Региони

Манастир Свети Илија во прилепското село Браилово (прв дел)

очитувани мои утринските    сончеви зраци милуваќи  ги западните падини на планината Бабуна, пред се манастирскиот комплекс Свети  Илија ја навестуваа празничната атмосфера посветена на осветувањето на дванаесет метарскиот манастирски крст, а ширум северниот дел долненската регија како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Браилово..  Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ.

Поминаа речеиси пет-шест години кога во две илјадо и осумнаесеттото господово лето на сам ден на Василица наминав во  прилепското село Браилово ем за селото, ем за василица да направам документарен запис  и на заминување со мештаните од ова село се договоривме повторно да наминам во ова село мештаните да ми ги  дораскажат не до раскажаните приказни за историското битисување на ова село, кои нивните дедовци и баби им ги  раскажувале за да не останат покриени од правта на заборавот.

Почитувани мои , како што вели народот господ, сполај му нему  сакал повторно да го посетам селото браилово, десетина дена пред националниот празник на македонскиот народ Илинден , на денот на осветувањето на дванаесет метарскиот манастирски крст, чиј крст го изградија и го  поставија на  широкото манастирско плато мештаните од селото Браилово.

Почитувани мои за прилепското село Браилово  тргнав рано, со утинскиот воз, меѓу народот попознат каковМао Це Тунг, кој од скопската железничката станица  во  правец за Прилеп поажа во шест часот и педесет и три минути, кој според возниот ред во  железничката станица Брилово пристигна во осум часот и триесетина минути, каде што ме пречека професорот Драгослав Миноси, еден од најпознатите географи, антрополози и историчари, а воедно и дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм.

Почитувани мои, пред кинисување, поточно речено пред да накачиме по планинското дво километарско  патче, кое кривулесто  се извиваше низ дабовата шума  во правец на  манастирскиот комплекс Свети Илија,меѓу народот попознат како Браиловски Манастир, малку под застанав  не само да  поодморам од клацкањето  во возот, туку поодблизу да ја видам браиловската железничка станица, која на се личеше , но не на железничка станица,   колосеци  обрастени со трева, трње и капини,  распаднати или во фаза на распаѓање пропратни железнички згради, железничка станична зграда, напуштена со искршени прозорци, разотворени врати, паднати олуци , разлизгани ѓерамиди во која пред две три години имаше и отпратник на возови и свртничари, благајна за возни билети.

Почитувани мои утринските    сончеви зраци милуваќи  ги западните падини на планината Бабуна, пред се манастирскиот комплекс Свети  Илија ја навестуваа празничната атмосфера посветена на осветувањето на дванаесет метарскиот манастирски крст, а ширум северниот дел долненската регија како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Браилово..  Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ. Почитувани мои, пред да го  проследите поголемиот дел од утринското богослужение во манастирската црква Свети Илија, посветено на осветувањето на дванаесет метарскиот манастирски крст ,со чие утринско богослужение  чино началстуваше парохискиот свештеник од прилепското црковно намесништво  во присуство на соборскиот народ, благословениот манастирски ручек приготвен од страна на манастирскиот одбор,  предлагам дел да ве запознаеме со моите, а воедно и на професорот Драгослав Миноски историографските сознанија за манастирскиот комплекс Свети Илија во селото Браилово,  копаќи низ архивите  во изминатиов период  ширум Македоија, во продолжение на оваа репортажа.

Раното христијанство е значаен период од културата на човештвото воопшто, а особено од културата на Македонија и Македонците. На територијата на Македонија се среќаваат голем број остатоци од ранохристијански цркви, особено од типот ранохристијански базилики, кои се посебно карактеристични за тој период. Меѓу остатоците од овие објекти на раното христијанство се среќаваат елементи од градбите, кои привлекуваат посебно внимание со нивните карактеристични украсувања и специфични форми, особено со разновидната христијанска симболика. Од друга страна, не може да се каже дека овој период е доволно проучен во Македонија. До определена мерка тоа може да се каже за познатите археолошки локалитети на кои се идентификувани поголеми антички градови – Стоби, Хераклеја, Скупи во чии рамки се идентификувани и позначајни ранохристијански цркви и објекти. Се знае дека од овие градови потекнуваат и христијански старешини,  епископи, кои учествувале и на првиот вселенски црковен собор, на кои се претставувале како учесници од Македонија. Нивно присуство е засведочено и при осветувањето на базиликалната црква подигната на гробот на Исус Христос во Ерусалим. На овој собир, според податоците, веројатно е дека присуствувал поглаварот на црквата со седиште во градот Солун,  епископот, Александар.

