Региони

Манастир свети Никола во прилепското село Слепче (втор дел)

Почитувани мои пред да кинисаме по два-три километарско делумно изебтонирано-делумно штотуку тампонирано манастирско џаде, кое кривулесто се извиваше по јужните падини на Бабубна во правец на манастирот Свети Никола, нашиот домаќин  Димче Јованоски не замоли малку да навратиме кај него  дома, да ни ја раскаже приказната што долго ја чувал во  себе , за потеклото на неговата семејна лоза, што ја запомнил  кога бил дете , а повеќе пати му ја раскажувала неговта баба.

Поминаа речеиси неполна година дена од двеилјадо даесет и третото господиво лето кога на сам ден на Ѓурѓовден го посетив прилепското село Слепче да направам нов документарен запис ем за селото, ем за Ѓурѓовден и   на заминување со мештаните од ова село се договоривме повторно да наминам во ова село, мештаните да ми ги  дораскажат не до раскажаните приказни за историското битисување на ова село, кои нивните дедовци и баби им ги  раскажувале за да не останат покриени од правта на заборавот.

Почитувани мои , како што вели народот господ, сполај му нему  сакал повторно да го посетам селото Слепче на христијанскјиот празник посветен на Света Велико Маченичка  Варвара, чија православна екумена и мештаните од селото Слепче  секое госпосово лето  ја празнува  на четврти Декември, да направам документарен запис и од овој се народен собор во селото Слепче, поточно речено во  прилепскиот манастир Свети Никола, чие празнување мештаните од селото Слепче од памтивека си го празнуваат и го пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација.

Почитувани мои за прилепското село Слепче  тргнав, ден пред празникот посветен на Великомаченичка Света Варвара, со утринскиот  воз, меѓу народот попознат како Мао Це Тунг, кој од скопската железничката станица  во  правец за Прилеп поаѓа во шест часотпедесет и три  минути, кој според возниот ред во  прилепската железничката станица  пристигна точно во девет часот и триесеттина минути,  каде што ме пречека професорот Драгослав Миноски, еден од најпознатите географи, антрополози и историчари, а воедно и дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм и заедно со него за кратко време пристигнавме во селот Слепче, каде што не пречека Димче Јованоски, еден од неколкумината овогодишни домаќини за празникот посветен на Велико мачаничка Света.Вавара, воедно наш домаќин низ неговото родно село.

Почитувани мои пред да кинисаме по два-три километарско делумно изебтонирано-делумно штотуку тампонирано манастирско џаде, кое кривулесто се извиваше по јужните падини на Бабубна во правец на манастирот Свети Никола, нашиот домаќин  Димче Јованоски не замоли малку да навратиме кај него  дома, да ни ја раскаже приказната што долго ја чувал во  себе , за потеклото на неговата семејна лоза, што ја запомнил  кога бил дете , а повеќе пати му ја раскажувала неговта баба. Неговиот предлог со задоволство го прифарифме.

Попладневните сончеви зраци, затскриени зад темните снежноносни облаци  милуваќи    ги јужните со снег покриени  падини на  Бабуна пред се манастирсот Свети Никола ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на великомаченилката Света Варвара, а ширум северниот дел на Прилепското Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Слепче.  Манастирскиот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во прилепското село Слепче селото, на црковната слава посветена на  великомаченилчката Светас Варвара, ова две илјадо дваесет и третово господово лето , кој се празнува со векови   во ова село.

.Почитувани мои пред да го видите   видео записот од пригодната вечерната празнична прослава, од заслогот, вечерната богослужена литургија,  со која чиноначалствување парохискиот свештеник од прилепското црковно намесништво,  од благословената вечерна трпеза, што ја организираа манастирскиот одбор заедно со овогодишните домајќини  кои во  чест на великомаченичка Света Варвара, предлагам да ве запознаам со историографските сознанаија за манастирот Свети Никола, на професорот Драгослав Миноски, копајќи низ архивите ширум Македонија.

Утринските  сончеви зраци, затскриени зад темните снежноносни облаци  милуваќи    ги јужните со снег покриени  падини на  Бабуна пред се манастирсот Свети Никола ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на великомаченилката Света Варвара, а ширум северниот дел на Прилепското Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Слепче.  Манастирскиот двори овој пат  набрзо се наполни со народ.

.Почитувани мои пред да го видите   видео записот од пригодната  празнична прослава, од утринската  богослужена литургија,  со која чиноначалствување парохискиот свештеник од прилепското црковно намесништво,  од благословениот ручек , што ја организираа манастирскиот одбор заедно со овогодишните домајќини  кои во  чест на великомаченичка Света Варвара, предлагам да ве запознаам со историографските сознанаија за  великомаченичката Света Варвара на  професорот Драгослав Миноски, копајќи низ архивите ширум Македонија.

Почитувани мои, овој така да речам аудио-визуелен воведен дел посветен на великомаченилчката Света Варвара не би бил комплетен ако не ви го пренесам поголемиот дел празнувањето на соборниот народ во манастирот Свети Никола воп  продолжение на оваа репортажа.

Почитувани мои  не ми се напушташе селото Слепче, морав да си заминам затоа што ме чекаа и другите села во  долненската регија, со  едно ветување дека повторно ќе дојдам во  селото,  саде господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print