Региони

Долно Чичево

Моето патешествие низ рурлните региони во Маедонија ете ме донесе и на територијата на   Општината Градско, која сенаоѓа во Средно Повардарие, односно на двете страни на  реката вардар пред влезот на Тиквешката Котлина, во средишниот дел на Македонија, чија незина територија зафаќа површина од  двесте и деведесет квадратни километри, каде што целата територија на Општина Градско е сместена во долината на Вардар, а токму во Оптина градско во река Вардар се влеваат двете незини најголеми притоки Брегалница од левата и Црна река од десната страна на која егзистираат населените места : Виничани, Водоврати,  Грнчиште, Двориште,Згрополци, Кочилари, Куридере, Ногаевци, Подлес, Свеќани, Скачинци, Убово, Уланци, Горно Чичево и Доно Чичево и за нив да направам нови документарни записи , а мештаните да ми го  раскажат минатото на нивните родни места, а преку нивните сеќавања различни по време и простор  и ванм драги мои да ви пренесам дел од непорекливата  драгоцена слика за овие населени места низ времето надополнета со веродостојни сведоштва и историски аргументи  со надеж меѓу помладите од овој регион, особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот,

Меѓу овие седумнаесеттиа селски анселби кои припаѓаат на Општината Градско , овој пат се одлучив овој нов документарен серијал со работен документарен серијал Патуваме низ Општина Градско  да го започнам од порано едно од најголемите населени места во оваа општина селото Долно Чичево.

Помина речеиси неполна година  од нашата средба со Тоде Мицевски, по потекло од селото Долно Чичево , ден пред Илинден меѓу тезгите  на скопското Зелено Пазарче, и едниот и другиот да си купиме, народски да  се изразам  зарзават да ни се се најде за по дома, за престојниоте илинденски празници,  кога во неврзан разговор ме покани да направам репортажа и за неговото родно село селото Горно Чичево кога на сам ден на Прочка, ова две илјадо дваесет и третово господово лето, во  утринските саати ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на  Тоде Мицевски Милчо кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Тоде Мицевски од село Долно Чичево со кого се запозна ден пред Илинден меѓу тезгите  на скопското Зелено Пазарче, и едниот и другиот да си купиме, народски така да речам зарзават да ни се се најде за по дома, за престојниоте илинденски празници-ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не с есеќавам- му одговорив.

-Од името на неколкуте преостанати селани кои останаа верни на таковта куќа и на дедовското огниште  и од името на овогодишниот домаќин на нашата летна селска слава Свети Атанасије -летен , чие име го носи и нашата селска црква Свети Атанасиј Александриски   Ванчо Станков , која слава иако малку видо измената си ја прославуваме во  нашата селска црква, ве покануваме да ни дојдете на гости, ем за нашата селска слава, ем и за селото мое да направиш едно убаво слико, сето село ќе биде збрано,  онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време , поточно речено на сам ден на Ѓурѓовден ова двесет и третово  господово лето го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Тодета Мицевски заѕвонив.Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Тоде  од село Долно Чичево ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

-Добарден, овдека Тоде Мицевски од село Долно Чичево, Зоране ти ли си!-го слушнав гласот на Тодета, од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -му реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи  им на твоите соселани, а посебно  на овогодишниот домаќин на  црковната  слава Свети Атанасије -летен , чие име го носи  селска црква Свети Атанасиј Александриски,  Ванчо Станков, дека ќе дојдам во Долно Чичево.-му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега- со радост одговри Тоде Мицевски.

На пат за Долно Чичево тргнав рано изутрината , на сам ден на празникот  Свети Атанасије -летен   од скопската автобуска станица  со првиот автобус  за Гевгелија кој според возниот ред секое утро поаѓа во пет  часот и  десетина минути и по речиси неполни два часа поминуваќи по автопатската делница Скопје-Велес-Неготино кај автобуската постојка Градско   го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го  возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина  за Гевгелија. Не помина долго време набрзо со својот стар олдтајмер од марката Голв Фолгсваген пристигна Тоде  Мицевски и откако си рековме здраво живо тргнавме по десет километарското алсвалтирано  долно чичевско џаде, кое кривулесто се извиваше низ питомите падини на Клепа Планина, каде што на северо-запдната падина  на Клепа Планина раскошно блескотеше од утринските зраци селото Долно Чичево и многувековна црква Свети Атанасије, каде што не пречекаа неколкуте преостанати селани од селото, заедно со  овогодишниот домаќин на  црковната славапосветена на   Свети Атанасије -летен , чие име го носи селската црква Свети Атанасиј Александриски, Ванчо Станков.

