењето и уништувањето на турскиот башибозук во 1878 година  од страна на турските власти.. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако е изградбата на претходно разурнатата  селска црква Свети Атанасије.  Оваа црква во  1909 година повторно е разрушена, за да во  1911 година повторно реобновена, за да во 1976 година го добива денешниот архиктектонски изглед.Во црквата има и стари икони од XIX век, изработени од страна на непознати зографи. Кон јужниот ѕид на црквата е доградена припрата, на источниот ѕид има полукружна апсида со прозорец во средишниот дел. Во дворот на црквата е сместена камбанаријата. Таа има шестаголна основа и се издига во непосредна близина на оградата од дворот и источниот ѕид на црквата. Таа содржи по една монофора на секоја страна во висина на ѕвоното во нејзиниот горен дел, како и уште една на источната страна во висина на скалата која води до ѕвоното.

Во подалечното минато  мештаните од селото  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија, како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Исто така во  подалечното минато мештаните од Сопот  не ја  избегнуваат грчката, бугаро-егзархиската и српската  пропагандистичка машинерија.

Исто така мештаните од селото   не ги избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата и Втората светска војна каде што за потребите  на боиштата мобилизирано во разните војски било речиси сето население ,  а пак од  мобилизираното машко население кое било испратено на фронтовите поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината.

И покрај плодното поле сепак традиционалниот печалбарски начин на живеење во селото Сопот  не се променил, а гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет оделе најмногу во Белград, Софија, Букурешт и Станбол. Во триесеттите години на 20-от век  во овие градови имало многу дуќани од различен вид, чии газди биле мештаните од ова село..

Најголем  дел од миграциите од селото се случиле по Првата светска војна, кога најголем дел од иселениците биле економски мигранти. По 1924 година, кога се наметнале одредени квоти за иселеници од Источна Европа, многумина мештани од Сопот  се одлучиле за иселување во американскиот континент. Покрај тоа што многу мештани од селото Сопот имале добри дуќани во тогашните балкански престотлнини , семејствата многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќија земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Почитувани мои, оваа кратка аудио-визуелна документарна разгледница, така да речам не би била комплетна ако не ви  пренесам дел од василичарските огнови и василичарите.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Сопот за Василица а дел од ова василичарско празнување ќе ви  пренесам во  продолжение на следната репортажа.

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print