Региони

Водици во Оровник

Од како парохискиот свештеник ги благослови седумте кумови  и ги ороси со осветената вода седумте бакарни  котлина , наполнети со два три кажи прста чиста изворска вода ,     киските  сув босилек , направени од онолку гранчиња колку што секое кумство брои членови и родовските , поточно речено маалски крстови, сите заврзани со црвен волнен преден јаток, седумината староседелски кумови, заедно со дваесет и тројцата одбор момчиња и соборскиот народ ,  црковната литијата се упати во правец на охридските води, поточно речено во дебрската-оровничка ривиера.

Поминаа  речиси печес месеци откако го направив документарниот запис и за манастирскиот комплекс во селото Оровник чие име го носи на Света Петка Римјанка, чија светителка воедно е заштитник на селото Оровник, маѓу народот попозната какао Света Петка Летна, чие празнување секое господово лето се паѓа на осми Авагуст, кога со Милчо Јосифоски, првиот меѓу еднаквите членови нацрковно   манастирскиот одбор на шесте цркви и двата мснсстири, начелно се договоривме да направам документарен запис и за Богојавленије, меѓу народот попознат како Водици.

На сам ден на Водици во раните утрински саати од скопската автобуска станица, со првиот раноутрински автобус    тргнав на  пат за Оровник,   кој според возниот ред секое утро  поаѓа во четири часот и по речиси неполни два часа и триесетина минути, народски кажано околу шесет часот и триесетина минути пристигнав во селото Оровник, каде што  ме пречека Милшо Јосифоски заедно со  неговите соселани, кои во соборниот храм Свети Илија ги привршуваа  празничните овогодишни водичарски подготовки, чија многувековна традиција продолжува и денес, заедно  со   еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница, антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм, професорот Драгослав Миноски,  кој беше дојден во селото Оровник по нова истражувачка  географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко  географско-антрополошко и историографско  истражување за струшката регија за  селото Оровник ќе ви  ги  пренесеме во  оваа репортажа.

Почитувани мои, моите домаќини не  замолија најсетне ние ним да   им ги раскажеме нашите досегашни историографски сознанија за водичарското празнување  како на сета православна екумена, така и за македонската православна екумена во изминативе векови, а потоа и тие да ни ги пренесат многуте приказни исто така  за водичарското празнување во селото  Оровник во изминативе децении, чија традиција се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација. Нивниот предлог со задоволство го  прифативме.

Почитувани мои претпладневните   сончеви зраци милуваќи  ги водите на Охридското езеро, поточно речено Дебрцката ривиера пред се,  селото Оровник и соборниот храм, чие име го носи на пророкот Свети Илија, ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на водичарското празнување.

Почитувани мои , како по стар адет и обичај во претпладневните саати питропот Климе Наумоски ја чукна камбаната, обзнанувајќи  го празнуањето  на православната екумена посветена на  господовото богојавленије, со тоа што им даде до знаење на соборскиот оровски народ дека набрзо ќе започне претпладневната  водичарска богослужба. Од сите  селски патчиња и сокачиња, врвулица народ  заедно со седуммината овогодишни кумови и дваесет и тројцата одбор момчиња, кои ќе се обидат еден однив  во своите раце да го има богојавленскиот крст, во водите на Охридското езеро, поточно речено  на дебрцката-оровничка плажа, се зареди во правец на  соборскиот храм Свети Илија. Црковниот двор и храмот наборзо се  исполни од соборскиот народ.

Набргу во црковниот храм  пристигнаа овогодишните кумови, Богоја Јовакоски, Никола Нелоски, Марјан Белев, Страше Јосифоски, Богоја Нелоски, Ванко Јованоски и Слако Митрески, кои како по стар обичај секој во своите раце со кумското  бакарно котле, наполнето со два три кажи прста чиста изворска вода , а во него   киска сув босилек , направена од онолку гранчиња колку што кумството брои членови  родовскиот или маалскиот крст врзани со црвен волнен преден јаток, откако најсетне си запалија свеќи за здравје и за нивните семејства, еден по еден бакарните котлиња ги оставија пред  царските двери, пред мајката божја и пред  Свети Јован Претеча духот госпдов да ги  облази, за да   и кумовите и бакарните кумски котлина бидат подготвени за претпладневната  златоустова литургија посветена на Јован Претерча.

Почитувани мои пред да го погледнете видео записот од претпладневната богослужена литургија со која  чинончалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво, заедно со соборскиот народ, седуммината овогодишни кумови, и дваесет и тројцата одбор момчиња, кои ќе се обидат еден однив  во своите раце да го има богојавленскиот крст, во водите на Охридското езеро, поточно речено  на дебрцката-оровничка ривиера, благословуваќи ги и да го обзнани господовото  богојављение, предлагам да ги надополните вашите сознанија за самото водичарско кумство  во  чест на Свети Јован Претеча, надополнето со историографските записи за  самото водичарско кумство на  еден од најпознатите не само во  македонскиве, туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница, антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм, професорот Драгослав Миноски, копајќи низ архивите ширум какедонскиве и балканскиве простори во  изминативе децении.