Додека така да речам заедно со неколкумината селани дојдени во црковниот двор  народски кажано за здравје си запаливме по некоја свеќа  пред олтарот на црквата Свети Атанасије, навистина мило ми беше кога забележав како лицата на моите домаќини им се радуваа  што ете и нивното село Долно Чичево  така народски кажано ќе биде за век и веков насликано со убо слико од окото на камерата на продукцијата Мариово филм.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе, ти стоиме на на располагање, за се што ти треба, затоа што не само што добро го познаваш сторискиве збиднувања  овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познаваш историското духовно битисување на овие краишта  гледајќи те по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои моите домаќини ме  замолија така народски да речам најсетне јас  да им ги раскажам моите  досегашни историографски сознанија за нивното село Долно Чичево, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви,  а сетне тие да ми ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги раскажале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Селото Долно Чичево е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано. Селото    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска-ја започнав мојата пред се историско и -црковна беседа за селото Долно Чичево.

Минатото  и сегашноста на Долно Чичево    е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на долно чичевскиот живот. За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Долно Чичево    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Првите податоци за селото Долно Чичево     се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1467-1468 година, во пописниот Дефтер од 1568-1569 година . Исто така  Долно Чичево  се спомува во отоманските Дефтери од 1845 година  за приходите на христијаните во Солун, каде што се среќаваат и неколкумина занаетчии кои дошле од  Долно Чичево  , каде што  е запишано дека  свои  терзиски дуќани имале во  Мустафа Паша Ан и во Хумберџи мустафа Бег и во Свиларскиот Ан, кои биле обврзан да плаќаат  џеза, данок на приход 1.00 гроша годишно..

Дека  Селото Долно Чичево  на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:  “Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име  “ Стара Србија I Maкедонија  “   од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ. Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото имало 900 жители, , додека пак според историогафскиот запис на  Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 568 жители.

Дека селото Долно Чичево    на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпонатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски во неговиот научен труд “Селата во Средно   Повардарије” издаден во  1976 година, во  Белград  , за селото Долно Чичево     го забележал следното:

За потеклото на имињата на селата Горно и Долно Чичево постои следната легенда. Во дамнешни времиња во селото Росоман живееле тројцата браќа Јане, Петре и Стојан кои поради тоа што немале доволно земја за да опстанат, Петре и Стојан се решиле да заминат и да се занимаваат со чување на овци при што тие одбрале место со добри пасишта и извори на атарот на денешните чичевски села. Петре го направил своето бачило во месноста каде што е сега селото Горно Чичево, а Стојан своето бачило го направил малку подолу каде што сега се наоѓа Долно Чичево.  Поминало доста време, а браќата не можеле да се видат со својот брат Јане, па неговата ќерка која што многу ги почитувала своите чичковци, го натерала татка си да одат на гости кај нив. Кога стигнале таму, чичковците многу се израдувале што на гости им дошол братот, а посебно внуката заради што многу богато ги нагостиле, а таа пак на враќањето на сите кои ги сретнувале само им повторувала дека се враќаат од „чичевото имање“ заради што местото било наречено Чичево. Бидејќи едниот чичко живеел погоре местото го нарекле Горно Чичево, а за другиот чичко кој живеел подолу местото го нарекле Долно Чичево. Веродостојноста на ова предание не може да се потврди со оглед на тоа дека во двете места нема родови со потекло од Росоман кои се основачи на селата. Јован Трифуновски потеклото на имињата на селата Горно и Долно Чичево ги поврзува истоимените населени места кои се наоѓаат и денеска во околината на градот Требиње, кој се наоѓа на тромеѓето  Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, чии жители се доселиле на овие простори по Австриско-турската војна во 1689 година.

Јован Трифуновски   во својот научен труд “Селата во Средно   Повардарије чии негови истражувања кои ги  направил во  педесеттите години на дваесеттиот век  за семејните лози во  селото Долно Чичево  го  забележал следното: Долно Чичево е македонско село. Старински семејни родови во Доно Чичево се: Бојаџијовци , Недевци , Ќулумовци , Мановци , Прасевци, Торевци , Богатиновци , Крчмаровци  и Несторовци, чии нивни дедовци и бабаи  се доселиле од  селата Грамаѓа и Капеш кон крајот на 18 век. Илковци доселени се на средината на 18  век од селото Водоврати кај Неготино, Даскаловци доселени се од селото Ракле, прилепско во 18 век, Крнинци доселени се селото крнино, Припорци доселени с еод селото Припор во областа Азот во 1840 година, Маѓаровци доселени се во 1850 година од Дојранско,Пешовци доселени се во  1896 година во Велес, Вановци  доселени се во 1906 година, исто така од Велес,  Данајиловци доселени се во 1911 година од градот Кавадарци.