Се разбира, овој црковен развој е со длабок и трауматичен континуитет уште од појавата на христијанството во Македонија, односно од доаѓањето на првиот мисионер на оваа вера, апостол Павле. Тоа се случува кон половината на првиот век на првиот милениум и набрзо потоа се создаваат силни христијански заедници во Македонија во градовите Филипи, Солун, Бероја, каде што престојувал Апостол Павле во првите години од втората половина на првиот век, а се раширило и во другите делови на Македонија. Според историските и археолошките извори такви заедници имало и во Стоби, Хераклеја Линкестидска, Скупи , Лихнидос , Амфипол, Баргала и други градови, кои по признавањето на христијанската вера како легална вера, со едиктот од 313 година издаден од царот Константин во Милано, станале силни епископски седишта. Всушност, Македонија се развила во центар на христијанството на Балканот, од кој оваа вера се проширила и во другите делови на Европа.

Појавата на христијански центри и епископски седишта во повеќе градови во Македонија условила развој на христијанството на целата територија на Македонија и развој на христијанските градби и христијанската уметност во целиот простор. Показател за тоа, освен историските податоци се и остатоците на материјална култура со симболика и елементи од тој период на христијанството на голем број места на просторот на Македонија. Овој развој на христијанската вера, христијаското градителство и христијанската уметност во Македонија, особено, е нагласен во времето на императорот Јустунијан Први.

Токму од времето на Јустинијан  потекнуваат и остатоците од ранохристијанска базилика која се наоѓала на местото на денешната црква во манастирот „Св. Илија“ кај селото Браилово. При обновата на цркавата во  1962 година и раскопувањето на теренот за подготовка на градбата на површина излегле голем број елементи од старата градба, особено елементи од мермер. Денешните скромни градби, како на црквата, така и на помошните згради во манастирот не оддаваат впечаток на тоа дека светилиштето потекнува од дамнешни времиња, но со самото влегување во кругот на манастирот и погледот кон чешмата се соочувате со пријатно изненадување. На лицето на чешмата, која е интересна и издржана градба, се поставени два елементи – столбови од мермер со ранохристијански импост јонски капители. Намерно или ненамерно, капителите се поставени наопаку, но ефектот на украсување, сепак, бил постигнат. Се добива впечаток дека чешмата била градена со посебно внимание и денес таа, со својата естетика, се одликува од другите градби во манастирот. На левата страна се наоѓа јонски импост капител, кој во правоаголното поле на предната страна има крст со расчленети краеви, а во аглите по една розета со осум краци „заробена“ во кружен прстен. Обработката на релјефот и целиот објект е со среден квалитет, но со нагласена естетска функционалност. Со сличен квалитет на изработка е и вториот капител вграден во чешмата, но со поинакво украсување. Во средината на полето, кои претставува лице на капителот е изработек крст во релјеф со проширени краеви на краците, а другиот дел од површината е украсен со стилизирани листови од акантус. Во основата на капителот, меѓу двете волути се изработени три форми на ехинус, јајцевидни форми често употребувани во античкиот период. На третиот капител, кој е поставен како основа на еден дрвен столб од тремот на нискиот конак, во основата се среќава една форма на ехинус, а овој капител, на лицето содржи два крста и розета во кружен прстен во средината.

Во кругот на манастирот има уште неколку фрагментирани елементи од мермер – дел од ранохристијанската базилика. Меѓу нив се фрагменти од столбови, еден постамент од прозорско мено, постамент од пиластер, дел од прозорско мено и сл. Сите овие елементи упатуваат на изгледот, архитектурата, па и значењето на ранохристијанската црква во форма на базилика. Според она што денес може да се види на лице место, се чини дека од старата градба е сочуван и дел од апсидата, која е со нагласени димензии. Овој дел би бил од централниот кораб на базиликата, која била трикорабна.

На ридот на кој е поставен манастирот се среќаваат и други видови археолошки остатоци, особено фрагменти од керамички садови, тегули и сл. Во близина на манастирот, од неговата источна страна, се наоѓа повисок рид со плато на кој се среќаваат фрагменти од керамика од праисторијата – бронзениот и железниот период. Постојат индиции дека платото на овој рид, позната како „Имеличе“ било утврдено со ѕид. Во кругот на црквата во селото Браилово се среќаваат цел куп остатоци од мермерни споменици, меѓу кои и од раното христијанство. Зе некои од нив, археологот Виктор Лилчиќ смета дека потекнуваат, токму, од ранохристијанската базилика, која се наоѓала на местото на денешниот манастир „Св. Илија“.Остатоците на споменатата базилика, како и оние кои се регистрирани во поблиската и подалечната околина се датираат во крајот на V и VI век од нашата ера. Тоа е периодот во кој живеел познатиот император Јустинијан Први.

Интересно е дека на поширокиот простор во атарот на селото Браилово, како и во атарот на соседното село Слепче се среќаваат остатоци и од дргуи ранохристијански цркви,12 кои упатуваат на развиена христијанска архитектура и уметност во раното христијанство на овој простор.