Почитувани мои овој овој така да речам аудио-визуелен документарен воведен дел посветен на самите Водици не би бил комплетен ако не ви ги пренесам поголем дел  од претпладневната богослужена литургија со која  чиноначалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво заедно со соборскиот народ седуммината овогодишни кумови и дваесет и трите одбор момчиња, во продолжение во оваа репортажа.

Од како парохискиот свештеник ги благослови седумте кумови  и ги ороси со осветената вода седумте бакарни  котлина , наполнети со два три кажи прста чиста изворска вода ,     киските  сув босилек , направени од онолку гранчиња колку што секое кумство брои членови и родовските , поточно речено маалски крстови, сите заврзани со црвен волнен преден јаток, седумината староседелски кумови, заедно со дваесет и тројцата одбор момчиња и соборскиот народ ,  црковната литијата се упати во правец на охридските води, поточно речено во дебрската-оровничка ривиера.

Почитувани мои пред да го погледнете видео записот од литијата и осветувањето на охридските води со која  чинончалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво, заедно со соборскиот народ, седуммината овогодишни кумови, и дваесетмината одбор момчиња, кои ќе се обидат еден однив  во своите раце да го има богојавленскиот крст, во водите на Охридското езеро, поточно речено  на дебрцката-оровничка ривиера, благословуваќи ги и го обзнани господовото  богојављение, предлагам да ги надополните вашите сознанија за пророкот Свети Јован, Претеча, со историографските записи со кои располагам копајќи во аркивите ширум македонскиве простори во  продолжение на оваа репортажа.

Според христијанските сведоштва раѓањето и службата на светиот Христов претеча ги претскажале пророците Исаија  и Малахија како и самиот архангел Гаврил. Јовановото рождество детално го изложил апостол Лука во своето евангелие, во кое е запишано: Во тоа време во  земјата римско-јудејска живееше  Захарија со својата жена Елисавета,кои  сè уште немале деца, што во тоа време се сметало за божја казна и голема несреќа бидејќи биле во доста возрасни. Според преданието, и двајцата постојано го молеле Господ да им даде рожба и Бог ја слушнал нивната молитва. Захарија во храмот го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син што ќе се вика Јован и тој според господовото провидение ќе биде   одбраниот што ќе оди пред спасителот и ќе му го подготвува патот.

Според христијанските  сведоштва, ниту еден, кој е роден на земјава, пред појавата на  Христос, не бил толку величенствен и славен, како што бил светиот Јован Крстител.

За свети Јован се вели дека е Претеча Христов, зашто Господ токму него го испратил пред Себе, за да им го пренесе на луѓето словото и начинот на вистински живот, за да можат да го сфатат и да го прифатат Христа. Освен што е Христов Претеча, за свети Јован се вели дека е глас, кој вика во пустината. А, пред да почне да говори, свети Јован и самиот беше во вистинска пустина, во Јорданската пустина, за да се сретне самиот со себе, но и за да се сретне директно со Бога, и така подготвен да излезе на проповед. Гласот, кој вика во пустината, е глас кон покајание, и живата вода која вечно ја  напојува човечката душа, тоа е сончев зрак кој дава живот на овоземниот живот.

Јован, пребивајќи цели триесет години во пустината, постојано се борел со своето срце, со својот живот, и излегол на проповед. Затоа Евангелие­то не го нарекува пророк, туку глас. Глас, зашто тој толку многу се сродил со Божјата волја, станал еднаков со она животворно слово, кое било потребно да им го произнесе на луѓето, за во нив повторно да засветли животот и повторно да се роди радоста. Затоа свети Јован е жив глас, а не обичен човек кој говори. Преку свети Јован говори лично Бог и ни ја објавува својата вечна и света волја. Впрочем, така говореле и сите светии, зашто тие се Божји гласници и исполнители на Божјата волја.Јован отфрлил сè земно за целосно да се предаде на Бога, па затоа бил повикан од пустината да влезе меѓу луѓето и да сведочи. Јован го ставил целиот свој живот во служба на Бога, не штедејќи се себеси, подготвен дури и со смрт да ја докаже вечната вистина.

Свети Јован дојде во светот за да ја најави победата на доброто над злото, триумфот на среќата над несреќата и воспоставувањето на врска меѓу небото и земјата. Дојде за да го запре светот за да не потоне во мракот и да не заталка од патот на Божјата правда и вистина. Дојде за да се бори за нешто, кое е многу поголемо од сето она, за што се борат обичните смртници, а тоа е Божјиот закон. Дојде за да биде носител на Божјите завети, гласник на вечниот живот, борец против злото и против разните злотвори.

