Региони

Манастир “Рождество на пресвета Богородица” во скопското село Кучково (прв дел)

Селото Кучково е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на ова село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Да се биде хроничар за скопската општина Ѓорче Петров , посебно населените места во  руралниот дел на општината полските села, е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот живот,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до читателот, а читателот на неговите летописи  не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Територијата на Општина Ѓорче петров, посебно петте мошне  сари населени места, Никиштани, Орман, Ново Село и селото Кучково,распослани  во  северозападниот дел на опоштината Ѓорче Петров  е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија, а  богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на регионот, со нивната зачуваност, разновидност и интегралност, му даваат посебност, единственост, репрезентативност, автентичност. Едо од тие села е и селото Долно Оризари..

Атарот на селото Кучково   како споменична целина, има огромно значење поради комплексноста од многубројните археолошки остатоци, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од  исклучително значење. Како едно од најстарите човекови населени простоти тоа претставува архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Ова село  формирано во карактеристични природно-географски, историски, етно-социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, се издигало и развивало во една карактеристична хармонија. За тоа говорат најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци кои потврдуваат дека ова село било населено во дамнешпни времиња.

Ете како што вели народот господ милуваше   атараот на Општина Ѓорче Петров да го  крстарам во  изминатив деценија  овој пат даго посетам селото Кучково, по покана на манастирскиот одбор на манастирот на Рождество на Пресвета Богородица, чиј патрони празник со  векови  се прославува на 21 септемви, чиј празник кај народот е попознат како Мала Богородица, како за селото Кучково, така и за манастирската слава да направам нов документарен видео запис, поточно речено да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село, за не дораскажаните приказни  кога го посетив ова село пред двасетина години, за  чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија.

Како по стар обичај кога патувам низ селата во  Република Македонија , особено за големите духовни црковни или манастирски празници , доаѓам така да речам во  раните попладневни саати, на заслогот, на самотото вечерно богослужение и благословената вечерна црковна трпеза, а воедно за да присуствувам и на утринската богослужбена литургија благословениот црковен или манастирски ручек, така и во  селото Кучково, поточно речено во Манастирскиоѕт комплекс Рождество на Пресвета Богородица, пристигнав во раните попладневни сати  каде во  манастирскиот двор ме пречека првиот меѓу еднаквите преостанати членови  на  манастирскиот одбор Марјан Стојановски.

Почитувани мои, откако така да речам и со  другите членови  на манастирскиот одбор си сторивме здраво-живо, ме замолија, најсетне  јас да им ги  раскажам моите досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ни ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Селото Кучково е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на ова село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Селото Кучково     илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска.

Селото Кучково    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Кучково     е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен  10-тина години по истиот, каде што според овој попис  селото административно припаѓало на Скоипската  каза. Во периодот на пописот во селото имало 80 домаќинства, селото плаќало данок од 3026 акчиња односно една третина од целокупниот данок од населените места во северо-западенниот  дел на скопската котлина.

Исто така селото Кучково   е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле осумдесет   домаќинстава сите рисјани. Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570,  а во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 120 домаќинства, а припаѓало на Скопската. каза.

Дека  селото Кучково  на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Селските населби во  Скопската котлина издадена во Белград 1955 година , го забележал следново:- во деветнаесеттиот век земјата на кучковци  во  турската империја им припаѓала на чифлиг сајбиите: Шабан ефенди-Пустиник, Расим ефенди, Ферат бег, Риза бег,  Дилавер ага  Кромидче бег, а најголемиот дел му припаѓал на Хавзи Паша. Во селото свои беговски кули имале  Шабан ефенди, Риза бег и Дилавер ага. На чифличките имоти работеле чифчии како од селото Кучково така и од околните села.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото имало 467 жители,  додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 720 жители.

Јован Трифуновски во пишаниот документ Селските населби во  Скопската котлина издадена во Белград 1955 година за  семејните лози го забележал следното Старински семејни лози во кучково се Јањовци Богдановци,  Вељановци, Бучковци, Јарбичевци, Танасковци ; Марковци ;Переловци  Џиковци или Крајнини и Буниовци , додека  доселенички семејни родови се :

Мазниковци доселени од велешко,Цеулевци, доселени се одкачаничкото село Пали воденица, Ѓорѓевци доселени се од селото  Сириниќ од околината на Призрен, Сирковци доселени од селото Грачани, Костурци и Видевци доселени с еод околината на крадовите Костур и Воден,Егејска Македонија пред сто и седумдесет години,  Мутавини доселени се од селото Долно Свиларе,  Добровци,Мишковци,Руменини Китановци и Спасевци потекнуваат од четири (4) браќа кои се доселиле од денес албанското село Горанце кај Качаник, во првиот род се знае следното родословие: Филип (жив на 32 г. во 1948 година) Петко-Јане-Димо-Добро, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Куманово Солун, едно семејство во Персија Чинговци  доселени се од соседното село Горно Свиларе, Шкатовци доселени се од селото Брњарци; Најдановци доселени се од скопското маало Топана   и други.

Јован Трифуновски во пишаниот документ Селските населби во  Скопската котлина издадена во Белград 1955 година за селото кучково гоп забележал следново:  Кучково било големо село, но со значителна емиграција на населението преминало во мало село. Така, селото во 1948 година брои 1336 жители, во  1953 година 1394 жители.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Кучково   е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на скромни сахрални зданија врз претходно разурнатите цркви  и манастири Манастирската Свети Трифун, црквите Света Петка, Вознесение Христово, Манастирската црква Свети Ѓорѓи, црквата Света Недела, манбастирската црква Свети Атанасије,  манастирската црква  Свети Илија, Манастирската црква Свети Јован Крстител, манбастирската црква Свети Архангел Михаил и црквата Возвишение на светиот крст.

Во подалечното минато  мештаните од селотоКучково    учествуваат  во борбата на македонскиот народ за слобода и соиздавање на своја македонска држава како во  пред илинденскиот, илинденскиот период. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив кучковци  како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот.Мештаните од ова село    активно се вклучиле во антифашистичкото движење.Учсниици  во  НОБ од ова село се Величко Смичќевски, Ѓорѓи Крстевски, Миломир Крстевски и  Митре Димовски,додека пак Георги Кочев бил комита за време на илинденското востание во четите на Хаџи Димитар и Стефан Караџа.

Иако синорот на селото Кучково се протегал ширум подножјето на скопско-црногоријето, па се до  катлановската рамниница мештаните од ова село својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако големи селски  имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за свои потреби.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Кучково     и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви и од сеуште старата селска архиктектура која што одамна и остапува место на новата современа урбана архиктектура , налик на онаа американската, како што знаат да кажат мештаните од селото  ,на  чиј современ градски живот можат да и позавидат и некои  помали  градски и приградски  населени места во  Македонија

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Кучково на манастирската слава посветена на Рождество на Пресвета Богородица меѓу народот попознат како Мала Богородица ,  ова две илјадо дваесет и третово господово лето , кој се празнува со векови   во овој манастир. Почитувани мои како мештаните од селото Кучково   го  празнуваа верскиот празник, ова две илјадо дваесет и третово  господово лето , кој се празнува со векови   ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print