Старински семејни македонски мухамедансци родови во Доно Чичево се :Крсановци, Ајдаровци, Нолбантиновци, Зајимовци, Беговци, Нурковци и Чибовци.Потуровци  Тирчевци и Каленчаровци  доселени се кон крајот на осумнаесеттиот век, од селото Капеш,Ј уруковци и Абишовци  доселени се од селото Мушанци, радовишко, чии нивно потекло е јуручко, каде што од нив речиси сето население го научиле и турскиот јазик,Оџевци  доселени се од селото Сирково во средината на 19  век и Ѓупвци , кои биле ковачи  доселени се од селото Водоврати во 1884 година.

Втората половина на седумнаесеттиот век  за Долно Чичево  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук,од селото Водоврати ,  кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата претходно разурнатата  селската црква „Свети Атанасије “ и манастирот  Свети Архангел Михаил, меѓу народот попознат како Чичевскиот манастир, кој според неговиот летопис е подигнат како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош и заштита на велешкиот Аго-бег. Годината на подигањето на манастирот се потврдува и од бронзениот печат на манастирот , кој бил насликан на поранешниот фрескоживопис кој датира од 1705 година, кој печат го изработил мајсторот Симон Костадинов, кој воедно е пишувач и гравираниот текст на манастирскиот печат.   Во втората половина на 19 век, поточно речено во 1861 година на местото на  старата манастирска црква  од страна на е еден од најголемите градители на верски објекти на Балканот познатиот мајстор Андреја Дамјанов-Папрадишки чииј лик и облик го задржува до ден денешен.

Селото Долно Чичево  уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во црквата   Свети Атанасије на македонски црковен книжевен јазик, а  според пишаните документи прв учител  бил  попот Манакиј кој бил по потекло од битолско.Во учебната 1900/1901 година во Долно Чичево    учителствувал  и даскалот Стеван  а за време на неговото учителствување е формиран  огранок на ТМОРО , прв во оваа регија. Во селото учители биле и Милосим Војневиќ, Вуксан Вемиќ, Милорад Плазиниќ,  Никола Захариевиќ, Крсто Мутановиќ, , Аца Стојановиќ, Милетије Максимовиќ и  други.

Традиционалниот печалбарски начин на живеење не го одбегнува ниту Долно Чичево Миокази. Гурбедџиството од година во година се поголем замав земало, иако Долно чичевскиот атар располаг со најплодна обработлива површина во оваа регија, а печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет првично оделе во Белград, Софија, Букурешт и Станбол., а подоцна  во Аргентина, Америка и Австралија. Во триесеттите години на 20-от век  во градовите во  преку окенските земји  голем број на гурбедџии од селото станале познати претприемачи ииндусртијалци, нивните семејства  мошне  успешно стопанисувале  и со своите имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Во периодот под Османлиско ропство од страна на  Долно Чичевци се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија.Мештаните од селото Долно Чичево  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и создавање на самостојна Македонска држава на македонскиот народ, како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив долно чичевци како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерало жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. Долно Чичевци   активно се вклучиле во антифашистичкото движење  и се народното востание на Македонскиот народ против фашистичката наезда од 1941 година па се до  1945 година, раководена од Комунистичката партија на Македонија и маршалот на Југославија  Јосип Броз Тито.

Во 1944 година во Долно Чичево се формира првио Народно ослободителен одбор. Од 19445 до 1950 година Долно Чичево припаѓа во состав на велешката Околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото било седиште на тогашната Општина Долно Чичево, во која покрај Долно Чичево, се наоѓале и селата Водоврати, Горно Чичево, Крушевица и Подлес. Од 1952-19562година, селото се наоѓало во тогашната Општина Градско, во која покрај Долно Чичево се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Подлес, Убого и Уланци, додека во периодот од   1962 година па се до  1996 во големата велешка општина, за да од 1996 година повторно е во составот на обновената општина Градско.

Селото Долно Чичево во 1948 година броело шестотини жители, во 1953 година 534 жители, во  1961 година петстотини жители, 1971 година 380 жители, во 1981 година 240 жители, во  1991 година 127 жители, во 1994 година 110 жители,  во 2002 година во селото живеат седумдесет и два жители, а според пописот од 2022 година триесет и девет жители.

Во селото Долно Чичево  сеуште  ја има старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде  и на новоизградена семејна куќа , кои говорат дака селото Долно Чичево  не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Долно Чичево  на   црковната слава Свети Антониј, , које е изградена врз старите темели, која векови биал и останува  соборна црква, ова две иладо дваесет и третово господово  лето  и  јас да бидам дел од оваа сенародната прослава чии адети и обичаи   која со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација.. Почитувани мои  дел од оваа духовно празнување ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print