На повидок биле  се големите настани кои требало да се случат и кои барале голем човек, кој ќе биде во можност да ги благовести. И навистина, преку устата на свети Јован тие величенствено биле најавени. Со својот моќен збор тој вистински го подготвил тогашниот свет, па затоа со нетрпеливост бил очекуван да дојде Оној, кој низ сите векови бил пророкуван како Спасител на светот. Свети Јован бил достоен Претеча на Спасителот и Неговиот пат прекрасно го исправил.

Иако Евангелието ни сведочи дека Јован е голем пред Господа, сепак, неговото смирение и неговата снисходливост е бескрај­на. Тој бил ставен дури и во затвор за своето праведно и чесно слово. Во исто време Господ Исус Христос излегол на проповед, окружен со Своите ученици и израснал во полна мерка на Својот земен повик.  Јован, знаејќи, дека му се приближува смртниот час, испратил свои ученици при Христа да го прашаат: Кој е Он? Дали е Он очекуваниот Спасител, или треба да очекуваат друг?. Христос не им одговорил директно кој е, туку им рекол да одат при Јована и да му кажат што гледаат. Откако ги слушнал овие зборови, свети Јован  бил исполнет со блажена радост, зашто сфатил дека неговиот труд не бил залуден и дека биле исполнети сите негови очекувања. Исполнет со такви чувства, свети Јован без грижа на совеста, со цврста вера во воскресението, бил подготвен да ја положи својата глава под џелатовиот меч и триумфално да го заврши својот живот како вечен победник и вечен гласник на Божја порака – покајте се!

Според евангелистот Лука во младоста, Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, тој ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тибериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Тој често проповедал: „По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух“.

Во тоа време, Исус се подготвувал за својата мисија. Но, според тогашните закони, учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован, кој дотогаш не го имал видено, според евангелието, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот, Јован го одвратил, велејќи му: „Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римското Царство го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Тоа бил синот на стариот Ирод, оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем во времето кога требало да се роди Исус Христос. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на арапски кнез, по име Арета. Но тој, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип, кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал вечејќи: Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“.

Особено лута и осветољубива била Иродијада.  Таа чекала прилика да му се освети.  Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, каде што  обилно се пиело,  се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирода што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде сè што ќе посака, дури и да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка, која долго го чекала овој час ,зашто не можела да му го прости јовановото јавното разобличување на неморалот, веднаш ѝ рекла да ја побара главата на Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирода, тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни.

Откако Јован бил убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод, притоа отсекуваќи му ја главата , Иродијада наредила да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашела дека Пророкот Јован  би можел некако да воскресне. Затоа ја зеле неговата глава и ја закопале на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можела да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопала, ја однела во Ерусалим и ја закопала на Елеонската Гора. Според преданието, телото на Јован го зеле неговите ученици и го погребале во градот Севастија, а Евангелистот Лука подоцна моштите, поточно речено десната рака  на Свети Јован ја  погребал во  градот Антиохија, каде што секоја година пророковата рака била изнесувана.

По извесно време еден угледен богаташ поверувал во Христа, ја оставил својата висока позиција и се замонашил, па како монах со името Инокентиј се населил на Елеонската Гора токму на она место каде што била закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си ѕида ќелија копал длабоко и пронашол земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му било јавено дека е на Крстителот. Тој ја целивал и ја закопал на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава во времето на благочестивата царица Теодора, мајка на Михаил а жена на царот Теофил  и во времето на патријархот Игнатиј, била пренесена во Цариград.

Почитувани мои овој овој така да речам аудио-визуелен документарен воведен дел посветен на пророкот Свети Јован претеча не би бил комплетен ако не ви ги пренесам поголем дел од видео записот од литијата и осветувањето на охридските води со која  чинончалствуваше  парохискиот свештеник од струшкото црковно намесништво, заедно со соборскиот народ, седуммината овогодишни кумови, и дваесетмината одбор момчиња, кои ќе се обидат еден однив  во своите раце да го има богојавленскиот крст, во водите на Охридското езеро, поточно речено  на дебрцката-оровничка ривиера, благословуваќи ги и го обзнани господовото  богојављение, предлагам да ги надополните вашите сознанија за пророкот Свети Јован, Претеча, со историографските записи со кои располагам копајќи во аркивите ширум македонскиве простори во  продолжение на оваа репортажа.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам во селото Оровник за Водици. Ги оставам моите оровци да си ги празнуваат водичарските празници, со едно ветување дека повторно ќе дојдам во оровник, саде господ на сите нас здравје да ни даде.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print