Професорот Јован Трифуновски во својот научен труд Битолско-прилепската котлина, за црковно манастирскиот живот во селото Браилово го забележал следново: Во и околу  селото  Браилово постојат многу траги од стари локалитети каде што се одвивал и денеска се задржал духовно црковниот и манастирски живот. Такви локалитети се : археолошко наоѓалиште Манастир Св. Илија, кое преставува  базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 400 метри јужно од манастирот, каде се гледаат остатоци од базилика од која се откриени голем број импост-капители, столбови, меноа и делови од олтарната преграда. Базиликата е трикорабна, со полукружна апсида и катехумениум на западната страна. Врз базиликата од христијанско време  се наоѓа манастирската црква „Св. Илија“.

Археолошкото наоѓалиште Петочна вода преставува некропола од римско време.Се наоѓа на една блага падина, оддалечена околу два километри   северно од  манастирот, каде што и денеска се наоѓаат остатоци од   повеќе гробови со камени конструкции во кои починатите биле кремирани и  керамички садови, монети и друго. Од оваа некропола потекнуваат три монети од мекедонскиот период кои се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Археолошкото наоѓалиште Грамаѓе лежи во селското поле, каде се забележуват остатоци од градби,. Археолошкото наоѓалиште  Соколица лежи северно од селото, каде се забележуваат темели на градби и стари гробови. Поради неистраженоста не е датиранo и е од непознат тип. Археолошкото наоѓалиште Тумба претставува некропола од римско и доцноантичко време.

Археолошкото наоѓалиште Бојоица претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата западна страна и на околу, десно од патот што оди за селото Слепче, каде е најдена надгробна стела од гранит, на која во горниот дел е претставена женска глава во плиток релјеф, а под неа едикула со старогрчки натпис во четири  реда. Археолошкото наоѓалиште Селски Гробишта, претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на местото на сегашните гробишта, каде биле откриени гробови со камени конструкции. Најдени се неколку стели со релјефни претстави, саркофаг и делови од архитектонска пластика, сите изработени од мермер, потоа тули и друг градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

 

Професорот Јован Трифуновски во својот научен труд Битолско-прилепската котлина, за црковно манастирскиот живот во селото Браилово, посебно за манастирстирот Свети Илија  го забележал следново:

Браиловски манастир распослан на западните падини на Бабуна, возвишено бдее над селото Браилово,  проникнува во боженствениот бескрај и слобода. Манастирската градба облева со  спокојство  божјо, која  жедно го впива мистичниот духовен здив, вткаен на ридот,со божја енергија. Манастирскиот комплекс плени со природниот амбиент разубавен со даб, орев, багрем, бор, див брест, црница, багрем.

Во својот научен труд Битолско-прилепската котлина, за црковно манастирскиот живот во селото Браилово, професорот Јован Трифуновски ги забележал следните усни  преданија , при изградбата на манастирската црква, кои прераснале во  митови:

Богољубиви претци сониле да создадат манастирска “пазува”, во катче, со кула, со камбанарија крај гробот на непознатиот монах. – Беше слава на манастирот Св. Илија. Вечерта силна секавица “секна” и го “расцепи” и осветли небото. Удри право во крстот на покривот од црквата и вратата од црквата сама се отвори. Луѓето зачудени и исплашено рекоа: “Св. Илија дојде дома.

Во својот научен труд Битолско-прилепската котлина, за црковно манастирскиот живот во селото Браилово,  посебно за манастирската црква Свети Илија Јован Трифуновски забележал : Манастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква на почетокот од XX век. На местото на коешто е подигната манастирската црква се наоѓа истоимено археолошко наоѓалиште. Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и неколку помошни објекти. Нејзината изградба е поттикната од мештаните на чело со Јован Павлоски. Осветена е на 12 октомври 1975 година од страна на пелагонискиот епископ Ангелариј по налог на Митрополит Преспанско-битолски г. Климент. Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на западната страна и над влезната врата има црно-бела слика на Свети Илија, а над сликата има ниша со фреска на која е прикажан патрониот светец.Камбанаријата на црквата се издига во средишниот дел од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по еден отвор. Влезот на камбанаријата е сместен на источната страна.

Почитувани мои овој аудио-визуелен документарен запис не би бил целосен ако не ви пренесам поголем дел од утринското богослужение во манастирската црква Свети Илија, посветено на  осветувањето надванаесет метарскиот  манастирскиот крст,со чие утринско богослужение  чино началстуваше парохискиот свештеник од прилепското црковно намесништво  во присуство на соборскиот народ, благословениот манастирски ручек приготвен од страна на манастирскиот одбор,  во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои  не ми се напушташе селото Браилово, морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во  долненската регија, со  едно ветување дека повторно ќе дојдам во  селото,  на празник на  Свети Илија, чие име го носи Браиловскиот манастир, на Илинден ова   двеилјадо дваесет и третово  господово лето саде господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print